Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Јас сум за абортус општо. Во овој случај мислам дека ништо нема да постигне ако го задржи детето. Само после неколку месеци, години ке се најде сама со дете без сопруг. Тој според мене исто ке си продолжи ко до сега, може и повеке да збесне. Може да се најде во ситуација ко феминката што ни ја снема, која му изиграваше слугинка на мажот го чуваше детето, а он одеше на викенди со други и дома не се прибираше. Истиот случај е и сега.
    Седи си мирна имаш години, немој да се осекаш дека ке ти го извадат детето, ипак дете е после месец а сега е само ембрион.
    Немојте одма како ке го абортираш, ке го убиеш.
    Што ако ја остави откако ке се породи??? Тогаш самата ке се убие и детето ке го убие. На 19 год мажена па разведена, со дете, без маж... Полека смирено малце. Не одма ке го убиеш детето. Самата е сеуште дете, како ПРВО.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Изгледа до мене ќе да беше проблемот. Реков Лавли ќе земеш секира и шљанг ќе го убиеш детето.
    И толку бев глупа што не знаев кај се прават абортуси, па Алиса потрча да се шегува на нечија сметка.
    Треба да се преиспитам, да да. Толку неинформираност не е на арно.. :x
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Не. Зашо мислиш така?

    Првиот пост беше за тебе, те цитирав - ми одоговори. Чисто да одговорам на прашањата, немаше исмевање никаде. А вориов воопшто немаше врска со тебе. Кога ја читав фби за паричката ми текна на сцената. Сакав да кажам дека таа најдобро знае што сака, без оглед на тоа што велат фактите и луѓето околу неа
    Кога имаш избор незнаеш што сакаш, ама веќе кога го немаш изборот тогаш сфаќаш што всушност си сакала :) тоа ми беше поентата. Незнам каде си се пронашла, ама еве се извинувам ако сум те навредила. Ни најмалку не ми беше цел да исмевам било кој

    едит: сега видов на што мислиш. Не те исмевав туку такви ти беа прашањата. Она незнае уште дали воопшто сака да абортира, а ти ја прашуваш каде. Зарем не треба прво да одлучи дали ќе абортира па потоа каде ќе го прави тоа. А и каде би можела на друго место....
    И не ти јас со сила наметнав дека си кажала дека "шљанг со секира", на твојот пост последниот дел е....."а го израснете детето а не да го убиете."
     
  4. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Штрумфетке незнам што толку се палиш??? Јас никого не спомнав во мојот пост, само си кажувам свое мислење. Незнам што потреба од нервози?
    Кој ти рече дека си глупава и неинформирана???
    Ова е форум, кажуваш едно нешто некој те поддржува некој не и тоа е.
    Никој не ни помислил да те навреди или незнам што, незнам зашто се возбудуваш без потреба??
     
  5. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Во ред е девојки извинете :)
     
    На baby.90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Изгледа темава ќе стане препукавање за или против абортус.

    Лавли стварно си во многу многу комплицирана ситуација, на твои 18 години треба да донесеш животна одлука. Сама треба да решиш. Уште полошо е што праша на форумов, зашто доби поделени мислења, што е нормално сите луѓе различно размислуваме, а сето тоа е доволно за да те збуни.
    Ми се допадна што си и се доверила на мајка ти, нема подобар пријател и советник од мама. Затоа најдобро е убаво да разговарате и да одлучите.

    А ако јас имав 18 години, ако бев бремена, ако имав раскинато со дечкото заради прељуба, а воедно и јас сум извршила прељуба за да му вратам, јас не би се омажила најпрво, а и не би родила дете. Со самото тоа што сум правела децки играчки, ме извара, ќе му вратам од инат, со самото тоа што сме раскинале, значи нешто не е во ред со врската, има 100тици проблеми само за година ипол врска, а камо ли да се земеме во брак, со дете, без постојана работа. Лудница ќе е дома да не речам.
    Јас на мои 25 години се чуствувам неспремна за дете, од таа огромна обврска, најголема обврска и одговорност во животот е да исчуваш дете и да му го покажеш правецот во животот. А тоа дете треба да расне во фамилија, во добри односи на мама и тато.
    Размисли дали си созреана да имаш маж да го переш, чистиш, готвиш на 18 години додека другарките студираат и искачаат и лудуваат, додека ти дома нишкаш дете кое плаче по цели ноќи. И дали сакаш тој дечко да ти постојан партнер во животот, значи да му веруваш, а мислам ја имаш изгубено довербата во него, а и да делите се во добро и лошо. Не е бракот врска, бракот е многу поголемо скалило. А детето е уште поголемо.

    Ти посакувам многу среќа која и да е твојата одлука.
    Не си за осудување ни да абортираш ако сметаш дека си премлада, неискусна, незрела.
    А и не си за осудување ако мислиш дека стварно дечко ти е партнерот со кој сакаш животот да го поминеш и на 18/19 години да чуваш дете.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Искрено, ве читам од прееска и зинувам од чудење. Јас не знам како можете ( нека не се пронајде никој ) да му кажете на девојчето јас мислам да абортираш или јас мислам тоа е убиство или јас мислам свадба да правиш.

    Секој нормален човек пред ваква раскрсница во животот е лабилен и несигурен. Па секоја глупост што ќе ја слушне од било кого може лошо да влијае на нејзината одлука.

    Мајка и и рекла дека е доволно возрасна за самата да одлучи. Која сум јас да се дрзнам да и речам вака или така. И воопшто не е прикладно да се даваат примери слични и да се кажува дали ќе заврши по 10 години сама, тепана, без пари и без дете. Кажете ми колку машки се економски стабилни на 22 години со постојана работа ? Ич.

    Ако нешто можеме да направиме за девојката е да и пружиме поддршка, и да пробаме да ја сфатиме. Абортусот е убиство, да. И јас сум против абортус да. Сега во моментов. Ако затруднам сега можеби ќе бидам прва за абортус. Никогаш ама никогаш додека не доживееме нешто не можеме да знаеме како е и како би направиле. Јас вака би направила или јас онака би направила, тие коментари се излишни.

    На крај краева, се чукаме во глава од 17 години дека сме зрели, мајка ми на 17 ја омажиле, а на 18 била трудна, па како што ја гледам животот супер и е. Стварно не мора толку остри коментари да се дава, и да и се претскаже целата иднина на Лавли.

    Ниту неа ја познаваме, ниту дечкото, ниту фамилиите, ниту пак нивната врска. Од неколку напишани редови во страв и изнемоштеност сликата што ние ја добиваме не може да биде кој знае колку реална.

    Таа е личноста која знае се. Ќе седне и ќе се преиспита. Ако абортира, тука ќе бидеме да ја утешиме. Ако прави свадба тука ќе бидеме да и честитаме.

    Јас сум против абортус, ама не можам да му судам на некој друг. Некој можеби си е против јадење еурокрем и јогурт па јас така јадам. Убиство или не, и колку и мава на психата зависи до човекот.

    А што и да биде, се добро ќе се заврши. Чим ја има поддршката од родителите, ќе се среди се. Сепак ова си е само мое мислење. Можеби незначително. Ама ете да си го кажам. :)
     
    На hunny-bunny, wolf4e, SanjaKirchner и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Потполно се согласувам со мислењето на Тедимече и морам да признам дека додека ги читав коментарите искрнео добив некои нагони :puke: , а сепак пред да го испратам мислењево се вратив на почетокот на постот на Лавли за да видам дали таа бара мислење, совет,одговор...И гледам дека ги бара сите три...Па ете сега ќе си земам за право и јас да пишам иако можеби утре кога ќе си го читам постов ќе добијам желба и сама да си удрам две-три...
    Мое МИСЛЕЊЕ е дека поголем грев и убиство е на едно детенце да му скратиш се...односно да не можиш да му овозможиш се што ќе се вброи во негови основни потреби, а најосновната потреба за среќно детство и здрв живот и здрава психа на тоа дете е хармонија во домот, љубов помеѓу неговите родители кои секојдневно ќе му ја пренесуваат и него...Подобро абортус отколку лош многу лош живот. НЕ ВЕЛАМ дека во твојо случај ќе биди вака затоа што не те познавам ни тебе ни дечко ти ни твојата фамилија ни неговата итн тоа само ти си знаеш. Тука идиме до мојот СОВЕТ седни и размислувај долго и многу убаво ако треба седни и пишувај си на ливче што ќе добиеш ако се мажиш и ако го родиш тоа дете, а што ќе изгубиш и обратно. И секако уште еднаш разговарај со мајка ти и со сите твои најблиски нека ти дадат мислење и совет. А ОДГОВОР на твоето прашање никој не може да ти даде и нема да ти даде..тоа не очекувај...само ти можеш да си одговориш откако добро ќе размислиш. И да не заборавам да напоменам не слушај се и сешто што зборуваат луѓето така само безпотребно ќе се плашиш. Не запаѓај во депресија и сл трезвено размислувај колку што е возможно тоа во ваква ситуација.

    Ти посакувам што побрзо да го решиш овој проблем и секако ние сме тука да те поддржиме што и да одлучиш :*
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.792
    Допаѓања:
    100.377
    Пол:
    Женски

    Ех душо моја...мислам дека најпрво треба да разговараш со самата себе...знам дека си уплашена и несигурна...ама нели се вика секој човек си ја носи својата тежина.

    Разговарај со својот дечко.Тоа што до сега бил таков не мора да значи дека таков и ќе остане,но не значи и дека одеднаш ке созрее, ќе треба многу труд и љубов секако да се одржи идното семејство.

    Треба да се довериш и на својата мајка,зашто ниедна тајна не останува скриена.Таа ти е мајка и ќе ти помогне секогаш барем јас така мислам.

    Сега јас би се ставила во твоја кожа.Доколку почувствувам и најмал сомнеж за мојата иднина, без размислување би абортирала.Можеби звучи грубо но...чувањето дете не е игра,туку обврска до крајот на животот.Ќе можеш ли да продолжиш со школувањето,да ги исполниш своите соништа,да обезбедиш или заедно да обезбедите пристоен живот..

    Но како и се во животот што нема правило, така и кај тебе,одлуката е твоја/ваша и тука никој не може да влијае на тебе/вас..

    Ти посакувам многу среќа и да донесеш одлука која ке ти биде олеснување... :up:
     
  10. BabyD0ll

    BabyD0ll Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2011
    Пораки:
    2.372
    Допаѓања:
    8.328
    Пол:
    Женски
    Драга Ловли, јас не ти предлагам абортус. Јас да се ставам на твое место, јас сама би го родила детето и сама би го гледала. Не мора да имка никаква свадба ако не го сакаш на дечкото.
    Абе дел од тебе да уништиш бе тоа мене не ми изгледа на арно. Можеш да бидеш самохрана мајка, мој предлог. Можеш да продолжиш со учењето, па и да студираш твојата лична мајка може да ти помогне околу одгледувањето на детето, но свадба НИКАКО ако не си спремна и ако не го сакаш дечкото.
    Поздрав се надевам дека нема да направиш некоја глупост зошто тоа е стварно глупост.
     
  11. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Твојата состојба не е лесна многу работи си погрешила, но не значи дека нема надеж, сега немој да правиш уште една грешка. Никако абортус (но лошото е што веке си помислила на таква опција), со тоа сама ке си пресудиш, сама ке се обвинуваш цел живот.
    Бог е Бог на живите, а гаволот е на мртвите!
    Одбери живот!
     
  12. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    ^^^
    Зошто овие зборови да му одекнуваат на девојчето? Зошто сте толку сурови?
    Убиството е криминал. Абортусот е право на избор.
    Искрено се надевам дека некогаш во животот ќе се најдете во ситуација да се сетите што сте напишале, а да го направите спротивното.

    Не сум ни за ни против абортусот... Ако Ловли абортира тоа нема да биде затоа што јас сум и рекла, или Сисилија или Лилит или некој друг. Ќе го направи тоа само ако смета дека тоа е нејзина одлука.

    Размислувањето е во насока што потоа?

    Како што рече Тедибеар ( мислам дека беше ТБ) ако се одлучи за абортус ќе ја поддржиме, ако се одлучи за свадба ќе и честитаме.

    Ловли , слушај си го разумот...само твој.
     
    На Lolo5, Lovely, nesa и 7 други им се допаѓа ова.
  13. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Месијата со псевдонимот Аеродром се јави, и, и го покажа вистинскиот пат на Лавли. Само фали еден дебел чек месијава да даде, оти бебето пари бара. Храна, здравствена нега, се и сешто. Како не ви е срам вакви работи да проповедате на јавен форум?
    Ај нека го роди, по ваше нека не го убие, после па таа ке се самоубива.
    Ке се слика на 18 години, со дете, факултетски необразована, со некој мисир осудена цел живот, башка и дете на кое на денешницава и тука ништо нема да може да му овозможи, па има да го колне моментот кога одлучила да го роди, па и самото дете да и рече што ме раѓаше бре тогаш кога ништо не можеш дами овозможиш??
    Секој прави грешки, и за се си има време.
    И Лавли не читај вакви коментари со црковни мотиви, сама одлучи, само немој да се заебеш. На денешницава за се има лек, ке си почнеш одново.
    Поздрав
     
    На Lolo5, mims-89, Lovely и 8 други им се допаѓа ова.
  14. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Девојката е во паника, што е и нормално за ситуацијата во која се наоѓа, незнаејки кому да се довери а воедно и да слушне нечие туѓо мислење се обратила на форумов.
    Реално гледано никоја од нас неможе со сигурност да тврди дека би абортирала или дека би се омажила доколку се најде во ситуацијата во која Лавли се наоѓа моментално. Не е мала, доволно е возрасна за да знае какви последици носат и абортусот а и бракот.

    Имено сеуште е млада, и можеби фактите ги гледа од поинаков агол но најдобро би било искрено да поразговара со некоја зрела особа која ја познава неа и а и нејзиниот дечко. Некој овде створил слика дека Лавли е карактерно лабилна личност, но да не заборавиме дека сепак ова е еден виртуален свет и никој од нас не ја познава лично. Затоа сметам дека разговор и совет од некоја зрела личност како што е мајка и, или некоја близок пријател би и помогнал да се одлучи.
    Тоа е и мојот совет, да го продлабочи разговорот со мајка и да не се завршува на тоа дека треба сама да одлучи, затоа што не купува фармерки па утре ќе може да ги смени, туку се наоѓа пред донесување на одлука која би и го сменила животот тотално.

    Јас лично би ги седнала на маса моите неговите и него, ситуацијата веќе позната, решение неможам сама да најдам па ајде сите заедно да одлиучиме што ќе се правиме.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.058
    Пол:
    Женски
    Јас сама размислував 2 недели... Денес имам закажано на гинеколог и треба да ја донесам конечната одлука (за да ми даде упут нз што), нема зошто да одложувам повеќе. Побарав совет зошто сакав да слушнам мислења од повеке луѓе.
    Инаку не ми е дечко туку бивш дечко и ке ме подржува само ако решам да го задражам детето (зошто тврди дека ме сака, дека го сака бебето итн). Како и да и така несакам да се повратам со него. А сега и 99% сум сигурна дека сакам да абортирам.
    Благодарам на советите, навистина ми помогнавте!
     
    На Lolo5, Ema.Sk, kristijana88 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.624
    Допаѓања:
    9.805
    Со среќа девојко, одлучи како што мислиш дека е најдобро за тебе

    Инаку,АКО одлучиш на абортираш немора да го правиш тоа во истиот ден, распрашај се прво убаво што и како. И те молам немој во никој случај да правиш било што "на црно" за помалку пари.
    Само смирено и пробај да размислуваш најреално што можеш, без паники и притисоци
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  17. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    822
    Ловли баш ми е жал што на твои години поминуваш низ ова. Мислам дека ти ја донесе најдобрата одлука. Не си ни сигурна дека го сакаш за да се одлучиш да се мажиш со него.Очигледно во врска не ви цветале рози, а во брак пак уште помалку ќе е така,од причина што со бракот доаѓаат и големи обврски. Не е се розево како во филмовите. Сега само биди храбра. Знам дека ќе ти биде тешко, сигурна сум дека и ти го знаеш тоа, ама ете се што не не убива не прави само посилни. Ти посакувам во иднина да си ја најдеш сродната душа и да си имате многу дечиња. :*
     
    На srcekrsacka и Lovely им се допаѓа ова.
  18. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    неможам ни да замислам колку си во дилема сега, најдобро си зџнаеш ти, најдобро можеш ти да си одличуш, најдобро го знаеш ти твојот дечко, ако ти витил дека ќе се смени можеби и ќе го стори тоа, најдобро ти си знаеш каков е тој и дали има ,,потенцијал,, за некога преродување во нов добар човек, можеби вашето бебенце ќе го промени, твоите како реагираат, премногу си млада да сносиш вакава голема одговорност, верувај дека подоцна секое бебенце што ќе го видиш ќе ти навираат солзи во очите, сепак размисли уште еднаш, имав пример за колешка слично нешто! само што тие се земаа ама таа имаше спонтан абортус после 4 месец, незнаеш колку им беше тешко, еве сега пак е бремена и се е во најдобар ред! сепак те подржувам во твојата одлука ти си знаеш најдобро едно само -БИДИ СИЛНА!!!!
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Извини, Ивица Коневски или Свети Апостол Павле, кој и да си, јас не сметам дека погрешила девојката. Особено не “многу работи“ дека погрешила.
    Има опција за анулирање на “грешката“.

    И не е темава Абортус - про и контра, зашто имаме таква и таму се произнесовме со аргументи. Никој не се труди да и посочи - има ова да правиш и точка, туку само даваме можни опции, што би било кога би било... Или, се ставаме во нејзина кожа.

    Кога планираш семејство и го имаш, иднината која те очекува не е таа утре или по 9 месеци. Цел живот е во прашање. Без работа, без решено станбено и воопшто животно прашање, да не зборувам за карактерните недоумици, на денешно време не се турка со сила напред. Ке помогне тато, мама... ама НОВО семејство се формира, нови потреби се раѓаат заедно со новиот живот и новата заедница.

    Кога мене не ми оди со некого муабетот, не го сакам ни за дечко, а не маж да ми биде за век и веков.

    Да напоменам уште еднаш, не ми е поентата да те терам да абортираш, ниту да се мажиш непожелно.
    Твое си е. Ти давам поддршка во секој случај.

    Јас знам дека не дојде тука да ти кажеме ние што да правиш, туку да си ја олесниш душата. Лошо си сфатена дека губиш време на форум, а всушност си заглавена до гуша.
     
    На Lolo5, SanjaKirchner и Lovely им се допаѓа ова.
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.005
    Немора да ме послушаш, само ќе си кажам од моја гледна точка, се извинувам предвреме ако вознемирам некој.

    Мое мислење во ваква ситуација е дека подбро да абортираш. Немој да си го осудуваш детето, ако го родиш подоцна да те колне и да се чуди зошто воопшто било родено. Знам како е, да растеш без поддршка, да гледаш како другите деца јадат сладолед, ги носат на одмор, се облечени најубаво - а ти стоиш, со отворена уста...

    Уште е полошо кога ќе почне тоа дете да разбира, или ќе се повлече во себе, или ќе тргне по лоши патишта. Ич не е убаво да расте во нездрава средина, т.е. онаму каде што нема љубов, слога, материјални средстсва и.т.н. Немате работа, немате средства да го одгледате.

    Знаеш колку е тешко тоа? Знаеш како ќе ти се кине срцето кога ќе немаш да му дадеш парички на детето зашто сите деца на улицата си купиле сладолед? Ситница е, ама боли. И јас ти кажувам од искуство. Немој да правиш непромислени работи. Зашто од такви непромислени работи, сме страдале и јас и сестра ми. Не створиле а не ни понудиле ништо. Немало пари, не сме биле задоволени како останатите деца. Знаеш колку пати се имам прашувано зошто сум се родила воопшто? Јас ги жалам таквите деца, и се жалам самата себе зашто сум плод на несериозни луѓе кои сакале да си играат родители.
    Сакаш твоето дете да биде искомплексирано?
    Сакаш да се повлече во себе и да не зборува?
    Сакаш да е несигурно во себе?
    Сакаш да тргне по лоши патишта?

    Верувам дека не... Уште помалку не сакаш да те колне затоа што си го родила. Да те осудува дека ти си била онаа која му го за*бала животот, да посакува никогаш да не било родено.

    Пак ќе ти речам, немораш да ме послушаш, но верувам дека ќе направиш поголемо злосторство ако го родиш и не му пружиш се што му е потребно.

    Ова е мој став, од мое лично искуство, она што јас сум го проживеала... Размисли убаво. Плус животот е пред тебе. Несакаш ни да ти кажам како заврши бракот на моите во кој пак јас и сестра ми си го однесовме дебелиот крај ни криви ни должни. Кривицата е во несозреаноста на моите родители, но последиците ние ги почувствувавме.

    Едит, не видов... Веќе си донела одлука и според мене истата е исправна. Со среќа и немој да паничиш.
     
    На Lolo5, eloves, okcenzi и 8 други им се допаѓа ова.