Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.851
    Пол:
    Женски
    Ахам
    А ти така со доктори си дискутираш на теми како абортус?
    Бре бре...

    Со среќа...
    Знам дека не ти се пишува розево, затоа многу среќа ти пуштам...
     
    На snegulkata, cresa-jagoda, bittersweet и 4 други им се допаѓа ова.
  2. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    @Dust крвта од секогаш ми била премногу слаба, последен пат кога ја проверував хемоглобинот ми беше 80. Пиев апчиња, пробав и домашни рецепти ама џабе е нема подобрување. И да доктор ми има кажано дека е лошо да имам толку слаба крв, кои се последиците и дека со толку слаба крв е невозможно да се изврши абортус. Кога ќе отидам пак ќе се распрашам, ќе проверам па за сигурно да си знам.


    Црно ми се пишува, свесна сум за тоа.
    Неодговорно од моја страна, виновна сум ама што е тоа е.
     
  3. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.467
    @loveyouuu

    Девојко, оди на гинеколог. Предочи му ги овие факти околу слабокрвноста.
    Ако ништо друго, да го има и тоа во предвид доколку во случај го задржуваш плодот. Бременоста знае да биде бајаги потешка и поризична со слабо железо и низок хемоглобин. Не мора да значи, но не е исклучена можноста да ти се зголемат потешкотиите во првите недели.
     
    На cresa-jagoda, biGirl, Dadusicka и 3 други им се допаѓа ова.
  4. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.234
    Допаѓања:
    170.238
    проблемите од слабокрност не ти мењаат ништо без разлика дали ке абортираш или ке раѓаш
    и на абортусот може да има компликации и на пораѓајот нема тука некое правило
    ама може да се дејствува да примиш крв па после да абортираш или раѓаш
    за ситуацијата ке те советувам да закажеш на гинеколог и да се видиш со типот да му кажеш дека тестот ти покажал две цртки и дека ке одиш на гинеколог да дојде и он со тебе
    кога ке одите на гинеколог ке разговарате и он ке слуша што ек преложе гинекологот
    штом он не сака врска со тебе тогаш нема да сака ни брак
    али ајде може па после посетата на гинеколог ке омекне ке смене мислење
    многу неодговорно од него ем неке врска ем не користе заштите
    сепак грешката е на двајцата и двајцата сте виновни и двајцата ке си го решите проблемот заеднички немој сама да ги трчаш овие работи
     
    На cresa-jagoda, AURUA, loveyouuu и 4 други им се допаѓа ова.
  5. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    Утре ќе закажам за кај гениколог, сигурно ќе ми речат за среда или четврток пошто не може веднаш.
    Ќе направам уште еден тест ќе го повикам да разговараме и ќе му го покажам па заедно да одлучиме што понатаму. Мислам дека има право да знае пошто и двајцата сме еднакво одговорни за ова
    Јас сум дете од разведени родители кои низ текот на целиот брак па и живот си ги гледаа само личните интереси, никој не водеше сметка за мене. Ова не го гледам како оправдание, напротив не би сакала таков живот да има и моето детенце еден ден. Обожавам бебиња, општо деца сите се мили, слатки, убави ама моментално не сум спремна за бебе, а и предвреме знам дека абортус ќе биде решението на овој проблем. Зошто го проценив дечкото, не му е дојдено ниту до врска камо ли до брак со мене.
     
    На cresa-jagoda и ALISA0000 им се допаѓа ова.
  6. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    89.702
    Пол:
    Женски
    @loveyouuu еден тест штом покажал позитивен немаш потреба од друг ама како сакаш.
    Мој совет ти е што побргу да реагираш и да донесеш одлука без никакво одложување за да не биде потешко.
    Разговарај со него и види како ќе реагира па ако треба одете и заедно на гинеколог.
    Мислам дека и тој треба да знае и барем да е со тебе што и да одлучите затоа што како што си ти така е и тој одговорен.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Постојат и други решенија.

    Доколку знае и не сака, можеш да го гледаш сама, твое дете е.
    Доколку неќеш - остави го во дом.
    Не мора да го убиеш.
    Пошто ако го убиеш опциите му се сигурна смрт, а вака, па макар и на улица да го фрлиш - можеби ќе преживее.
    Ништо ти нема згрешено тоа човечко суштество за да го убиеш само затоа што ти се чувствуваш некако.
    Дали си спремна или не, кој те прашува... Трудна си, значи спремна си, природата така наложува.

    Никој од нас не е спремен, паѓаме на земјава и тераме, живееме еден живот, нема генерални проби, нема наредниот пат, е што е.
     
  8. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Како можеш така да кажеш,како да го роди па да го фрли на улица...
    Ако не е спремна да го раѓа, абортус и крај..
     
    На Alisa22, realGirl, snegulkata и 22 други им се допаѓа ова.
  9. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    @Јаневски Како не ти е срам да пишуваш вакви мислења и наметнуваш грижа на совест на некој во таква ситуација како што е девојчево?

    Па попрво ке умрам него дете да оставам во дом. Најлошо нешто што може човек да направи. Го кажуваш мртво ладно како за куче да се работи. Рамно на убиство ми е, а абортус не е.

    Се знае доколку некој мисли дека не е момент за дете, абортира. А не роди го па што му даде господ.
     
    Последна измена: 29 август 2017
    На realGirl, snegulkata, cresa-jagoda и 21 други им се допаѓа ова.
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Прочитај го уште еднаш моето мислење.

    Одговорна е, сега е родител, човечки живот зависи од неа, јас немам никаква моќ да наметнам или да одметнам нешто, природата така наложува.
     
  11. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.151
    Допаѓања:
    13.516
    Пол:
    Женски
    А мене ме интересира ем гледаш дека не му е дојдено до брак, ем викаш си се гледаме само за секс.
    Па зошто тогаш не користевте заштита?
     
    На Nigredo Odor, cresa-jagoda, joy1 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.920
    Допаѓања:
    89.702
    Пол:
    Женски
    Секој има право да одлучи дали ќе раѓа или ќе абортира.
    Ако не било во ред абортусот немаше да постои како опција.
     
    На Nigredo Odor, cresa-jagoda, Mishela и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. shooter.0801

    shooter.0801 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2017
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    347
    Пол:
    Женски
    Би ти препорачала да не го гледаш абортусот како крајно решение. Најдобро би било, да седнете и да разговарате. Подобро запознајте се, обидете се да најдете поврзаност помеѓу вас двајца. Сте почнале нешто, имало некоја искра помеќу вас. Разгорете ја таа искра, пробајте, обидете се. Да не биде потоа не се обидовме, а ќе можевме.
     
    На bebaa, cresa-jagoda и carangigia им се допаѓа ова.
  14. Dadusicka

    Dadusicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    1.510
    Допаѓања:
    54.343
    Пол:
    Женски
    Јаневски прочитав убаво, сфатив што сакаш да кажеш ама неможам да разберам да го родиш и да го фрлиш.
     
    На AURUA му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    15.234
    Допаѓања:
    170.238
    твоја е матката? твој е животот нејзин?
    не е спремна за бебе кажа и погоре
     
    Последна измена од модератор: 29 август 2017
    На snegulkata, Nigredo Odor, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Пак прочитај го.
    Значи првата опција е да го гледа заедно со татко му.
    Втората опција е да го гледа детето сама.
    Третата опција е да го напушти и да го даде во дом.
    Да го убие не е опција.

    Пишала на тема на отворен форум. Моето искрено мислење е тоа.
     
    Последна измена од модератор: 29 август 2017
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.947
    Допаѓања:
    81.258
    Пол:
    Женски
    Девојката беше многу јасна дека не гледа boyfriend material во дечково. Зошто знаејќи го тој битен факт, би се трудела да разгорува искри и да се впушта во врски кои нема да и донесат ништо добро?!
    Секс на страна и врска не е исто. За врска треба нешто повеќе од моментална страст.
    И зошто да се замара со несериозен и неодговорен тип како овој?!
    Тотално твое е дали ќе му кажеш или не, ама задолжително посети гинеколог и разговарај за опцијата абортус кога веќе и сама си решена на тоа.

    Памет во глава за друг пат - нема заштита, нема секс. Не дозволувај да се најдеш во таква ситуација повторно, особено кога знаеш со какви луѓе си имаш работа.
     
    На Nigredo Odor, cresa-jagoda, Oneo и 9 други им се допаѓа ова.
  18. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    @Јаневски Девојката има моќ да одлучи што и како ке прави.
    А за среќа и абортусот постои.
     
    На cresa-jagoda и Nausicaa им се допаѓа ова.
  19. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Ако среќата на еден човек - мајката, значи несреќа (смрт) за друг човек - детето, да ти се плукнам во среќата.
     
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @Јаневски, се нудиш да го посвоиш детето на девојката? Ако не, ај мудро молчи си на ваква осетлива тема!

    @loveyouuu, јас не би му кажувала на твое место. За абортусот треба да знаеш ти и докторот кој ќе го извршува, толку. Ајде, да не отвори уста јакиот фраер што на 26 години сака да ебе без кондом па после сите да знаат дека намерно си абортирала. И сама си свесна во ваква средина живееме, ти ќе бидеш вештерката, курвата, убиецот...затоа таа тајна нека остане само твоја!
     
    На realGirl, snegulkata, Nigredo Odor и 15 други им се допаѓа ова.