@loveyouuu ајде на пола пат си,со лесно остатокот. Мислам дека ќе треба да им каже дечкото на неговите да знаат дека ќе имаат внуче,мислам дека е фер да знаат. Па и фер е ако ти требаат финансии и учество и од нивна страна. Иако убаво е што баба ти е крај тебе и можете двете заедно.
@Asistentkа Ти благодарам, сите да си дочекате убави работи. А дечкото очигледно дека не е во добри односи со неговите, барем така имам разбрано од него така да не верувам дека им кажал и дека воопшто ќе им каже. Изгледа дека е од оние трае и прае, па не кажал никому ништо. Иако мене луѓето што ме познаваат, а може и јас приувеличувам некако како да ме гледаат чудно, па и јас сум за тоа подобро тој нека им каже отколку да слушнат од друго место што и како. Никој не знаеше дека се гледаме, па претпоставувам дека луѓето ќе прашуваат кога, како, од коготоа дете итн ама не се оптретувам уште сега со тие работи, има време.
Штом е така ти да си среќна со твојата одлука. Дечкото може да смени мислење/однесување а може и не,а луѓето секогаш ќе наоѓаат да се канат самите во теми што се лични.Не им се замарај.Да биле добронамерни со присилена љубопитност би си гледале во својот двор не во твојот. Се во животот се случува затоа што можеме да се носиме со тоа што ќе го прифатиме за наш личен избор. Ми ја стопли душичката.
На почеток ми беше многу тешко, ова беше нешто ново непознато за мене. Цели ноќи станував по веце и само плачев. Мислев дека се ме боли, сега веќе ми е многу добро, многу му се радувам и уште сега си правам планови што и како ќе биде. Иако длабоко во себе посакував и тој да биде до мене, да се израдува на тестот, да ме држи за рака кај докторот, да излеземе да му купиме нешто на бебето ама ништо од тоа. Верувам дека ќе се снајдам и сама со ова. Моето дете ќе има татко и ако сака секкао дека ќе го види, нема да забранам ништо. Не го мразам, ниту обвинувам свесна сум дека и двајцата сме виновни ама длабоко во себе посакувам ова да имаше малку поинаков крај.
Внимавај што посакуваш затоа што понекогаш,ама само понекогаш посакуваното станува вистина. Нека раште мешето и не му ја мисли многу.Опуштено,не за џабе се рекло сега си во блажена состојба.
@loveyouuu честитки. Тоа е најправилна одлука. Среќа да ве прати цел живот тебе и бебенцето. Со лесно.
Случајно налетав на темава и ја читам приказната на @loveyouuu. Јас, како голем поборник за правото на живот и строго против абортус, најискрено се израдував за твојата одлука Не е лесно да се одлучиш на една ваква сериозна одговорност сл оглед на ситуацијата си твоите родители и најсериозно ти симнувам капа! Само морам да ти посочам едно нешто - ме загрижува твојата потсвесна желба,надеж,очекување дека татково ќе биде татко или дури и твој партнер. Знам мила дека така е најисправно но што побрзо се соочиш со реалноста тоа подобро за тебе и во иднина за твоето синче. Млада си и верувај во иднина ќе има некој со кој ќе бидеш во врска,брак, ќе имаш семејство и уште деца, верувај мила еден ден ќе се сетиш на моите зборови. Сега гледај твоето здравје, пиј витамини,железо, користи да одмараш и знај дека те очекуваат пеекрасни моменти во иднина. Ќе го имаш мажот кој најискрено ќе те сака и ќе го сакаш целиот живот - твоето синче Животот е непредвидлив и нема гаранција за среќа ако детето е родено во брак. Еве јас имам три мали дечиња па се разведувам. Те гушкам мила и те чејам да се дружиме во мајчински муабети
@loveyouuu Господ да ми ве благислови и тебе и бебето и бабати за одлуката што си ја донела и она што те поддржала.Таткото се надевам ке се предомисли.Искрено имаше во моја зграда една остана трудна од дечкото и он и се скара рече не бил спремен за татко.Откако го роди се спростија се земаа и сега и второ имаат.Но и да не се реши за вас,Господ ке ти даде маж што ке му биде како татко на бебулето.Ја поздравувам одлуката.
@loveyouuu мило ми е што повторно пиша во темата, а уште помило ми е што си донела ваква храбра и правилна одлука. Секоја чест. Јас секогаш сум против абортусот. Правилно си одлучила, да си родиш здраво и живо машко бебенце. Тебе и дечкото секогаш бебето ќе ве поврзува, он сеуште е збунет, но сметам дека со тек на време финансиски и морално ќе ти помага околу бебето. Почекај со тек на време ќе биде тоа Со лесно бременоста
Искрено те поддржувам во твојата одлука и се радувам поради твојот избор. Силна жена и самостојно може да го поведе своето дете на вистинскиот пат. Ако сме создадени за да ги родиме тие деца тогаш сме создадени и за да се грижиме за нив. Убаво е кога тоа дете расте покрај двајца родители но секогаш нештата не излегуваат онака како што посакуваме. Верувај дека радоста која ќе ти ја пружи твоето дете и твојата љубов кон него се посилни од се и неможе да се споредат со чуствата кон ниту еден маж. На тебе е редот да се покажеш како достојна мајка а изборот на таткото си е негов. Ако не го прифати своето сопствено дете и не му ја пружи потребната татковска љубов верувај дека не е достоен ниту да помислиш на него. Таков човек не ви е потребен. Времето ќе покаже, можеби и ќе се промени. Сега за сега уживај и мисли на убавиот период кој ти предстои. Помош секако ќе имаш, нема да бидеш препуштена сама на себе.
Здраво девојки сега се зачленив и сакам совет за мојата ситуација. Со дечкото мој заедно сме 1 година и 3 месеци во врска јас сум 20 години тој е 21. На почетокот врската ни беше добра ама после се се смени во главно имаше многу љубоморна неоснована од негова страна. Го сакав на почетокот не дека не ама со тек на време се одалечив, чуствата ми се одалија зошто реално бев под притисок и се се сведуваше само на навика.. Сексуални односи имавме често со заштита ама некогаш се случуваше и без. Тој ми тврдеше дека нема ништо дека нема шанси да сум бремена ама од друга страна ми викаше и да има нешто ќе те запросам ќе се земеме. Е пред некое време почнав да чуствувам грчеви во стомакот, мачнини постојано и нагон на повраќања што до сега не ми се случило. Нормално одма се посомневав на бременост купив тест го направив излезе потививен, купив уште еден и тој го направив и тој излезе позитивен. Утрово бев на гениколог ама мојот доктор бил на одмор па отидов кај друга докторка замена ме прегледа и ми потврди бременот 6 недели. Сега сум многу збунета и несигурна на дечкото уште му немам кажано ништо. Ако му кажам ќе ми направи проблем ќе сака да се земеме нема шанси да прифати да абортирам зошто знам каков став има за аборутсот. И се сомневам дека може намерно го направил ова за да ме задржи. А моите родители се конзервативни луѓе не би ме прифатиле дома да го родам детето, а не би ме поддржале ниту за абортус затоа пред нив не смеам сега за сега да кажам ништо. А докторката ми рече ако се одлучам за абортус дека времето ми е ограничено, треба што побрзо. Страв ми е и срам ми е, не сакам да се мажам и да раѓам уште сега имав други планови за животот. Знам дека е моја вина ама ете се случи, не сакам осуди. Има ли некоја со слично искуство да сподели, неопходна ми е подршка.
У никој случај немој да абортираш, твоја душа е.. после неколку години ке ти биде криво верувај а може ако абортираш да не можеш да имаш второ дете А за плановите, никогаш у живоото не оде според плановите така да остави да тече според волјата на Господ
Не се лаги, може да настанат многу компликации од нестручно извршен абортус. И раѓањето го третираат како рутинска работа, ама ете трудници ни одат Друго сакав да кажам, имам другарка што исто така остана бремена млада, па и факултет заврши во рок, има добра работа и две дечиња Ако си решена да успееш во животот, ќе успееш и со детенце а луѓето секако ќе зборуваат. Мој совет е да му кажеш на дечкото и заедно да одлучите што понатаму. Но, прво добро размисли што сакаш ти.
А каде ќе абортира девојката ако се одлучи на нешто такво? Некаде каде што се работи во нечовечни услови со нестерилни инструменти и нестручни доктори? Не сум сретнала некоја да не може да остане бремена после абортус, а илјадници абортуси се прават на годишно ниво
Во никој случај немој да се сложиш на брак ако не чувствуваш ништо спрема дечкото,ќе си го загорчиш животот и ќе се мразиш сама себе цел живот. Твоја е одлуката дали ќе го родиш или ќе абортираш, не дозволувај никој да ти врши притисок и да те предомислува.
@martinaa1998 Јас како повозрасна би те советувала да размислиш убаво и да побараш по можност и стручно мислење. Одлуката за абортус е сериозна одлука и треба да се размисли убаво. Прво гинеколог да ти ја објасни процедурата и сите можни понатамошни последици, а пожелно е потоа и да се преиспиташ со психотерапевт и на крај да бидеш сигурна дека си ја донела вистинската одлука и дека нема понатака во животот да зажалиш. Само навистина немаш многу време, абортусот се прави до 10-та гестациска недела, затоа побрзај, но те молам советувај се со стручни лица.
А нашите лекари сите се стручњаци? Последниве месеци слушаше? Читаше што се случуваше поради нивната стручност и внимание? Последици од абортус има. Ако не се физички, психички се. А тие се многу потешки. Да не одам надвор од темата, веќе кажав добро да размислиш што сакаш ти, а потоа да одлучите со дечкото што понатаму. Затоа што, каков и да е, тој е татко на тоа дете.
Последици психички од абортус има а од влегување во брак од погрешни причини нема?Тие последици вечно ќе и траат зошто никаде не прочитав дека и е убаво со дечкото и дека го сака за животен сопатник. Размисли си убаво ама не влегувај во брак ради детето тоа е поголемо измачување.