Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.106
    Допаѓања:
    163.637
    Пол:
    Женски
    ^Разбирам чувствителност на тема стерилитет, обрнување кон религијата и сѐ тоа, ама коментарот не е на место, стерилитет на една жена нема врска со несакана бременост на друга.
    Тој ембрион на девојката што бараше совет вчера е плод на манипулација од дечко што сака да ја задржи, таква ситуација не е никаков благослов.
     
    На candy.cane, Emy867, dunika и 19 други им се допаѓа ова.
  2. eta

    eta Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2009
    Пораки:
    1.965
    Допаѓања:
    5.367
    Пол:
    Женски
    :) Оваа препукување може да оди до недоглед. Јас само ке кажам "секој со својата судбина". Заблагодари му се на бога ако во моментот во живот ти е се во ред и не се сити на тугја мака.
    Ниту среката, ниту маката се вечни.
    Животот е таков, треба да ги почуствуваме и двете.
     
    На Martka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @WildMk,
    на што личи коментаров?
    Јас сум дете на разведени родители, како треба ова да го сватам? Не сум требала да се родам зошто моите подоцна се развеле, не сум доволно вредна како децата чии родители уште се во брак? Господ демек згрешил што мајка ми останала бремена.
    Бракот како брак може да не е среќен ама тоа не значи дека родителите не си ги сакаат децата.

    Сите ние се бориме на некое поле, и стеритет не е оправдување за вакви изјави.

    Жал ми е што деца се раѓаат кај родители кои потоа ги злоставуваат, толку. А дали тие родители се разведени, сиромашни, во среќен или несреќен брак, не ми е воопшто важно.
     
    На tessie, candy.cane, dayla и 18 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Зошто на некој кој сака да абортира (не сака дете сега), зошто не на тој што сака дете сега. Можеш и така да го сфатиш нејзиниот пост.

    Најдобро е да не го коментираме тој пост воопшто.

    Ти го разбирам револтот .. и јас не се согласувам со нејзе..

    Затоа, како што реков: Најдобро е да го прескокнеме сите тој пост.

    Нема да има победници во дебатата околу него.

    п.с. непара ми се гледа... ми се прочита дека Рефка ја цитирам |(
     
    На Lolo5 и Martka им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Се сити на маката? Заблагодари му се на бога? Се читаме на македонски како што пишуваме или?:)
    Да ја завршиме дискусијата тука на која и онака од две врати на два спрата разговараме.
     
    На Emy867 и Lolo5 им се допаѓа ова.
  6. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    134.971
    Пол:
    Женски
    Девојчето праша за совет, не за став на верски фанатици кои патем да беа толку сочуствителни како што се претставуваат ќе припазеа на речник.
     
    На Lella, ane.bella, dunika и 17 други им се допаѓа ова.
  7. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.589
    Пол:
    Женски
    Извини ама кога веке вреѓаш,морам да те цитирам.И докторов кој има извршено 62000 абортуси ли е прост и неинформиран?Кога престанал слепо да следи тоа што го учеле и почнал да размислува со своја глава и срце поготово после ултразвукот сватил што прави.Не е лошо да го прочиташ текстов од неговото искуство,па да се информираш.
    https://www.bitno.net/vijesti/stojan-adasevic-abortusa/
    @martinaa1998 Размисли си убаво пред да донесеш одлука,и дали навистина не го сакаш дечкоти или сега си само уплашена и лута поради неговата љубомора.Можеш да разговараш со него и да му кажеш за се и што ти смета кај него и како влијае тоа на тебе.Ако не си го сакала досега ке си му се скарала,а не сеуште да сте заедно па и незаштитен секс да имате.
     
    Последна измена: 8 август 2018
    На Orthophill, carangigia и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Сесил, последниот пост кој се коментира, не беше од верски фанатик.

    Има разлика во побудите на верски фанатик и жена која очајно посакува да има потомство, а не може.

    Првото е заради некој си 'став', второто е заради длабока емотивна тегоба.
     
    На Lolo5 и Martka им се допаѓа ова.
  9. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.973
    Допаѓања:
    134.971
    Пол:
    Женски
    колку непрофесионално од доктор

    1.Не е само тој пост со осуди

    2. Ако јас се борам со стерилитет и ми е тешко ради тоа, зарем луѓето немаат други маки? Позната ми е борбата со стерилитет, ама подржувам абортус, сигурно од убавина некоја не сака да абортира.
     
    На candy.cane, dunika, SV1911 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Еве пример јас ќе ви кажам ,јас имам такви родители посебно мајками
    И кога некој ќе ми каже родител е ќе ти даде подршка и ќе биде со тебе и дека родител не ти мисли лошо епа напротив не е се така розево.
    За темава што се разговара за бременост мајками ми има викано пази да не останеш трудна па да те остави што ке правиме после кај ќе бараме чаре срам голем ќе биде.

    За девојката ја подржувам што и да одлучи
    Дете не се чува лесно ,знам дека абортус е тешка работа али ако не е се осека спремна и е млада многу како што прочитав.
    Психички може малце да падне али треба некој период додека се освестиш од цела ситуација доколку има близок или блиска другарка со која ќе може да збори за ова,ќе го преброди тој период.

    Нејзино тело нејзина одлука ,она тука само побара совет другото останува на нејзе што ќе направи
     
    На candy.cane, ane.bella, dunika и 4 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Во право си дека нема право да осудува... но можам многу повеќе да ја разберам отколку другиве...
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    2.472
    Пол:
    Женски
    Никој не може да манипулира со тебе ако ти не му дозволиш. Како што разбрав, девојката била согласна за односи со дечкото и треба да ги прифати сите последици од тој акт. Можела да бара дечкото да користи заштита, во спротивно не требало да се согласи. Можела и таа самата да користи заштита. Така што според мене бременоста не е резултат на манипулација.
    И уште стојам на ставот дека треба да одлучи прво самата што сака, но мора да му каже и на дечкото бидејќи и тој е виновен за настанатата ситуација, исто колку што е и девојката.
     
    На Martka, zalosna и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  13. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Може, ако сака некој, да те забремени намерно.
    Факт е, дека повеќето не користат заштита, ама не мора да ејакулира во нејзе.
     
    На Konfetka, Lolo5, Amellie13 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    2.472
    Пол:
    Женски
    Ако не сакаш дете и сексуално преносливи болести користиш заштита :) Или пиеш контрацептивни таблетки.
    Ако не користиш треба да бидеш спремен на можните последици.
     
    На cresa-jagoda, Bitter-Sweet и WildMk им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Се согласувам за тоа потполно, но тоа што јас и ти го мислме ова, не го мислат сите и не го практикуваат сите.
    Посебно не во долги врски и во брак...
    Еве, и јас сум во брак, и со сопругот користевме заштита, од прилика, само првата година од нашата врска. Од тогаш до сега, поминати се 17 години.

    Е.. ако е тој ѓубре, можел, ако сакал, да ејакулира во мене, без да ми побара дозвола, и да ме забременува, без моја согласност.... Ама ни тој е такво ѓубре, ни јас би била со такво ѓубре.. А такви ѓубриња познавам и лично, а и од исповеди на теми по форумов
     
    На dunika, Annath, Joi и 3 други им се допаѓа ова.
  16. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.426
    Пол:
    Женски
    Јас останав бремена на 22 год. Дечко ми имаше 21. И јас тргнав по патот на абортус од страв и од што моите родители исто се конзервативни. Тргнав без да се распрашам што како каде... Прашав само за цена и тргнав да ги барам тие пари. Згора на тоа како можам дете од 21 година да го направам татко... и се на своја штета бев решена за абортус. Се додека кумот не не седна са разговара со нас со муабетите дека и најголемата ку**а од градот да остане бремена од него тој ќе ја земе за жена. И додека татко му на дечко ми не не повика дома да седнеме да разговараме озбилно. Тогаш сватив дека абортусот е најголема глупост што човек може да ја направи. Како додека сме биле заедно се чинело а сега кога треба да се земеме не чини? И што е зачнатото дете криво? И еве 6 години сме во брак и имаме преубаво 5 годишно детенце. Не ми се битни односите со сопругот. Доволно е детето да ми е здраво живо и среќно. Јас и маж ми ќе се снаоѓаме и со работа и со семејни односи но детето ќе има се. Ја донесов најправедната одлука. Работа и со дете најдов шетање и однори исто и со дете може. И сопругот покрај тебе.
     
    На Philippa, cresa-jagoda, bebaa и 3 други им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Е видиш, мене ми се многу битни односите со сопругот.

    Никогаш не сум абортирала, ама сакам да имам право да абортирам, доколку имам потреба.
     
    На Emy867, dunika, 1209 и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.162
    Допаѓања:
    2.472
    Пол:
    Женски
    Ама сосема друга ситуација е во долга врска и брак. И ние сме долго време заедно, повеќе од 10 години, ама заштита не користиме последниве две години бидејќи сеедно ни беше дали ќе забременам. Секако планиравме брак и дете.
    Ама на 20 години ем не сакаат дете, ем не користат заштита. Тие две работи заедно не одат. Така што, манипулација не е сигурно :)
     
    На cresa-jagoda, fana и Martka им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.256
    Не мора да значи дека е, ама може да биде.
    Само тоа се обидувам да го кажам.. дека има и такви.

    Абе знам маж, тој на 25, девојка му 23, ја забремени за да се ожени со нејзе, затоа што била богата, да не му 'избегала'... е Ај сега..
     
    На tessie и Lolo5 им се допаѓа ова.
  20. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    14.426
    Пол:
    Женски
    јас сакав д кажам абортус не. Макар и сама да го одгледувам абортус не. А тоа за односите со сопругот не можам да речам буквално дека не се битни но се на второ место.
     
    На cresa-jagoda, bebaa, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.