1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Martka

    Martka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 април 2017
    Пораки:
    1.843
    Допаѓања:
    4.812
    Пол:
    Женски
    Оф Боже зошто им ја благословуваш утробата на они кои сакаат да абортираат,зошто ги благословуваш со благослов на семејства коишто се разведуваат,зошто ги благословуваш со благослов оние семејства кои сквернавуваат,дисфункционални бракови во кои страдаат дечиња-најневините и најслатките.Зошто???Зошто немаат благослов оние кои имаат љубов,почитување,финансии,станбено се обезбедени за 3 дечиња,брак од љубов,слога,разбирање.ЗОШТОООО??????
     
    На stevemila, eta, KayaLena и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Тоа се вика почитување на одлука. Just saying.
     
    На Harper, Lolo5, Lella и 6 други им се допаѓа ова.
  3. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.207
    Допаѓања:
    30.903
    Пол:
    Женски
    Ти со првата реченица веќе се си кажа и јасно е дека не си подготвена за ништо посериозно како што е бракот и родителството. Можеби си постапила наивно со тоа што не си внимавала и си дозволила да дојде до несакана бременост но сепак тоа е веќе минато и сега треба да одбереш решение поради кое во иднина нема да патиш. Абортусот не е лесна работа, можеш веднаш да се одлучиш за него но имај на ум дека можеби еден ден ќе се каеш, кога ќе видиш на улица мајка со детенце во себе ќе си речеш дека сега и ти ќе имаше едно на слична возраст крај себе. Од друга страна пак и лошиот нефункционален брак без љубов и емоции остава длабоки негативни последици врз психата а имајќи го во предвид тоа што си доста млада и животот е пред тебе, штета е да се заробиш крај некој кој уште од сега велиш дека не си сигурна оти ти значи. Штом такво мислење имаш за него, верувај дека воопшто не ти значи и според мене брак со него е последното нешто на кое треба да помислиш. Мој совет е или абортус или пак сама да се грижиш за детето ако одлучиш да го задржиш. Жалосно е што немаш поддршка од родителите, нивната помош и разбирање многу би ти биле од корист во моментов но мислам дека ако немаат избор со тек на време и тие ќе мораат да легнат на брашно и да се помират со одлуката која ќе ја донесеш. Изборот е твој, ти треба да донесеш одлука која сметаш дека е најисправна за тебе а не да ги исполнуваш желбите на останатите.
     
    На Lolo5, Martka и WildMk им се допаѓа ова.
  4. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    Што сакав да ти кажам го направив тоа во претходното мислење, ако имаш нешто нејасно пак прочитај го. ;)


    Мило ми е што полека почна да ги сфаќаш работите.
    Мене не ми изгледа дека и велите да размисли, туку дека ја поддржувате да абортира. Која е потребата да абортира кога станува збор за млада, здрава и права жена, не била спремна па тоа требало на време да го мисли, а не сега да вели ќе абортирам и ќе кријам. Кај е вклучен партнерот во оваа ситуација?

    Што ако е 21 век? Неморалот и блудот ќе го оправдуваме со фактот дека е 21 век.
    Ако одиме по таа логиката треба да речеме нека има силување, нека има убиства, нека има педофилија па 21 век е |( Секој треба да си одлучува што да си прави со животот нека владее безредие |(
    Кога некој ќе скршне од патот треба да му се даде совет за да се врати човекот по прав пат.
    Не сме конзервативци туку верници. Не ги извртувај поимите.

    Ааааа ти беше таа што пишуваше против Библијата. Сега се ми е јасно.
    Ти не си Американка па да ми пишуваш американски изрази, ајде преведи го зборот факинг.
    Не е демек туку е вулгарен збор кој ти го напиша пред Света книга.
    Што се повлече одма кога почнаа да те напаѓаат за зборот факинг?
    Ај да те видам така да пишуваш за другите религии или таму немаш му*а а? Си нашла да навредуваш само кога станува збор за Православието.

    Јас колку што гледам абортус одобруваат само неверници.

    Мудрост е да се тргнеш од зло. Јас сега ќе се тргнам од оваа тема, а вие либералци продавајте магла на лабилни личности.

    Убедувавте некој да абортира, девојката се предомисли и почнавте да пишувате ПРАВИЛНА ОДЛУКА донесе.
    Па што на почетокот не кажавте што е правилно? Дволичност.
    Членката погоре пишуваше за Библијата погрдни зборови, штом за Бибијата немате почит значи за ништо друго немате почит.
     
    На Feminka22, Petra777 и Orthophill им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Значи и ти шириш нозе, и си ширела на многумина, и убаво ти е да шириш нозе, и не секогаш користиш контрацепција кога шириш нозе?

    Ова се одговорите на моите прашања?
     
    На candy.cane и Lolo5 им се допаѓа ова.
  6. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    Ти посакуваш да бидат тие одговори. :) Епа грешка си, јас не сум ширам/ла нозе, ти кажав и погоре.
    Не пробувај мене да ми наметнуваш зборови кои не сум ги кажала.
     
    На Petra777 и Orthophill им се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ако за другите имање секс значи 'ширење нозе', тогаш и за тебе кога имаш секс значи 'шириш нозе'.
    Едноставно.

    Ти го вметна изразов во муабетов, ја не.
     
    На candy.cane, Harper, Lolo5 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.534
    Допаѓања:
    155.427
    Пол:
    Женски
    Мора да напрајме членка со толку голема одлука пред себе да се осеќа комотно со тоа шо го одлучува. Психички проблеми кои ги споменувавте вие против абортус (не се сеќавам дали конкретно ти, извини ако не беше), настануваат ако дадената жена е осудувана ради својата одлука и не се осеќа целосно комотно со својата одлука. Ако пример јас затруднам и сум 90% решена дека сакам да абортирам, ќе се осеќам комотно со тоа. Ако некој ми речи дека не ме осудува, ама ми изјади лајна, јас почнувам да се предомислувам и на крај можам да донесам одлука од која ќе се каам. Така да јас лично, поддржувам се што некоја дадена членка коментира дека го сака во животот дали било да роди дете или да абортира. Ако абортира, а не го сака тоа - ќе има последици врз нејзиниот психички живот. Ако роди, а не го сака тоа - ќе има последици врз нејзиниот психички живот. Пак ќе речам, ТОЛКУ едноставно.

    Можиш да викаш дека е дволично колку сакаш, ама е крајно безобразно и нечовечно да осудуваш некој ради своја одлука, како да те засега што некој прави со својот живот.

    Дури и оваа членка, и некоја друга, ако се предомисли и сака да роди, ќе и речам дека тоа е правилна одлука. Знајш зошто? Зошто ја донесе, и ќе ја исполни. Колку и да не е правилна одлука за мене, за неа е правилна одлука и одлука со која се осеќа комотно и одлука која нема да смета на нејзиниот психички живот. Само зошто нешто јас, лично, не би преферирала, не значи дека не е правилна одлука за некој друг.
     
    На candy.cane, MarigoldA, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  9. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    884
    Допаѓања:
    6.301
    Пол:
    Женски
    Јас не се побунив за изразот.
    Досега од мене низ форумот немаш прочитано дали сум имала или не односи (или ширела нозе).
    Ми го постави прашањето ти одговорив.
    Па ти проба ова да го напишеш за мене, со кое право пробуваш да ме направиш нешто што не сум?
    Неколку пати ти повторив дека јас не сум неморална личност.
    Одговорите што ги напиша упати си ги сама на себе, јас тоа не сум и никогаш нема да бидам.

     
    На Petra777 и Orthophill им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Знам дека не се побуни, туку го вметна во дискусијата.... во тоа и е проблемот.
    Израз кој е навреда кон жените.

    И да немаш сега секс (што не верувам), некогаш ќе имаш... Дали тогаш ќе ти биде убаво, да ти вели некој дека 'шириш нозе'?
     
    На candy.cane, Lolo5, Tan4ence и 3 други им се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Е ми сеа, има пози и кај што не се шират нозе...џаст сејинг.
    Ја еве со раширени и седам, убаво ми е да се луфтирам, блудничка :D

    Иначе, ми се случи една ситуација пред многу години да на дечко му пукне кондом при секс. Знаете како дознав? Си најдов самата парче кога одев во тоалет. Пустиот не знаеше да спомне дека тоа се случило при моментот, да не се вадам од памет што е тоа што излегува од мене?
    Па овој дечко на девојкава, не знаел да каже еј упс маче не сакајќи свршив внатре? Може ќе си купела девојката апче другиот ден и немало да пишува тука сега. Туку си ќутел идиотот, затоа што што и да се случи, пак најголемиот товар на неа ќе падне.
     
    На candy.cane, dayla, dunika и 17 други им се допаѓа ова.
  12. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.167
    Допаѓања:
    57.410
    Пол:
    Женски
    Многу убави мислења ти имаат пишано претходно, јас да не се повторувам, ќе надополнам само. Знаеш ли ти што значи на девојче од 20 години (и не се ни битни впроочем годините), кое има толку страв и фобија во себеси, психичка тегоба и болка да му речеш оти не мислеше или најстрашно што имам слушнато дека го имаат лупнато на некоја клиника "ааа а арно ти беше ко се ебеше, сеа што плачеш"? Како е можно да сте толку безосетни не ми е јасно. Никој не оди да абортира од мерак, од ќеф или да ви ја вреѓа религијата, разбирате? И што ако ја поддржуваме патем, што треба да направиме, да ја осудиме, да ја покажуваме со прст? Да гласаме да се забрани абортус како легално право на жена? Да никнат милион "стручњаци" на црно, кајшто нема никој никаква одговорност да има ако нешто тргне на зло? Пошто news flash, aбортуси секогаш ќе има, со забраната нема да се намалат, туку само нивниот број на црно ќе се зголеми. Да ги снема не може, не знам дали си свесна. "Ширење нозе" секогаш ќе има.

    Во една работа се согласуваме, дека ние нема да и го одгледаме детето, затоа и нас, како и впроочем на сите пријатели, роднини и комшии што не треба да ни е гајле што таа ќе си одлучи. Најлошо според мене би било да се роди дете и да расте во средина без љубов, без меѓусебно разбирање на родителите и без стабилно семејство. Ајде да не го мислиме периодот кога е само фетус, сте виделе ли како изгледаат деца растени во брак кој ради реда е склучен? Е баш заради непланирани бремености? Сте виделе ли како расте дете во брак каде родителите не сакаат да се видат со очи и нема апсолутна никаква љубов меѓу партнерите? Знаете ли што значи за едно дете да чуе дека ради него се останати во брак? Како тоа да е одговорно што тие цел живот несреќни се. Јас стварно сакам секој брак да е функционален и секое дете да е зачнато од љубов, ама хорор филм може да биде ситуација каде не е таков случајот, а ради такви како вас луѓето не се одлучуваат на абортус.

    Има ли некоја тема да знаете да дебатирате а да не спомнете силување, убиства и педофилија? Секој кој размислува либерално не ги поддржува овие 3 работи аман. Којa од девојкиве овде што се потрудија да и кажат најубаво и најреално што да очекува и спомна дека оправдува силување, убиство и педофилија? Либералност не значи поддршка на овие три работи.

    Девојчето гледам дека веќе одлучило, јас само уште би напоменала добро да се научиш од гинекологот каде најбезбедно и најстручно ќе може да се изведе тоа. Не сум искрено запознаена со тоа каде и кој, иначе би ти помогнала. Обавезно да побараш некој што знае што прави. За другото дај си време, знам дека ќе ти е тешко, меѓутоа секогаш да памтиш дека си постапила онака како што срцето и паметот ти рекле дека е најдобро.
     
    На candy.cane, dayla, dunika и 22 други им се допаѓа ова.
  13. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Нов ден е сега, па еве да те цитирам.

    Баш ми ласка што го пратиш моето пишување на форумот, ама ова е сериозна тема, па и јас сум сериозна. Какви се тие последици?
     
    На Lolo5, Harper, Tan4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  14. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Да бидам искрена вие со о боже жалопојките и благословени матки, сквернавење на поим фамилија, понестабилни ми личите од овие групи кои ги наброја.

    Im just saying ;)
     
    На dayla, Emy867, ane.bella и 7 други им се допаѓа ова.
  15. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Оф бре девојче, и ти да си на местото на таа "жалопојка" како што ја нарекуваш жената, и ти би напишала така.
    И што има лошо во тоа, жената си напишала што си мисли и си ги кажува маките.
     
    На fana, Martka и WildMk им се допаѓа ова.
  16. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Јас кажувам како во 2018 ги доживувам овие ликови кои боже, благословен брак и благословена матка не ги вадат од уста, во време на силен развој на наука и технологија. Верските фанатици според мене се во иста група кои оваа жена ги наброја. Не ги мешај зборовите жалопојка и о боже жалопојка. Жената си има право и да се жали и да си ги кажува маките али ми дојде језив цел пост со анатеми.
    И јас имам право да кажам што мислам нели? Или несмеам да бидам против религиозни остроумни изјави?
     
    На Konfetka, Lolo5, Tan4ence и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    А што ако жената има проблем со стерилитет и затоа така искоментирала?
     
    На Lolo5, Martka и eta им се допаѓа ова.
  18. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.957
    Допаѓања:
    5.361
    Пол:
    Женски
    Гледам дека си настроена за кавга, ама јас не планирам да се расправам.
    Треба да се разбере и маката на другата личност, жената никој не навреди, само гласно си размислува.
     
    На Martka и WildMk им се допаѓа ова.
  19. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.025
    Пол:
    Женски
    Замисли сите кои имаат проблеми да си земат за право да направат групи за одстрел што би станало?
    Што ако овие групи кои “не би требало да зачнат никад” според женава некогаш биле среќни и се радувале на плодот? Како верник може да се двои на тој начин од јатото? Некој можеби е во таа група како се чуствува кога би ја прочитал? Кој има повеќе право кој помалку за деца? Па тоа не е христијански бе рисјани :)
    Многу хипотетика нели до недоглед:)

    Апсолутно не. Сакав да ја подискутирам другата страна од паричката но се најдовте навредени:)
     
    На ane.bella и Lolo5 им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Ех.. не бара некој групи за отстрел.
    И јас прво кога и' го прочитав постот, ми падна неубаво, ама го препрочитав уште еднаш и одлучив да не го коментирам и да не му ставам лајк... претпоставив дека тоа што го напишала, и' излегло од тоа што најверојатно има проблем со стерилитет... Можеби не сум во право... ама не се осудувам, да и' судам и да ја напаѓам.
     
    На Lolo5 и Martka им се допаѓа ова.