1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Затоа се изразив со идно време.
     
  2. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    Во ред тоа беше моја грешка се извинувам за тоа ама не ми одговори за прашањето ќе те замолам да ми одговориш ако бев повозрасна ќе го почитуваше ли моето мислење? Ќе го почитуваше ли фактот дека можеби јас мислам различно од повеќето од вас?
     
  3. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    Девојката после долго размислување конечно ја донела вистинската одлука. Во ред е секој да си го искаже мислењето, но не е во ред повторно да ја ставаме во дилеми нели саншајн??

    Нејзината одлука и без нашите постови е премногу тешка и на крај краева кои сме ние да и кажеме што да прави, а не ја ни знаеме во целост нејзината ситуација. Да мајчинството е прекрасна работа, но само ако си спремен на тоа, а ако не животот може да ти се претвори во пекол.

    Исто како што има успешни приказни за млади мајки, има и такви кои ги мразат децата и ги обвинуваат за своите неуспеси. Затоа секоја мајка, мора да биде подготвена.

    Јас Лавли те поддржувам со тоа што си го одлучила и верувам дека е тоа најдоброто за тебе.
     
    На zhap4e и Lovely им се допаѓа ова.
  4. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Да беше повозрасна немаше така да размислуваш.Лолита што ти реплицираше е мајка и е мажена, ама е и разумна да знае дека не е се до тоа леле, бебе, трудна сум.
    И да имаше 24, сигурно немаше да судиш како имала незаштитен секс, зашто барем еднаш и тебе ќе ти се случел.
    И нема потреба да ми поставуваш директни прашања и така темата е друга.
     
    На Lacrimosa, sesilija, mims-89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Епа Саншајн,значи дека ти на слепо даваш совети без да си сигурна во нив.Ваков совет прво не се бара на фемина,а и ако се бара искрено јас лично би сакала да го чујам од повозрасна личност од мене и пред се поискусна.
    Гледаш слепо и розово.Имај прво односи,па порасни,тргни на факултет,почни со амбициите и тогаш замисли си дека ти би можела да имаш и дете,ете несакајќи.Има да ти се крене косата на главата од помислата,а па не да го думкаш.Тебе ти е романтично и не знам какво,си имала среќа можеби во животот,ама ај размисли да си дете на родители кои се во брак затоа што морале,ради тебе лично и персонално,а не се сакаат и сте тотално нефункционално семејство кое постојано се кара или немате пари,а ти ко девојче сакаш да се облечеш,дотераш,излезеш ко и сите,а се нема затоа што твоите те добиле прерано,немале доволно време да создадат услови (а години во кои си го фиксираш и трасираш патот се 20тите,а твоите те думкале тебе и немале време за такво нешто,гледале привремено да скрпат крај со крај) или замисли твоите да се разведени после некое време и ти живееш со мајка ти,татко ти ни алиментација не плаќа,а мајка ти едвај заработува да ве закрпи вас две.И убаво ќе ти биде?!Ај прашај ги твоите што ќе ти речат и советуваат,ако на 18 години останеш бремена?!
    Детето е една од поубавите работи у живот која треба да се дочека со радост во соодветни услови и пред се со љубов од двајцата родители и љубов помеѓу двајцата родители,а не со сила.Можеш да замислиш на неа како и е?!Не.
    Ти ко помала,треба малце да си го чукнеш главчето и постарите кои пишале тука да ги подпрочиташ,а не толку жолчно да си ги браниш ставовите кои ти се кревки според годините,а ниту поткрепени.Не за друго,се се случува (не ти посакувам,освен ако сакаш ти,да не се сфатиме погрешно),може ти еден ден да треба да донесеш ваква одлука,па да видиш како одеднаш тој твој сигурен став,ќе стане многу воден и несигурен.Прво скокни,па кажи оп,за почеток,почекај некоја година и имај односи.
     
    На Lacrimosa, Offspring, Neytiri и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Лесно ни е на сите од страна. Нема ние да го гледаме детето. НЕМОЈ и ИМОЈ, на човек кој не го познаваш и реално апсолутно не те допира неговиот живот во ниедна твоја лична клетка - НЕ.
    Освен сториите за пропаст, нека ти кажат мајките колку е лесно да бидеш МАЈКА.
    Мачка да е - мајка да е, ама поарно да не е. :|
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти одговорам...
    Да ако беше повозрасна, ако имаше искуство, ако си се соочила со ваква дилема, ако си донела одлука после долго размислување и анализирање...ДА ќе го почитував твоето мислење.
    Се друго паѓа во вода...се друго е морализирање и тресење зелени.
     
    На Offspring и Doozy им се допаѓа ова.
  8. Sunshine555

    Sunshine555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    269
    Допаѓања:
    69
    E за ова веќе се согласувам во право си за тоа дека не треба уште повеќе да ја збунуваме така да јас се извинувам за пишување пост после нејзината одлука се надевам нема лутки :P . Но мене ме изнервираа постовите дека имам 16 години бидејќи во никој од нив не го пишуваше тоа што го пишуваше во твојот пост пишуваа само како сум тресела зелени, како не сум била долична да коментирам на ваква тема и други навреди јас имав свое мислење ,а тие можат да напишат дека не се согласуваат со мене без да ме навредуваат и напаѓаат или ако веќе сакаат да разговараат со мене на оваа тема да си ги кажат мислењата слоподно по ЛП ама вака?! И други имаа вакви мислења на пример Штрумфета и таа беше замолкната поради што била млада,а сите други мислења беа во ред бидејќи бројката на годините беше 18 или 18+ тоа мене ме копка бидејќи не е фер. Јас уште еднаш ќе ве замолам да размислете дали мислешето би ви било исто доколку јас би била постара... Ама во ред не грижете се не пишувам повеќе на темава сфатив дека коментарите ми се погрешно сфатени. Можеби имате право во ред се извинувам ако е така немам јас искуство затоа реков дека нема да пишувам повеќе ама навредите за што служат?! Како и да е не пишувам повеќе на темава девојката си одлучила и ете јас ги почитувам и вашите мислења ,а и нејзиното ама навреди не беа потребни јас сфатив дека згрешив не мора повеќе да се реплицира ама постовите кои ги напишав беа поради тоа со навредите. А Лолита има и други кои се помлади,а сепак имаа пишувано ама мислењето им беше слично со твоето па не беше тресење зелени. Ти можеше како повозрасна и како позрела еве да објасниш дека не сум во право ти ако си мајка да објасниш дека е тешко ама можеше да го направиш на фин начин тоа.
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Прво, никој не ве замолкнува, туку само приложуваме реалност.
    Второ, не е “замолкнувањето“ зашто сте млади, туку зашто сте незрели, а бунтовни. Не е животот она што е на сапуниците, туку е борба, да го дочекаш утре среќен и задоволен. Размисли малце, кој утре би се смеел со задоволство? Ловли, со 18 години и бебе во раце, а без денар заработен, или бебето кое ке мора во една пелена цел ден да го преживее?
     
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.718
    Допаѓања:
    150.568
    Ау Саншајн,имаш потенцијал да станеш од оние слепите и ограничени кои се вадат на фактот постојано дека размислуваат поинаку и се различни,а врска немаат.
    Ти ко помала не мора да прифатиш,ама труди се што повеќе да ги шириш погледите,а не да остануваш на тој,еден стекнат на 16 години и никако напреднат.Тоа е убиство на твојот дух и интелект.Се што не расте,со текот на годините природно изумира,а со текот на годините почнува да припаѓа во тн проста маса народ која го иритира остатокот од светот и слепо верува во нивното без да погледне наоколу.Демек јас имам став.Па шо ако имаш ако не е реален и точен.Не се укрутувај и фиксирај уште сега,а уште помалку немој да си арогантна,затоа што млад арогантен човек,ај шо не го личи и не го бива,туку и иритира,а башка што изгледа...ај да бидам блага,лошо.
    Арно вика Мерлин,лесно е да викаш имај или немој од страна,кога не знаеш неа како и е.
     
    На Bunny05, Lovely, Lacrimosa и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Само ќе кажам, не дај Боже пак, да се земат Лавли со дечкото и да се разделат по некоја година. Колку и да биде исклучено од целиот развод, детето ќе трпи цел живот, на овој или на оној начин. Ова од искуство. Не во смисол на непреболени трауми и траќање цел живот, туку темата ,,тато,, ќе биде болна точка колку и да се одрекнува тоа. :x

    Јас се согласувам со одлуката на Лавли, сметам дека е правилна. Девојчето одлучило и нема што ние веќе тука да ја предомислуваме, можеме само да ја поддржиме.

    Лавли, ти си една многу храбра млада девојка. Што и да се случи, знај дека по дождот иде сонце. Ти посакувам се најдобро. :)
     
    На Lolo5, Lovely и lolyta777 им се допаѓа ова.
  12. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    И тоа пелената е најмал проблем, ами тек ЖИВОТОТ ??? ама не, Хосе Анхел и Марија Гвадалупе преживеаа и во колибата со дете во раце, битна беше љубовта |( Од нив треба пример да се земе.
     
    На Lolo5, Dpokahontas, Lovely и 6 други им се допаѓа ова.
  13. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Ова прашање паѓа во вода кога ќе го прочиташ крајниот исход. Зошто било и како било повеќе не е битно - битно е дека машкото ејакулирало внатре и од тоа се развил ембрион. Многу повеќе треба размислување на иднината, а не на минато свршено време, зошто било и како било. Ете се занесле, се случило. Ќе знае за друг пат да нема односи без заштита (орално, кондом, како и да е). Ама да се секира и пука зошто не користела заштита нема ни време, ни нерви верувам.

    Јас напоменав во минатиот пост дека сум генерација со Лавли, двете имаме 18, можеби навистина не сум компетентна да зборувам како поискусниве девојки, крај краева и јас сум детиште, ама сакав да доловам како би изгледало кога недај Боже јас би се нашла во оваа ситуација. Верувај колку и да сме независни, сепак дете е. Да, преслатки се и ти иде да ги гушнеш и да ги згмечиш и да си играш со нив, но исто така се поболуваат, се гладни на секој час и да не набројувам сега уште милион работи. Не дека тие се лоши, ама за нив треба зрелост и способност to handle it. Јас сум сигурна дека Лавли ќе биде прекрасна мајка еден ден, ова ќе ја ојача, и никогаш не би фрлила камен по неа за нејзината одлука. Што е до мене, јас ни се знам ни се познавам со неа, ниту знам нешто за неа, ниту пак ова што го пишувам овде ќе смени нешто, ама ете затоа што сме веќе тука на ова место и ја испраќам целосно мојата поддршка и и кажувам дека ако и притреба некогаш некој за муабет, тука сум.

    Моралот, етиката, минатото, нека се закопаат назад. Нека се гледа иднината. И Лавли сама нека си одлучи каква иднина сака за неа. Гледам веќе одлучила, јас ја поддржувам (макар на форум, макар не лично).
     
    На Lolo5, Lovely, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Види вака девојче твојот пост предизвика бурни реакции, најпрво затоа што беше со огромни букви, а за содржината не коментирам затоа што се изјаснив и реплицирав.
    А ако сакаше ти можеше да и пратиш ЛП на Лавли...така нели? :!:
    Друго, уште не ни знаеш што е тоа секс, а се дрзнуваш да коментираш за бебиња...да, ме налути, се изнервирав, а ретко тоа се случува.
    Ако нешто ме нервира тоа е кога некој дели совети што би се рекло-на празно.
    Се надевам ќе размислиш што и како ќе пишуваш во иднина.

    Инаку Саншајн со оглед на тоа дека сум мајка, имам искуство, знам каква радост се децата, но и одговорност и обврска, не се ни осмелив да и сугерирам на Лавли што и како да направи...се воздржав од делење совети и мислења, анализирања и сл., а имам 29 год. и 4,5 год. ќерка.
    Затоа те нападнав, не е ништо лично против тебе, ниту тебе те знам ниту пак Лавли...мене ме предизвика твојот коментар кој не соодејствуваше на твоите години и зрелост.
    Извини ако се навреди ама факт е дека не треба да се избрзува, а помалку да се осудува.
    Поздрав.
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Јас сега така размислувам и се повлеков од дискусијата ради тоа што испадна дека не сум компетентна и се помирувам со тој факт. Ги оправдувам вашите мислења затоа што сум свесна дека еден ден така ќе размислувам, мислам фала богу :) .
     
  16. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Саншајн и Штрумфета...и јас кога бев на ваши години ете и помала малку од вс размислував така...Ама животот е тежок. Бебето има многу потреби и Лавли со своите 18 има многу потреби и желби кои не вклучуваат бебе. За да му се овозможи се на тоа дете за да не страда треба многу посебно во денешно време кога повеќето од пола население крпи крај со крај секој месец. Не е само роди го и после клепај. Саншајн немој да се лутиш затоа што навистина со твоите години воопшто не си компетентна...ти можеби си паметно девојче и сето тоа, но треба да знаеш дека искуството ја има најбитната улога, зрелоста. А на 16 тоа го нема. И јас сум против абортус и верувам дека повеќето од нас што пишавме на темава се против абортус АМА во нормални услови.
    Во случајот на Лавли мене лично мило ми е што одлучи вака. Како и да одлучеше секако ќе ја поддржевме ама сепак вака е подобро.
    Лавли само напред. Треба да знаеш дека не правиш ништо лошо. Напротив... Поздрав и само храбро :*
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.894
    Да се навратам на темава и проблемот, Ловли твој живот - твој избор. Ние сме тука само за совети, не за осудување.
    Ако мислиме на последиците од абортусот, да мислиме и сијалица дали да запалиме дома поради ризик од струен удар, нели? |(
    Јасно ми е дека и заштитата е ставена во втор план кога доаѓа до вакви “непогоди“. И да сте се чувале, никој не гарантира дека вие не би биле дел од тој 1% пропустливост на кондомот.

    Како и да е, среќно, се најдобро и само силно. Се’ се заборава и пребродува. Да знаеш. :!:
     
    На Lovely и lolyta777 им се допаѓа ова.
  18. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Ловли храбра си многу, и мислам дека на еден начин си донела разумна одлука. Јас бев случај како тебе иако имав 22 години, мислев дека работите ќе се сменат и ќе бидат стабилни, но сосема опозитно и сега нов почеток од 0 плус без нејзе патиме и двете. Верувај дека 18 години се малку, немаш работа, немаш завршено ни факултет кое е голема пречка во денешницата за да најдеш работа и да одржувш фамилија, а како што разбрав немаш ни вистинска врска и љубов. Не се менуваат личности преку ноќ верувај а ниту тој што бил толку сигурен дека ќе се смени, или дека пак ќе искачате ќе се дружите кое е сосема обратнопропорционално од кога си само во врска. А не се живее ни пак само од љубов. Лолита многу убаво кажува во некои постови зошто знае што е да си мајка и дека обрвските се најголеми, тоа мајчинско чуство ќе го осетиш во вистинко време, вистински околоности со вистинска личност.
     
    На Lolo5, Lovely и lolyta777 им се допаѓа ова.
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Санјшајн, тоа што Лавли сега ќе абортира не и го скратува задоволството да биде мајка. Таа пак ќе си има дечиња, од кои ќе и се полни душата кога ќе и се насмевнат, ама ќе го има кога ќе има услови за такво нешто, и кога сама ќе одлучи дека го сака тоа. Ти збориш како ова да и е последна шанса, сега или никогаш. Е не! Можноста да си роди дете и останува на неа

    А какви биле причините или каква била заштитата веќе воопшто не е битно. Било што било, џабе празни муабети, а и одлуката е донесена. Најмалку што треба е сега да ја обвинуваме, да ја плашиме или пак да ја осудуваме
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Кое е тоа легално предвидено време? Кој го определува? Професионалци? Закон? Не зборуваме за тоа дали има или нема закон, зборуваме дали треба или не треба да се направи нешто, заеби го законот. Ај сега ќе се е*беме и ќе абортираме како од шала. Е не е шала, и тој зачеток е зачеток на нов живот. И да, убиец ќе бидеш, е сега можеби некој ќе си помисли дека од тие и тие причини тој оправдано постапил и е помалку виновен. Но нема да биде помалку виновна и кога би имала оправдани причини, само ќе треба добра психичка терапија после тоа да се помири со веќе стореното. Ако мисли дека може да живее со помислата дека убила свое дете нека абортира. Но таа најдобро знае.

    Лавли, не не слушај нас, слушај го своето срце и својот разум. Само ти си таа која најдобро се познава себеси и својот дечко. Но размисли, дали си сигурна дека твојот поранешен е таткото или оној со кој си го изневерила, немој да погрешиш околу ова, е од таа грешка може животот да ти стане пекол. Штом мајка ти ти дава простор да размислиш, тогаш размисли, тоа значи дека ќе те поддржат во што и да одлучиш, тоа сега ти е најважно, поддршката од родителите, се надевам дека заедно ќе успеете да го надминете и ова. И покрај се, бебе (дете) е прекрасна работа која не е никакво зло и не е расипувач на кариера и на живот. Не е битно дали ќе го родиш на 18, 19, 28,30... Битно е да е сакано од двајцата родители. Ако те молел да му се вратиш тој сигурно те сака. А и ти ако си била подолго од една година со него сигурно не си рамнодушна спрема него, само не избрзувај со абортус те молам.
    Видов премногу негативни коментари и претпоставки, ви го испланираа животот дека ќе ви бил пекол и којзнае што, дека ќе чекаш 1000,00 денари од маж ти за детето :o дека ќе се враќа пијан, ќе те изневерува. Оф зар такви коментари и се потребни сега?! Разговарај со дечко ти и тоа што побрзо, зашто што и да одлучиш ќе треба брзо да го направиш тоа. Вие сте млади, ќе си најдете работа, ќе се до образувате, тоа не е неверојатно особено што имаш поддршка од дома, работа ќе се најде нема да останете на улица. Сигурна сум дека го сакаш детето, а тоа може да донесе и многу позитивни промени во вашиот живот. Расчистете ги дилемите околу взаемните изневерување, резимирајте и одлучете дали можете да продолжите понатаму. Но тоа треба да биде одлука на двајцата. Јас не ве познавам како и другите овде, така да не можам да ви судам, што е сторено - сторено е. Некој ќе ти каже да, друг не. Но слушај го само своето срце и чекори смело напред. Не е толку страшно, тоа е дете не е болест па да не можеш да ја излечиш. Во овие мигови не ти се потребни песимистички коментари. Што и да одлучите понатаму, ви посакувам среќа. Се надевам ќе викнеш и на мекици. :*

    Еден совет до сите кои стапуваат млади во сексуални односи-Не брзајте, имате време за е*ење и не се истрчувјте да бидете први и во оваа област. Но и ако сте толкави фраерки барем денес е полесно од порано, има кондоми, па ако го сакате тоа задоволство одвојте од вашиот буџет за кондоми за да не одвојувате после за абортуси и да се обвинувате себеси или партнерот.

    p.s. :o teddybear дури сега, откако напишав го прочитав твоето мислење и не само по зборовите туку и по емоциите одн. револтот увидов толку многу сличности :up:
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.