Девојче, прави си ти како што мислиш дека треба. Муабетот скроз ти држи вода и јас лично те поддржувам во одлуката. Скроз исто би постапила во таква ситуација. Само, после абортусот ќе ти треба малку поддршка, и физички и психички. Не знам од каде си, ама ќе треба некој да те однесе на лекар, да те врати и слично... нема да можеш се' сама во тој момент. А и не дај Боже компликации нешто да се случат. Не сакам да те плашам ама побарај некоја личност од доверба каде што ќе можеш и да преспиеш и да реагира ако ти се случи нешто, треба да си под надзор на некој што знае што се случува. Види некоја тетка, повозрасна братучетка... нека знае некој што се случува.
Пред да се одлучиш на абортус убаво размисли и разговарајте не еднаш туку 100 пати.. Оти тежок е многу тој период се ќе те тера само таму да мислиш и да размислуваш мене мораа да ме исчистат оти мртов плод носев во мене и на таков случај ми беше премногу тешко а не да треба да одлучам таков чекор да напрам.. Размисли си и договорете се.. можи и да бидете подобри родители од други шо оделе и се сакале години години.. Јас мислам дека тоа не е пресудно ако двајцата речат да бидат заедно и ако не е тој толку лош тип.. Не те осудувам на секого може да му се случи ова само мора да најдете соодветно решение.. можеби и ви е некој знак од судбината дека треба да бидете заедно... Што и да одлучиш не те осудувам твој избор си е твој живот само добро информирај се за последниците после абортус....
Дали имам право, или немам право на лично мислење многу и не е битно, битно е имам лично мислење. Кој ќе ми забрани да имам мислење? Ти? Човеково право е. Јас не сум птица, ама имам мислење за птиците. Јас не сум слободен, ама имам мислење за слободата. Ти не си јас ама во моментов имаш мислење за мене. Можеш да пробаш да ми забраниш да го искажам мислењето, ама најверојатно ќе биде веќе искажано. Можеш многу полесно добровлно да наведеш одкулу да забраниш, не е практично. На крај краишта, на што се сведува проблемот: Јас велам да не го убие, ти велиш да го убие. Колку и да сум затуцан, колку и да сум лош, колку и да сум подл и уште што не друго глупости сакаш да ми накалемиш, мислењето е на место, поттикнува живот. Најверојатно и ти имаш некоја причина затоа што мислиш како што мислиш. Е сега, што - како ќе одлучи, останува на мајката. Памет в глаа, одлуката е нејзина, не е моја и не е твоја и не е на останатите од околината.
Ова инвидуално за секого посебно, јас сметам дека неможеме да судиме на другите и да им кажуваме што да прават, како може да изберат свадба ако не го сакаат човекот, како ќе живеат цел живот со некој кој не сакаат кон кого немат луства и слични или обратно ако направат абортус можеби нема цел живот да се помират со тоа...сепак ова е македонската нација и менталитет, на запад нема многу дилеми околу ова или абортират или го раѓаат и растат сами а тие си бараат партнер кој ќе им одговара
Ве молам држете се до темата. Доколку сакате да дискутирате за или против абортус има соодветна тема за тоа.
@loveyouuu свеснa сум декa oднoсите вo твoјaтa фaмилијa ги знaеш пoдoбрo oд мене. Ти пишaв декa некoгaш ќе рaзбереш декa си им билa вaжнa нa твoите рoдители, зaтoa штo сaкaм дa верувaм вo тoa. Секoе дете зaслужувa дa е сaкaнo. Не дoзвoлувaј дa те ждерaт негaтивни мисли. Нaпрaви гo oнa штo сметaш декa требa. Утре никoј немa дa дoјде и дa плaче зa тебе и твoјaтa младост. Никoј oд тукa немa дa ти ги плaти сметките зa стaн, струјa...a ни дете дa ти чувa. Биди силнa и знaј декa не прaвиш ништo пoгрешнo. Акo билo грев, верувaј имa мнoгу грешни...пa ене ги живеaт, oнaкa кaкo штo oдлучиле дa живеaт.
Исто како како што едно од основните права на човекот е слободно да одлучува за раѓање на деца, а тоа право е загарантирано со Уставот и законите. Не е ли себично да кажеш роди го,па ако треба и фрли го на улица? Не е ли себично тоа дете да биде резултат на желбата да се задоволат сексуалните нагони, а не резултат на една љубов? Мислиш ли дека има љубов меѓу нив? Јас мислам нема. Ти се обидуваш да ѝ наметнеш чувство на вина на девојката. Лесно е вака од страна да зборуваме што е исправно, а што не. Но не е лесно да одгледуваш дете кое не си го планирал, за кое не си спремен, а уште помалку од човек кој не те сака и не го сакаш. Што се однесува до тоа дали да му каже на човекот дека е бремена, да сум на нејзино место не би му кажала. А и да му каже, би му било ли гајле нему, кога тој ја гледал само за секс? И онака одлуката за абортус може да ја донесе само жената.
Фер е да му каже и нему, и двајцата се согласиле да се гледаат само за секс, не ја гледал само тој неа за секс и таа него исто и тука нема ништо спорно од двете страни, девојката знаела на што и како е, ама пак тој има право да знае таква информација. Е сега за пропустот што не користела заштита бременоста е последицата. Девојче штом знаеш дека ке немаш поддршка од дома ниту од дечкото тогаш закажи на гинеколог за да можеш да добиеш стручен совет што порано поради тоа што си анемична.
Нејзе и не ја обвинувам толку што останала бремена, но и тој самиот треба да биде свесен за последиците. Ако не таа, требало тој да мисли. Подобар излез е да разговара со него, да и понуди подршка, па дури и да разговара со неговите родители. Ако не сака тој дете барем да понуди дел од трошоците за абортусот или пак таа да го гледа сама детето. Не би била единствена самохрана мајка. Доколку дојде до последица при абортусот, би можело да се случи подоцна да не остане бремена никогаш па цел живот да живее со тој товар поради еден погрешен чекор доколку не се консултира со него или со докторот кој е добар излез. Тука не се работи само за животот на плодот туку и за нејзиниот со оглед на тоа и дека е слабокрвна. Не е само да кажеш, оди исчисти се ко ништо да не се случило.
Ај престаните со глупостите дека нема да може да остане повторно бремена ако абортира. Последиците се многу, многу ретки, а најчесто се јавуваат ако абортусот е криминален, нелегален. Гледам сите не можат да останат бремени после абортус без разлика дали е спонтан или предизвикан. Процедурата на чистење е иста. Тоа што е анемична, и за тоа има лек. Зошто се обидувате да ѝ наметнете чувство на вина? Таа не е спремна за дете, и самата го напиша тоа.
I bez da se obide nekoj da mi nametne custvo na vina svesna sum za situacijata vo koja se naogam. Moj propust e trebase da bidam poseriozna I poodgovorna, a ne naivno da mu veruvam. Sinokja go vidov na kratko ama ne bese sam.I nemavme prilika da zboruvame sami mnogu ama odokolu ja svrtev temata I vo muabet mi rece demek decata bile najubavo nesto, dar od boga. Kupiv uste eden test ke go napravam podocna, zosto prviot go frliv I ke go pobaram da porazgovarame I kje mu go predocam testot. Isto I sega ke se javam I zakazam za kaj genikolog I mislam deka e fer da pojde I toj so mene. Jas kazav I porano deka abortusot ne e najdobro ama najispravno resenie e. Ne sakam nevino dete da strada poradi moja I necija odgovornost.
Мила најубаво би било да си разговараш со дечкото, а при тоа да донесете правилна одлука и двајцата. Бидејќи подеднакво и двајцата сте во ова ситуација а се разбира дека ќе ги информираш и твоите родители не сакам да ти солам памет но и тие треба да се запознаени со ситуацијата никако одлука на своја глава.
Мене ми нема логика намерно да ја затруднил...побогу ни во врска не се, а камоли дете да сакаСигурно не планира сам да го чува. Како и да е, ние можеме да нагаѓаме тука до утре, девојчето си знае каква одлука ќе донесе и дали ќе му каже...јас би му кажала, сепак за бебе треба двајца.
@Monna.Monna може не сум во право, точно само претпоставка е. Ама сепак многу несериозно од него што не користел заштита, последиците нормално таа ќе ги сноси без разлика на одлуката. Од нејзините одговори добив таков впечаток, се разбира не мора да е воопшто точно.
@kristina.k заштитата е веќе друга тема на муабет, чим он нејќел она барем требала да инсистира, не е веќе тинејџерка...ама како и многу други што ги знам поубаво им било без кондом, па после се клукаат со норлево, па и тоа подобра опција е него абортус, барем свесни се дека им свршил внатре, типот во случајов ако има 25 години свесен треба да биде што и како прави, после е*ење нема каење...
А колку се шансите да остане бремена после абортусот а колку се шансите за ризик? Не дај боже ќе се искомплицира. И како тоа има лек за анемичност кога ете и јас сум цел живот анемична и пак нема промени околу тоа колку и да се лекувам? Клукај лекови и на крај сите среќни и весели а она здрава, така идело тоа, како да не. Не мислела кога имала односи, ама не мислел ниту тој. вината е кај двајцата, не само кај нејзе, затоа мора да разговара со него за одлуката. Не може при секоја не сакана бременост да одиш и да се чистиш доколку претходно не си мислел и после пу пу не важи ајде од ново. И не била спремна, тоа е сосема во ред доколку не е спремна, ама во ред ли е тој да не знае? И кога имаш секс без обврска мораш да мислиш на се, не мора бременост да биде во прашање туку и СПБ се овде. И ова не била само една средба во прашање, туку неколку средби биле, во кои не мислеле. И знаела дека не бил за врска и сега се мачи и бара решение. Јас не сакам да ја осудам, туку да ја натерам следен пат да размисли убаво пред да се впушти во такво нешто. Ако се чувствува навредено или нешто слично, јас јавно и се извинувам.