Како прво до сите што пишале дека абортусот е убиство - кога се отстранува плодот, тоа е спиј клетки, без чуство за болка итн.. Не велам дека тоа не е живот, ама зар е подобро да се роди детенцето и да го чека мачно детство, со мајка тинејџерка? Не велам дека мора да биде така, девојката може и да го израсне детенцето, да му пружи дом, но дали момчето е достојно? Мамење како прво. Чим се случило пред бракот, во брак речиси сигурно ќе се случи. Во случајов сум ЗА абортусот, подобро тоа, за подоцна да најдеш достоен маж, со кој ќе бидете парично стабилни и ќе имате деца на кои ќе можете да им пружите се. Со среќа. ова е мојот совет, твое си е да одлучиш..
ii mene mi se sluchi istoto kako na babyblond, za sreka simptomite shto gi imav bile predmenstrualnite, ama jas se somnevav, bidejki si ja imav muvata na kapata , normalno lovely mislam deka treba da pobrzash so odlukata ii denovive da se odluchish, pa posle toa ako sakash pak smiri se so dechkoto, barem nema da bidesh obvrzana da bidesh pokraj nego i samo pokraj nego. pozz
И јас сум за тоа дека треба да абортираш, но не го земај моето мислење здраво за готово, мора убаво да размислиш. Ти си многу млада, дете, несозреана, кога би се одлучила да го родиш нема ни да можеш да работиш во следните година ипол.Дечко ти, под претпоставка дека ќе сфати сериозно, ќе почне да работи, ќе заработува колку толку,а ти ќе бидеш финансиски зависна од него, а полошо од тоа нема. Врската ви била климава, те варав, ти враќам, што од твоја страна го разбирам, имаш 18, ама дечко ти и не е до толку мал, 22 има.Не си ни сигурна дека го сакаш, а јас ќе ти кажам дека не го сакаш. Ако одлучиш да го задржиш детето и да се мажиш, дај боже да имаш среќа, да се опаметите и двајцата, да завршиш факултет и да не зависиш од никого. А размисли и за опцијата да го родиш детето, а да не се мажиш, ќе ти помага мајка ти.И мислам дека треба да ја притиснеш да те посоветува малку повеќе, сепак си и ќерка, а и не си доволно голема за вакви одлуки.
Го напишав тоа затоа што сум голем противник за абортусот. Имам сретнато случај на фемина како жали за детето што абортирала. Знам млада е, дечко и е никаков, животот е пред неа = bad karma. И јас сум на нејзина возраст и не сум спремна да чувам дете ама не дај боже да се деси никогаш не би абортирала. И тоа со враќањето не го сфаќај буквално ембрионот некоја физичка ствар туку можноста да биде мајка и да одгледа дете. Ќе повторам пак дека е млада и можеби не спремна да одгледа дете ама и за тоа никој не е хендикепиран, колку само девојки се испомажиле на таа возраста па ништо не им фали. Жално е што ќе го прескокне најубавиот живот чувајки дете ама тоа е. И после детето се живее, знам една девојка што роди на 17 па продолжи со дружење, факултет заврши медицина со дете. Се се може ако се сака.
Мој совет одлогирај се од фемина додека не размилиш! Сериозно! И без тоа си збунета уште сите овие коментари... гарантирам дека мислите ти се хаотични (иако не сум била во ваква ситуација)! Ова не е одлука за која што може да ти помогнат виртуелни пријатели! Всушност никој неможе да ти помогне- освен самата ти! И што и да одлучиш немој да се каеш и да мислиш што доколку постапев поинаку, тоа ти гарантира само стрес и грижи ништо повеќе!!!
Oва не е работа за која се прашува на форум. Се прашуваат најблиските, дечкото, на крај самата треба да размислиш што и како сакаш во животот. Ние не ги знаеме сите околности, не го знаеме дечкото, нити твоите чувства, па да бидеме компетентни и да ти дадеме добар совет.
Мислам дека Спанко убедливо даде најдобар коментар и совет. Лавли, не не читај нас, најсериозно, ќе се збуниш уште повеќе. Ние тука можеме до утре да се убедуваме дали сме за или против, и што би направиле, и леле ама една другарка направила вака и живее, леле ама друга абортирала и се зае*ала и триста рекла казала. Така не! Додека некој не знае како е на сопствена кожа, може да си збори тука колку што сака. Толку ќе ви кажам. Јас сум ЗА абортус во вакви услови. Плус не сме во 13ти век, сепак медицината малку напреднала, и треба брзо да се решиш за да не бидат последиците уште поголеми. Со еден збор, не ти ја завидувам ситуацијата. Ситуацијава е многу тешка и носи психичко бреме какво што ретко кој може да замисли. Но и јас се сеќавам, како и Сеси, кога малку застанавме на твоја страна во темата за мода, па си велам, чекај, ако девојка не знае да си го одбрани својот став за, да ми простиш, тотални тривијалности и не е доволно зрела за да одбере што ќе комбинира во мода, како ли ќе воспита дете во брачна заедница која веќеод самиот почеток е осудена на пропаст?! Не те напаѓам, не ми е целта ниту да те карам, едноставно мислам дека самата треба да сфатиш за што си подготвена, сега, во овој момент. Ова е само мој поглед на работите. Темава е контроверзна и не сакам да навлегувам во нечии глави и размислувања, но со секоја почит, оние навистина помлади што сте, што би се рекло со искуство во пелени, немојте да судите ниту да резонирате врз основа на нечии туѓи искуства или чаршиски муабети, а уште помалку врз основа на верски убедувања. Јас ве почитувам и се, ама Господ на Лавли нема да и помогне кога ќе тргне нешто наопаку ако еден ден се роди тоа дете, ниту ќе го нарани со 3 сома леб и 3 риби. Или ако и тргне бракот по удолна линија. Знаеме обично како одат тие работи. Со среќа и трезно решавање ти посакувам од се срце, навистина, за доброто на сите инволвирани во ситуацијава а најмногу за твое добро.
Во право си Штрумфета, ама дечко и штом на 22 годни , да претпоставиме со барем 4-5 годишно сексуално искуство не знаел да ја поштеди од бременост, односно дакористи заштита, значи дечкото е стварно неодговорен. и не е достоен се уште да гледа дете. навистина драга ловли штом те забременил во ова модерно време значи навистина е неодговорен. И според мене не е достоен да биди татко. жени кои сепак напредувале и покрај прерано формирано смејство се многу малку, на прсти се бројат. ако сеомажиш сега и смата ќе се деградираш икарактерни и секако, замисли место дабркаш дечковци, да се шмекаш, да сутидираш тоа што скаш, да проживееш уште многу и да се збавуваш ти ќе треба да дункаш дете и да се расправаш со твојот неодговорен и неверен сопруг. можеби тој е зрел човек(штом те забременил не знам колку зрел) ама ти си уште детиште јас сум усште детиште на 18 години сите сме уште детишта, не си дозволувај да станиш негова брачна робинка, како сеуште не дооформена личност ,. пред 21 година никој не е се уште зрел. и ако абортираш немој да чекаш , имај на ум бидејки двата сте полнолетни ке треба и дечко ти да потпиши согласност за абортус и него ке треба да гоубедиш, вервај изброени ти се деновитете до моментот кога ке си дајш втора шанса да си го вратиш животот што гоимаше и што го заслужваш или ке прескониш 10 години од твојот живот и ке си го скратиш истиот со тоа што ке се омажиш.
Смејте се ама јас на нејзино место би фрлала паричка и сериозна сум.Дур е во вис ќе сфатам што повеќе сакам и за што повеќе навивам...а тоа е исправното,нели. Неумесен совет...ама едно незгодно е право да ви кажам.
Јас лично сум против абортусот,ама во оваа ситуација Мислам дека ќе и беше полесно доколку ова и се случеше во врска, без тие перипетии претходно, вака неверства, па враќање на дечкото само заради бременоста, не води кон добро. Јас кога бев студентка,со дечко ми кој сега ми е маж, тоа беше пред 8 години, ми се случи да ми касни еден месец, ама јас и пред да направам тест бев сигурна дека ако сум бремена, нема шанси да абортирам. Нормално тој ме подржуваше, иако ни двајцата не бевме ни малку спремни за брак, ама премногу си значевме. Така што мила моја Лавли, мислам дека ти сакаш да абортираш, само ти треба силна подршка. Ако не го сакаш дечкото не ризикувај да си ги изгубиш најубавите години од животот, и не ги слушај тие што викаат дека ќе извршиш убиство, затоа што тоа не го правиш. Со среќа!
За ова сама мораш да одлучиш и подоцна са се соочиш со последиците. Ова ме потцети на една тема што беше актуелна пред извесно време ако се сеќавате на една девојка што зборуваше дека абортирала од предходнот дечко и сегашниот одкако дознал неможел да ја прифати. Затоа најубаво размисли си со последиците кои секако ќе ги има без разлика дали ќе абортираш или не сепак јас мислам дека поголеми последици ќе има доколку абортираш не мислам само на тоа за последиците што ги носи абортусот туку и за твојата совест, за тоа што нашиот народ само за озборувањ роден и само за проблеми правење.
Другарка моја (тогаш имаше околу 20 год) со дечко и раскинаа (после 2-3 години врска) и за беља баш тогаш откако решија веќе НИКОГАШ да не се заедно, другарка ми дозна дека е бремена. Се смирија, направија свадба. Детенцето е срцулче. Но нив бракот им е катастрофа, уште додека беше бремена (некој месец по свадбата) се разделуваа па пак се смируваа. Сеуште се во брачна заедница, ама освен детето друго нешто заедничко немаат (ниту секс, ниту некаква милост или галење). Не ти давам совет, само ти давам пример. И да, Лилитка ти даде прекрасен совет.
vo pravo e ciribiribela. sepak tii treba da si odluchish.ii kazhi ni ja odlukata.ii odluchi shto pobrzo,za da nema komplikacii dokolku se odluchish da abortiash. ) samo napred zhenska.. zhivotot prodolzhuva ponatamu. che bidi podobro, che vidish D
Ме потсети на една сцена од Friends. На Рејчел и доцнеше и беше сигурна дека е бремена, беше сама и без дечко и почна да се потресува што и како ќе прави, дека не е спремна за дете, дека ќе абортира, не го сакаше.....и земаа со Фиби да прават тест за сигурно. И Фиби и рече дека тестот е негативен, всушност тоа што Рејчел го посакуваше ама неместо да се израдува таа беше тажна. Онака неможеше да реагира, и тогаш сфати дека всушност и покрај сите пречки она го сакаше детето. По неколку минути Фиби и кажа дека лажела и дека тестот е позитивен и тогаш почна да се радува Поентава е дека и покрај сите совети и сите факти и коментари секој длабоко во себе знае што сака. Само требе да дојде некако до таа информација. Баш ко шо кажа ти со паричката, тогаш можеш да сфатиш за што всушност си "навивала" цело време Ните тука можеме да даваме само технички одговори на "каде прават абортус" или "кои се цените на венчаниците" А за друго неможеме да помогнеме. Секој со свој живот и свои одлуки
Наречете ме ,, stalker ,, ама пред да пишував мислење на темава, морав да ги видам и мислењата на Лавли. Едно нешто ми го привлече вниманието, а тоа е сличен одговор кој самата Лавли го дала мнооогу одамна. Те молам, што и да правиш размисли убаво, иако јас потполно се согласувам со твојот пост што си го дала за ситуација слична со твојата. Една голема гушка од мене, знам дека ти треба поддршка
Во денешни услови абортусот не претставува никаква опасност- факт. И се е до човекот. Како се чувствуваш ти Ловли, што сакаш? Верувај само тоа е најбитно. Не мисли што како би било, кога би било, не мисли на никакви позитвни-негативни последици. Само на момент затвори ги очите и помисли што сакаш ти навистина. Твојот живот е во прашање, мислењата на другите нека не ти се битни. Секогаш има луѓе со вакви и такви мислења. Направи го она што ти сметаш дека е исправно. Верувај ми тоа е единственото исправно нешто. Поздрав и пиши што си направила.
Мила Лавли мајчинството и бракот се работи кои или ги сакаш и си подготвен(и немаш никакви дилеми)или не ги сакаш и не си подготвен.Очигледно ти сеуште не си подготвена за тоа скалило.
Сите викате размисли убаво ти си знаеш ама поарно абортирај го.Јас се слагам единствено со мислењата на Штрумфета,можеби затоа што сум голем противник на абортусот а и коментариве од типов не бил жив ебрионот ќути молим те ќе ти се смее некој клетката што така ја нарече девојката (не и го запамтив името )прераснува во човечо суштество така да Чувствува од моментот кога настанал тој ембрион тоа е факт!Јас да сум на твое место ќе разговарам со родителите и ако ти се подршка подобро сама одгледај го отколку да го убиеш или да се омажиш за некој несериозен човек што утре дома нема да се прибира и нема да ти биде од никаква помош.Муабетиве од типов не си проживеала кога ќе ги видам ми се повраќа ќе шета по кафичи и по дискотеки па после ќе и се важи дека проживеала глупости.
А не знам па од каде сите ги извадивте коментарите дека не е подготвена, дека е лабилна, дека ова-она. Па можеби кога дознала дека е бремена некои работи се смениле, нели мајчинството ги менува жените.. Можеби ќе сфати дека е баш подготвена и дека го сака тоа дете. Затоа сама треба да си размисли, да види како она пред се се чувствува. И има овде премногу остри коментари, па полека малку.