Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    ^^^Истото ќе го пишував.


    Аха, и не кажувајте ве молам приказни како некои се земале млади заради детето, и сега имаат убав животот , бла бла и среќно си живееја. Некому може да не му биде убав животот после тоа, секој си е прича за себе.
    Ќе ве видам вас дали би се земале со некој што ве изневерувал, само заради нероденото бебе.
    Тоа ти е свесно претварање на животот во пекол.
     
  2. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.552
    Пол:
    Женски
    Не е најлошо да абортираш,најлошо е да родиш дете кое немаш улови да го излгедаш и исчуваш како што треба и да му пружиш се што е потребно.И да, вистина е дека парите не ја прават среката но кога тоа дете заплаче зашто се исмочкало а ти немаш пари за пелени или ке побара храна а ти немаш пари за леб е тек тогаш и тоа како се битни финансиите а факт е дека мајка ти и татко нема да бидат вечно тука па да можеш цел живот да се ослонуваш на тоа мама и тато ке ми помагаат.Не за џабе од дома не форсираат да учиме да се трудиме да се надградуваме за да коа ке ги нема нив да можеме сами да се оспособиме за живот а не цел живот да чекаме тато да носи а мама да меси.Не викам не, може на некој ке му се насмевне среката па и да не работи, неговиот партнер ке има доволно финансии за егзистенција и за двајцата па и за децата што ке дојдат но тоа се ретки случаеви , а и денес како што ништо не е сигурно може денес имал па утре недај боже ке нема и што ке биде тогаш работата-абе како сеа немаш пари за леб па коа те земав спиеше на кеш си мислев покрај тебе животот ми е решен немора да се замарам со ништо а сеа вака праиш ми викаш си останал без работа ?? И како би ти било тебе кога тоа дете ке посака да оди на одмор затоа што сите негови другарчиња одат негде или и да не е одмор ке посака некоја најбанална работа како сладолед од 50 ден а ти му кажеш нема јади од 10ден зарем не е тоа нефер, па што се другите деца поише од твоето да имаат се а твоето да се задоволи со малку само затоа што мајка му била против абортус по секоја цена ?? И крај краева какви се тие религиски погледи кои викаат дека е грев да абортираш м? А не е грев да го мачиш така ? Не е грев да живее во нездрава заедница каде неговите не се зааедно од љубов туку зошто мораат? И не, абортусот не е убиство да било така ке бил забранет со закон а јас колку што знам тој не е забранет барем во определен период (првиоте 2 или 3 месеци).И смеетам дека многу е нехумано на некој кој е пред таква животна дилема да му се кажува дека ке утепа човек и со каква совест ке живее после тоа . На негова совест е некој полесно некој потешко проага преку тоа но пак ке кажам НА НЕГО е .Додека не се најдеш пред таков крстопат во животот лесно е да кажуваш како никад не би напраил такво нешто како боље ке го родиш и ке живееш сама одколку да го абортираш ама коа ке ти дојде јајцето под гз многу подруго ке размислуваш поготово ако пред се ти самиот не си подготвен да бидеш родител.
    И за крај немам некој посебен цврст став ЗА или ПРОТИВ абортус бидејки на крај се се сведува на тоа индивидуата што се наога пред такво прашање како се чувствува.Но,исто така не сум ни за абортус како средство на контрацепција каде знаејки дека што и да се деси има решение па не водиш грижа за себе и своето тело и правиш не промислени работи.Но, дефинитивно сум ЗА абортус ако ти длабоко во себе знаеш и осекаш дека не си подготвен за родителство без оглед дали станува збор за емотивна финансиска или било каква неподготвеност.
    Лолита ова не се однесува на проблемот на девојчето што ја отвори темата него на дискусијата што се разви во поглед на различните мислења во врска со За и Против абортус во дадената ситуација.
     
    На fighter и eva11 им се допаѓа ова.
  3. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    уште моево мозоче не може да свати , како лугево мислат дека ако се земат ради бременост со тек на време се ке се среди и ке си живеат срекно !!!!!!!!!!!!!!!!!! ало па бракот не е за еден ден , детето е одговорност , бара лјубов внимание и ПАРИ !! не дека мора сите да бидеме милионери за да имаме деца ама доволно е да се биде дораснат и со некоја иднина и се разбира да има љубов мегу родителите
     
  4. kixxy93

    kixxy93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2012
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Ваш совет...

    Имам 19 год. и сум бремена. Дечко ми е многу среќен за тоа и сака да се земеме, моите ме подржуваат во тоа , но ипак мајка ми многу пати ми вика да абортирам, бидејќи сум сеуште млада и одам на факултет да не си го упропастам животот волку рано. А јас го сакам дечкото, го сакам и детево но сепак сеуште се двоумам.. :worried: Ќе може ли совет, што би направиле вие во ваква ситуација и што би ме советувале.. :*
     
  5. stoilovat

    stoilovat Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2013
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    9
    Ваш совет...

    Мое мислење...
    Да сум ја на твое место би го родила детето ако ме подржува дечкото и ако се земеме ДА...
    значи господ ти дал шанса за дете а ти де не ја искористиш не бива...некои плачат и молат за дете со госини..и плу имам слусната ако абортирас се случи некоја грешка не те исчистат добро после меожеби и ќе немаш шанса за да останиш бремена...Мој Совет..:) Тоа е нешто најмило од бога..:)
     
  6. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Искрено, не сакам да сум ти во кожа. Прво зашто премногу си млада за бременост (па добро бе, кај ви беше паметот, у кој век живеете???) и можеш уште многу да искусиш бидејќи според мене сеуште си НЕЗРЕЛА а второ зашто сум против абортусот. Во моментов и би ти честитала и би ти изразила сочуство.Одлуката е твоја. Сега што ќе одлучиш цел живот ќе ти зависи. Со среќа.
     
  7. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Уф, се изначитав.
    Гледам повеќе сте за абортус. Ретко кој е да се задржи бебето (и најчесто е напаѓан за ова мислење)
    Така да на своја одговорност си земам да икоментирам иако знам дека ќе има многу кои ќе го критикуваат тоа што ќе го кажам.
    Пред се јас сум против абортус. Јас лично никогаш не би направила такво нешто.
    Но и идејата да се омажаш затоа што си трудна ми е апсурдна.
    Освен ако не сте планирале заеднички живот предходно. Ако не се сакате, ако немате поччит еден кон друг, ако не планирате да бидете заедно понатаму, ако не сте среќни во врската мое мислење е дека не треба да се мажите/жените. Подобро да живеете сами со дете отколку во лош брак (подобро за вас и за бебето)
    Веќе имам кажано дека мајка ми не родила млада и сите тројца (со брат ми останала трудна на 16, а го родила на 17). Бракот и беше беше лош, и имаше влијание врз сите нас. Затоа ми е мило што се разведе. Беше и уште е одличен (самохран) родител и ниту еднаш не спомала дека жали што родила било кој од нас. Татко ми воопшто не бил дел од нашето воспитување (па и од нашите животи) и јас воопшто немам проблем со тоа. Ја сакам мајка ми затоа што одлучила да раѓа млада, затоа што се одлучила да се разведе...за сите одлку кои ги направила во животот во врска со нас се гордеам со неа.
    Денес да си самохран родител е вообичено така да...
    Прочитав прашање, дали ќе може девојката да заврши фах со бебе. Јас сум сега трудна (и на постдипломслки) и си викам дека требаше да останам трудна додека бев на фах.
    Ем ќе учев ем ќе го гледав бебето. (Со подршка од моите и од дечко ми, кој сега ми е маж)
    Ова затоа што размислувам вака: Организација!!! Ќе имав кој да ми го причува додека одев на предавање ( а и не морав да одам) и можам да учам додека бебето спие. Таман ќе завршев фах бебето ќе беше доволно големо и јас ќе можев одма да барам работа. Сега вака, трудна, не одам на фах често, по дома сум, испуштив 2 одлични огласи за работа затоа што сум трудна (иако аплицирав, кој сака да вработи бремена жена која после некој месец ќе оди на породилно?)
    Исто она што ме бодеше во очи додека читав е тоа што никој не спомна трета опција.
    Се извинувам ако сум утнала некој некаде да има спомнатао
    Да се даде детето на посвојување. Според мене ако мајката не го сака бебето или не може да го чува треба да ја рагледа и оваа опција.
    Што знам... можеби затоа што знам дека абортусот е тешка одлука и многу се каат за тоа после тоа, посвојување ми излгеда како помало од двете зла.
     
    На butterfly.mk, glosipgirl, bebaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. glosipgirl

    glosipgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    426
    Многу ме интересира што се случи? Како се реши случајот? :?:
     
  9. TheEkaterina

    TheEkaterina Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2013
    Пораки:
    345
    Допаѓања:
    337

    Не се согласувам со првото... абортусот е измизлен со причина. Имам другарка која остана бремена на 16 години што требаше да прави жити се? Дечкото ко дечко од 16 години копиљ .. мислиш дека тој или таа ќе можеа да го гледаат детето? Тие деца ќе гледаат дете не верувам баш во тоа... девојчето си абортира помина низ патешествие.. ама па сеа е среќна и во брак и си има две деца нормално со друг маж а не со детето од 16 години. Јас сум за абортус доколку мора да се направи доколку си дете и си направил грешка, доколку си мајка која има 4 деца и не сакаш веќе деца, доколку финансиски не можете да гледате веќе деца а имате 2-3..

    Идејата да се омажиш бидејќи си трудна и мене ми е апсурда.. иако денес сите влегуваат во брак затоа што се бремени. Кога на свадба ќе видам бремена невеста ми се повраќа. Не мора да значи ама испаѓа како само заради детето да се земаат. На мажот ми прва брачеда се зеде со мажот само заради тоа што беше бремена т.е. таа намерно остана бремена.... и што се случува денес? Го имаат само тоа едно дете таа седи дома го чува а тој тера швалерај низ градот со кого стигна.

    Денес да си самохран родител е ужасно тешко! Вообичаено е во Америките кај нас има такви случаеви ама не толку многу... тетка ми е самохрана мајка.... го роди првото дете остана бремена со второто и мажот и почина... цел живот мака мачи да ги изгледа тие две деца да им обезбеди храна и школување. Работи по три работи за да врзи крај со крај. Јас земам болничко а мажот ми работи и одвај фаќаме крај со крај... тешки времиња се не е како порано.

    За тоа дека ќе си учела и дека дете ќе си гледала.. сигурно! Немаш дете па не знаеш како е... постојано ќе си околу него и постојано ќе се моташ околу него не ќе имаш време да се искапиш, да исчистиш, ручек да направиш ако нема некој да ти го причува детето. До 6 недели има грчеви, таман ќе поминат ќе почне да разбира и нема да ти спие по цел ден.. таман ќе го доведиш во ред ќе почнат запчиња да му растат, таман ќе излезат запчињата ќе почне да седнува, да лази.. па паднало итн итн...

    Не е лесно да имаш дете ако си сам и немаш помош од никого...

    kixxy93, искрено.. мајка ти не сака да родиш.. нема врска дека мора да одиш на факултет и дека си многу млада денес ретко кој го работи она за кое завршил факултет.. таа на колку родила прашај ја? На 18, 19 или 20? Покасно да родила нема шанси освен ако не учела медицина.... значи да продолжам, мајка ти не сака да родиш од ХХХХ причини.. или не го сака дечко ти, или не му ја сака фамилијата, или немаат пари за свадба... мајка ми само што се породив ме тераше да останам бремена со второ.. нема мајка на светот која не го сака првото внуче од своето дете.
    Затоа ти викам дека мајка ти не сака да родиш од горе наведените причини...
     
  10. nene88

    nene88 Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2012
    Пораки:
    448
    Допаѓања:
    502
    Пол:
    Женски
    Темава ја одминував одамна, ама денес читајќи ја решив да пишам мислење.
    Според мене не е важно дали сакате да го родите детето само поради тоа што сте против абортус, или затоа што дечкото ве тера, или затоа што родителите ве тераат, или само заради тоа што сакате дете.
    Најпрво што треба да се запрашате е дали сакате остатокот од животот да го поминете со тој човек и дали го гледате како татко на сите ваши деца. Потоа треба да се запрашате дали можете да му овозможите на тоа дете среќна средина и основни услови за растење. Ако одговорите на сите 3 се ДА, тогаш закажувајте свадба.
    Ако барем едно е не, тогаш разгледајте ги сите останати опции. Во денешно време, со напредна медицина, нема од што да се плашите.
     
  11. Vanilaukus

    Vanilaukus Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Абортус

    Здраво девојки јас се зачленив само да прашам нешто што ми е многу итно.
    Имам 18 години и сум бремена.
    Дечко ми сврши во мене еднаш и испив апче Норлево и по еден месец пак ми го направи истото и јас пак испив апче. Многу му се налутив за тоа и ми беше страв да не ми го направи пак. Знам колку се опасни тие апчиња и знам дека не треба да се пијат на разлика минимум 6 месеци. Но тој пак ми сврши и сега сум бремена. Баш сега јас решавав да му се скарам оти најдов поубави работи од ваа грда врска. Со него сум од многу мала и немам друг видено. У последно време почнав да испаѓам и да се дружам оти тој е на работа и видов дека има живот надвор од оваа врска. Тој намерно ми го прави воа пошо сакал да има дете со мене (а и тој не е многу возрасен,има 20 години и работи како келнер во кафич). Мисли дека не го сакам и дека ќе сум му се скарала и затоа ми го прави воа. Јас незнам дали го сакам ама морам да бидам со него додека не одлучам шо да правам пошо ако абортирам тој е единствениот шо ќе ми ги даде парите пошо дома не планирам да кажувам. Мајка ми е слаба со притисоко и нејкам да и правам проблеми знам дека многу ќе ја допре оваа страшна вест.
    Несакам да кажам дома за тоа дека сум бремена а сакам да абортирам...изгледа. Ме плаши фактот дека воа ми е прва бременост и може да немам деца ако сега абортирам. Ќе може ли некој да ми каже дали шансите се 50-50 пошо нејкам да немам деца во живото. На почетокот бев решена 100 % да абортирам ама сега како да се двоумам поради ризиците. Не сум од Скопје ама сакам да абортирам во Скопје пошо тука нема добри лекари и сите ќе ме дознаат. Сакам да абортирам ако абортирам во Систина.
    има ли некој шо ќе ми даде совет и ве молам не ми судете само кажете ми шо да правам...не сум спремна за дете посебно не со него. јас сум уште дете шо се вика. а и да го родам немаме услови. ја со средно дома ќе седам а и он со средно ќе живееме од работата негова во кафич. планирав да завршам факултет тоа ми најголема желба и по се изгледа сакам да одам на медицина. јас сум пристојно девојче и не сакам животот да ми заврши тука само оти тој сакал да биде со мене и да ми го расипе цел живот а воедно и си го расипува својот пошо тој уште мисли дека можеме да го гледаме А НЕ МОЖЕМЕ !!!!!!!! немаме услови...нема шанси !
    ама па прва бременост ми е и ми е страв да не неможам да имам деца после воа...
    ве молам помогнете ми !
     
  12. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Абортус

    Овде некој се мајтапи
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Абортус

    Душо, нема опасност за понатамошни бремености и немање деца по абортус ако тој е изведуван како што треба и нели нормално не се прави 5пати. Со време реагирај да не треба ко со апчињава да го бомбардираш организмот. Јас не те осудувам и мислам дека на место ти е одлуката абортираш, али секако тоа твое си е. Никој од нас нема право да ти се меша. Не знам ни зошто ти се нафрлиле другиве феминки. Како и да е мислам дка треба и да му раскинеш на тој шупакот. И да не знаеш друго на страна, ќе научиш. Овоој неговиов безобразлук не е во ред.
    Кога подобро ке размислиш јасно е дека ако сега те присилува за дете кое си свесна дека не го сакаш, кој знае на што се нема да те присилува во заедничкиот живот. Ете си сакала да одиш на факултет,а со дечко со само средно и ваков ретардиран начин на размислување не знам кај би стигнала. Ако имаш амбиции, спаси си се додека можеш. Ти посакувам се најдобро.
     
    На Trxmx, Vanilaukus и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  14. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Абортус

    Душо, нема опасност за понатамошни бремености и немање деца по абортус ако тој е изведуван како што треба.... тоа е тоа ако тој је изведуван како што треба |( а ако нее Madam што тогаш ?? :?:
     
  15. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Абортус

    Епа и слепо црево ако ти вадат и повредат нешто што не треба од репродуктивиот систем ќе има последици. Така и за ова, ако е неправилно изведуван може да дојде до несакани последици, но во здраствени установи кои ги почитуваат сите мерки на работа нема опасност. Впрочем колку е бременоста во порана фаза, толку процедурата е полесна за изведување.
     
    На midnight.flower, tessie и bubamara12345 им се допаѓа ова.
  16. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Абортус

    не сум знаела добро :) фала на одговор
     
    На SimonaTino му/ѝ се допаѓа ова.
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Абортус

    Дали абортусот ќе остави последици или не, зависи од многу фактори, комплексно и индивидуално е за да може со сигурност да се тврди „универзална магична формула“. Не само тоа што докторот треба да биде професионален и опремата модерна, не само што жената треба многу добро да си го познава сопственото тело и здравје пред да се реши на таков чекор (а искрено ретко од нас кој се осмелува да прави толку прегледи од чиста превентива и голем дел одиме на лекар кога е зорт веќе) а лекарот целосно запознаен со генералната состојба на жената за да знае како да пристапи.

    Постојат и други фактори, неочекувани ситуации, па и форса мајор факторот. За среќа, денес медицината а и самата процедура е многу посовремена, значително помалку опасна по здравјето, па постојат големи шанси и се` да биде како што треба. Доколку е прва бременост во прашање, некои велат, ризиците може да бидат поголеми, но познавам колешка која како млада абортираше, па сега не едно, три здрави и прави ги има, а и таа со нив (да чукнам во дрво, нека се живи и здрави).
     
    На Glasna и Vanilaukus им се допаѓа ова.
  18. bubamara12345

    bubamara12345 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    610
    Абортус

    драго девојче, еднаш два пати ти свршувал тој дебилот, апче си пиела после тоа ....па кај му бил умот нему говедо ти ис му кажала нему дека несакаш дете, и да не си му кажала тоа би трребало да го свати со самата твоја постапка со апчињата за ден потоа, извини вака ама за мене тоа не нормален човек.....а ти размисли убаво, ако несакаш да бидеш со тој човек, немора д абидеш па и по цена што ете си бремена...ако не го сакаш и ако решиш да го родиш детето и со тоа мораш да се омажиш за него е тогаш може уште полошо да биде затоа што ти не си сигурна дека тоа е човекот на твојот живот и не си сигурна дали имаш убава иднина со него...мој совет е да абортираш и да си го средиш животот....млада си многу немој една грешка и да си го упропастиш животот за еден нечовек како тој.....ако го сакаш тоа бебенце кое не е виновно за ништо тогаш родиго.....ама за тој дечкоти се најлошо мислам, зс е тотален морон и идиот..............ми се гади од такви свињи....извини ми на изразиве али тој не заслужува подобар збор.....драга само храбро верувам во тебе дека исправноке си одлучиш сама-твој живот е тоа
     
    На Vanilaukus му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Абортус

    Нема проблем. За тоа сме тука :) Да си се надополнуваме ;)
     
  20. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Абортус


    Жалосна зошто ја нападна така девојката :^) Па побогу возрасни жени и мајки сте , немате ли некое чуство за емпатија спрема помладо девојче кое е на мака или сакате на форум да си дигате его со изгравање светица ..
    Не знам дали е трол или не , но што има врска пристојноста со искуството со норлево таблети .. Впрочем тие се на пазарот неколку години , па вие кога сте биле на нејзина возраст не ни постоеле ..
    Ако некој не сака да има дете и се случило некој инцидент тогаш милион пати подобро е да се напие таблета за итна контрацепција отколку да прави абортус .Само треба да се знае дека не се играчка и не можат да се пијат секој месец. Не знам каде најдовте мерка за пристојност во таблети за итна контрацепција |(

    Тука ќе и замерам на девојката кога увидела дека дечкото е неодговорен што не се припазила , ако си тера по свое боље раскини му .Човек сам треба да си биде одговорен за своето здравје .Ама нели после битката сите генерали се паметни ..

    Се случило што се случило не можам да ти кажам што да правиш, бидејки си е твоја одлука .. Размисли си убаво ,консултирај се со лекар , оди на преглед што побрзо тие најдобро ќе ти кажат што и како за абортусот а ние овде ќе вртиме рекла казала муабети .. А од километар се гледа дека дечкото не те заслужува. Јас да сум на твое место би кажала на родителите , бидејки ќе ти треба многу подршка .
     
    На 1209, a.c.k.a, Madam-A и 8 други им се допаѓа ова.