Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.093
    Пол:
    Женски
    Ти си знаеш за себе си девојче.
     
  2. Damata so marama

    Damata so marama Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2015
    Пораки:
    196
    Допаѓања:
    293
    Пол:
    Женски
    Izvinite decki jas se otkazuvam izgleda ne mozam mislenje da daam
     
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Какво мислење да дадеш?
    Ете даде... Сфативме...
    Ако е силувана смее да абортира, ако не е силувана тогаш е УБИЕЦ :|
     
    На CameliaMiller, Gosh, eloves и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    135.213
    Пол:
    Женски
    Се додека дебатите се насочени кон тоа дали сте ЗА или ПРОТИВ абортусот, наместо кон методите за спречување на несакана бременост, ќе го има абортусот.

    Го подржувам како опција, како право на жената да одлучува за нејзиниот живот и иднина. Ако абортусот е убиство,што е тогаш оставање дете во контејер, сред улица, пред нечија врата? Или што е тогаш мастурбирањето? Геноцид?

    Лесно е да осудиш некому ама оди пикни му се во кожа. Ако веќе судеме, зошто силуваните не се напијат одма Норлево? имаат доволно време да реагираат после совземањето од првичниот шок...Така не би била убиец...
     
    На Nausicaa, Gosh, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  5. LUCERKA

    LUCERKA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2015
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    5.370
    Пол:
    Женски
    I nie pak zedovme ko pijan za bandera se zakacivme da objasnuvame.Tesko nas.So inka ne se tura.
     
  6. *sisi*

    *sisi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2014
    Пораки:
    764
    Допаѓања:
    451
    Пол:
    Женски
    Zdravo mila sakav da ti pisam vo poraka ama gledam deka ti e zastitetno ne mozam da ti pratam poraka.
    Sakav da te prasam vo koja nedela ti bese abortusot, i jas imav abortus pred 3 godini vo 6 nedela. Megutoa eve veke godina vreme se obiduvame so soprugot da zabremenam ama ne biva.
    Dali e od abortusot ne znam ? Na tebe sto ti kaza doktorot posle kolku vreme mozes da pocnes so obidi?
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  7. blackwave

    blackwave Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2014
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    1.816
    Пол:
    Женски
    Многу е интересно како сте први да нарекувате жена која абортирала "убиец", а никоја од вас не сака да посвои дете.
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ и Gosh им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.173
    Допаѓања:
    36.578
    Пол:
    Женски
    И мене ме нервираат девојки со размислувања од типот - ако останам бремена, ќе абортирам. Ало бре? Абортусот не е играчка. После нека не се чудат ако во иднина не можат да имаат деца.

    Моја колешка мораше да абортира затоа што плодот немал срцева реакција. Абортусот го направила на ГАК. Освен неа, уште една жена абортирала од истата причина. Останатите биле малолетни девојчиња. Колешкава кажуваше дека цело време биле насмеани. Не ми се веруваше кога го слушнав тоа. Младинава воопшто не размислува што прави.
     
    На Orthophill, Petra777, LUCERKA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.049
    Пол:
    Женски
    Резултат на недоволно воспитување од дома, немање можност за едуцирање во училиштата , впуштање во сексуални односи прерано мислејќи дека е како на филмовите.
    За жал ќе си маваат глави на доцни години .
     
    На meckicka и *Amethyst* им се допаѓа ова.
  10. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Jas sum taa sto izbira dali ke rodi ili ne.
    Koj e toj OSVEN MENE sto e merodaven da donese odluka???
     
    На ♣ Alba Viduam ♣, CameliaMiller, Emy867 и 14 други им се допаѓа ова.
  11. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.174
    Комшиите, колегите, роднините, форумските проповеднички.....сите освен ти...:!:
     
    На CameliaMiller, Emy867, Lella и 15 други им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.729
    Допаѓања:
    322.849
    Edno golemo DA za abortusot.

    Se sobrale devici Marii da sudat nekomu...
     
    На Aleksandra29, CameliaMiller, blackwave и 10 други им се допаѓа ова.
  13. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Ни ти не си добро информирана. Кај нас абортус се прави и после првото тромесечие. Со одобрение од првостепена комисија. Доволно е да каже дека нема пари да го одгледува или дека дечкото ја напуштил. Сум била сведок на многу вакви случувања. Си ја планирале бременоста и после, пу пу не се важи. Доколку е загрозен животот на мајката, во ред е да и се спаси животот. Но реално, ваквите абортуси ги има во сосема мал процент, како и оние забременети од силување. За жал најголем процент на абортуси се прават од жени кои се во брак. Едноставно не им се вклопува во плановите.
     
    На Sesil му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.969
    Пол:
    Женски
    И добро е што се свесни дека не им се вклопува, отколку цел живот да мизеруваат и детето и родителите. Не само финансиски..
    Психички...
    Цел живот ќе биде несаканото дете..непланираното дете што морале да го чуваат
    Или уште полошо...да му направи нешто мајката на детето по пораѓај
     
    На CameliaMiller, *Amethyst*, blackwave и 5 други им се допаѓа ова.
  15. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Каква група на недиференцирани клетки!!! Со полни три недели, срцето на бебето почнува да чука и да пумпа крв низ телото. Следната недела ќе се забележат и мозочни бранови. Човек е тоа,малечко во инкубатор. Зборот фетус значи малечко. Намерно се користат овие термини. До крајот на 12 недела веќе сите органи му функционираат, сите! Во 8 недела има и отпечатоци на прстињата. Идентитет! Иако и кога не биле видливи овие отпечатоци, ова малечко имало своја единствена, уникатна ДНК. Ниту имало претходно, ниту некогаш повторно ќе има таква иста во светов. Прекрасен, чудесен дар се овие малечки кои вие ги нарекувате куп клетки. Утробата на мајката треба да биде најбезбедното место за нив.
    А што се однесува до оние кои пораснале во дом, ми звучи дека ги сметате за луѓе од понизок ранг. Како да се криви што преживеале?
     
    На Rama, kjukli, mimi**** и 2 други им се допаѓа ова.
  16. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Многу грешиш. Познавам многу деца кои биле непланирани и им го разубавиле животот на нивните родители. Како може едно дете да го направи мизерен животот. Не разбирам. Кога една мајка била во дилема дали да роди или абортира, па ќе се одлучи да му даде шанса на своето дете, таа го сака повеќе од се на светот. Станува свесна што ќе изгубела. Чиста безусловна љубов. Нејзиното дете и дава крила да летне, и дава сила да се бори. Околностите кои ја довеле во криза жената треба да се менуваат, проблемите да се решат, да и се даде поддршка на бремената жена. А не да се абортира бебето. Жените цел живот ја носат раната од абортусот во себе.
     
    На Rama, kjukli, mimi**** и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. compassion

    compassion Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2014
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    66
    Пол:
    Женски
    Зошто да не може да го роди детето ако е зачнато во силување? Детето не е криво. Оваа жена би можела да го даде детето на посвојување. Не сум за абортус ни во вакви случаи. Абортусот нема да и ја намали болката, но ќе и ја зголеми.
     
    На Orthophill и zalosna им се допаѓа ова.
  18. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    6.988
    Допаѓања:
    135.213
    Пол:
    Женски
    Јас пак ќе речам не е абортусот толку проблем колку неинформираноста кај жените кај нас. Еве велите дека најчесто вршат абортус жени во брак бидејќи не им се уклапа во плановите. Ако толку добро испланирале и го реализирале тоа, зошто не би направиле тубектомија - подврзување на каналите и мирна им глава. Ниту клукање со хормони им треба подоцна ниту спирала која има ризик да се измести, да не ја прифати телото итн. И да, се прави и кај нас тубектомија, и тоа на државно ако веќе парите се проблем, ама колку жени слушналe за ова како поим воопшто.
     
    Последна измена: 29 ноември 2016
    На kjukli, *Amethyst*, Dust и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.752
    Допаѓања:
    172.969
    Пол:
    Женски

    Не, туку ти многу грешиш. А еве и зошто..

    Ако толку им го разубавуваат животот, зошто тогаш некои мајки си ги убиваат децата по пораѓај?
    Зошто ги оставаат во дом?
    Зошто ги оставаат пред/во контењери?
    Зошто ги оставаат ма граница во wc?
    Сакаш да кажеш дека е подобро да го роди и фрли/убие отколку да го абортира додека не осеќа никаква болка?
    Сакаш да кажеш дека кај сите проработува мајчинскиот инстикт?
    Грешка си и тоа е научно докажано.
     
    На eloves, CameliaMiller, Lella и 11 други им се допаѓа ова.
  20. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @compassion,

    Очаен човек секако ќе најде начин. Жените одсекогаш знаеле како да се решат од несакана бременост- скокале од високо, се удирале/ ги удирале по стомак, легнувале во корито полно изгор врела вода, пиеле некои чаеви, оделе кај надрилекари но после умирале од сепса. Вака барем нема да постои ризик по животот на мајката.
     
    На CameliaMiller, theowndemon, referentka и 1 друга личност им се допаѓа ова.