Како се води дискусијава како да вие утре ќе и го чувате детето или на ваш грб како да ќе падне гревот. Ај глејте си работа, што ќе одлучи, за себе ќе одлучи. И многу татковци се татковци само на папир, никаде ги нема ни за воспитување ни за алиментација. Како да ако он нејќе да она абортира, он ќе ја поддржи да го доноси детето и после ќе го земе сам да го чува. Сите се јаки на збор, ама кога ќе мавне реалност, први бегаат. Се знае дека воглавно грижата паѓа на мајката, со извинување за исклучоци. Ако шири нозе за себе шири, не знаете веќе што да пишете.
Не се водам по заповеди на имагинарно,измислено суштество, туку по сопствени, логични човечки убедувања и подобар човек сум од сите вас. А Библија немам дома, ниту ќе имам некогаш. Не извртувај зборови, никој не е рече иди абортирај, и посочивме дека она си знае најубаво според тоа како се чувствува. И така треба да биде. Се запна за тој поединечен пример. Има и случаи во кои жената раѓа па после се кае. Со ова што правиме ? Кое е пострашно ?
До религиозните фанатици, или не знам како да ве наречам- не сте покомпетентни да коментирате на темава само затоа што имате прочитано една книга што благи везе нема со медицина или психологија. Без осет сте.
Нека абортира девојката нејзин проблем.Зошто го мешате дечкото не ми е јасно? Те ваков бил те таков бил.Ако не и чини нека абортира нека раскини со дечкото и решен проблем.
Можеш да 'осетиш' дека ќе ејакулира, исто колку што можеш да осетиш кога му се уринира. Физички не е можно да 'осетиш' туѓа телесна сензација, предизвикана од физичка функција. Ако се осеќаше така лесно, немаше милиони жени да лажираат оргазам.
Има. Викаш дека религијата нема врска со медицина и психологија. Религија е против абортус, а сите знаеме какви траги остава истиот и телесно и душевно. Тоа може да ти го долови некоја најблиска што ги доживеала истото.
Очигледно дека партнерите цело време ни фејкирале, чим не сме осетиле пред да свршат ! Пред да сврши сирени пиштат, и трештат светла во црвена боја warning warning
Да де, небулози се. Не може ич непланирана бременост да се случи, се е планирано. Види разгледај ја темава од почеток, и онаа Дали сум бремена и некои слични на нив.
Абе тешко на тој што дошол овде совет да бара. Од совети преминавте во меѓусебно контрање на оваа тема, апсолутно на никаков начин не му помагате на девојчето. Кога лично вас не ве засега нејзиниот живот, зошто продолжувате со истото, гледате дека веќе одлучила. Како вас да ви рекол некој да абортирате, па ајде сега ќе пишуваме едно исто до сабајле.
Не е точно дека има психички последици по абортус. Поголеми би имало да родиш дете кое не го сакаш, или пак со психопат кој намерно ти го направил.
И жена која родила дете што не го посакувала или сакала да го абортира од други причини може психички да се разболи, а да не збориме за деца кои растат во домови. Едит - ама не е битно здравјето на жената, само што ќе рече една книга која пак ќе повторам нема врска со медицинна и психологија.
Во случајов нема може не било намерно, намерно е. Ако знаел дека ја оплескал работата можел одма да каже да си превземат нешто навреме. Очигледно е што пробува да направи. Девојката си знае најдобро. Ние не сме никој и ништо да и кажеме вака или така прави. Може само поддршка да и дадеме за што и да одлучи. Се гледа дека и е потребна. А тие трагите што ги кажувате поради кого се? Поради нас или поради вашите осуди и навреди? Убиец си и викаат бе, па после траги ќе имала.