Господ го создава животот, а ние само го пренесуваме. Во декември месец во оваа тема една феминка пишуваше дека е бремена,но дека нема поддршка од партнерот кој впрочем не и ни бил дечко. Речиси сите и велевте да абортира истиве коментари и тогаш и сега ги пишувавте, во стилот млада си, не го сакаш, понатака ќе имаш други деца, абортирај тоа е фетус не е живо и други бла бла муабети. Бев една од ретките кои ја советуваше да го задржи бебето, а во текот на тие 9 месец подобро да се запознае со партнерот. Бев убедена дека тој со тек на време ќе и биде морална и финансиска поддршка. По неколку месеци девојката напиша дека одлучила да го задржи бебето, а по случајна средба со партнерот он сфатил некои работи и решил дека сака да биде дел од животот на тоа бебе. Тие на форумот кои ја тапкаа по рамо, почнаа да коментираа браво на одлуката, правилно си одлучила, имај лесна бременост. Тогаш ви ја видов дволичноста, ја убедувавте да абортира и кога девојката се предомисли почнавте да велите правилно одлучи. @martinaa1998 твојот партнер мора да знае за бременоста. Он е родител на тоа бебе исто колку што си и ти. Заедно треба да одлучите што понатака, мене финансиите не ми се изговор за абортус. Самата рече дека и двајцата работите, еве дур ја средите куќата нека поминат и неколку години, што се неколку години мака кога низ тој двор ќе си игра мало дете? Ако немаш финансии не мора свадба да правите доволно е регистрација, па потоа кога ќе бидете во можност ќе направите свадба. Мене ми изгледа дека ти немаш чувства кон тој дечко, тогаш требало да ја раскинеш врската, а не да му го губиш времето. Ако си била спремна на односи требало да бидеш спремна на ризикот од СПБ или од бременост. Нека феминки не те тапкаат по рамото дека правилна е одлуката за абортус, еден ден сите ќе ги положиме сметките на друго место.
А бе лесно е вака од страна гледано некој да го наречеш убиец ама девојчето си знае како и е. @martinaa1998 гледај си која е најдобра опција за тебе. Ни еден од нас тука утре нема да дојде дете да ти чува, да се справува со твојата ситуација, да биде во твоја кожа. На зборови сите сме јаки
Срам да ви е што све изнапишавте за дечкото,од л.... подолу го направивте.А ти девојко зошто го дозволуваш ова вака да се пишува за се уште дечко?Со него си делела кревет до вчера,убави и лоши моменти а можи и уште ке делиш .значи уживате да плукате по некој што не го познавате. од таквите
Исто како ти што си делела кревет со бившиот, па сега го осудуваш.... откако си сфатила дека не заслужува твоја почит.
Јас ти кажувам пример што се случи пред неколку месеци на форумот. Ако сака да роди бебе, еден пример и е доволен. Феминките тогаш ја покажаа дволичноста буквално ја бомбандираа со коментари девојката да абортира, откако она се премисли почнаа да велам донесе правилна одлука.
Затоа што ние сме и понудиле избор, со тоа што сме и посочиле дека нејзиното тело е нејзин факинг избор. Ти си и понудила една единствена опција. Ја гледаш разликата ? Секоја одлука што сама ќе ја донесе, е правилна одлука. Капиш ?!!1
Јас би кажала на родителите и би отишла на абортус. Ниедни родители не му мислат лошо на сопственото дете. Ќе викаат ќе плачат ќе се лутат ама на крај ќе бидат покрај тебе. Срамота е некој да сака да те задржи со тоа што намерно ќе те забремени.
Море како не му мисли никој лошо на своето дете? Ќе ја избркаат од дома или ќе ја матретираат психички, ако се козервативни и им е битно што мислат комшиите. Има вакви примери во сечија околина.
Ама да шири нозе и да не користи заштита сакала а? Епа сега барем нека каже на дечкото. И претходната феминка не сакаше бебе, па се предомисли. Ти и другите не и понудивте избор тука буквално ја наговаравте да абортира. Ги знаеш 10-те Божји Заповеди, ја имаш ли читано Библијата? Одлуката не треба да ја донесе сама, тука треба да ја донесе со партнерот. Он е родител на тоа дете исто колку и она
Постојат ситуации кога мора некогаш да се одлучи човек за абортус, сакале не сакале, требало да се мисли на време, сигурно нема да бидеш единствена која абортирала, некои имаат услови , ама некаде каде што навистина не иде, тогаш и јас мислам дека најдобра опција ти е абортус за жал.
Има по темиве различни примери во кои деца страдаат поради родителите. Читај по темите .. баш некни едно девојче пишуваше, дека нејзините ја викале 'ку*ва', бидејќи раскинала со првиот дечко и сега ќе се 'пуштела во промет'. Не ја пуштале до продавница да оди... Секакви има срц....
Ако и Мартина се премисли, нека го задржи. Тоа што некоја се премислила, не значи дека секоја исто ќе одлучи. Ти секој пат кога шириш нозе, сакаш да забремениш? Секој пат кога шириш нозе користиш заштита? Колку често шириш нозе? На колкумина си му ширела нозе? Види.. за тебе кога е напишано 'шири нозе', одма ќе сфатиш дека е навреда.