1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Доволно е името да му го изгуглаш и да го најдеш неговото сведоштво на секој можен јазик по еден куп верски сајтови. Јас би рекла дека не е доктор, само верски фанатик кој знае да заработи на контроверзни теми.
     
    На theowndemon, Milaаа991, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  2. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.312
    Допаѓања:
    10.414
    Пол:
    Женски
    Се мислев дали да коментирам, и ајде.
    Прво, предвремено да се извинам доколку некој се најде навреден од моето мислење. Тоа нека го сфати како ствар на своја лична перцепција и склоност работите лично да ги сфаќа, а најмалку како моја лоша намера на навредам или осудам.

    Предрасуди имаме сите. Луѓе сме, грешиме и учиме. На предрасудите може да се поработи со волен дух, ако истите се препознаат. Ме вознемирува тоа што некои луѓе, свесно или несвесно, бираат неосновано да ги надградуваат и развиваат своите предрасуди, а не да се ослободат од нив, затоа што ова второво е секако потешко. Предрасуда не е ништо корисно туку мачење на самиот себе, кое ја отапува душата, го намалува видикот, го скратува хоризонтот. Не ни служат ниту нас лично, ниту на личностите на кои ги проектираме тие предрасуди.

    Who am I to judge?
    Who are you to judge?

    Дали во себе гледате супериорност на судија за нечиј туѓ живот?
    Како верник ми е жал што постои ограниченост на умот (која некој ја толкува како религија) што го спречува човекот баш во слободата да види Бог. Во слобода на мислењето, во слободата на изборот, во секаква форма на слобода. Жал ми е што постојат религиозни толкувања на поединци кои го ограничуваат умот, го оддалечуваат човека од Бог, наместо да го доближат, а баш оние кои се фатиле ко слеп за стап за ваквите толкувања се декларираат себеси како најголеми верници.
    Ничие мислење не се обидувам да променам. Човек има толку право на негово лично мислење, онолку колку што никој нема право ни да се труди да го смени.

    Во контекст на комплексноста на природата на проблемов од религиозен аспект, имам неколку прашања до оние кои се доживуваат себеси како верници и го сметаат абортусот за грев. Да напоменам, ништо лично и јас сум верник, сакам само да се разбираме.
    • Дали сметате дека е грев да стапиш во брак во кој не гледаш љубов, уствари свесен си дека нема љубов? Да се лишиш себеси и сопствената душа од приликата некогаш да доживееш љубов, лицемерно на друго човечко битие да ја глумиш љубовта што не постои?
    • Дали сметате дека е грев да ја измачуваш сопствената душа и душата на суштество кое за ништо не е криво на светов, кое уште немало прилика да греши? Дали е грев тоа суштество да го мачиш во дисфункционален брак, да го осудиш на незрел, психички нестабилен татко и од детето да направиш емотивен инвалид?
    • Дали, како верници, кога нечија постапка ја оценувате како грешна и лоша низ призмата на вашите лични убедувања, се обидувате во силата и длабочината на вашата душа, во верникот во вас, да најдете сочувство и разбирање за неговата постапка? Дали сте размислиле за позадината на неговата одлука и што го натерало така да одлучи? Дали човекот имал друг избор и дали тој избор би бил апсолутно безгрешен? Или само прогнозирате и посочувате "тоа и тоа е грев" and I am done with the judgement!
    Не морате да одговорите, ако прашањата ги доживувате премногу лично. Се е ствар на добра волја, но верувам дека е лесно да се одговорат исто онака како што е лесно да мислиме дека можеме своите сфаќања да ги имплементираме на туѓи одлуки и животи. Или сепак не е... :)

    И не ме бришете. Не сум офтопик. За да се вклучам, морав да почнам од онаму до кај што забегала темава. Ако бришете, бришете од корен.

    Инаку моето мислење на темава е генерално и не се однесува конкретно на ниедна девојка која побарала помош за проблем од овој тип.

    Јас сум со поделено мислење. Дали ќе биде абортус или свадба, и двете опции се подеднакво тешки, ако станува збор за нестабилна љубовна врска. А можеме само да лупетаме дека абортус е еден ден работа и оп, сите проблеми се решени. Некој што нема абортирано може само да мисли дека е толку едноставно.
    Од психолошки аспект, жена што абортира на млади години, ако не била мајка претходно е релативно незрела во поглед на личноста што ќе биде после 10-20 години. Скоро секогаш постои каење (барем кај жените кои се изјасниле) од типот "Што ќе беше ако беше", "Сега моето дете можеше да биде преубава девојка", "Таа мајка што го шета детето можев да бидам јас со моето", "Имав многу проблеми и откако абортирав, зошто мислев дека детето ќе ми биде тешкотија плус". Дури и повеќекратно да стане мајка после тоа, може пак да и биде криво за тоа што не го родила и што немала прилика да ја запознае таа поинаква форма на енергија, која би била различна од другите нејзини деца. Сите деца се различни и приказни сами за себе.

    Ниедна жена не е имуна на својата природа. Секоја, еволутивно во себе го носи архетипот на мајка, само не секогаш е спремна да го оствари. Жената после абортус и пет деца да роди, сите ќе ги сака безусловно, но во неа секогаш ќе постои делче љубов кое немала прилика да го реализира. Така да, ако станува збор за стабилна љубовна врска, тогаш сум за детето да се роди. Не гледам реална причина за абортус.

    Но, кога од авион се гледа дека тој брак би бил осуден на пропаст и дека би бил мачење и за двата поединци, а најмногу за детето, тогаш сум за абортус. Не дека навивам за абортус, но можам да ја разберам причината.
    Од психолошки аспект доколку се одлучи за брак, пак може да постои каење кај мајката во смисла себеси да се обвинува за несреќниот брак и условите во кои расте детето, а можело да биде поинаку.

    Тежината на одлуката и вака и така е голема. Но, жени што се нашле пред ваков крстопат, одлучете вие самите. Товарот од одлуката вие ќе го сносите на ваш грб. Никој друг не може и не смеете да дозволите да одлучи за вас, не одговара тој за последиците на одговорноста од тоа што доаѓа после одлуката. Вие за себе си знаете кој пат можете да го изодите.
     
    Последна измена: 9 август 2018
    На candy.cane, LadyR, fina erika и 10 други им се допаѓа ова.
  3. martinaa1998

    martinaa1998 Активен член

    Се зачлени на:
    7 август 2018
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    93
    Пол:
    Женски
    Мило ми е за вас ако сте среќни и задоволни сега ама верувај дека јас не би.
    Размислував и читав многу по интернет, знам дека има различни приказни и дека постојат такви кои успеале. На форумот искрено пишав со цел да добијам подршка за абортус зошто реално не сум за брак и дете. Пишав и на друг форум каде повеќето мислења беа да родам ама ниту еден од тие луѓе нема да ми го чуве детето. Дете и брак за мене се голем чекор пред се а и обврска. И не гледам на ова како на глупост и знам дека нема да се покајам. Можеби некогаш ќе се запрашам што би било кога би било да родев ама сепак назад нема да гледам со каење.
    Јас го сакав дечко ми имавме убава врска ама со тек на време почна премногу да ме притиска, контролира, да ми поставува забрани и ултиматуми, цело време испрашувања и контроли до степен здив да неможам да земам од него. Утре тој ако биде мој маж јас нема да смеам да мрднам никаде, зошто тој е со ставот дека жена била за у куќа, немала што да излага по град.
    Многу работи дознав и си го покажа вистинското лице кога му раскинав официјално пред 2 дена, дури ми рече многу лабаво ме држел затоа сум правела вака.
    Човек каков е се гледа кога е тешко и лошо, а со таков човек иднина јас не гледам, жал ми е. Тој не ме заслужува ниту мене, ниту ова бебе.
    Ќе абортирам.
     
    На tessie, Ann.loves.you, candy.cane и 23 други им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    100% ја поддржувам твојата одлука.
    Воедно, да ти честитам што со време си согледала дека живот под контрола не е живот, па си раскинала со дечкото.

    Се' ќе биде во ред ... сигурна сум :hug:
     
    На candy.cane, LadyR, tambelina и 4 други им се допаѓа ова.