Цените се движат од 3000 денари па нагоре. Се извршува абортусот и пациентот се пушта на домашно лекување. Другарка моја има абортирано и секој ден го повторува тоа како се кае, како болно било целото извршување на абортусот... Среќа по некоја година се омажи и си има сега деца.... Да не бидам офф топик и јас, абортус НЕ ! Убаво кажува онаа жена во видеото погоре, ако абортусот е право на жената, тогаш каде било нејзиното право (правото на плодот) ?!?!
Е сега и вие, правото на плодот. Јавете му се и прашајте го дали сака да се роди или не. Не може да давате примери за невозможни работи, се знае тука кој одлучува. Оправдувам абортус. Се сомневам дека некоја со мерак би го родила детето ако е силувана. Или е премала, несакана бременост итн. Сега ќе речете зошто не се чувала. Тоа е момент, може да се случи, се разбира веќе сме 21 век постојат секакви методи на контрацепција, ете постои и таблетка за ден потоа, но доволно е мало невнимание и да се случи. Не можеме да ги осудуваме другите, кога не сме им во кожата. Лесно е кога ние веќе ќе имаме години и сме спремни за деца, да ги осудуваме оние на 16 17 што останале бремени и да ги убедуваме дека абортусот е убиство и дека е најубаво нешто да имаш дете. И ние кога сме имале 16 17 не сме биле спремни за деца, така да..... секој си има право што сака да прави.
Колку што јас можам да прочитам, голем дел од тие кои се определиле ПРОТИВ абортусот, даваат мал прозорец за маневрирање, во контекст може кога се работи за силување, може кога детето е малформирано и слично... Па малку нема логика тоа, нели мислите така? Јас сум сосема ЗА абортусот, и драго ми е што барем екстремните случаеви се сметаат за прифатливи на тема абортус. Ама ако тој плод, "идно дете", веќе створена "душа", како сакате наречете го, било резултат на инцест или силување, како тогаш е во ред да се убие? Ако тоа е живо суштество и заслужува да живее, зашто тоа би било поинаку во случај кога неговиот татко ја злоупотребил неговата мајка? Или пак зошто не би заслужило да живее ако има некаков генетски проблем? Во тој случај не го заслужува тоа? Не ми е разбирливо зошто постои таква дуалност во размислувањето. Ако мислите дека мајката треба да одлучи, тогаш сте за абортусот, ако мислите дека плодот би решавал (а не верувам дека било кој од нас да сме можеле да одговориме на прашањето дали сакаме да живееме кога сме биле составени од 10тина клетки, би рекле не ) тогаш сте против. Нема исклучоци, нема специјални случаи, нема посебни околности.
Јас влегов во голема полемика во врска со абортусот кога полагав Кривично право на факултет. Мојот аргумент беше:Што ако дојде дете сега (во тоа време на моја 19год возраст) Што имам јас да му понудам? Што знам јас на 19год за стабилна врска, вистински обврски, грижа за некого и слично Јас самата сум на раскрсница на животот! Сега немам ништо! И.....положив! И ден денес се држам кон тоа - секој има право на избор! Ке рече некој не си Бог да одлучиш дали некој ке живее или не..Да јас сум Бог на моето тело и мојот живот, да јас сум Бог за она што ке го донесам на свет!!!!!Оние што ги прикачуваат сте тие морбидни слики треба да си ја збогатат колкцијата со деца фрлени по контењери, деца оставени по домови без трошка надеж за утрешнината, прегладнети деца кои спијат по картони на улици.....можеби кога сите тие што ги родиле и ги оставиле на посвојување (или на улица буквално) своите бебиња, би размислиле малку - работите би биле поинакви. Јас сега сум бремена и и се радувам на секој момент од бременоста но имам основ за тоа - имам партнер (прекрасен), имам дом, имам материјална основа да го дочекам и да му понудам раст, развој, образование и колку-толку нормален живот.....Ништо од ова немав кога бев 19 години!!!
На моја најголема тага, денес бев на гинеколог и иако сум 6та недела , не можеше да се види ембрионот. Значи изгледа зрачењето направило проблем. Сега сум принудена да направам абортус иако не сакам, ама поарно отколку утре детето да ме колне ако е со дефекти. Би ја замолила секоја што има искуство со абортус и повторно здраво забременување да ми пише, ќе бидам премногу благодарна
На сцинтиграфија, тоа е она кога во вена ти ставаат радиоактивна супстанца, што се елиминира за два дена и е со слабо зрачење, ама сепак е зрачење
иако е грев абортусов, во твојов случај е морален(добро ничшто не е морално ама сепак)...иако јас не сум дошла уште ни до дете, а за абортус да не правам муабет, имаше таков случај во мојава фамилија...ти си во случајов приморана, бидејќи дефекно дете ако родиш, на самото дете најмногу болка ке му нанесеш..имам јас таков брачед и што?колку пати бегал од дома, и ред др работи..самото дете не ке може да ужива во животот а покрај него и сите останати...јас сум ПРОТИВ абортус бидејки сум гледала снимки и тоа чудо е што им прават на бебињата, но ако не си сигурна дека сакаш да го родиш подобро не правиго тоа...почекај има време...ке имаш пак можност, ке родиш здраво силно дете или девојче, сепак ова е само мое мислење, затоа не земај се здраво за готово.. п.с имам една пријателка која абортира два пати..што значи дека не е мерило тоа дека ако абортираш еднаш и готово...постои можност да не забремениш но се зависи од твојот организам..значи направи ги сите испитувања, консултирај се со доктор и ке одлучиш...никоја од нас не е компетентна да те осигура или да те предомисли во врска со абортусот..докторите најдобро го знаат тоа
Срцко жал ми е што ке речам но ја оправдувам одлуката на докторите.. Тоа е за сечие добро зашто зрачењето предизвикува деформации кај плодот.. Да не должам секако ти има објаснето твојот лекар. Сепак одлуката е твоја.. Поздрав и не се нервирај...
Самиот гинеколог ти рече така, дека мораш да абортираш заради зрачењето? Дали те гледаше со вагинално ехо? Понекогаш треба повеќе време за да се види ембрионот, иако обично може да се види од 5 недела или порано (мислам, не сум баш сигурна за ова). Навистина ми е криво што дошло до тоа, но не се грижи, ќе си дојде и твоето. Како и да е, мислам дека не постојат пречки да забремениш после абортусот, ама ќе мораш да почекаш барем 6 месеци, мислам дека така препорачуваат гинеколозите.
Да со вагинално ехо ме гледаше, и не дека нема ништо, само ембрионот не бил соодветно развиен за поминатото време а има срцева реакција. Проблемот е дека докториве се плашат да не настанат проблеми покасно, кога ќе биде потешко за абортус.
Навистина жалам за тоа. Ама можеби сега е подобро, отколку подоцна. И уште еднаш ќе ти кажам, не си грижи, не би требало да има проблем повторно да забремениш.
Како бе така? Лелеее беее, ами нели знаеле докторите дека си бремена па да не ти го прават тоа зрачење? Неопходно ли беше? Искрено, многу ми е жал. Се надевам се ќе помине во најдобар ред. Инаку не се плаши многу, на една моја другарка мајка и имала абортирано 2 пати, и сега има 3 прекрасни деца. Така да, ако тоа ти е во мисла дали утре ќе имаш дечиња, не се секирај. Само, и јас знам дека ќе треба да почекаш 6 месеци од абортусот за повтроно да се обидете.
Работава е што не знаев јас дека сум бремена, затоа бидна што бидна. Здравје како сака господ , така ќе биде.
Чирибирибела, знам дека ова е многу тежок момент за тебе, ти посакувам да бидеш многу цврста. Млада си, ќе имаш време за дечиња колку сакаш. Ако навистина постои некаков ризик детенцето да има проблеми или некаков дефект кога ќе се роди, тогаш подобро е да абортираш отколку потоа цел живот да се мачи и тоа и вие како родители.
Нажалост има многу случаеви како на Чирибирибела, бидејќи прегледи од типот на рендген, КТ, магнет и слично не смеат да се прават на бремени жени особено ако се во почетокот на бременоста. Некогаш се прави исклучок, ако е неопходно и пред се ако жената е во подоцнежна фаза на бременоста, а ембрионот е веќе оформен. Чирибирибела, многу ми е жал за твојата ситуација и се надевам дека лесно ќе го пребродиш ова.
Ууу леле бе ама се нервирам вака, многу е неправедно Некој што не сака, ќе мора да направи, а има некои жени како мочка ги изфрлаат бебињана низ ва*ина Кога бев на пракса на гинекологија, луѓе верувате ли дека имаше една жена која 49 тиот абортус го правеше Тоа беше пред 3,4 год. замислете уште колку до сега направила.. Разбирам кога мора, еве пр. од вакви причини за жал како кај Цирибирибела, или од болест и слично, ама таа бе Се згрозив луѓе, се згрозииив. Луѓе патат по бебчиња, се молат да забременат а таа Иначе Цирибирибела ич да не се секираш, вака искочило сега, понатака ќе биде подобро.. Ќе имаш прекрасни дечиња и да не губиш надеж
Фала на сите за утешните зборови, само многу ми е тешко, зошто баш сега, а претходно се обидував 4 месеци не ми успеваше, сега се фати кога не смееше.
Понекогаш стварно е неправеден животот, и што можеш освен да се помириш со тоа. Плус, мисли на позитивната страна. Следен пат повеќе ќе се внимава, и ете чим еднаш си останала бремена, ќе можеш и втор пат. А после абортус немај гајле, се останува бремена.
немој да се обесхрабруваш, пошо иако не веруваме се дешаваат чуда..биди упорна и верувај во себе..ако си викаш леле никогаш дете нема да имам леле вака леле така, стварно нишо не ке сториш...кога си упорен се се исплаќа и немој ова да го сваќаш како казна пошо не е..се случуваат лоши работи само за да не направат посилни.иначе сите ке сме џаболебари