I vo drugoto ali vo ova sum zaboravila da napisam. abortus ke napravam samo ako nedaj boze me siluvaat drugo nisto
Види молим те.. Абортус си е абортус. Дали е зачнато од силување или од секс, зачнато е. Никој нема да те праша дали ти пукнал кондомот или некој те силувал кога ќе одиш да абортираш Дали се читаш што пишуваш?
Јас сум против абортус ако тоа со некој партнер ни се случи не би абортирала. Меѓутоа во несакани ситуации како силување или престанок на срцева реакција,не дај Боже би абортирала. Сепак ова е мое мислење.
Ako se mazis i ostanuvas trudna i sve presrekni ke imate bebe i odis na gin i ti veli bebeto nema srceva akcija(od shto kako ne e bitno mozi na sekoj zena da mu se sluci)i morash da abortiras.Shto ke pravish?Morash.Zatoa dosta so toa ebete se.Neznaes sto nosi utre.Da ne daj bog.Na nikogo ne posakuvam.Ama toa ne me pravi ubiec vo tvoite oci.@Damata so marama
Девојче оди прво на гинеколог за да се излечиш од инфекцијата..те читав во "вагинални инфекции" . Кажа што мислеш и доста е. Секој со својата одлука. А ти прво порасни па дојди на овие теми. Нареден пат внимавај на речникот,на пазар не си. Ајде,доста шириш морал
Sekako deka da. ako me siluvaat sekako ke abortiram ali da ne go rodam deteto samo zaradi toa so tie ne se zaedno ili ova ili ons nikogassss
Па види...МАЛА... Не знам кој е помал ама не е ни важно.. Важен е менталниот склоп.. Кај тебе, потфрлил.. А ова е форум, на него се даваат контра мислења, ставови.. можам до утре сабајле да те цитирам и да ти се спротивставувам.. никој не те обврзува да одговориш.. И да знаеш дека со задоволство ќе се подебаваме.. со страст. . А кога ќе дојдат децата, добредошле. Ќе гледаме да ги воспитаме да почитуваат туѓи мислења а кога имаат спротивно мислење да изнесат и аргументи за истото. А не само да кажат - пепси е подобро од кола кола! Зошто? Затоа што јас така викам! Јеп..
Сите вие што уште не знаете граматика и правопис, а се осудувате тука да продавате морал и криви краставици, само можам да ви посакам Бог да не ви даде да се најдете во било каква ситуација, која би „ви го нарушила светиот морал“. Жена сум, па имам асистирано при абортуси, и имам присуствувано на обдукции на плодови, и ништо ми го нема, ниту ќе ми го смени мислењето дека да, поддржувам абортус. Кои сте вие, о Божици, па тука да употребувате епитети како „убијци“ и што ти уште не, а без да знаете зошто жената се решила за тој чекор? И зошто се решила да го извади тој ембрион/фетус/плод (но не бебе) од себе? Што ако е силувана? Што ако плодот во утробата почине? Што ако има генетска мутација која е инкомпатибилна со живот, или ако се роди ќе биде психофизички спречено, и само ќе се мачи, ќе преживува, без да живее? Што ако е веќе мајка со неколку деца, која едноставно не може да си дозволи да израсне уште едно дете зошто ги нема потребните услови? Што доколку е жена која е оставена на улица, или е зависник кој не може да се грижи за себе, а не пак за уште едно човечко суштество?... Колку што има што ако, има уште толку затоа што. Мислам дека доволно набројав. Затоа сите гледајте си во својот двор, а не ги прчете носевите онаму каде што не им е местото. Запомнете дека тука има жени кои минале низ ова, и за кои оваа тема е особено чувствителна. Ним не им треба некои необразовани а сепак „морални“ личности да ги нарекуваат убијци, и со тоа да додаваат сол на раната. Секој има право на свое мислење, но секој е обврзан да ги бира зборовите со кои ќе го изрази истото!
@Damata so marama колку си смешна и контрадикторна еј. Значи плодот што е зачнат од некој што те силувал не е душа, не е дете, нема право на живот и ке го абортираш. А у др случај тоа е плод, тоа е душа и не знам ти кои др епитети давате тука. КОнтрадикторна си и ми се гадиш од твоите мислења иако навидум идеме на тоа дека секој има право да каже што мисли. Пречитај се, у првиот случај и ти си убиец чим така. Уште плукаш тука по другите што имаат право на факинг избор и зашто не оставаат детали у тоа у какви ситуации се наоѓаат а да направат абортус.
Ајде и ја да си изнесам мислење. Абортус поддржувам само во случај на несакана бременост како последица од силување или при утврдување на некоја болест, синдром за кој нема спас. Ако знаела некоја како се праи на 15год тоа, ќе си го роди и ќе си го чува, па и сама зошто и онака не ја побарал за жена тој. Најлесно е иди и исчисти. Невин живот заминува, се прават оштетувања за кои жените не се свесни , може и втора прилика да нема.
Значи, според @Damata so marama , абортусот е убиство...а абортус заради силување е нормална дозволена работа, односно оправдано убиство...или убиство во самоодбрана...
ЗНАЧИ ИЗВИНИТЕ ВАКА АЛИ МЕНЕ СИТЕ ПОГРЕШНО МЕ СВАТИЈА ИЛИ ЈАД ПОГРЕШНО ВИ ОБЈАСНИВ ШТО МИСЛАМ. Sekako deka nekoj nemoze da rode dete ako toa dete e od nekoj sto ja siluval a ne znae ni koj e. Ovde go prifakjam abortusot. Go prifakjam i ako se doznae deka deteto nema da bide podvizno ili nesto slicno. ali na site prethodni komentari objasnuvam no nemozam izgleda da vi objasnam deka zboruvam za zeni koj sto po greska so partnerot dodeka imale odnosi se fatilo i ostanala trudna od nego i ajde ke go abortiram ovoj i narednite slucai ne gi prifakam. Ili pa koga nekoj ke kaze ke go abortiram detete samohrana majka nemozam da bidam. ili pak kako ke go cuvam nemam pari alo sekade mozes rabota da si najdes. Nema potreba povishe da objasnuvam nikoj ne me svati. Ajde otvoreno ke kazam Sestrami odese so eden pogolem od nea taa 16 toj 25 ne ja prifakjaa vrskata moite. toj ja tepal i maltetiral bil mnogu pijanica a nie nikoj od semejstovoto ne znaevme za toa. otkako dozna tato otide i ja zede sestrami. taa neznaese kako da kaze na tato a bila bremena od nego i toa na sila bil so nea. taa ostana trudna a bese 16godini. Najdevme zborovi i i objasnivme na majkami i tatkomi sekako imase komentari i za abortus no taa nikako ne prifati. majkami ja vnese vo konfekcijata kade i ona rabotese . zarabotuvase dovolno i eve sega ima 19 si go cuva deteto. ete toa za mene e heroj
@Damata so marama, ајде прво стани сексуално активна па доживеј го туфкањето додека чекаш да добиеш, почувствувај ги олеснувањето и радоста кога ќе ја видиш крвавата трага на тоалетната, но и хоророт на каснењето (секако, не од несакана бременост туку од стрес, хормонални промени итн) па сети се на темава и мислењата што си ги пишувала тука. Сега како девица зборуваш на памет ама кога за некоја година ќе одиш да купуваш тест за бременост (не е кобење, сосема нормална работа, сите сме купувале) и кога ќе те облива ладна пот додека се надеваш за една цртичка, верувам дека ќе сватиш колку сурово звучи тоа „убијци, убијци“ кое сега толку со гордост го пишуваш.
За тебе е херој сестра ти што со цел памет седела со некој што присилно ја терал на секс? На 16години сте ја пуштиле да живее со некој што едвај го познавате? Сериозно? И најсериозно кажуваш дека може секаде да најде работа? Во различна земја живееме? Додека си бремена никој не те прима на работа, откако ќе родиш му требаш на детето.. значи 3 години ќе живееш од ветер и магла.. Па ќе се вработиш во конфекција за 8000 и ќе изиграваш мајка херој.. со дете од насилник. Знаеш што е мајка херој? @galapce @MilaP и уште многу мајки од тука кои не ја пишале својата приказна. Е тие се мајки херои! Сестра ти..сестра ти е само изгубена душа на белиов свет.
Оф, уште една од темите во кои одамна се ужаснувам од правото што си го даваат млади луѓе со црно-бел поглед на светот генерализирано да осудуваат... Имам впечаток дека оние што толку без исклучок осудуваат абортус - имаат претстава дека на овој чин се одлучуваат само малолетнички од типот на оние што се брукаат во Дали сум бремена. Барем се надевам дека се до толку неинформирани во нивните генерализации, а не осудуваат свесно имајќи ги во предвид сите тие факти и ситуации (како силување, немање услови за одгледување на детето, малформации на плодот и сл.) кои ги изложиле членките погоре што им ги лајкнав мислењата. А тие што идете до таму да го употребувате зборот убијци - засрамете се!
Јас како машко, мислам дека секоја жена треба да е господар на своето тело, па според тоа, одлуката за нешто вакво, освен неа и евентуално нејзиниот партнер, не смее да ја носи никој друг.... ни психијатар, ни владата, ни родителите, ни разни "мајки терези" ....
Според неа и таквите како неа, абортусот е убиство и се гледа од аспект на бебето, односно жално е за бебето што му го кратиме правото на живот. АМА кога се работи за силување, тогаш абортусот се гледа од аспект на мајката, односно како таа би се чувствувала со дете од силувач и слично. Значи какви двојни аршини, еј. Сепак на прво место си се ставаат тие, и се себични (како што викаат они) исто како и тие што абортираат поради која и да било друга причина. Кога за нешто велиш дека НИКОГАШ не би го направила, не може во иста реченица да постои и НО, АМА,... Во спротивно, не си толку против како што си мислела. Нормално дека никој нема да аплаудира ако некој од чиста мира абортира пет пати по ред или од аздис. Ама, како што ти е тебе доволна причина силувањето за да не го родиш, на некој друг му е финансискиот проблем, условите на живеење, не сака да биде самохран родител... А и што тебе ти пречи ако некој абортира, па да судиш и осудуваш? И немој да мислиш дека со тоа ''ебете се'' 16 пати во еден пост добива на тежина твоето мислење, напротив.