1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. KuklickaSk

    KuklickaSk Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 јуни 2010
    Пораки:
    6.208
    Допаѓања:
    23.989
    Подршка и од мене девојко! Што и да одлучиш е правилно..
    Биди силна! :hug:
     
    На Lolo5, srcekrsacka и Lovely им се допаѓа ова.
  2. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Извини мила јас не се осмелив да те советувам...Уште вчера прочитав и верувала или не цела ноќ те мислев, се ставав во твоја кожа, па ја сместив и ќерка ми таму како јас како мајка би постапила итн итн.
    Од мене имаш само подршка за било која солуција. Жал ми што на овие години се соочуваш со ваква дилема. :(
    Се надевам дека мајка ти ќе биде до тебе и ќе ти помогне да пребродиш. Поздрав и те гушкам :*
     
    На Lolo5, Lovely, Phyramide и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.686
    Допаѓања:
    98.013
    Пол:
    Женски
    Со среќа душичке...биди силна го можеш ти тоа...
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Лавли и јас не се осмелив да ти пишам, не сакав на било каков начин да имам влијание, сепак се работи за нешто што ти мораше сама да го решиш.
    Во секој случај те подржувам и ти праќам сила да кренеш глава и храбро да продолжиш да си уживаш во младоста :* :* :*
     
    На Lolo5 и Lovely им се допаѓа ова.
  5. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    И?! каде е решението овде? Lovely ти сега земи една тетратка и напиши ЗА абортус-две точки, ПРОТИВ абортус-две точки, и почни да ставаш цртички за секое мислење и потоа собери ги. :^)

    Абе ајде луѓе, вакви прашања не се за на форум, со ова само повеќе ќе те збуниме.
    Ти најдобро си знаеш дали си способна да одгледуваш дете или не.
    Во оваа модерно време без пари не се одгледува деца од проста причина што не е ова 1989 година кога за едно бебе треба едни кашички и едни пелени и толку. Сега треба да имаш на располагање една плата од 9 000 ден, бидејќи се е посовремено, а ако неможеш да го овозможиш тоа верувај само ќе се нервираш, а и да не зборуваме за идниот маж добро го опиша.
     
    На Lolo5 и plavusha им се допаѓа ова.
  6. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    Лавли изборот си е твој на крај.
    Не се работи тука само за детето, и дека може да и е убав животот.
    Искрено, јас не би се мажила со човек што ме изневерил, а знам за тоа. Тој е 22 годишен, тешко дека нема тоа да се повтори, и дека нема да излегува понатака. Млад е, тој ќе си шета, а ти ќе седиш дома со бебето додека твоите другарки се забавуваат. И ќе се сомневаш на секое да не има друга, зошто веќе еднаш знаеш дека те изневерил.
    Да имам 18 години, и да останам непланирано трудна... не, не би се омажила во никој случај. Не е тоа тој брак што сум го замислила, со цела иднина пред мене, од образование и проживување, па уште си дете на тие години, летајчи тањир шо се вика.
    Со среќа и се надевам ќе ја донесиш вистинската одлука.
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
     
    На Lolo5, Lovely, lolyta777 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    ^ Точно. Доколку девојката реши да абортита тогаш дечкото неможе да ја спречи никако, освен со зборови и убедување. Тоа е само нејзин избор и нејзино право, кога е полнолетна.
    Што ако речам дека незнам од кого ми е...нема да ми дадат да абортирам? Небива така

    Дури и маж да и е, не и треба согласност
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Lovely, што се случи? :worried:
     
    На Lovely и teddybear им се допаѓа ова.
  10. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас го читам ова неколку дена по "жариштето" во темава, но доколку Лавли сеуште не си се одлучила, најпрвин би ти рекла да постапиш онака како што е најдобро за тебе. Значи немој да гледаш што ќе каже комшијата, братот на комшијата или снаата за братот. Ти си таа која е во пренапната ситуација и ако слушаш муабети ќе се избудалиш. Генерација сме, претпоставувам си или 4та средно или прва на факултет. Знам дека сите размислуваме различно, сите сме посебни индивидуи, ама сепак колку и да сме зрели и созреани за некои посериозни теми во животот, не можам никако да се убедам дека си созреана за дете. Детето е жив организам кој бара основни животни потреби, храна, течности, облека, посебно па кога е бебе и кога мора да го сконцентрираш целото внимание на него. Детето не е криво за постапките на родителите и искрено не заслужува да расте без љубов, со расцепени врски помеѓу личностите кои најмногу ќе му значат, без да ја осети таа топлина на дом.

    Ако сум искрена детето го одржуваат парите за потребите, зрелоста на родителите да го водат низ животот, способноста да му помогнат кога му е тешко, да го кренат кога ќе падне. А 18 годишно девојче и 22 годишно машко не се способни за тоа. Можеби звучи потценувачки, ама така е.

    Значи не гледај етики, морали и слични работи - етиката и моралот нема да ти го одгледаат детето. Ако го родиш, ти ќе треба да го направиш тоа, со сопствена пот. Морална биди до бесконечност, ама тоа нема да го нахрани детето кога е гладно.

    Предпоставувам дека е претешка одлука, од една страна знаеш дека во себе носиш нова индивидуа, од друга страна не си способна таа индивидуа да ја одгледаш како што треба.

    Еве да речеме и да стапиш во брак, бракот ќе ти биде само на лист. Некој ќе рече оваа од каде знае каков ќе и биде бракот, не е баба Ванѓа, ама вие уште играте детски играчки на ти го - дај ми го. Изневери ме и ќе те изневерам. Ниту те сака, ниту го сакаш. Ниту те почитува ниту го почитуваш. Ниту те издржува финансиски, ниту пак ти придонесуваш во тоа поле. Да го имаше ова (иако сметам дека е невозможно на наша возраст), ќе речев ајде можеби ќе им помогнат родителите, ќе жртвуваат факултет и ќе почнат да работат, едноставно ќе го протуркаат тој период кога е тешко, ама кај вас фали мотивацијатаза тоа. Вие како прво не сте отворени еден спрема друг, си немате кажано што чувствувате, и искрено мислам дека тој ти предложил брак затоа што е преплашен, неискусен, можеби и има притисок од неговите заради македонското златно правило - направи бебе - направи свадба. Од овие неколку твои реченици имам создадено слика за него како за безгрижно дете кое не мисли на ништо друго освен на секс, па макар и да те изневерил.

    Во секој случај вие веќе не сте во преден план - Да битно е како се чувствуваш ти, и како се чувствува тој, ама побитно е детето. Доколку мислиш дека си спремна на таков огромен чекор во твојот живот, само напред. Но јас сметам дека не си. Не може 18годишен човек да е спремен на такво нешто, колку и да е зрел. Твое право си е, и те молам пред да одлучиш (ако веќе не си одлучила) убаво да размислиш, овде влечеш конци круцијални за 3 животи. Можеби ќе треба да скинеш 1 конец за да спасиш 2, но тоа е тоа - живот, полн со сопки, ќе те боли ама ќе знаеш дека со тоа си направила добар избор за 3цата.

    И како што кажав, етиката, моралот и останатите вакви работи сега тргни ги на страна. Убаво е да се земат во обзир, но кога треба да се мисли на поважни работи, можеш да ги клоцнеш во некое ќоше, затоа што тие нема да ти донесат решение во ситуацијава.

    Што и да одлучиш нека биде твоја одлука. Убаво размисли.
     
    На Lolo5, mims-89, lolyta777 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.930
    Пол:
    Женски
    А да чуваш дете неспремно и во ситуацијата како што е таа, е мала работа? :) Напротив, да абортираш е тука помалата работа, трае 15 минути, и со поддршка од поблиските после се ќе биде во ред. whiteangel, како што гледам имаш само 15 години, затоа те молам почекај некоја година да припораснеш, имај 18 години, па процени дали си спремна за мајка како што викаш дека не била мала за бебе. :)
     
    На Lolo5, lolyta777 и Lovely им се допаѓа ова.
  12. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Лавли? Те мислам веќе некое време, пишав мислење,ама не сум адекватна да зборувам. Ајде кажи што одлучи, што и да е тука сме :)
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.057
    Пол:
    Женски
    Одлучив да абортирам, и тоа ке го сторам наредната недела. Ви благодарам на советите и подршката.
     
    На Lolo5 и lolyta777 им се допаѓа ова.
  14. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Лавли иако ти веќе си одлучила, јас само да ти кажам дека со помош на родителите бидејќи изгледа те подржуваат можеш сама да го одгледаш детето без дечко ти, не уништувај нечиј живот знаеш ли колку многу девојки има во светот кои со деца имаат завршено и факултет и имаат успешна кариера?! Твое е да одлучиш ти изгледа веќе си го направила тоа,но јас не можев да се воздржам ,а да не прокоментирам за тоа ти постов го пишуваш бидејќи сепак ти е жал за детето. Но иако сите и ги кажавте најлошите сценарија дали и кажавте колку убава работа е мајчинството?! Колку убаво е кога можеш да гледаш насмевка на твое дете? Радоста која ја чувствуваш во себе? Самиот факт дека ти создаваш живот?! Немој...Немој да се каеш за ова подоцна знаеш ли колку стории има со жени кои си го уништуваат животот од совест поради тоа што абортирале?! Ти само размисли. А за тоа со паричката не ми се верува како можете да кажете да направи нешто толку сурово. Иако можеби ќе сфати што сака да се фрла паричка?! За нешто олку важно замислете си ве молам не дај боже вашите мајки да размислувале да ве задржат и да одлучиле да фрлаат паричка.
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  15. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    11.102
    Пол:
    Женски
    Девојче дали гледаш што си напишала. Па ти имаш 16 години. Од кај знаеш што е тоа мајчинство. И друго е од страна да збориш, јас мислам вака или онака е правилно,грижа на совест итн, а друго е на своја кожа да почувствуваш.
    Незнаеме ние кои и се условите дома, незнаеме дали сама би можела да издржи. Па и она има 18 години мислам.
    Каков ќе биде животот на тоа дете, со разделени родители...
    Ти дај совет, не викам не, ама не го нагласувај толку сето тоа.
    Лесно е да кажеш немој да абортираш, или абортирај, кога си само набљудувач од страна
     
    На Lolo5, Lacrimosa, sesilija и 4 други им се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    :yawn: на 18 години мајчинство??? :^) Hа 18 години една девојка треба да се занимава со други работи, а не да дои бебе и да мењава пелени
    се знае мајчинство после 24 години....
    (секако секаде има исклучоци) Aма сепак дечково ја варал, очигледно лавли не го сака веќе

    и зашто да си го зацрни животот со бебе господе боже |( може бебето не е криво,ама како и да е, тоа

    уште не е ни бебе.... сите еден ден ќе бидеме мајки,и тоа за сва времена, а само еднаш ќе бидеш тинејџерка, и зашто да го скратиш тоа задоволство ради 2-3 капки сперма
    друго е своеволно да затруднела, да си планирала брак и бебе, па нека е и 16.....

    Hе е само роди го, и ајде бебе!
    па неделно само колку пари требаат за памперс за неговите покаќи??? :?:
    лесно е да се каже, кога не сме на нејзино место
     
    На Lolo5, Doozy, Lovely и 2 други им се допаѓа ова.
  17. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Саншајн извини ама со твоите 16 год. немаш право да коментираш и не пишувај со толкави букви, не сме слепи ни ќорави...
    Ти немаш појма што значи да си мајка, уште си дете...не трескај зелени... :!:
    Извини ама ептен ме изнервира... :@
    Си слушнала за право на избор?
    Кога ќе го искусиш мајчинството, кога ќе бдееш над детето, кога ќе плачеш кога тоа ќе плаче, а ти не знаеш што му е-тогаш коментирај...
    Прво заврши средно, запиши се на факс. па искуси сама дали можеш да чуваш дете и да студираш...
    Јас чував дете и студирав- имав уште два испити до дипломирање, а ми требаа 10 месеци да ги положам...затоа не лупетај за успешна кариера, мајчинство и сл.
    Немаш искуство, а со тоа ни право да морализираш, да делиш совети, да осудуваш и критикуваш


    ЛАВЛИ МИЛА, ЦЕЛОСНО ТЕ ПОДРЖУВАМ ШТО И ДА ОДЛУЧИТЕ И ТИ И ТВОЕТО СЕМЕЈСТВО :* :*
     
    На Lolo5, Lacrimosa, Phyramide и 9 други им се допаѓа ова.
  18. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Јас не ја приморав на ништо и не сум мајка ама од сите мајки барем тоа им разберено дека децата им се се во животот. И со тоа нагласувањето всушност и е ставено со причина за да може да се користи во постовите. Јас не ја приморав на ништо таа веќе си одлучила,но самиот факт дека таа пишува затоа значи дека сепак размислува и изгледа дека има подршка од родителите штом нејзината мајка така изреагирала. Мое право е да напишам коментар таа не мора да го почитува се додека не содржи навреди слободно може да си стои. И сајтов не е за 18+ така да тоа веројатно го имаат одлучено со оглед на фактот дека има вакви постови тука. Затоа олади и треба да се внимава за тоа, зошто не користеле заштита?! Не мислеле на последиците?! Јас го кажав моето мислење ќе повторам и е исправно па ти нема зошто да ме напаѓаш и да ми кажуваш дека немам право на мислење. За завршување на средното и на факултет не грижи се тоа пред се ми е во план ама не планирам да имам дете иако е тешко ако сака може да го направи тоа јас на ништо не и реков дека апсолутно мора да го направи тоа јас само и кажав дека ако го сака детето не мора да се откаже има многу мајки кои со дете успеале да завршат факултет. И не Лолита не мора да ме навредуваш дека сум тресела зелени навистина јас не нападнав никого па не ни заслужувам да бидам нападната ама ајде изгледа дека сум погрешно сфатена не грижи с ене коментирам повеќе. ;)
     
  19. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Саншајн, ај те молам со ова заштитава.
    Дека не користеле кондом, па се случило и затоа сега мора да го роди.Демек никому не му се случило да има незаштитен секс, а и ти сигурно секогаш, ама баш секогаш ќе пазиш :x
     
  20. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Фемина јас не ни имам имано односи ама ајде и како и да е нејзина е одлука јас го кажав мислењето не мора да ме напаѓате бидејќи мислам поинаку од вас. Ама ајде истото испадна и со Штрумфета бидејќи сме помлади мислењата не ни важат?! Рачунај дека имам еве 24 години би го напишала истото?