Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. leptirce

    leptirce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    55
    Јас сум самохрана мајка и мојот син сега има 4 години. Неможеш да судиш и да кажуваш дали некој ке живее во мизерни услови ако е самохрана мајка. Моите родители ми беа најголема подршка кога го родив син ми , но чисто заради твоја информација син ми никогаш немал мизерен живот нити пак јас. Моите родители го чуваат син ми додека јас работам, а инаку работам во Авганистан. Значи не е живот дали ке имаш пари или не , него пред се треба да се биде човек кој знае што прави од својот живот и знае да го цени тоа што го има. И неможеш да судиш и да кажуваш дали некој ке живее во мизерни услови или ке живее во нескладен брак.
     
    На SV1911, La.Reina.Del.Sur и Ferhunde-87sk им се допаѓа ова.
  2. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Ќе ја споделам мојата приказна. Останав бремена на мои 28 год., со завршен факултет, одлична работа и во брак. Тогашниот мм не сакаше деца, бидејќи сакаше да напредува во кариерата, и мислеше дека бебето ќе го спречува во тоа. Јас се најдов на крстопат, дали да го абортирам и да останам со мм, или да си го задржам бебето и да се разведам од мм. Ја избрав втората опција бидејќи имав голема поддршка од мајка ми и моите другарки.
    Значи без поддршка од дома ( не само морална, туку и финансиска) немој да мислиш дека ќе ти биде лесно. За факултет ќе го заврши ако е упорна, за работа ќе најде, ама на почеток ќе требаат мама и тато.
     
    На UbavkaBube, La.Reina.Del.Sur, Bozica1980 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. dimoska

    dimoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    47
    јас лично мислам дека правилно си одбрала. :D беа негде спомнати и годините ама сепак поддршката од другите и пред се од таткото на бебето е важна ама не во случајот на оваа девојка што го поставила прашањето.јас лично останав бремена на 18 години и тоа два месеци пред да завршам средно ама мојата ситуација беше поинаква јас се уплашив што и како ќе биди пред се како ќе реагира дечкоми ама за среќа кога слушна скокаше од среќа.ама имаше и други услови од страна тој имаше сигурна работа веќе неколку години плус знаше дека ќе ни помагаат и неговите така да за брзо направивме и свадба и добивме ќерка.скоро 5 години сме во брак и се е супер имаме и синче.за жал не се сите такви среќници знам дека можи не требаше да се исповедувам само сакав да кажам што ми се случи мене затоа што беа спомнати и годините на девојката.а за напредување има време знам од сопствено искуство ако ти се учи можиш да учиш ако ти се работи можиш да работиш децата не се никаква пречка.
    слушај вака и јас кога бев колку тебе останав бремена и немој да мислиш дека доколку ти би имала дете во овој момент би била истата ти самото дете те "тера" да се смениш знам дека и јас родив многу млада само мојата ситуација беше сосема различна останав бремена после една година врска плус таткото на детето беше пресрекен кога слушна дека ќе биде татко имаше сигурна работа веке неколку години и плус имавме поддршка од родителите.а годините нема потреба да се споменуваат оти кога ке разгледаш околу има и луге од 30 години кои се сеуште недозреани да одгледаат дете а има родители од неполни 20 години кои се далеки позрели во свакањата и имаат далеку повоспитани деца.најмалку важни се годините. :D а за кафенце со пријателките и излегување навечер никој не ти брани само ако имаш околу тебе разбрани луѓе кои нема да ги фаќа срцето ако ги замолиш да го причуваат малото на неколку часа додека не си дома(мислам на родителите) :D
     
    На Ferhunde-87sk му/ѝ се допаѓа ова.
  4. mona.liza

    mona.liza Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2011
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    47
    Неможам и во никој случај не би ни пробала отсечно да те советувам што да направиш,дали да абортираш или не.Погоре накратко го кажав моето мислење во врска со абортусот(не го одобрувам)како и причините поради кои не го одобрувам.Но повторно пишувам на темава зошто сакам да и ти посочам пример. Мојата пријателка го имаше истиот случај како тебе.Со дечко и беа во врска неколку месеци и таа забремени.Кога му кажа на дечко и овој почна со психичко малтретирање кон неа со цел да го изгуби бебето за на крај отворено да признае дека нема намера да ја ожени и да избега во странство,зошто нему намерата не му била очигледно да биде татко.Ја остави неа сама да се сноѓа со се.Во текот на целата своја бременост па се до сега таа него го нема видено,освен многуте телефонски разговори каде брутално психички ја малтретира.Таа кажа на нејзините,што и ти порано или покасно че го направиш тоа.Секој одстрана гледано ќе каже нема шанси родителите да прифатат да гледат дете кое е само твое.Но верувај ми не е така.Секој родител(секогаш или исклучоци)колку и години да имаш,што и да ти се случи ке те заштити и помогне.Нема да те остават на патот,како што не ја оставија ни мојата пријателка.Животот ќе ти се промени целосно,и ти самата знаеш во кој правец,но кога ќе го видиш своето дете нема да се покаеш ни за миг зошто таа љубов е најголемата кој воопшто си ја почувствувала и единствена таква.

    Би можела уште да ти пишувам но мислам дека ако продолжам индиректно би можела да влиаам на твојата одлука.
     
    На Ferhunde-87sk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.735
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    се се може ако се сака.на другарками мајката има завршено медицински факултет додека имала бебе исто сега и нејзината снаа.на мажот ми мајката додека имала дете мало се запишала на факултет и го завршила сега е наставничка.јас немам дете а се откажав од факултетот кога се вработив :).значи не е пресудно детето за тоа дали ке продолжиш со факултетот.

    многу ми е мило штом така размислуваш дека тоа мало суштество не е криво и дека несакаш да го абортираш.штом така размислуваш тогаш сигурно ке бидеш добра мајка и си многу позрела за годините.и ако мислиш дека нема да можеш да живееш со помислата дека си абортирала тогаш веке знаеш што треба да направиш.само храбро и соочисе со твоите и Господ нека биде со вас. :inlove: :*
     
  6. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    јас сега не дај Боже по некоја случајност да останам бремена нема што да мислам, се знае дека ќе абортирам. има разни приказни нели дали уште зачнато е жив створ или откако ќе се роди, или после не знам колку си време, и да се согласувам дека е еден вид убиство, и може малце себично ама боље некој друг него ја сама да се убијам со тоа што ќе го родам. ќе си го уништам животот целосно. ни факултет да завршам, ни работа асална да си најдам, ни маж, ни брак, ни фамилија ни ништо. детето ќе порасне еден ден и ќе има свој живот. а јас што? цел живот него сум му го посветила и некој фала ќе ми каже?
    има толку многу места што сакам да ги посетам, толку работи што сакам да ги направам, никако не доаѓа предвид бебе на овие години. а тоа дека од абортус постои ризик веќе никогаш повеќе да немам деца, па јас сигурно нема да идам кај некој дивљак без завршен факултет, ќе отидеш на проверено место како ремедика или систина на пример. а на крај краева боља опција и ако не можам ќе си посвојам детенце, отколку сега. нити се чувствувам спремна за такво нешто, нити сакам фала лепо.
    се во свое време.
    а тоа останување трудна па свадба ви е најглупа причина за брак. ја не знам како така се зимаат, кога нити се сакаат, туку ајде од што мора. ништо не мора. ќе си абортираш фино лепо и продужава животот ко ништо да не се случило.
    ехеее колку знам што имале деца па се случуло да забременат кога не се чувствувале спремни за второ, си абортирале, и кога дошло правиот момент за проширување на семејството се случило и тоа.
    и ова анегдотава малце како црн хумор: цел живот абортирала, на крај дознала дека била неротка. :rofl:
    шала на страна, најубаво да не дојде до тоа да мора да се бира абортус или свадба ама ако ете веќе мора секој со своето. ја го кажав мојот став.
     
    На vaga95 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.664
    Ајде бе, поарно некој друг да убијам отколку самата себе, па тоа бебе е дел од вас крај краева. Ама себични луѓе постојат.
    Пред скоро 2 год. мајка ми дозна дека е бремена скоро 3 месеци. Мислеше дека не и’ доаѓа од стрес, бидејќи тој период почина татко и’. Кога дозна, почна да плаче, да вели што ќе каже народот жена на 40 год. со две големи ќерки, енос да има мало бебе. И помисли на абортус. Но, јас и сестра ми и тато ја убедивме да го роди, едно зашто беше ризично да абортира,а друго зашто имаше кој да го чува. Кога јас и сестра ми сме биле мали немале пари за млеко да ни купат, а не пак сега кога сме во многу подобра финансиска ситуација. Се роди бебето во 8миот месец, во Скопје. Тие 2 недели бе најтешки во нашите животи, не знаевме дали ќе остане живо или не, секој ден и’ се јавував на мајка ми да прашам за бебето, но никој не кажуваше ништо. После скоро 2 недели отидовме за Скопје со сестра ми и татко ми, а се вративме со мајка ми и бебето живо и здраво. Сите овие месеци до ден денес, јас и сестра ми најмногу се грижиме за него, си играеме со него, го успиваме, го хранеме, го шетаме, му менеме памперс и се’ што треба. Сум била со него наутро сама, сум му правила јадење, шетала сум го, се’ сама и не ми било тешко. Исто како да е мое дете. Дури и на училиште немам отидено на прв час, зашто тој спиеше, дома немаше никој, не смеев да го оставам сам. Но, класната знаеше, не ми правеше проблеми. Кога некогаш го шетам луѓето ме прашуваат мое ли е, јас им одговарам дека ми е брат, а тие се чудат. Што и да направиш луѓето секако ќе зборуваат и оговараат. Оваа ситуација не е ни малку иста како на девојката која бара совет.А, јас не сум ни малку компетентна да и’ давам совети,само сакам да и’ кажам дека мене не ми беше и не ми е тешко со мало дете кое го гледам како свое, зашто јас заедно со сестра ми сме поминале повеќе време со него, отколку мајка ми, зашто таа оди на работа.
    Најмногу што треба е да имаш подршка од твоите, без разлика на твојата одлука. Јас се надевам дека одлуката што ќе ја донесеш ќе биде најдобра и за тебе и за тоа во тебе.
     
    На kjukli, SV1911, glosipgirl и 21 други им се допаѓа ова.
  8. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Јас лично ако се двоумам меѓу абортус или свадба - значи и дветте не ми одат во прилог во тој момент - бирам бебе и живот без тој партнер.
    Замина тоа време од мажење поради бременост.
    Зошто да си го уништам животот да се мажам со сила за некој кој не сакам?
    И зошто тоа бебе да се роди во таков брак?
    Само знам дека никогаш не би абортирала.

    Старбакс - браво за вашата подршка која сте и` ја дале на мајка ви! :clap: И што многу и помогнувате.
    Имаше еден случај каде напротив, децата и` викаа на мајката да абортира, им било срам од пријателите, и жал ми е за такви родители кои дозволуваат да им влијаат зборовите од незрели, себични тинејџери. :^)
     
    На kjukli, La.Reina.Del.Sur, tinkerbelll и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Lilablau

    Lilablau Активен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    19
    Се шокирав кога ја прочитав темава.
    Кога со некој не сакаш ништо озбилно да имаш, ќе користиш контрацепција, нема да уништуваш животи.
     
  10. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Jaс само од ова што неколку посто жени/девојки го загубиле животот со аборус само од тоа се плашам а инаки од ништо немам против абортусот :?:
    И се сложувам со Lilablau потполно си во право
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Тоа е најжално. Многу девојки не сакаат бебе, а без размислување, без никаква заштита се впуштаат во сексуални односи, тотално неинформирани, па после Миле е крив. :fubar:
     
    На koritsaki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. smajliX

    smajliX Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    29
    А бе се тоа во ред. Ќе си користиш контрацепција, ама ни една контрацепција не гарантира 100% сигурност дека нема да забремениш. Нема да давам совети на никого зошто секој си знае како и дали може да се носи со тоа, дали има подршка од родителите, парнерот.
    Ако сега останам бремена знам дека нема да го родам. Имам 5 години врска и 21 година. На пола сум со факултетот, а и дечко ми студира. Што би му понудила на тоа дете? Невработена сум, не дека од дома така би ме оставиле, ама цел живот да бидам на туѓ терет? Не фала, како прво тоа дете од мене нема никакво воспитување да добие. Мене паметот ми е уште во тоа што да облечам, каде да одам вечер.... Вака треба да го нишкам бебето, пелени да менувам да го чекам маж ми да се врати дома кога е излезен. Не ми се ни паметот ни годините за такво нешто.
    Кажувам што конкретно би правела јас во таква ситуација, некој можеби ќе може да се носи со тоа, некој можеби не може ни да помисли на абортус. Дефинитивно за ова одговор не се бара на форум.
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.
  13. didush

    didush Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2012
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    294
    Пол:
    Женски
    Sestrata na mojot bivshi ostana bremena na 20 godini reshi da abortira i go napravi toa....posle toa zavrshi fakultet se iznasheta se vraboti i ete pak e so istiot i se im e top i ke si imaat detence...ne mora da brzas sepak razmisli ubavo sto ke pravis so tvojot zivot
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Јас би одбрала бебе и живот без партнер ;)
     
    На glosipgirl и Serafima им се допаѓа ова.
  15. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    ако нешто најмногу ме иритира е тоа ....СТОП ЗА АБОРТУСОТ ........МА НЕМОООООООООООЈ
    па постојат милион причини кога некоја девојка или пар не се спремни за дете , па ало бре 21 век сме не е само да го истресеш од тебе и после што ....да нема што да јаде , мајката 18 години зелена и милион други ситуации кога детето нема да има добри услови за живот и после растурено семејство деца со пороци(не дека само тоа е причината за пороци некој грешка да не ме свати) и ред други работи ...мислам алоооооооо неможе ако се случи некоја на 19 години да остане бремена да го роди а не е спремна за тоа ...да си го упропасти животот мислам глупост невидена !!!!!!!!!!!!!!!!
    околу последиците од абортус -
    дали знаете дека во денешно време секоја 3 та жена имала еден спонтан абортус , еве сака да го заджи детето во брак е се е во ред и се случува нешто несакано и ...киретажа т.е абортус и ..после си рага најнормално и се е ок , ама нели кога е некоја немажена и ке АБОРТИРА тоа е wowwwwwwww !!!
    кога еднаш ке почнеме да размислуваме како луге кои живеат во 21 век дека не е се така едноставо само да се мажиш само дете да родиш и слично
     
  16. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски


    Мила моја ... Никој не може да ти каже што да правиш, ни јас ни никоја друга која се наогѓа моментално на овој форум овдека. Верувај ми ниту твоите родители, направи го она што мислиш дека е правилно, само размисли убаво за последиците ...
     
  17. sweetgirz

    sweetgirz Активен член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    5
    bez razlika..nemoj da abortiras..toa e najloso :( nekad ke ja pocuvstvuvas greskata.
     
  18. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Види вака. Немој да абортираш. Има цел живот да се каеш и тоа многу и сето тоа може да доведе и до други психички проблеми. Тој можеби бил проблематичен додека сте биле во врска, но кога дознал дека си бремена размислувањата му се смениле. Знам еден пример од моја втора братучедка која замисли во втора година забремени од еден дечко кој ја имаше мачено, тепано и до полиција стигнаа. Е арно ама таа не абортираше, се зеде со него и сега имаат прекрасно синче само да видиш колку е слатко, а таа вонредно си го заврши средното образование и сега си имаат своја такси фирма и убав им е животот повеќе нема проблеми и односите им се сменија од кога се роди синчето. Ама види сега, во твојата ситуација немора да значи дека ќе биде така сепак ти најдобро си ја знаеш ситуацијата. Ако мислиш дека од кога ќе се роди бебето тој ќе се смени земи се со него. А и крај краева затоа постои развод , но ако се разведуваш со време разведи се оти после и детето ќе си трпи. Но, ако сметаш дека тој ќе остане ист тогаш одлучи да си го чуваш детето сама, а и секогаш ќе се најде некој кој ќе те сака со тоа прекрасно детенце, верувај. После дождот иде сонце и запомти го ова дека позади облаците се крие сонце :*
    Среќно, се надевам дека се ќе се заврши добро. Само оптимизам и не грижи се се ќе се среди :hai:
     
  19. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    такви совети “земете се, роди го, па ако не ти чини ќе се разведете..“ ама баш немаат логика...не дека сум за абортусот, бидејќи тој си има свои контаиндикациии- но барем ќе и биде тешко некое време, млада е ќе заборави...
    а ако го роди и после биде бетер...не само што таа ќе страда ќе страда и таа невина душа што ќе дојде на свет- цело време во кавги, па разводи....
    и јас се имам најдено во ситуација кога размислував за абортус бидејќи бев само 20...но не го абортирав и сега имам прекрасно детенце што го сакам најмногу на свет...но греота е да кажам дека работите ќе беа многу поедноставни ако го сторев тоа...
    а вака сега сум пред развод, таткото откако се земавме почна да ме малтретира, таму каде што отидов жив пекол проблкеми еден куп...
    сега науката е современа, интервенцијата се изведува со вакуум и строго стерилни услови ( но сепак има ризик од компликации, да не се лажеме)
    а доколку се ожени од зорт таа нема да биде среќна во тој брак, ќе и биде тешко дури и дечкото да се промени....
    сепак има причина зошто му раскинала?!?
     
    На Lacrimosa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Проблемот на девојката беше лани. Си донесе одлука девојчето.

    Фино е тоа што пак се дискутира на темава, се делат совети и мислења кои некому би му помогнале, ама мислам дека требаше да видите дека се работи за пост стар една година. :)
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.