Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. martinaa1998

    martinaa1998 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Јас сум 99% за абортус. Знам и јас секакви примери каде што со деца и факултети завршувала и се ама не можам да објаснам едноставно во моментот не сум спремна да бидам ничија мајка ниту сопруга. Скоро наполнив 20 години, се вработив во маркет пред некој месец. Се надевам на подобра работа па да прошетам да уживам во животот одмори други работи па потоа да разсмилувам за брак и деца. А и дечко ми е млад 21 година работи и тој ама тоа не е сигурна работа и којзнае како платена. Плус ако се земеме ќе треба да живееме со неговите. Не сакам сега да влезам во брак само ради бременоста и утре да бидам нервозна и исфрустрирана многу. Плус и јас не сум ни сигурна дали го сакам него веќе. Долга и комплицирана е темата, кој сака нека ми пише инбокс.
     
    На candy.cane, ***Najsrekna***, Lolo5 и 10 други им се допаѓа ова.
  2. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.822
    Допаѓања:
    23.447
    Пол:
    Женски
    Размисли си пак убаво, но штом овој е твојот став никој не може и не треба да ти каже ништо. Имаш валидни причини зошто не би сакала дете, а уште помалку причини зошто би се омажила за дечкото.

    Запомни дека на форумов има луѓе што имаат став кон абортусот како твоите родители или дечко ти, така да нека не имаат најголемо влијание кон твојата одлука.

    Јас би ти препорачала да разговараш со некого што го знаеш и знаеш дека ке ти даде добар совет и ке те поддржи во твојата одлука. Да, тоа е твоја одлука. Ама уште еднаш ке кажам, размисли си убаво.
     
    На Lolo5, Harper, smooch и 2 други им се допаѓа ова.
  3. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.586
    Пол:
    Женски
    Немој да слушаш прости и неинформирани луѓе да ти држат предавања како абортусот бил грев, дека ќе се каеш, дека нема да можеш да имаш второ дете.
    Не може никој од нас да ти каже дали треба да го родиш или не, тоа самата си знаеш колку си спремна или неспремна, знај само дека што и да одлучиш тоа ќе биде правата одлука за тебе и лично твој избор.
    Ова е твој живот и постапи согласно својот разум и чувства.
    Со среќа (fingers)
     
    На Lolo5, Harper, smooch и 10 други им се допаѓа ова.
  4. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Се надевам ќе бидеш доблесна и ќе му кажеш барем на дечко ти, зашто и тој има право да си одлучи дали ќе продолжи да биде во врска и да размислува за иднина. И родителите имаат право да знаат.
    Во случај на своеволен абортус, јас на пример би се развел од сопругата, а со ќерка би ги прекинал сите односи.
    Ти имаш право ама и твоите блиски имаат право да го променат односот со тебе. Тоа не го заборавај! Ако не сакаш да ги разочараш блиските, (а се` ќе се дознае кога тогаш) размисли уште еднаш за твојата одлука.
     
    Последна измена од модератор: 7 август 2018
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.061
    Допаѓања:
    55.547
    Пол:
    Женски
    Тоа си е твоја одлука и немој да дозволиш никој да те прави да се чувствуваш виновно ако решиш да абортираш. Ако навистина не си спремна не се чувствувај обврзана да родиш и да се мажиш. Цел живот е пред тебе за тоа има многу време. Само запомни дека ова е твоја лична одлука и направи онака како што чувствуваш.
    Ти посакувам се најдобро. :)
     
    На Lolo5, Harper, smooch и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.942
    Допаѓања:
    81.253
    Пол:
    Женски
    Значи битно е да не ги разочара очекувањата на нејзините, а она како се чувствува во врска со тоа...сосема небитно.
    Јас разбирам личен став и филозофија, но ова е многу себично.
    Никој од нас не живее за да ги исполни очекувањата на родителите, комшиите или некој друг.

    Јас не би влегла во брак со некој кон кој имам сомнеж околу нашата љубов и се по ред (очигледно е дека не го сака дечкото, си кажа и самата таа), уште помалку пак би родила дете за да не се разочараат родителите од мене.
    Девојката е навистина во тесно зашто нема никаква поддршка од нејзините. Дополнителни стресови не и требаат. Доволно е возрасна да одлучи што понатаму и верувам дека на крај се ќе биде добро.

    И тоа не му дава никому за право да ја нарекува со глупави изрази.
    Нејзино право е дали ќе каже некому или ќе си го зачува за себе. Апсолутно има право на тоа.
     
    Последна измена од модератор: 7 август 2018
    На Emy867, Belgin1, 1209 и 26 други им се допаѓа ова.
  7. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Што е деградирачко? Се извинувам ама имаат право да реагираат. Оти утре ако околината ја отфрли, ни ти, ни другите што ја храбрите да абортира нема да и` дадете никаква подршка. Треба да бидете свесни дека станува збор за животот не само на нероденото бебенце, туку и за обдносот на родителите со ќерката, и на младата жена со нејзиниот партнер. Абортусот може да ги наруши сите овие односи, а вие со подршката од зад компјутер ништо нема да направите!
     
    Последна измена од модератор: 7 август 2018
    На carangigia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Ќе те прашав дали воопшто размислуваш пред да се истрескаш и да наречеш некого убиец, ама потоа видов кој член си и сè ми стана јасно. Не, околината нема право да реагира, а уште помалку да решава дали некого ќе "прифати" или ќе "отфрли" врз база на лични избори кои се однесуваат на нејзиното сопствено тело.
    Сè што може е да се пружи совет и поддршка, а одлуката е нејзина и ја тангира само неа, зошто се работи за нејзиниот живот и нејзината иднина, па никој друг нема право да се меша и да ја убедува во било што.
    Престани со арогантноста и менталните манипулации врз членки кои и онака се во доста незавидна психичка положба; најмалку што им е потребно се осуди и заплашувања.
    Модератор, повторно, овојпат јавно замолувам да реагираш, но овојпат да реагираш темелно во изменувањето/бришењето мислења - вакви поганости за себе никој не заслужува да чита, макар и од анонимни особи!
     
    Последна измена од модератор: 7 август 2018
    На Emy867, 1209, SV1911 и 16 други им се допаѓа ова.
  9. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    2.174
    Не е само роди го... Треба многу повеќе од тоа за да има едно дете убав живот...Му требаат среќни мајка и татко,стабилна околина,љубов... Доколку не се чувствуваш подготвена да дадеш дел од себе за него, за да му овозможиш се - себично е да го родиш,особено во услови каде што на климави нозе е љубовта со партнерот. Одгледување дете бара многу голема поддршка, а и најголемите љубови понекогаш се разнишуваат со тој ненадеен наплив на обврски,нередовно спиење,нестабилни финансиски услови,мешање на сите во вашата врска...
    Но, од друга страна јасно со себе стави си до знаење доколку одлучиш да го абортираш дали ќе можеш да продолжиш нормално со таа одлука,а да не ја споделиш со таткото?
    Лично мислам дека било која опција да ја одбереш ќе ти биде тешко, но анализирај што можеш да му пружиш на бебе во овие услови и тоа нека ти биде водич... А не што ќе каже околината!
     
    На candy.cane, Lolo5, dunika и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Чекајте сега, ти и другите ќе го убедите партнерот да не ја остава, зашто таа имала право да абортира? Зашто тоа било нејзино тело, а тој не баре не е родител туку само шприц. И ќе го убедите дека татковците немаат право да бидат рамноправни родители?

    Ти и другите ќе ги убедите родителите дека нивната ќерка ништо лошо не направила, туку само го прекинала животот на детето што и` било во утробата?

    Или ако не ги убедите и дојде до полоши последици, како вие ќе се заложите за оваа млада жена? Ќе и` дадете кров над глава? Ќе и` давате подршка како што може да и` дадат само родителите? Ќе и` најдете во иднина нов маж на кој не ќе му биде гајле што идната жена извршила мал хируршки зафат - абортус. Утре и да најде нов дечко, немојте да ја лажете дека ќе му биде сеедно што неговата избраница извршила прекин на бременоста.



    Лесно е да се раскажуваат прикаски, тешко е да се каже вистината. Е јас сакам на оваа млада жена да и` предочам што може да и` се случи, ако самоволно го изврши хируршкиот зафат. Нејзино законско право е да одлучи што ќе направи, ама мора да ги знае и последиците.
     
    На Selest, Petra777 и carangigia им се допаѓа ова.
  11. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    2.174
    ^На 6 недели гестациска старост не е дете! А што ако го роди и не му пружи убави услови и нормален живот? Смачено ми е од вакви што солат памет и мудруваат, ајде ела роди дете ти сам, во околина без реална поддршка од партнер кој не го сакаш баш многу скоро ич и пружи му све што треба да му биде пружено во животот!
    Дали ти господине мастурбираш или секој сексуален акт ти е насочен кон оплодување? Не ли е тоа исто
     
    Последна измена: 7 август 2018
    На 1209, SV1911, Konfetka и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.048
    Пол:
    Женски
    Како не е? На 6недели веќе има срценце. Тоа не е живот?
     
    На Selest, bebaa, zalosna и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    Судејќи по ова - не, немаат нејзините ни право ни потреба да знаат.

    @martinaa1998, при професионални услови ризиците по твоето физичко здравје се минимални, а за психата - присилен брак и неостварени цели секако би ти донеле уште повеќе последици, хаос и фрустрации за цел живот.
    Полнолетна си, трезвено размислуваш и знаеш што сакаш, не обрнувај внимание на конзервативните коментари тука. Со среќа :)
     
    На SV1911, Annath, kim.k и 20 други им се допаѓа ова.
  14. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.327
    Допаѓања:
    18.222
    Пол:
    Женски
    Пак ќе речам, пред нешто да истрескаш размисли малку!

    Кој живот, кое дете? Дали ти воопшто знаеш што се случува од медицински аспект во секоја гестациска недела, или мислиш дека од моментот на оплодување на јајце-клетката во утроба има 5 годишно дете!?

    Никоја од нас никого не убедува во ништо, ти си тој кој секогаш на вакви теми врши психички притисоци и млати празна слама. Да имаше бар малку човечност во себе ќе се засрамеше, но, те знаеме каков член си, член од типот „нема врска што поповите се ролаат во богатство“ и член од типот „штом е во брак жената му припаѓа на мажот па тој може и сосила да спие со неа (читај: да ја силова) иако таа тоа не го сака“, така што не е ни чудно што и на оваа тема имаш полна уста такви поганости за девојките.

    Вистината е дека секој има ексклузивно право на своето тело, а никој нема право да навредува и повредува базирано на одлуките кои еден поединец ги носи сам за себе.

    Тука е и повеќе од доволно со дискусијава со тебе која не води никаде.
     
    На Emy867, 1209, SV1911 и 18 други им се допаѓа ова.
  15. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    2.174
    Да, живее во утробата, но Живот е откако ќе се роди. Инаку пишав дека не е дете, како што членот напишал погоре, а не не е живот
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.864
    Допаѓања:
    4.575
    Пол:
    Машки
    Ако некој не го сакаш, не треба да бидеш со него, уште помалку да имаш полови односи. Како и да е треба да бидеме секогаш одговорни за нашите постапки, што е виновно нероденото бебе, оти таткото и мајката биле неодговорни.
    Зиготот, оплодената јајце клетка има различна ДНК и од мајката и од таткото и со самото тоа е личност. Не е петгодишно дете, ама има потенцијал да стане и стогодишен старец.
    Да се размножуваа луѓето со проста делба, ќе си родев до сега 7.
    Јас не сум животно и знам да си ги контролирам страстите, така да не мастурбирам, ни имам вонбрачни или полови неприродни односи. Сепак сперматозоидите се само половина од едното. Тие немаат способност да раснат, да се развиваат итн. Зиготот има.

    @MagsDestiny ова е надвор од темата, ама ајде те молам потсети ме, каде сум пишувал дека само мажот има право да има однос со жената, а истото да не важи и за тоа кога жената сака да има однос. Јас секогаш сум за рамноправност меѓу мажот и жената, согласно нивната природа. Но, вие овде се залагате за тоа мажите да бидат обесправени до степен да не знаат за вршење на абортус врз нивните деца.
     
    На Selest и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  17. supergirlmb

    supergirlmb Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    1.364
    Допаѓања:
    7.820
    Пол:
    Женски
    Што и да одлучиш немој сама.Таткото има право да знае за своето дете.Заедно одлучете.
    Прилично си млада,и за брак и за деца.Но,верувај,многу од нас,еве на пример јас имав поинакви планови за животот,но сепак родив на 24. Еве ме денес со две деца и трето на пат,па многу од нештата кои не ги остварив тогаш,си ги исполнив во текот на мајчинството.
    Зборувај и со родителите.Ќе пробаат можеби да те сфатат.
    Јас не сум за абортус,но таа одлука треба да биде само твоја.Да се гледа дете не е лесно,но е благослов.
    Што и да решиш ти посакувам среќа!
     
    На dunika, Martka, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    @martinaa1998 воопшто нека не те погодуваат навредувачките и конзервативни милсења од некои членови овде. Најважно е твоето здравје, психа и среќа. Размисли дали би имала услови да го чуваш детето, макар и без помош од твоите или дечко ти, и без да се грижиш што ќе помислат другите. Гледам врсничка си ми, би можела да кажам што јас би направила на твое место, но пак ќе речам, одлуката останува на тебе.
    Ти посакувам среќа што и да одлучиш:hug::hug:

    Извини што сум искрена ама навистина конкретно мажи што размислуваат како тебе не заслужуваат да имаат девојка/сопруга и деца. Не знаеш да почитуваш жена, толку.
    Кога ќе ти порасне матка, тогаш ќе ми реплицираш на ова :)
     
    На 1209, SV1911, ***Najsrekna*** и 14 други им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Ни да ти е страв, ни да ти е срам.
    Не мораш никому да кажеш и да абортираш.
    И раскини со дечко ти... нема потреба да продолжиш ништо со него, кога не го сакаш, а тој е љубоморен и плус те забременил без твоја согласност. Кај нас не постои закон за заштита од репродуктивно силување, но ова е тоа: Репродуктивно силување.

    Овие моралните и етичките прашања кои ги разглабаат погоре, не се твоја работа. Тие ако не оправдуваат абортус, нека не абортираат, ти ќе си правиш како што тебе ти чини. Ич да не ти е гајле, што некој те осудува и се обидува да те одврати од одлуката која си ја донела.

    Секое добро :hug:
     
    На 1209, SV1911, Annath и 20 други им се допаѓа ова.
  20. Grungie

    Grungie Популарен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    2.174
    Во тој случај - ти немаш воопшто сексуални односи? Значи немаш сексуален однос кој е со контрацепција еквивалент на неприроден? Односно имаш сексуални односи без заштита и колку деца имаш досега? Дали знаеш што значи раснење на едно дете?
    Не е дискусија сега за морални вредности,љубов и односи со кој имала,какви само осудувачки коментари читам од тебе,секоја чест! Дискусијата е дали да го роди детето во условите во кои се наоѓа
     
    На Lolo5, Harper, Kitten и 1 друга личност им се допаѓа ова.