1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Абеја, без претерување те молам ќе и требала добра психичка терапија бидејќи го убила детето :o .
    Прво, нема дете во вистинска смисла има фетус кој не знам дали во моментов личи на водоземец или вотевр, значи нема ни човечки облик. Друго, неброено многу жени одат на абортус но не и на хардкор психички терапии после тоа, сценариово ти е како на нискобуџетен американски филм. И ај сега ќе речам ги убив моите неродени деца не им дадов шанса за живот бидејќи видиш ми пропаднаа јајце-клеткиве од последнава овулација и завршија како отпадоци на влошка?!
    И не постои ни еден 100% сигурен начин на заштита кондомот пука, спиралата се поместува и да не навлегувам во детализирање, само да ве потсетам секој сам одлучува за својата иднина и ако абортусот е тоа што Лавли го сака не ја гушете барем со морални проповеди.
     
    На enca.69, Lovely и sesilija им се допаѓа ова.
  2. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    - 3 месеци ми се чини беше
    - незнам кој го определува, не сум упатена, али сигурно не некој рандом минувач на улица, си има професиналци и лекари кои одлучиле за тоа
    - токму за закон зборувавме, ова моево цитирано беше одговор на девојката која збореше за убивање, а убивање се знае по закон што значи, неможеме да го заебеме законот никако. И престанете со тоа убивање Бог да чува, ќе го убила споственотот дете :tmi: Абортус до 3 месеци не е убиство, не сум го кажала јас ова, и не ми истекнало ова на мене. Ти како што си тргнала ќе тврдиш дека и дркањето е убиство (нели убиваш потенцијален живот)....ама НЕ Е. Дозволено си е дркање, легално
    - а дали некој треба да го направи тоа или не е негов, и само негов избор

    Шо е до мене, ако некој сака нека го користи абортусот како контрацепција. Нејзин избор. А за моето тело јас сама ќе си смислам што и како ќе правам, дали ќе се заштитувам, дали не. Али никој неможе мене да ми кажува дека убивам некого затоа што тој така смета. По закон е легално, си кажале стручни луѓе дека убиство нема, па ти колку сакаш заебувај го законот после.
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Се согласувам со Теодора, плус ќе додадам дека тоа што ја замолил да се врати не е апсолутно никаков доказ дека ја сака. Имало изневерување и тоа од двете страни, а и Лавли како што самата си кажа не е сигурна дека е заљубена во него. Абеја, дали ти реално мислиш, дека со дете во раце, на 18 години ќе има таа некаков си живот? И не само Абеја, ами и другите останати кои мислат дека абортусот во ситуацијава не е правилното решение. Зарем вие навистина мислите дека ќе има време да заврши факултет? Рачунајте да го роди за 9 месеци, една година да го чува додека да пркне, секако сето тоа си носи со себе и трошоци за кои Лавли и бившиот нејзин немаат услови, самата кажа дека тој нема стабилна работа. Ами каде се обврските во бракот кажете ми? Настрана од оние обврски кон бебето/детето. Потоа ќе треба и таа да работи за да го издржува тоа дете, зашто знаеме какви ни се условите овде во Македонија неможеш да најдеш саглам работа со средно образование ниту пак постојана камоли осигурана. Потоа тоа дете ќе треба да тргне нашколо. Дали таа ќе биде во можност да изучи факултет? Која црна кариера ја предвидувате? Народе ова не е Америка, Македонија е, а Македонија е беда и очај. Значи јас имам 20 години, дечко ми 23. Доколку на нас би ни се случила таква грешка (зашто реално тоа е грешка) ни на крај памет нема да ми иде да се мажам, зашто ниту имам работа, ниту имам образование повеќе од средно. Дечко ми да, има работа но што со тоа? Зарем само со толку ќе живееме, свесни ли сте кој трошок е да имаш дете и да го издржуваш? Ќе сакаш да му пружиш се но нема да имаш можност тогаш твоето дете нема да живее туку ќе преживува и ќе ве колне зашто не сте го абортирале. Многу поголем грев е да го роди а да не му понуди ништо, потоа детето да се мачи во животот, настрана дека ќе расте во ненормална средина со незрели родители кои немале никакви погледи кон иднината зашто прерано стапиле во брак , отколку сега додека како што кажа Теодора е полноглавец да го абортира. Прекинете да и морализирате, дали знаете колку лесно може сега да смени одлука? Дали знаете што би ја коштала таа одлука? Не дека јас ја буцкам да абортира, далеку од тоа, но и ја претставувам суровата реалност, особено затоа што знам како е да се живее со незрели родители кои пре рано стапиле во брак без никаква визија за иднината, без љубов помеѓу нив. Да, јас се чувствувам како копиле, зашто јас чув кога и кажа на мајка ми дека никогаш не ја сакал. Знаете какво е чувстовото? Многу лошо... Да знаеш дека си плод од курташак, дека од заебанции те напраиле зашто немало што да прават... Налет па и ти го уништиле животот со тоа што не ти пружиле ништо и фактички не си живеел туку си преживувал, зашто си немал саглам пар чевли да облечеш, си немал пари за одмор и по цело лето си дремел дома, си немал пари за сокче да се напиеш кога ќе излезеш. Да, јас не живеев туку преживував, и да, денес повторно се чудев зошто не ме абортирала мајка ми туку ме родила.

    Лавли, несакам да мислиш дека навалувам, уште еднаш ќе ти кажам, одлуката е твоја, но сочувствувам со тебе и со тоа што го носиш во тебе, замислувам како би му било и не предвидувам ништо туку ЗНАМ како ќе биде. Зашто ништо не е како на филмовите и сериите. Македонија е ова, прво и основно, тргнете од тоа, па се друго натаму.

    Уште еднаш со среќа ти посакувам, се надевам дека нема да се покаеш, туку ќе станеш посилна личност, било каква одлука и да донесеш значи ТВОЕ СИ Е. Ние даваме свое мислење од своја гледна точка.

    Поздрав.
     
    На eloves, Lovely, caroline.costa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Гледам жестоко било тука ноќеска... Јас не сакам да долевам масло на огнот, но ме потсетивте на моја бивша сосетка. Остана бремена на 14 години (беше или осмо или прва средно) и криела, не кажала дома. Кога дознале веќе било доцна за абортус (и искрено, мислам дека би ја советувале да абортира, а не да го роди) нејзините ја омажија :( . Свадба ова-она, а таа дете... Мислам дека и ТОЈ беше зелен, може година-две постар. Нормално, после некој месец се разведоа. Е сега замислете си на 15-16 години веќе со дете и разведена. Нејзините финансиски стојат солидно, ама дали е тоа утеха за детето (сега е веќе голема, мислам на факултет) кога родениот татко, колку што знам, не чувствува потреба да ја види, а не па да се грижи за неа. Сакам да кажам, не е само роди го бебето, па работите сами ќе се средат. Никогаш не се средуваат сами. Ако врската меѓу двајца луѓе не е стабилна, бебето само ќе направи да биде полошо, затоа што освен што се слатки, убави и се сакаат најмногу на свет, бебињата се и голема одговорност, а верувајте, и стрес (нема поголем стрес за една тазе мама кога бебушот плаче, а таа не може да го смири, па плаче со него) и неспиење и нервоза (што доаѓа од стресот и неспиењето...).
    И друго, сите велиме дека секој има право да одлучува за себе, ама веднаш очи ќе му извадиме на некој што не одлучил како што ние сметаме дека треба... :^)
     
  5. rainlover

    rainlover Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    969
    Допаѓања:
    632
    Несомнено дека моето мислење нема да ти помогне, зашто ти како што можам да забележам си ја донела одлуката. И јас се најдов во ситуација како твојата. Останав бремена непосредно по матурирањето. Од една страна желбата да се запишам на посакуваниот факултет, да си го продолжам патот кон професијата што ми беше (и уште ми е) животна желба. И се одлучив да родам, да се запишам на друг факултет. Ја донесов оваа одлука затоа што му верував на мојот сопруг (тогашен дечко) бев сигурна за повеќетоработи поврзани за нас. Значи поентата ми е дека прво и основно е да постои взаемна доверба, љубов и почитување меѓу двата партнери за да се одлучат на еден ваков многу важен и комплексен чекор... раѓање на дете. И други членови го имаат кажано тоа дека не е само да се роди детето, многу покомплексно е неговото одгледување. Можеби и мене така ми се чинело ее ќе си имаме бебе, уфф колку се слатки бебињата, ама сфатив и уште сфаќам дека бебето/ детето носи многу многу нешта за кои треба да сме спремни.

    А за абортусот... мое мислење абортус си е абортус независно за кој период од бременоста станува збор!
     
    На Lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Одговорноста кон бебето е иста и за мајка која има 18 и за мајка која има 25 години. Не е пресудно за нејзината одлука тоа што има 18 год. (повеќето мајки на моите дугарки, па и мајка ми имала 19 год кога ме родила) , туку тоа што нема вистинки човек покрај себе. Е сега, обврските на САМА мајка со 18 год. е комбинација на која треба да се каже НЕ.

    И уште еднаш : АБОРТУСОТ НЕ Е УБИСТВО. АБОРТУСОТ Е ПРАВО НА ИЗБОР.
     
    На Lolo5, Shana, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  7. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Одредени феминки претераа. Девојката побара совет, и го дадовте и таа се одлучи за абортус. Крај на муабетот. Нема потреба од напаѓање и тврдење дека абортусот е убиство. Тоа е избор.

    п.с Се надевам дека се ќе помина добро Лавли :*
     
    На Lolo5 и Lovely им се допаѓа ова.
  8. adrienne

    adrienne Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    ве молам за помош! останав бремена, а имам само 19 години. со партнерот сме во кратка врска од 3 месеци. он размислува за абортус. јас сум многу против тоа. сеуште им немам кажано на моите дома и незнам како ке реагираат. неговите многу бурно изреагираа и инсистираат на абортус. било какво мислење би ми било од корист.
     
  9. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    здраво адриане пред се прво те поздравувам и ти упатувам огромна подршка во овие моменти на збунетост и страв,подршка која ти е потребна повеќе од се на светот.а сега да се навратам на она за кое ти лично замоли за совет...јас немам големо животно искуство од овој тип па да можам да си дадам за право да те советувам затоа што ни јас не би знаела што би правела во овој случај.најпрво ми се чини дека треба да се довериш на твојата мајка и заедно да разговарате верувај дека таа и твојот татко повеќе ќе ти помогнат од нас тука.немој да се плашиш родителите се секогаш подготвени да им помогнат на своите деца.а родителите на дечкото зошто инсистирааат на абортус???ми се чини дека во почеток немало потреба да им кажувате.кога веќе знаат тие довери им се на твоите родители и верувај во себе.
    јас лично во поглед на прашање абортус,мислењата ми се поделени пола.одговорот го знаеш сама верувај во себе и не се плаши.разговарај со родителите.те поздравуавам :*
     
    На adrienne му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Sarasweet

    Sarasweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    150
    Мислам дека треба да им кажеш прво дома на твоите и да го слушнеш нивното мислење.

    Доколку ја имаш нивната подршка за да го родиш детето и ти помагаат во издржувањето на истото,
    добро размисли дали си доволно зрела за да одгледуваш дете и му пружиш се што му е потребно за нормален раст и развој. ( без татко,бидејќи очигледно е дека тој не сака да се роди тоа дете, ниту неговите па не би имала никаква помош од нивна страна)
    Треба да сте и финансиски стабилни бидејќи реално гледано без пари тешко е да се издржува семејство.

    Друго, мисли и на твојот понатамошен живот, млада си, ќе сакаш да шеташ, да се школуваш можеби, да се омажиш, а веќе ќе бидеш со мало дете во рацете, и не дека нема да имаш време но нема доволно слободно време да имаш за сето ова, а и не секој би те прифатил со дете реално гледано.
    Има и такви кои не им е грижа и такви што ќе се срамат од околината, што ќе кажат другите, мислам таков менталитетот ни е ( иако тука ќе бидат и твоите да ти помагаат).

    За брак мислам дека не треба ни да се трудиш бидејќи и малку време се знаете со дечково, ем веднаш се трга од обврската за детето, а исто и неговите родители се против тоа дете што треба да се роди.
    И да се согласат на брак тој и родителите негови ако ти бидеш упорна да го родиш, мислам дека не би си поминала добро во семејство кадешто се против тебе и детето и ради реда направиле свадба.

    Откако добро ќе размислиш, ако и покрај се го сакаш тоа дете роди го. :) Абортусот е право на избор, а ти си таа која треба да избере дали ќе се роди тоа дете.

    Со среќа, па извести не што ќе одлучиш.
    Поздрав :)
     
    На marama, adrienne и danichap им се допаѓа ова.
  11. adrienne

    adrienne Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    многу ви благодарам за советите. да одговорам на прашањето на стила неговите инсистираат на тоа бидејки само што почнавме со факултет и добро ни тргна и се плашат дека поради бебето нема да може он да го заврши школувањето. сакам да го родам детето али немам храброст да се сооцам со моите. дали според вас е возможно и да продолжам со факултет и да чувам дете??
     
  12. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    А колку години има дечкото?
     
  13. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.871
    Допаѓања:
    31.228
    Пол:
    Женски

    Теоретски е возможно, само што за тоа ќе ти треба огромна поддршка од сите. Инаку, тешко е многу, ако навистина си решила, ќе го завршиш факултетот. На сестра ми многу добра другарка така заврши факултет, со бебе, без ниедна година да пропушти, на време си заврши исто како сестра ми. Само што имаше многу голема помош од нејзините родители и од родителите на сопругот. Баш на твои години остана бремена и се омажи.

    А сигурна си во врска со бебето? Мислам, далеку од тоа дека те терам на абортус, скраја да е, но....како што прочитав само 3 месеци сте заедно. Не е малку прерано од тој аспект да имаш дете со него? Сигурна си во одлуката? :?:
     
  14. adrienne

    adrienne Активен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    не сум сигурна во одлуката. знам дека е премногу рано за да имам дете па плус и со некој кој го знам само три месеци. се надевам дека моите ке ми дадат голема подршка. јас лично сум многу против абортусот. ако абортирам нема да можам да живеам со тоа. сепак се работи за едно невино дете кое не е криво за тоа што неговите не размислувале за последиците.
     
    На bebaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе ти одговорам, факултетот можеш да го завршиш и истовремено да го исчуваш детето само и само :!: со огромна помош и подршка.
    Прво -бебињата во првите неколку месеци и не ни спијат навечер континуирано цела ноќ (мојата на пр. не спиеше до 3 и пол години :tmi: ), се будат за доење, а тебе ќе ти се спие, ќе ти се плаче....додади го тука фактот дека треба барем колку-толку да бидеш наспана за да имаш концентрација да учиш.
    Второ-цел ден си мајка, 24/7...како што ќе ги отвориш очите (и тоа принудно, тебе ќе ти се спие, а ќе те разбуди плачот или гугањето на бебето), цел ден имаш обврска околку бебето, доење, бањање, пресоблекување, успивање кое и те како може да биде заморно.
    Потоа ќе почнат грчевите, па запчиња да растат, па проодување....се` се тоа убави моменти, моменти за паметење, НО и толку напорни (плач поради грчевите, лигавење, нервоза поради запчињата на пр.) некогаш едноставно кога бебето ќе плаче ќе ти се случи и ти да плачеш, така ќе ти се плаче, нема да знаеш како да го смириш, нема да знаеш што му е....ќе сакаш само да заспие и ти да си легнеш.
    А кога ќе учиш :?: ....ќе ти се чини дека немаш време за ништо, посебно во првите неколку месеци.

    Чувството да се биде мајка е незаменливо, но и одговорноста е голема, детето не е кукла со која ќе си поиграш па ќе седнеш да учиш, затоа реков огромна помош, мораш да имаш некој кој ќе биде спремен и способен да ти помогне, некој да те замени.
    Ако си сигурна дека имаш кој да го чува детето (не само градинка), ако си спремна да се жртвуваш и да се посветиш на едно невино мило суштество кое ќе зависи од тебе, ако си спремна да бидеш мајка тогаш ќе успееш, треба само да веруваш во себе и во своите можности.
    Ама дека е лесно да се студира и да се чува дете истовремено, не е...воопшто не е лесно....
    Ако си сама, тогаш тешко ќе ти биде, многу тешко...жал ми е, ама така е.

    Едит...морам да редактирам, намерно не те советувам за тоа што и како да правиш, тоа е индивидуална одлука, не се осмелувам да советувам.
    Мое е само да ти кажам да не ги оставаш и твоите родители неинформирани.
    Јас барем би сакала мојата ќерка, ако не дај Боже се соочува со ваква дилема, да ми каже па заедно да одлучиме.
     
    На Lolo5, Sparks, imelda и 2 други им се допаѓа ова.
  16. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Највише што мразам и се нервирам заради тоа што остануваат бремени па ајде сега свадба ке правиме..
    Аман бе па луѓе сме, грешки се дешаваат.. и не дај боже да ми се деси на мене никогаш нема да го родам!
    Викате грев, па поголем грев ке направам ако го родам и послем ако цел живот се каам што толку млада сум станала мајка.. па знаете колкава одговорност е да се биде мајка?? Или мајка ми да го чува.. никогаш!

    Кога ке биде време тогаш ке родам .. се во свое време, кога ке најдам маж што го сакам и ме сака, кога ке имаме долга врска и ке бидеме сигурни да се венчаме.. па послем неколку години заеднички живот кога ке бидам со работа, финанциски стабилизирана тогаш може!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Каков е тој скок? Од бременост, или абортус или свадба?
    Од каде тоа дека мора бременоста да се закити со свадба?
    Ако се спие на тоа уво, што ќе кажат луѓето, детето се роди вон брак. Свашта, детето може да има нормален живот иако меѓу неговите нема љубов или страст, туку разбирање и почит.
     
  18. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Девојче можам само да ти кажам дека абортусот е многу болна работа посебно ако го сакаш тоа дете. Имам искуство со тоа само што јас морав да абортирам поради здраствени проблеми. Пред да направиш нешто вакво размисли добро. Сега знам дека и сакаш да студираш но можеш и со дете ако сакаш нема да си прва што ќе студира со дете. Разговарај добро со твојот партнер, а исто и со твоите родители. Не е добро на своја глава да направиш нешто такво. Пооз
     
  19. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    ај не се залажувајте за џабе и не ја залажувајте девојката.. нема шанси со дете и на факултет! па 18 години има for god's sake!
    Не се овие шпански серии и американски филмови каде што се може да се постигне.. не е лесна работа да бидеш мајка! убаво е да се биде но се во свое време!
    Дете ке раѓало дете.. Ти уште не си созреана уште си дете самата па мислите дека ке успее да расте дете.. и послем викате за се се имало време!
    Бегај таму живеј си, прво заврши си факултет, најди си работа стабилизирај се па фати си некој што вреди па послем мисли на тоа!
    Болна работа била, а колку болно ке биде кога нема да може да спие, кога ке треба да го чува..

    Никако не би родила на толку мала возраст.. Поголем грев правам така отколку да го родам и да не го исчувам како што треба! Зошто? За послем да викам дека најубавите години јас најдов да правам дете!
     
    На Lolo5, angel92, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Работата биднала и зарем сега да абортира. Ако веќе не сака да ја гледат со стомак нека се запише вонредно или нека стопира некоја година па подоцна нека продолжи. А WomanInRed сигурно не си била на ваков ред и не знаеш како е тоа, а и дај боже да не осетиш ама абортусот е многу болна работа.
     
    На bucka90 му/ѝ се допаѓа ова.