vo potpolnost se soglasuvam so natasa.abortusot e ziva katastrofa.ako saka devojceto mozi da stigi pa i neka pauzira ne e nesto strasno i po godini mozi da zavrsi.voopsto ne e mala kako sto ne bila mala i za drugi raboti.Majcinstvoto e nesto najblagorodno i steta e da si go unistis moj sovet.
Нема да се осмелам да те советувам или да ти намтнувам мислење што да правиш,затоа што тоа си е твој живот и твоја одлука,твое бебе. Адриен ќе ти кажам една сторија за моја колешка од факултет.Останала трудна на 19 год.Никако не сакала да абортира,тие со дечкото си одлучиле да си се земат.Додека можела одела на факултет,по породувањето го ставила 1 година факултетот во мирување.Од наредната год.продолжува на фак.со мене во група (постара е од мене 2 год.)Си оди нормално на фак.си учи,си полага,си оди дома си се грижи за керкичката,секако со голема помош од мажот и,родителите и свекрва и.Дипломираше сега во септември,пред мене која сум БЕЗ дете ни ништо. Среќна,задоволна со 4 год.прекрасна ќеркичка. Размисли МНОГУ убаво што ќе правиш,затоа што одкако ќе го направиш нема каење,сега е моментот кога треба да седнеш со родителите и момчето и да направиш сериозен муабет.ЗАПАМТИ ти си најважна,твојата одлука е последна. Ти посакаувам се најдобро
Пред да советувате 19 годишна девојка да го роди детето, ве молам малку само, еден прст на глава ставете. Знаеме сите дека луѓе со години чекаат дете, се тоа ни е јасно, но ајде да гледаме од друга перспектива. Еве јас како нејзина врсничка - и двете сме прва година на факултет, јас уште немам 19, ќе зборувам. Прво, заедно се само три месеци. Дечкото и неговите веќе си кажале што имале да си кажат, значи таа останува сама со бебе. Во половина свет не е ни полнолетна, нема 21 година, ама ајде. Некако и да успеат да се договорат за брак/заедничко чување, лично сметам дека ќе биде огромна грешка. Очигледно е дека тримесечната врска била повеќе за забава, па фала Богу, најубавите години ни се и ќе си уживаме додека можеме. Друга работа, најглупата што можете да ја кажете, е да паузира од факултет. Да бе да, тоа дете од воздух ќе расте ?! Јадење, сметки, пари за живо?! Знаете колку пари одат на памперс само месечно - минимум 2 000. Или да го повива со пелени, само за да ,,ужива,, во мајчинството. Знаете дека не е мајчинството само гушкање, играње и ранење - ами градење личност бре! Мала ли е таа одговорност, на свои 19 години, кога сам уште не знаеш што со себе, а тек па со бебе. Со факултетот, си ја градиш иднината. Ако останеш само со средно, исто како да си со основно. Абре со факултет борба водат да испливаат и да работат, а не па само со средно. Моја препорака е апсолутно ова ни на крај памет да не ти станува, да паузираш. Инвестирај сама во себе, без разлика што и да одлучиш. Па јас кога го чував цел ден братучед ми од годинка и пол, на крај од денот главата ме фркна, еј. Прво не сакаше да јаде, па се искака, па го фрли далечинското зад троседот, ги истури стопати играчките и јас стопати ги прередив, па кога заспа БРМЧЕШЕ цело време, јас не можев да спијам. Жешко му беше, ладно му беше, цивкаше, стана, јадеше, на крај го окарактеризирав како многу досадно детиште. Јасно, детето не е досадно, си има потреби кои ТИ ќе треба да му ги задоволиш. Тоа да го правам секојдневно, нема теоретски шанси. Еве, најди некое малечко дете, комшиче, братучетче и чувај го еден ден, ќе видиш што зборувам. Нема кафе со другарките, нема излегување навечер, нема гледање филмови кога сакаш, нема фемина, нема време за ништо друго. Ако успееш, те молам кажи ми како, зашто јас одвај излегувам на крај со моево време. Денес двајца вработени над 30 години одвај излегуваат на крај со мало бебе, со работа, со чување и, со општо, целиот хаос во кој живееме, а ти, сама, 19 годишна девојка.... Преголем ризик. Нема ти да страдаш, детето твое ќе страда некој ден заради твоите грешки. (Не зборувам дека ненамерното забременување е твоја грешка, секому може да се случи, мислев на твоите грешки кои би ги донесувала во иднината доколку се одлучиш да го родиш.) И на крај, целата иронија на постот. Мајка ми мене ме родила на 20 години, што значи забременила на 19. Ако ме абортирала како што јас те советувам, сега немаше да постојам. Јас стварно и симнувам капа, завршила и факултет и магистрирала, самохрана мајка.... Но, верувај дека не е така едноставно. Треба многу жртви, за кои, ако не си сигурна дека сакаш да ги дадеш, не е фер детето да ти трпи за леб некој ден. Скептик сум за овие млади мајки, и да ти кажам, реткост е децата да испаднат правилно воспитани и оформени. Јас би абортирала, а ти што и да одлучиш, твое си е.
Јас сум ти генерација, и јас имам 19 години. Некогаш добро е да слушниш што ќе кажат девојчињата на твои години. Значи, си останала бремена - најпрво честито. Иако не е правилен терминот, сепак бременоста е најубавато нешто на свет. Второ, сама си кажа дека си со партнерот 3 месеци и дека е КРАТКО за да си ја знаеш иднината со него. Да беше врската најмалце 6 месеци, можеше да се размислува на друг начин. Трето што ми боди очи е тоа што дечко ти РАЗМИСЛУВА ЗА АБОРТУС... Искрено ако планирал тој со тебе иднина, ќе ти речел ТИ да одлучиш и дека ќе правите како што ТИ ќе одлучиш. Плус нивните ИНСИСТИРААТ за абортус што значи дека не се спремни да ти понудат помош околу бебето. Другарка ми пред неколку месеци абортираше без да знаат нејзините и се си помина во најдобар ред. И нејзините СЕУШТЕ незнаат..Би те советувала да го абортираш. Не си спремна да гледаш дете од проста причина што тебе сигурно сеуште ти се шета и лудува а не дома да седиш и да гледаш дете кога самата си дете а и не си ги проживеала своите соништа. Имаш многу за мислење, не е шала. Се надевам ќе не известиш. Со среќа
како без да знаат нејзините никако каов абортус никако да им кажеш и ти на твоите,и него убавокога знаела да прави знае и да гледа
Абортус. Ако сакате каменувајте ме, ама мој совет е абортус, на свадба воопшто и да не помислуваш, особено што дечкото и неговото семејство се против вашиот брак, па ти и да решиш да го родиш, и они да се смират и да те земат, тој брак нема да трае подолго од 1 година. А таа година ќе ти биде баш пресудна, што се однесува на твојата иднина, во таа година ќе „заработиш“ бракоразводна парница и ќе добиеш една мала невина уста кој чека ти да и пружиш топол дом и леб + бонус ќе неможеш паралелно да студираш, да чуваш бебе и да работиш, што значи ќе останеш и без факултет. А каде ќе најдеш работа само со средно? Па и плата доволно висока за да ги покриеш сите трошоци? На крај краева што е тоа невино бебче виновно што ти и момакот сте си играле „свршување внатре“ да пати целиот свој живот, да не биде прифатено од татко си и од целата таткова фамилија. Се прават грешки, но последиците треба да си ги сносиш ти самата. Затоа седни и поразговарај со родителите, објасни им ја ситуацијата, тоа е-што е, назад нема, види и тие што ќе те посоветуваат. За мажење не ни помислувај 3 месеци се краток период за да го запознаеш дечкото и да знаеш каков е карактерно, но и да е предобар не прифаќањето на твојата бременост говори многу за вашата иднина.
Имам 19, твоја возраст сум. Моето мислење не е многу поразлично од на девојките пред мене. Дечко ти го знаеш 3 месеци, многу мал, ептен мал период за да запознаеш некого, а не пак на свадба да помислуваш. Плус тоа, тој и неговите веќе се одлучиле дека не го сакаат бебето. Можеби ако го задржиш ќе се премислат и ќе ти помагаат, али највероватно дека нема. Тој ако ти е врсник, вероватно е некој тапчо кој врска немал што прави, а се гледа ни дека нема намера да превземе одговорност. Да имал, ќе се понудел за помош, а не да ја свие опашката. Идиот! Значи, гледам ни многу љубов нема меѓу вас, така да, тоа свадбата одма отфрлај ја од опции. За тоа само можам да ти кажам. А дали ќе го задржиш бебето, или не, тоа е сепак твоја одлука. Од една страна можеш да загубиш години на факултет, младост, излегувања, забави, слобода, кои нема да се вратат, но пак од друга страна губиш нешто повеќе - дете На твое место, и јас не би знаела што да правам, не ми се ни помислува на тоа. Затоа, твоја е одлуката, како мислиш дека е најдобро, така направи
Сакам само да ти ја раскажам мојата приказна и да те советувам да си го послушас срцето. Кога имав 21 год останав бремена , дечкоми ме остави кога го дозна тоа и бев оставена сама на себе. Моите незнаеја дека сум бремена а јас сама се осудив да одам да абортирам.Лекарот ми кажа дека не е можно да абортирам заради слабоста на крвта. Помина некој период и јас ги седнав моите родители и разговарав со нив дека сакам да го задржам детето. Не беа задоволни од мојата одлука , но сепак ја прифатија. Да напоменам дека додека бев трудна бев редовен студент и дека си идев на предавања и испити. Поминаа месеците се породив , кога го видов тоа мало ангелче знаев дека сакам да му бидам мајка и се што му е потребно во животот. Моите родители ми беа најголема подршка и ми помогнаа колко можеа. Си го завршив факултетот , сега моментално работам да му овозможам подобар живот на син ми, кој има 4 години. Неможам да кажам дека беше лесно , но сепак тој пат со препреки беше некогаш и претежок , но сладок. Кога ке го погледнам син ми знам дека е дете кое е премногу сакано и не жалам за тоа што го имам направено - што не абортирав. Размисли што сакаш во животот , и послушај си го срцето ....
Пред некој месец се имам изјаснето на темава кога се работеше за Лавли. Јас сум за абортус. Малку се иронични некои претходни совети затоа што прво викаат не се осмелувам да ти кажам што да правиш, а малку подоле своето некажано размислување го поткрепуваат со пример. И уште толку делуваат збунувачки. Можам да претпоставам какви се мисли ти се вртат низ главата. Прва работа што мораш да ја направиш е да им кажеш на твоите. Тие најмалку ти мислат лошо. Каков чекор и да се решиш да превземеш, прво размисли. Ама со фактот во глава дека дечкото и неговите родители нема да го сакаат тоа дете. Ако решиш да го задржиш, размислувај за иднината. Не за денес, утре, или за неколку месеци. Размисли за годините што доаѓаат. Со средно работа со која ќе издржуваш семејство тешко дека ќе најдеш. А цел живот на грб на твоите неможеш да бидеш. Ако се земете со дечкото, бракот нема да ви потрае. Тој уште од сега не сака вакви обврски. Имам примери каде девојката остана трудна на 18, се земаа па сега за сега можам да кажам дека им е добро. Освен што и двајцата се со средно и живеат на грбот на родителите на мажот. Имам пример каде дечкото ја остави девојката кога ја забремени, оваа го роди а тој не сака ни да си го погледне синот. И исто познавам девојка што го абортираше. Се сакаа многу со дечкото, ама не беа спремни. Уште се заедно. Ама ова се примери. Неможеш да се ослониш на нечија животна приказна. Ова си е твој живот, твоја приказна, поразлична од досега кажаните, а слична. Одлуката на крај секако е твоја.
Мое мислење? Не е се црно и бело, има многу случаеви кои можат да ја урнат или потврдат секоја теорија тука. Дали во иднина ќе биде среќна или не, успешна или не, со дете или без-тоа никој не може да го знае...Само не сум за тоа на абортусот да се гледа како на кој знае што, па да се чувствува некаква вина, трауми и сл. Ако некој смета дека не му е дојдено времето за дете, нема услови, можности, едниот ''родител'' е против итн итн...нека си закажи на гинеколог без поголеми филозофии и мудрости, и нека си продолжи со животот...
Јас нема да коментирам околу тоа дали да абортираш или да го задржиш бебето. Тоа е твоја одлука, ако си спремна и сакаш да го гледаш гледај го само убаво размисли на последиците, ако сакаш да абортиташ абортирај, само пак треба уабво да размислиш и на тие послеици. Сакав само да ти кажам ни под разно да не размислуваш за свадба, само си се залажуваш самата себе. Дечкото е со тебе само 3 месеци и не ни ја разгледал опцијата за да го задржиш бебето, а тој да ги прифати обврските. Значи свадба, секако нема да има, другото е твоја и само твоја одлука. На никој друг. Дечкото и неговото семејство веќе се откажаа, останува да им кажеш на твоите под итно и никако да не ги оставаш надвор од оваа ситуација. Нека ти помогнат во одлуката.
незнам кој погоре каза дека не мозе без знаење на родителите имам другарка која пред некое време абортираше, нејзините не дознаа, и сеуште не знаат мое мислње секогаш сум ПРОТИВ абортус, ама сепак ТИ најдобро знаеш седни размисли, разговарај со него, со неговите со твоите оти ако навистина тие се ЗА абортус, тешко дека ке мозеш да го родиш сама и да се гризиш за него САМА знам дека ке ти биде потребна поддршка, па ја имаш мојата
Јас не би се осмелила да ти кажувам што да правиш, тоа си е твој избор и одлука, твое тело, а темава е многу чувствителна. Сепак моето мислење ќе си го кажам... Кога ќе размислам, и кога би се ставила на твое место барем за момент, би избрала абортус. Не толку заради годините (иако и тие имаат голема улога) туку заради тоа што сите знаеме колкава обврска се децата, но тебе ти е потребна голема поддршка и помош, а ти не си сигурна дали ќе ја добиеш. Овие работи не се играчка. Факултет и чување бебе во исто време, да не се лажеме, ама е повеќе од комплицирано. Сепак одлуката е твоја, што и да одлучиш ти посакувам многу среќа!
Девојко, јас би те советувала да разговараш со сите кои се засегнати во ситуацијава, значи најпрвин со дечкото сега кога помило малку време од тие ударни вести и ви се разбистрила главата. Со родителите исто. Ситуацијата сама си ја знаеш, детето е одговорност, огромна и тоа, Лолита преубаво ти објасни какви се почетоците на секоја мајка. Седни убаво и размисли. Што сакаш ти? Доколку си спремна да жртвуваш огромен број на работи да бидеш мајка, да не спиеш од што ќе имаш огромен број на обврски во ред, роди го детето. Доколку мислиш дека тоа ти е огромен залак, дека нема да можеш со тоа да се избориш, одлучи се на опцијата абортус. Никој нема да те осудува. Митра ако те поддржи нема да ти го изгледа детето. Ти ќе мора да го сториш тоа. Петра ако те осуди исто нема да ти го изгледа детето. Само ќе си позборува и ќе замолчи кога ќе излезе некоја понова вест за оговарање. Значи ние не сме тие личности, не сме толку ВАЖНИ за ти да пресечеш и да донесеш одлука што влијае на човечки живот, и тоа не на било кој туку на твое дете. Размисли, разговарај и одлучи. Нас не не слушај.
па и не е толку битно дали личело на водоземец што не е вистна дека личи битно е што премногу лесно се советува за абортус како да е цвеке па ако те мрзи да го вадиш секој ден искорни го.овде станува збор за човечки живот иако е во рана фаза.точно дека нема ние да го гледаме тоа дете туку девојката но вреди ли да го жртвуваш сопственото дете за ти да шеташ и да си ги остваруваш замислените цели успеси итн вреди ли???тогаш многу скапи ти се целите.макар што познавам повеке случаеви кога мајките со бебиња завршуваат факултет итн.па дури и да остане самохрана мајка верувајте дека постојат милион решенија кои се подобри од абортус.а родителите ако не подржуваат на почетокот за кратко враме ке омекнат.ако не во текот на бременоста тогаш сигурно кога ке го видат тоа мало ангелче а дај Боже да се роди
Кои се тие милион решенија кои се подобри од абортус? Ако нема подршка од родителите, и ако нема финасиска подршка и таа и нејзиното дете ке страдаат. Таа неможе да се базира на фактот дека нејзините ке омекнат и дека ке добие на лото затоа што родила дете.
Види Lovely, мојот коментар исто така беше испровоциран од тоа што WomanInRed упорно ги малтретираше сите што мислеа спротивно од нејзе, и даваше неточни толкувања за бременоста и зачнувањето.....Сепак, сметам дека е и те како важно таа да знае дали во стомакот носи „водоземец“ или мало бебе......И секако, сигурна сум дека твојата одлука не се засновала само на дискусијава што се разви по повод твојата ситуација овдека.......На крај краева, се чуствував должна да алармирам дека тоа што се случило не е секојдневна ситуација од која е уште посекојдневно да се решиш без никакви последици, и во следниот момент кога пак ќе се решиш на незаштитен секс со дечко со кој идеш три месеци, и кога пак ќе останеш трудна, (ако претходно се помине во ред) дека нема потреба да се замараш зашто пак ќе си абортираш и готово!!! - ова можеше да се заклучи од постовите во кој беше опишано дека клетката станува водоземец па потоа ембрионален развој!!! Не сметам дека мудрувам без потреба! Се надевам дека и ти после тоа што си го поминала, си научила некои работи
Прочитај ме внимателно и заклучи: дека мојот совет е да не абортира. Тоа досега требаше 5-6 пати да го сфатиш до овој момент. Бремената девојка нема својата одлука да ја донесе врз основа на нашите мислења овде. Само ќе ги разлиста неколку пати досега слушнатите мислења..Реплицирав на мислењето на Спаркс затоа што делумно се однесуваше и на мене. ЈАС одлучувам на кого ќе реплицирам, а не ти. Дај совет ако можеш, не мудрувај без потреба. Сакаш да ти кажам дека не гледам причина да постои коментар како твојот во оваа дискусија? Офтопик е и не кажува ништо за темата, уште помалку и дава некаков совет на девојката. Ако сте се нашле во иста или слична ситуација како бремената девојка и ако ве повредуваат мислењата на одредени девојки овде не ги сфаќајте лично и не трудете се да ја смирите ситуацијата со тоа што ќе изигрувате високоинтелигентни дипломати кои улетале на сред дискусија затоа што го имаат вистинскиот одговор. Би било одлично да се изјасне некоја жена, (а не новопечена девојка) која поминала низ сосема истата ситуација.
Јас несакам да делам совети посебно за вака деликатни прашања затоа мојот одговор сватете го како мој, личен став а не како совет. Јас би одбрала абортус бидејки влегувањето во брак на сила, само затоа што сум останала трудна не носи ништо добро. Значи според мене подобро е да се прекине бременоста отколку тоа дете да живее во нескладен брак, или во мизерни услови во кој ќе го одгледува самохрана мајка. Само немојте да почнете со тоа дека тоа е убиство, или деке е греота итн затоа што е малку лицемерно тоа да се каже бидејки на некој начин секое свршување надвор од утробата на жената, е потенцијално убиство на нешто што можело да биде живо суштество. Ако почнеме пак да се повикуваме а бога ке треба секој сексуален однос да биде со цел за создавање на нов живот а не за задоволување а ниските страсти.
ја за повеке работи мн попуштам,али за вакви што се вистински сериозни не,кога дечкото знаел да го направи ке знае и да гледа и како не им е срам на неговите родители,да не си застанат зад постапките на син им,а што ако некој тоа го напраи на нивната керка,од вакви работи вистина се гадам,како на светот постојат монструми без чуства