Затоа девојката секогаш треба да си мисли на кондомот, нажалост. За секс требаат двајца, ама на абортус сама ќе си леташ, а тој некаде таму ќе си го лади. Ова не е попување, настрана од случајот на девојчето, туку чисто така ми дојде да спомнам бидејќи се присетив на еден скорашен муабет од девојка која има триесет години! и да не разлагам целосно што беше и како беше темата со неа, само ќе парафразирам една нејзина реченица - ПА ТРЕБАЛО ТОЈ ДА ЈА ПАЗИ (зборувавме за девојка која забременила непланирано). Не нема никој да те пази ако сама не се пазиш. И секоја една девојка која мисли слично или исто како пријателкава нека размисли дека треба да си ја превземе грижата за заштита во свои раце и да си биде мирна од период до период. На волкот му е дебел вратот оти сам си ги брка овците. Јас ќе му кажам на тој некој дали ќе користиме кондом или не, а не тој на мене. Ако не, нека си го чува во гаќи!
Јаневски многу се разбира од филозофија и психологија, али затоа биологијата не му е многу јака страна. Имајте разбирање, па не можеме се` да знаеме у 21 -ви век. @loveyouuu That was excatly my point.. По првиот пост заклучив каква ти е ситуацијата, со каков тип си имала работа, и според тоа ти дадов разумен совет, ама не, вие сакате да се правите мајки со сила во рани дваесетти години, а првенствено не знаете да се заштитите за да не се доведете до вакви состојби. Затоа сега без плачки и на абортус. Млада си, животот е пред тебе, ќе имаш уште милион сексови и прилики. Поздрав.
@JustFun Ризикот од абортус е сведен на минимум кога се извршува во ординација, болница кај гинеколог. Тоа ти што го зборуваш се однесува на абортуси извршени на црно. Така да не и полни глава на девојчето со глупости. Плус која е логиката да кажува на дечкото, а планира да абортира? Зошто би кажала, што ако каже? Што има тој да знае, не и е дечко, не се во долга врска, не и е маж... @loveyouuu Ке имаш шанса и прилика за уште многу деца, со некој кој ке те сака најмногу на свет и со кој детето ке биде плод на љубов, а не со мочко од 26год кој не е спремен ни на врска. Плус имаш само 21год животот е пред тебе. Ке помине се како лош сон, со тек на време се бледее па и тоа, ке остане само лошо сеќавање.
Се случуваат компликации при нелегални, криминални абортуси. При абортус во болница и со стручни лица компликациите се минимални. Порано многу повеќе компликации имало, но сега не. Ако е анемична може да ѝ дадат и некоја единица крв, ништо страшно. Ѝ ги прочачкав мислењата на девојката и видов дека не и е прв пат да има односи без заштита, мислам дека е девојка која не мисли на себе, а како би мислила на некое бебе?
Мое мислење ρоди го детето не моρа да го земеш за маж или свадба да пρави. Детето не е κρиво што се задоволиле сеκсуални нагони. Баρем можеш да ја испρавиш таа гρешκа и да не убиваш невино суштество аκо не го саκаш дај го во дом. Κаκо се вели ρоди ме со κсмет фρли ме на буниште. Од κај знаеш κаκов живот ќе има, баρем дај му шанса.
Стварно ме смеете кога ќе кажете ‘убивање‘. На какво суштество жити се? Ќе убије нешто што уште не е ни живо? Божееe што се не ќе прочиташ
Pa smesno ti e zosto povrsno razmisluvas. Zivo se smeta nosis zivot vo sebe.Tolku prosto i ednostavno.Samo ne sekoj e spremen da e zrtva pa tesko go prifaka poimot " ZIVO ".
http://www.abortionfacts.com/facts/13 https://www.liveaction.org/news/40-...s-that-prove-human-life-begins-at-conception/ Не би рекла оти се само клетки и не чуствува болка фетусот.Ако стварно те интересира еве ти научни тврдења.
Здраво девојки Размислив и одлуичив да збортирам без да знае никој Сакав да разговарам со него и да му кажам но во меѓевреме разбрав некои непријатни работи дека господинот совршен ни од далеку не бил совершен. Најдобро е да не знае. Ќе ви пишам пак.
Закажа абортус? Не можеш сама, ако веќе си одлучила за тоа нека биде до тебе некоја блиска личност што ја сметаш тој ден, немој сама.
разговараше ли со гинекологот?што вика за твојата состојба со слабокрвноста?може ли да се изврше абортус
Здраво девојки бебето сепак го задржав, немав такво срце да го абортирам. Ќе станам мајка на син. Дотичниот знае и не се позамара нешто многу многу. Иако ме бара некогаш да прашал како сум. Не му се допаѓаше мојата одлука, кога го виде тестот очекуваше друго да слушне ама јас сопственото здравје да го ризикувам не фала, допаѓало му се тоа или не нему. Баба ми на почеток се лутеше и нервираше ама сега имам голема подршка од нејзе, ќе ми помага на почетокот кога ќе се роди малиот.
Сега прочитав од порано што си пишала. Дали дотичниот ќе го признае синот и ќе плаќа алиментација. 21 имаш? Само баба ти ќе ти помага околу бебето? Досега од септември која недела си точно?Зошто имаш напишано си се премислила од абортус дека здравјето така го чуваш,мислиш бременоста и пораѓањето е најбезбедно т.е.побезбедно од абортус? Многу мисли ми стави и така ко што сон не ме фаќа....долга ноќ....Иако браво што си се одлучила на ваков потег.За твојот потег треба или голема храброст или уште поголема храброст. Ја имаш мојата почит.
Тој мене ниту ми беше дечко, ниту ништо туку најискрено да ви кажам се гледавме само за секс. Јас знаев дека не сме во врска и дека нема шанси да се земеме, затоа и бев многу неодлучна и милион пати се премислив дали да му кажам или не. Не ми бееше воопшто добро и се посомневав на бременост зошто порано не ми било така и му го спомнав сето тоа зошто и односи без заштита имавме ама тој милион посто беше убеден дека нема ништо. Отиодв купив тест кој покажа две линии, целата испаничена го фрлив. После неколку дена направив уште еден и го спакував уредно во кутиичка и го сокрив на рамна површнина. Со денови бев потиштена и плачев, размислував што да правам милион пати се премислував де ќе го родам, па ќе ми текне да закажам абортус. Една вечер ми пиша тој, дојди кај мене да се видиме, искрено не сакав ич да го гледам ама сепак го земав тестот и отидов. Фино лепо му кажав сакам да разговараме и му го покажав тестот. Дечкото се збуни, не знаеше како да реагира и ми вика ама јас немам пари за абортус .. и го прашав а кој ти рече дека ќе абортирам? И ме гледаше немо цела вечер се туфкаше, вртеше очигледно не му беше пријатно што ме гледа и едвај чекаше да станам да си отидам, веднаш сфатив станав и си заминав. Цели 3 месеци го немаше никаде, неколку пати го видов во град оддалеку. Ниту да ми пише, ниту да ми се јави ама баш ништо. Си го тераше животот како да не постојам, глумев дека ми е сеедно ама потсвесно ми беше многу жал. Oтпосле разбрав и други муабети за него дека си имал навика и во казино да си влезе, дека бил таков немал сериозни врски туку се гледал со девојки само за забава. Дури пред две недели а јас од аптека излегувајќи го сретнав веднаш ме погледна во стомакот кој почнува да ми се познава по малку и ми вика го задржа нели? Му реков секако дека да. Ме гушна и почна да плаче. И демек ако ми требало нешто да сум му се обратела и од тогаш секој втор трет ден ми пишува како си. А инаку се однесува како да не постојам си излегува, си го тера најнормално животот. Уште ко му кажав дека сум бремена ми кажа дека немал услови да се жени, работата не му била стабилна, живееле во 2 соби, па неговите не знаеле, па не бил спремен и еден куп изговори и пред да ми ги каже ми беше јасно како ќе реагира. Да ме сакаше и да сакаше иднина со мене јас имам услови да живееше заедно ама факт е дека за него сум уште една со која бил и ништо повеќе. Моите родители не беа добри и фер низ животот спрема мене ама сигурна сум дека го сакам ова бебе и сакам да ја исправам грешката што ја направија моите спрема мене со тоа што ќе му бидам добра мајка на мојот син. Имам 21 година и свесна сум дека ниту едното не е безбедно ама едноставно не можев немав срце да абортирам иако во тој момент ми изгледаше тоа најправилно. Сега за сега сум добра, уште малку во 5 месец ќе влезам. Си одам редовно на контроли за Скопје. Баба ми вети дека ќе ми помага зошто на почеток секкао ќе ми биде потребна помош некој да ми покажува, сама не би се снашла никако.Таа ме исчува мене, па ќе го исчуваме заедно и ова бебе. Финансиски стојам добро, не ми треба неговата алиментација, дали ќе го признае детето или нема негово си е а ми нема кажано ништо околу тоа.