Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.053
    Допаѓања:
    6.546
    Пол:
    Женски
    Дете не е исто со ембрион или фетус.
    Девојче @loveyouuu , уште утре директ на болница и консултирај се докторот.
    Ако не е материјал за дечко, тогаш зошто пишуваме на тема ..или брак.
    Сепак не е важно, гледај да го решиш случајот и нареден пат со ум со "пукањето" без заштита.
     
    На Nigredo Odor и Dust им се допаѓа ова.
  2. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Ако е мое го земам. Пет минути не чекам по раѓање.

    Ако не правиш добро, барем не прави зло.
     
    На Плавуша123 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.749
    Пол:
    Женски
    Како може да се гледате со некој исклучиво за секс, а да не користете заштита? Ај од бременост што не се плашете, не се плашете, ама од СПБ? Ај за несакана бременост има решение, ама што ако не дај Боже закачете некоја болест, дури тогаш ќе си ја чукаш главата. Од кај знаеш што може да има тој? Два месеци го знаеш, од кај толку сигурна дека нема да ти пренесе нешто.
     
    На Annath, Nigredo Odor, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    А не, не така :) Едно е кога станува збор за биолошко дете, туку ајде на дело да те видам, зошто лесно е да се расфрлаш со зборови како „убиство, убиец, смрт“ кога ситуацијата не те засега лично :) Ама ете, штом е најважно да се роди тоа дете, реагирај и понуди се ти да го посвоиш. Во спротивно, со кое право се мешаш ти во туѓ живот и туѓи избори?

    Или ептен е најлесно на свет да се филозофира од страна, без разлика колку напишаното го повредува оној кој вистина има потреба од помош?
     
    На realGirl, snegulkata, Lolipop23 и 22 други им се допаѓа ова.
  5. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    @Јаневски Можам да замислам дека е многу лесно да продаваш муда за бубрези кога знаеш дека никогаш нема да се најдеш во состојба да носиш несакано дете.

    Апсолутно е нерелевантно твоето мислење, прво затоа што си маж кој мудрува на тема абортус, потоа бидејќи пробуваш да наметнеш твои лични ставови на девојката. (кои како што реков, немаш право да ги имаш).

    ,,Новиот живот, бебето, детето" не се ништо повеќе од група клетки кои немаат способност да чувствуваат, така што никој не треба да има грижа на совест дека нешто убива, затоа што фетусот не е жив in the first place. Доста со срцепарателни текстови за мајчинство и љубов, во фаза кога може да се изврши абортус не постои бебе, жената не е мајка. Не си правете филмчиња и најважно - аман не ги наметнувајте личните ставови на некој друг.
     
    На realGirl, snegulkata, Nigredo Odor и 19 други им се допаѓа ова.
  6. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.740
    Допаѓања:
    172.850
    Пол:
    Женски
    @Јаневски

    Абортусот Е опција..
    Затоа и постои ...

    Знаеш што не е опција?
    Да се умре..
    Сите ќе умреме еден ден, не можеме да бираме дали ќе живееме 1000год или не
    Се друго има опции..
     
    На realGirl, snegulkata, lost123 и 17 други им се допаѓа ова.
  7. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.398
    Допаѓања:
    8.409
    Пол:
    Женски
    @Nausicaa @loveyouuu Од ист аспект мислев кога кажав дека за абортус не би споделила со никој, освен со родители ако зависам финансиски од нив.
    Прво е преинтимна работа.
    Друго голема е веројатност дечкото да се повери некому, натаму знаеме како се шири миабетот или да го препричава како доживљај и фалба.

    Јас никогаш не би етикетирала некој кој имал абортус, напротив го подржувам правото на избор, но нашево општество знаеме што се држи...
     
    На cresa-jagoda, AURUA, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Ти реков, ако е мое го земам, планирано, непланирано - несакано нема да биде.
    Помош за да убие од мене нема да добие.

    Не почнувај со мене за некултурни изрази, ќе треба тефтер да извадиш, за да си запишеш некој.
    Во таа состојба е и таткото и ако тој е неодговорен, не значи дека и мајката треба да биде неодговорна, не е оправдание.

    Пишала на форум, во тема абортус или свадба и доби мој искрен одговор.
    Одлуката што ќе ја спроведе и вината што ќе ја носи цел живот се целосно нејзини, ни мои ни твои.
    Реков и пак ќе речам, јас немам моќ да наметнам ниту да одметнам нешто, ама и ти немаш, природна работа.

    Живо е, ние сме група на клети кои што формираат ткива кои што формираат органи кои што функиционираат во организам.
    И пак истото, аман веќе ти е одговорено.
    Затвори форум темата тогаш - се знае абортус лек за се.

    Да, ама јас го гледам абортусот како смрт.
    Вечен живот - потомство.
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. macka91

    macka91 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 ноември 2013
    Пораки:
    4.104
    Допаѓања:
    72.629
    Пол:
    Женски
    @Јаневски дај олабави ја темава малце

    Зошто девојчето кога не се чувствува спремна, а и нема поддршка да роди од другата страна да не абортира?

    @loveyouuu ти најубаво знаеш како се чувствуваш, доколку не си спремна за дете абортирај го. Ние овде не можеме да ти помогнеме освен да ти дадеме некој совет или пак само да мрчиме. Разговарај со родителите за што и да решиш.
     
    На cresa-jagoda, AURUA, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.854
    Допаѓања:
    19.554
    Пол:
    Женски
    Девојче сосема те разбирам ... Мораш својот личен интерес да го гледаш , подобро иди абортирај без никој да знае ...Тешко е , знам , но и да се реши тој на брак некако , како би живеала во брак без љубов ? Ке се разведиш и ке бидеш сама со детето.....
    Доколку се решиш сама да го гледаш , тоа е тешка работа и треба многу храброст и жртва за тоа ....
    Размисли добро
     
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Убиец била (facepalm)
    Што му ги чувате вакви навредливи мислења во темава?

    Секој има право што сака да прави со своето тело, па така и оваа девојка што може и се кае веќе што пишала овде.

    Кој дел од НЕСАКАНО дете не ти е јасен?
    И што ако го роди, а не е пожелно тоа дете?
    Сигурно многу убав живот ќе има кога е зачнато чисто од забава, без љубов и емоции.
    Растено по домови или со маќеи и очуви.

    Од старт родителите не се заедно, после неколку години сигурно ќе си имаат нови семејства и деца, а тоа дете (иако е нивна крв) ќе се чувствуа ко вишок цел живот.

    Нормално сите сакаме да има помалку абортуси и да се крене свеста кај младите, дека некои парови со години се обидуваат деца да имаат, а некои тинејџери си абортираат од забава...ама во рандом случаи едноставно неизбежен е абортус.


    Вакви сериозни работи се решаваат со партнерот, а доколку не може да се зборува со него, тогаш со мајка, другарка или сестра, пошто потребна ти е поддршка и разговор во живо а не на форум.
     
    На realGirl, cresa-jagoda, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Став ќе изразам поради тоа што е форум.
    Понатаму, се додека некој ми се обраќа, еве како на пример ти сега, или како неколкуте пред тебе, ако имам можност и желба ќе одговорам. Нормално дека ќе си го бранам ставот, го немам оформено преку ноќ и тешко дека ќе го сменам само ако на некого тоа ме му се допаѓа, без при тоа да образложи поголема издржана вистина.

    Објаснив веќе што мислам, уште во првиот пост, пак да повторувам како тоа е одговорна пред себе и пред детето и така натаму и така натаму?
     
    На Aleksandar1212 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Кoгa ќе пoчнaт дa oбесувaaт сo тезите декa aбoртусoт е убиствo :@
    @forumce a кoлку време требa дa гo пoзнaвa дечкoтo зa дa имa негoвo медицинскo досие? Пa мoже и 10 гoд дa гo знaелa претхoднo и дa не знaе имa или не некoјa СПБ.
    @loveyouuu твoетo решение е aбoртус. Семејствo не се фoрмирa зaтoa штo мoрa, туку зaтoa штo двaјцa сaкaaт, тoгaш кoгa се сaкaaт и пoчитувaaт.
    Секaкo декa требa дa рaзгoвaрaш сo дечкoтo. Акo не се дoгoвoрите, пoсaкaте пoинaку, тoгaш е дoлжен дa биде пoкрaј тебе сегa.
    Зa рoдителите немa дa коментирам...еден ден некoгaш кoгa ќе бидеш мaјкa ќе сфaтиш дaли си им билa не вaжнa :^)
     
    На snegulkata, Someonespecial, Viktorijaaa5 и 3 други им се допаѓа ова.
  14. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    abortus
     
    На Justicija и Daern им се допаѓа ова.
  15. loveyouuu

    loveyouuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2014
    Пораки:
    89
    Допаѓања:
    186
    Пол:
    Женски
    @Јаневски на форум сите сме силни, не дај боже некој да го снајде ова тогаш ќе видиш како е.
    Не е работата само земи го или роди го детето, лесна работа за раѓање што и ако го родам кога си го познавам смејеството и околината и ќе немам подршка од никого. Што и ако го родам кога најверојатно ќе расте без татко. Не е се така црно и бело. Да, мене најмногу ме боли цела ноќ не спијам и си го галам мешето и плачам, во мене расте мало човече кое не е виновно за ништо. Свесна сум дека постапив неодговорно и сега ќе треба да платам за тоа.
    Се согласувам во врска со абортусот, секој има право на избор ама уште сега ми е тешко како да ќе откинат еден дел од мене. Не сакам да го споделувам ова пред моите пошто можам да добијам само клоца ништо повеќе, ниту пак пред другарки да им давам материјал за оговарање. Имав потреба да споделам со некого, затоа и пишав тука пошто не ме знаете.
    Многу размислував и дали и на дечкото да му кажам ама колку го имам проценето за овие месеци детето е сосема океј, не е фалбаџија па не верувам дека со ова би се фалил наоколу.
    Уште и немам разговарано со него, само претпоставувам дека решението ќе биде абортус пошто ние ни не сме во врска само се гледаме. Не сакам поради мои неодговорни постапки да страда невино дете, абортусот ќе ме боли милион пати ама дупло повеќе ќе ме боли ако го родам и страда колку што сум страдала јас.
    Тој не ме сака мене, па претпоставувам дека не би го сакал ни бебенцето.

    @sanjaeva иако не пишувам, читам некогаш по форумот, Вие сте една прекрасна мајка и жена. Ама верувајте колку људи-толку чуди. Секаков народ има и секакви родители. Моите родители на отприлика моја возраст немале што друго да прават па им текнало родители да си играат, па сум се родила јас. Можам да пишувам до утре ама сепак не е тема на муабет, некои работи ќе си ги задржам за себе. НАјважно е дека не сакам да ја направам истата грешка што и тие.
     
    На Lolipop23, cresa-jagoda, Mrs.Brain и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.931
    Пол:
    Машки
    Јас иако не ги познавам, сепак мислам дека твоите родители, твоето семејство не се до толку сурови. Мислам дека треба да зборуваш со нив, сепак дете си им. Ако ти удрат клоца не се луѓе. Вака ќе мора сама да ја носиш маката, а ако ти удрат клоца пак сама ќе ја носиш маката, реално нема што да загубиш, пробај зборувај, не се осамувај од семејството, ако можеш.
     
    На Dadusicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Според мене, должен е таткото да знае. Вака или така одлучила, треба сепак нему да му кажеш.
     
    На bebaa, Dust, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  18. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    @Јаневски убаво од твоја страна што велиш дека би презел одговорност кога би ти се случило тебе.
    Но која е ползата од несреќен брак и дете раснето во истиот?

    Јас лично никогаш не би се одлучила на абортус, но не секој исто гледа на нештата.
    Секој сам си ги сноси последиците и одговара за својот живот.
    Не е убаво да судиме.
    Не сме во ничија кожа за да речеме тоа е исправно, а тоа не.
     
    На Dadusicka и Dust им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.323
    Допаѓања:
    29.020
    Пол:
    Женски
    Ова како оние што викаа дека јадеш живи пилиња ако јадеш омлет.

    @Јаневски Најмногу што можеш да понудиш на темава е да кажеш што ти би направил во таква ситуација. Јас колку што знам ти нема никогаш да дојдеш во ситуација да бираш дали да абортираш или не, така што нема што да се нудиш овде.

    Сфаќаш колку е подло така отстрана да им попуваш нешто за кое немаш право да имаш лично мислење?
    Исто како на црнци да им кажеш јас со расизам би се справил така што секој што ќе ме нарече одвратен нигер ќе го гушнам и бакнам и поканам на кафе.

    Не е твоја работа фетусот во нечија утроба, како да ти кажам, дури и за девојка ти да се работи.
    No uterus, no opinion.
     
    На Indiegurl, Antolinaa, christinnn и 6 други им се допаѓа ова.
  20. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.628
    Допаѓања:
    39.749
    Пол:
    Женски
    Не знам. Никогаш нема да знаеш дали некој има спб или не, единствено ако самиот не ти каже.
    Сепак повеќе доверба би имала во оној кој го знам 10 год. отколку 2 месеци. Оној кој го знам 10 год. веројатно и би знаела каков и, со кого се има дружено, навики итн. А што би дознала од некој за 2 месеци? Тие не се ни запознати како што треба, претпоставувам.
     
    На cresa-jagoda, fana, iki26 и 1 друга личност им се допаѓа ова.