Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.100 глас(а)
    70,4%
  2. Не, никако

    463 глас(а)
    29,6%
  1. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Како и секој ден, разгледувам по странициве што има... Начекав една реклама против абортусот, со линк за страница со безброј статии, видеа, писма и сведоштва колку абортуса биле изведени во измината година во Македонија. Во повеќето реченици, зборот абортус го означуваше терминот 'спонтан абортус', а онаа хируршка процедура која е изведена од стручно медицинско лице ја нарекуваат чедоморство. Има статии за тоа како од медицински, верски и лични причини не е оправдан абортусот, се осудуваат жените кои го направиле тоа и ги набедуваат на покајување затоа што Господ простува само на оние кои искрено се каат. Има и коментари на жени кои во некој момент од животот се одлучиле да абортираат, а сега после години се каат за тоа и посакуваат никогаш да не го направеле истото; и коментари на мајки кои велат дека никогаш не ни помислиле на таков потфат, со што денес би немале едно од децата кои ги донеле на светов.

    Јас искрено имам интерес во многу полиња, и со внимание прочитав голем дел од сето ова, пробувајќи да се најдам на местото на тие жени кои се каат за својот погрешен избор. Со моите неполни 20 години, сеуште не можам да се замислам во позиција на мајка, па затоа ја погледнав целата работа од очите на едно дете, ситуација во која сум целиот мој живот.

    За моја среќа, родена сум од родители кои имаат среќен брак и барем до сега можеле да ми овозможат прилично добар живот. Ме воспитале правилно, ме научиле на добро и лошо, и иако не сум добила се што сум посакала (материјално гледано) до сега имам прекрасен живот. Се надевам дека еден ден ќе можам истото да го овозможам и за моите деца. Но, што ако не било така? Мојата мајка ме родила на 22 години, кога веќе била венчана со татко ми, кој тогаш имал 30 години. Што ако мајка ми била сеуште дете, да речеме како што сум сега јас на 19 години, и јас сум била "дете на љубовта", како што се вели... Што ако татко ми бил студент далеку од дипломирање... Што ако јас не сум била дел од планот? Ќе речете на денешно време барем децава се образовани на темава, знаат како да се заштитат; па и јас лично практикувам безбеден секс со дечко со кого сум веќе со години... Ама се случуваат незгоди, па и на мене ми се случило да пукне кондомот повеќе од еднаш. Замислувам ситуација за мојата мајка која било кога може да ми се случи и на мене. Што тогаш ? ? ?

    Сеуште сметам дека зрело не можам да размислувам како мајка, па затоа ќе размислувам како дете. Ако јас сум требала да растам во семејство каде што и храната би била проблем да се постави на маса, а да не зборуваме за сите други луксузи што јас ги имам во животот, само затоа што моите родители МОРАЛЕ да ме донесат на светов кога не биле подготвени на тоа, па подобро воопшто и да не сум била родена. Некои од вас може ќе речат дека можело детето да се даде на посвојување, па да, и тоа е опција... Ама во оваа држава дали едно на 10 деца завршува во стабилна фамилија наместо во сиропиталиште... Јас пак велам, па подобро и да не сум била родена...
    Може ќе ми замерите за ова, но за себе сум си поставила правило: на овој свет нема да донесам дете за кое ќе бидам одговорна додека не сум добро подготвена за тоа, па тоа и да значи уште утре да решам да одам на абортус и поради компликации да се случи и да не можам после тоа никогаш да родам. ЌЕ БИДАМ ПРВО ЛИЧНОСТ ДОСТОЈНА ЗА СЕБЕ ПРЕД ДА БИДАМ НЕЧИЈА СОПРУГА И МАЈКА !!! И иако никогаш не би сакала навистина да го доживеам моментот кога ова правило би морала да го пренесам во пракса, знам дека доколку тоа навистина ми се случи, тој е мојот избор и ќе живеам со тоа, без каење и без 'што би било кад би било'...

    Никогаш не сум имала ништо против жените кои велат дека абортусот е убиство, кои велат дека каков и да е нивниот живот од се би се откажале за животот на своето дете... Сеуште не сум мајка, и можеби грешам, ама како ќе се чувствувате ако тоа дете нема живот каков што посакува и еден ден рече "Зашто сте ме родиле?"... Знам дека секоја мајка го сака најдоброто за своето дете, ама ако не може да му го овозможи повторно ќе се обвинува себеси...

    Пред околу една година, на улица Македонија имаше петиција "Дали сте ЗА или ПРОТИВ абортусот?". Јас се потпишав ЗА.
    Што мислите вие?
     
    На Lolo5, solomun95, Sunchineforever и 7 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.508
    Допаѓања:
    37.774
    I jas isto se potpisav za abortusot. Mislam deka sekoja zena treba da ima pravo na izbor
     
    На Lolo5 и srni4kaaa им се допаѓа ова.
  3. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    188
    NIKOGAS nema da bidam za abortus,treba da se obrne vnimanie na KONTRACEPCIJA koj vek sme,ako nesaka da raga ima metodi razni na zastita,toa e UBISTVO,isto e kako da ubiete a neodite vo zatvor,,,,,,,,,,luge placat za deca a nekoj gi frla,,,,,,jas sum akuser,majka sum prisustvuvala sum gledala i NIKOGAS AMA NIKOGAS nema da bidam ZA
     
    На Teja26, Βικτωρία, meckicka и 8 други им се допаѓа ова.
  4. soledad

    soledad Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    198
    da no sepak mislam zenata ima pravo na svoj izbor ako ne se cuvstvuva sposobna da gleda dete zosto togas toa da se maci uste od samiot pocetok da bide osudeno na maki... da se obrne vnimanie na kontracepcija no mnogu zeni i ne se educirani vo toj pogled pa i mladi devojki a i se slucuva i pokraj kontracepcijata da se ostane bremena...jas ne sum majka i zdravje boze sakam da bidam eden den da se odnesuva na mene jas ne bi izvrsila abortus nikogas no kako velat nikogas ne veli nikogas ne znaes sto ti nosi zivotot............ go podrzuvam abortusot kako pravo na izbor za sekoja zena
     
    На Lolo5 и srni4kaaa им се допаѓа ова.
  5. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Е токму на ова мислев...
    Оваа девојка не смета дека абортусот е правилен избор за неа, меѓутоа не би го забранила истото за останатите.

    Абортусот како право на избор на секоја жена дозволува секоја од нас сама да одлучи што е најдобро... Доколку абортусот остане како избор во оваа држава, сите оние кои не сакаат да абортираат сеуште ќе го имаат истото мислење и истото решение; а доколку се забрани, што ќе се случи со оние 30 000 фетуси кои минатата година биле абортирани? Ќе станат 30 000 деца кои не биле посакувани на овој свет, од било каква причина.

    Јас пак ќе повторам, подобро воопшто да не сум била родена по желба на моите родители, отколку еден ден сама да се покаам што воопшто и постојам.

    Многу жени се покајале што биле на абортус, и си велат сега ќе имав дете од 3, 5, 10 години... Не велам дека е за секого. Ама избор е избор... зошто да ни биде ускратен?
     
    На WildMk, Lolo5 и manu-chao им се допаѓа ова.
  6. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    6.756
    Допаѓања:
    31.400
    Пол:
    Женски
    Се сложувам со секој збор на Spidy...и јас сум ЗА правото на абортус, меѓутоа сум и ЗА контрацепција и што поскоро да се воведе сексуалното образование по школите!
     
    На Lolo5 и manu-chao им се допаѓа ова.
  7. confused

    confused Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2009
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    321

    rosii vo red e toa sto ti nikogas ne bi abortirala, no sto ako majkata e devojce od 15 godini(imame takov primer megu nas).dali toa dete e spremno da rodi? dali toa dete e spremno da bide majka? zborot majka ne znaci samo da se donese dete na svet tuku nosi i odgovornost posle toa...donesenoto dete na svet treba i da se odgleduva potoa da se vospituva da mu se obezbedi zdrav dom i zdrava idnina..a kako edno dete do 15 godini ke vospituva drugo dete koga ni samoto ne edovolno sozreano. Ako se spreci abortusot vistina e deka na svet ke se donese eden zivot..no sto ako se unisti drug zivot?? sto ako se unisti zivotot na majkata? isto e -vo sekoj slucaj imame gubitok..e sega sto e polesno da izgubime zivot na 15 god ili da izgubime embrion??
    Sto so onie slucai kade majkata bila siluvana? znaci ne po svoja volja ostanala bremena-bila prisilena na toa?? sto ke se sluci so tie zeni ako im se skrati pravoto na abortus? kakov ke bide nivniot zivot posle koga ke treba da go poglednat toa dete vo oci i sekogas vo niv ke go vidat liceto na siluvacot?? neli treba da mislime i na niv?? kolku i da e retka ovaa pojava postoi i e realna.
    Gi pozdravuvam zenite sto i pokraj se resavaat da gi rodat decata iako tie bile zacnati neplanirano megutoa gi pozdravuvam i onie koi resile da abortiraat..vo dvata slucai treba podednakva doza na hrabrost.
    kako i da e smetam deka abortusit TREBA I MORA da ostane kako opcija
     
    На Lolo5, Femina...1, beautiful.butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  8. srcka

    srcka Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    jas mislam deka sekoj treba da ima pravo na izbor ima sekakvi slucaevi ne bi sakala nikoj da treba da bira abortus ili ne ama siluvanjeto e strasna rabota uste postrasno ,tatko siluval kerka i.t.n i mislam deka ne treba da mu se skrati pravoto na abortus
     
    На Lolo5 и manu-chao им се допаѓа ова.
  9. mmarija

    mmarija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2009
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    31
    Абортусот отсекогаш била табу тема за која никој не сака да дискутира се додека не дојде времето да се расчисти дали тоа би била правилната одлука или не.
    Луѓето кои се доста наклонети кон верата за оваа тема би рекле дека девојката или двојката ќе оди во пеколот доколку го направи овој чекор. Овие луѓе веруваат дека од моментот кога јајце клетката ќе биде оплодена тоа е живо човечко суштество па аналогно на ова уништувањето на плодот е убиство. Докторите го тврдат спротивното, дека се потребни 9 недели за да фетусот добие форма која ќе наликува на човек.
    Исто така абортусот има и здравствени последици. Од психолошки аспект се депресијата, чувството на вина, постабортусен психолошки синдром па дури и самоубиство. Од физичка страна се разните инфекции, оштетување на матката кое би можело да предизвик проблеми при зачнување на деца во иднина, но и крварење кое мже да има летален исход.
    Мое мислење е дека секој човек има право на свој избор, станува збор за негова иднина, негова лична одлука и никој не може тоа да го оспори. Но доколку жената би се одлучила да направи ваков чекор сметам дека претходно мора да биде добро информирана за можните компликации и последиците доколку ја донесе оваа одлука.

    Поздрав
     
    На Lolo5 и Водолија им се допаѓа ова.
  10. Elena941

    Elena941 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2009
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    4
    I jas se soglasuvam deka abortusot treba da bide dozvolen zosto ne zboruvame samo za slucaevi koga mladite ne se spremni da imaat deca tuku imame i slucaevi koga nekoja zena od zdravstveni problemi ne smee da go zadrzi plodot i sto bi trebala i taa zena da rodi sekako deka bi go zibrala abortusot otkolku toa dete da raste bez majka.i bez razlika kako i e sekoj treba da ima pravo na izbor gluposti se toa deka e ubistvo ili sl a kraj kraeva pa koj sme nie da kazuvame ako nekoj resil da si "go ubie svoeto dete " ima tolku detca izrasnati bez ljubov i bez vnimanie po domovi ostavenizar toa ne e upropastuvanje na decata ?sepak pravoto na izbor treba da postoi i abortusot da ide legalno za da ne se desavaat tie komplikacii sto se desavaat koga devojkive abortiraat kaj nekoj si takanareceni "doktori".
     
    На Lolo5, manu-chao и cecencence им се допаѓа ова.
  11. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    612
    Jas sum majka na edno dete (sakm uste ,zdravje Boze) .
    Moeto dete dojde na svet otkako go cekavme podolgo vreme.
    Pozadi mene imam eden spontan abortus,na koj i posle ispituvanjata nemozese da mu se najde pricinata.
    SUM ZA ABORTUS!
    Smetam deka sekoja zen atreba da odluci.
    Se sto ke se sluci ponatamu e nejzina podgovornost.
    Smetam dek adecata treba da se planiraat,ama i ako nekoe dete "se sluci" neplanirano,moze da se zadrzi ili ne.
    Sekako deka sekoja zen atreba da resava i da bide relaksirana od pritisokot deka toa e ubistvo.
    Jas sum pravnik i SPORED ZAKON ne moze da se smeta ubistvo ,dokolku ne se raboti za ziv COVEK!
    Znaci se ostanato e medicinska procedura.
    Nemoze sekoja zena da raddja sekogas koga ke ostane trudna.
    Ova go kazuvam kako majka ,koja e podgotvena da rodi uste deca ,ama i da abortira dokolku istite ne se planirani.
    Vo ovaa vreme na opsta besparica,mnogu e podobro da se planira ,otkolku samo da se radja.
    Medjutoa sum ZA i ako se desi slucajno ,pa se resi i da se zadrzi bebeto.
    Nikoj od nas(ili retko koj) porasnal vo izobilie i imal se sto ke posaka.
    Site sme porasnale so ograniceni sredstva ovde vo MK.
    Znaci KOJ KAKO KE RESI GOSPOD DA MU POMOGNI!
     
    На Nellaaa, Lolo5, HeidiDiWalt и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. bibikim

    bibikim Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    3
    Mnogu mi se dopadna razmisluvanjeto na SPIDY, go procitav vnimatelno, i iako devojkata ima samo 19-20 godini odlicno i trezveno razmisluva za ovaa tema... Jas potpolno se soglasuvam so nea, deka sekoj ima pravo na svoj izbor posebno koga se nema uslovi za nesto-vo ovoj slucaj za DETE... Mislam deka treba svetov da go napravime podobar za ziveenje, a toa sigurno nema da se sluci dokloku se ragaat deca nekontrolirano, vo nikakvi uslovi, bez eden roditel, na mladi godini ili pak da se ragaat i da se davaat po domovi... Znaete li togas kolku zivoti bi bile unisteni...? MNOGU POVEKE NEGO DA SE UNISTI TOA MALO FETUSCE KOE NE NI POCNALO DA ZIVEE...
    Eve vaka da razmislime... Da se rodi toa dete vo nekoi nevozmozni ili nepovolni uslovi - so neresen status na roditelite ili roditelot ( posto tatkoto najcesto bi izbegal vo taa situacija ). Bi se cuvalo dete bez eden roditel, bi bil na teret na roditelite na taa devojka, bi bilo isfrustrirano i iskomleksirano vo odnos na drugite deca...a da ne zborime za materijalnata strana...i za unisteniot zivot na taa devojka/majka...
    Ili pak da se rodi toa dete i da se dade vo dom... Prvo neznam koj normalen bi nosel dete 9 meseci, bi go ragal i posle bi go daval vo dom...Eve i taka da bide... Kakov li ke bide zivotot na toa dete...? A kakov ke bide zivotot na taa majka koga ke zivee so soznanieto deka tamu nekade ima dete koe ne znae ni kako e, na kao izgleda...? Kako ke zivee so taa griza na sovest...? Sto posle se slucuva so tie deca site znaeme...
    Vo toj slucaj bi bile unisteni mnogu poveke zivoti... ZRTVATA E PREGOLEMA...
    ABORTUSOT ne treba da bide prvo resenie, no moze da bide resenie na mnogu problemi koga se nema izles od niv.
    Fetusot koj sto e sozdaden neplanirano ili po nekoja losa slucajnost ne vredi tolku za da unisti nekolku zivoti koi se veke vo tek... Negoviot zivot ne e ni zapocnat...i zatoa moze da se zavrsi polesno...SEKAKO I ZA NEGOVO DOBRO...
     
    На crazyinlove19 и manu-chao им се допаѓа ова.
  13. urnebes

    urnebes Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    kompletno te podrzuvam sekoj ima pravo na izbor da odluci kolku e sposoben da go promeni svojot zivot zatoa sto sepak da imas dete e golema promena za nekoj dobra za nekoj vo momentot losa.
     
  14. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    180
    Извинете, ама мене не ми е јасно како во 21-ви век кога и бебињата знаат што е кондом, може да се дојде до несакана бременост (освен од силување)?

    Абортусот не е средство за контрацепција...
     
    На NikiBastore, kjukli и ejasbe им се допаѓа ова.
  15. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Темава ја започнав како едноставно прашање: Дали сте ЗА или ПРОТИВ абортусот?
    Не зборувам за околностите под кои дошло до зачнување на еден нов живот кој поради БИЛО КАКВИ ПРИЧИНИ не било очекуван, планиран и на крај не е ни посакуван. Последното е најважно. Дали тоа бебе ќе има квалитетен живот кога ќе биде родено?

    Јас имам вујна која после првата ќерќа, очајно посакуваше уште едно дете и започна да оди на третман за плодност бидејќи имаше 3 спонтани абортуси. Значи, се работи за планирана, очекувана и посакувана бременост. Но, во моментот кога докторот и кажа дека носи три нови живота, таа се одлучи на абортус. Не беа во состојба да растат уште три деца, и иако со години се обидуваа да добијат дете, вујна ми абортираше.

    Не се битни околностите. Зборувам за неподготвени мајки кои, доколку се донесе законот против абортусот, ке немаат избор. А целиот наш живот се врти околу тоа, нашето ПРАВО НА ИЗБОР.
    Реков претходно и ќе повторам, и јас да сум тоа дете, не би сакала да знам дека сум родена затоа што моите родители немале друг избор, а од било каква причина не ме сакале. Не би сакала да имам живот кој ќе го презирам секое утро кога ќе се разбудам, а воедно истото да го мислат и моите родители. ДУРИ И ЈАС БИ ТРЕБАЛО ДА ИМАМ ИЗБОР. Ама бидејки немам глас, како и за новородените, родителот избира. Затоа и треба да му се даде избор.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    180
    Spidy, потполно те разбирам што сакаш да кажеш, но јас мислам дека треба се отстрани причинителот на проблемот, а не потоа да се отстранува резултатот на тој проблем на многу пострашен начин.Се надевам дека ме сфаќаш...треба да се едуцираат младите дека треба да се користат контрацептивни средства, и не само за заштита од бременоста, туку и од болести...тогаш мислам дека ќе има помалку несакани бремености и потреба од абортус, кој рака на срце не е баш едноставен чин и не е безопасен по самата мајка...

    Јас, како и повеќето од вас сум имала повеќе од еден партнер во животот, но сум останала бремена тогаш кога сум сакала и со тој што сум сакала, т.е.моите бремености биле секогаш планирани...мислам дека не е фер моето тело да биде изложено на тортура од глупаво невнимание на недоквакани мажи кои не знаат каде треба да свршат (со исклучок на оние што од здравствени причини или силување мора да го направат тоа).

    Не ги осудувам тие што абортираат иако ми личи на чедоморство, не сум била во нивна кожа и не знам како им е. А Богами и не сакам.
     
  17. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Тогаш имам само едно прашање за тебе :)

    Доколку би била твоја одлуката, дали би го забранила абортусот?
     
  18. Inola

    Inola Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    180
    Не, не би го забранила, од причина што секој оној што решил да го направи тоа, ќе го направи.

    Доколку биде забранет, истиот ќе се извршува во сомнителни домашни услови од квази или пак вистински доктори со што ризиците од инфекции, сепси и слично ќе бидат поголеми. Сепак, друго е истиот да се спроведе во болници (какви и да се) со сите потребни средства и инструменти на располагање.

    На крај, секој си носи одлука што ќе прави во својот живот и за животот после таа одлука... :)
     
    На Poisoon му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    1.016
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам на поддршката, Annabel.

    И јас го почитувам твоето мислење дека абортусот може не е најдоброто и најпаметното решение на овој т.н. "проблем", меѓутоа тоа е во основа право на мислење на секоја индивидуална личност.

    Се надевам дека еден ден сите оние кои се за забраната на абортусот ќе размислуваат како тебе и ќе ги почитуваат животните одлуки на тие околу нив.
     
  20. marina.maca

    marina.maca Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2009
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    6
    Дај боже никогаш да не му притреба ова на никој,меѓутоа сепак ме интересира се во врска со абортусот, мене а и се надевам и некои други. Сите што можат да споделат некој совет,искуство ќе биде добро. Како се прави? Страшно ли е? Имам слушнато дека ако првата бременост заврши со аботрус, за втора бременост шансите се многу мали. Дали е тоа вистина? Колку пари чини? Доколку си малолетен дали има потреба од родител...и други работи. Однапред благодарам :)

    МОДЕРАТОР:
    Мислењето е преместено овде од друга тема.