Јас после киретажа имав многу малку крварење ден-два,добив по 1 недела пакпа после нормално на 21 ден.
Јас пак крварев многу, скоро цела недела и еве помина повеќе од еден месец а сеуште немам добиено, почнувам да паничам
ПРОТИВ ! Јас не би. Имам разговарано со мојот дечко на оваа тема .Во случај на несакана бременост или заедно ќе го одгледаме тоа дете ИЛИ САМА.Абортус не доага во предвид.Грев е да убиеме невино суштество поради наша неодговорност.Сега сигурно ќе речете тешко е сама дете да одгледаш бла бла комшиите околината бла бла..НАЈИСКРЕНО К МЕ БОЛИ ШО ЌЕ РЕЧАТ. Прифаќам абортус само поради мед. здр. проблеми. Во врска со силување (скраја да е) и тогаш ќе речам НЕ на абортусот... Да заклучиме;Против абортус кога се работи за мене,а другите сами нека си одлучиваат што ќе прават со своето тело..Не ги судам.
Токму тоа е муабетот, ти си про-чојс Значи, БИРАШ да родиш во секакви околноси и тоа е ТВОЕ право, никој, ама баш никој, ни партнер, ни родители, ни комшии ни другарки - НИКОЈ не е важен. Исто е и обратно.
Sekoj nema srce da go rode i da go dade toa dete sto go nose 9 m vo sebe. Pogotovo nekoj sto znae vo kakvi uslovi ziveat decata vo dom i kolku e tesko da gi posvojat dobri i srekni semejstva. Tocno e deka molat luge za deca,nisto na svetot ne sakam poveke od toa da imam uste edno dete no ne mi e kriva nikoja sto ke abortira zaradi mojata sudbina. Moe telo,moj izbor.
Никогаш, ама НИКОГАШ не би дала дете на посвојување. Би абортирала ако во моментот не сакам да родам. Што не значи дека другите не треба да размислат за опцијата да родат и дадат на посвојување. Јас не би. Едит: доколку постои опција (а не постои) за директно посвојување (да одлучам јас со социјален работник кој ќе го посвои детето) можеби би размислила. Не знам што би одлучила, но тоа е океј. Ама свесно да износам дете, да го родам и во сиропиталиште да го дадам.... Не.
Здраво девојки. Се наоѓам во многу тешка и безизлезна ситуација. Имам 21 година. Пред два дена дознав дека сум бремена во 7-та недела, јас и мојот дечко сме од различна религија, се сакаме и двајцата но сеуште нашата врска ја држиме во тајност. Разговаравме ние двајца му кажав дека сум бремена и на двајцата ни е многу тешко што направивме таква грешка. Свесни сме дека нѐ очекуваат големи проблеми поради предрасудите... па затоа тој ми рече да абортирам исплашена сум и тоа многу, не сакам да го исфрлам тоа мало безгрешно душиче од мене тажна сум незнам што да правам , како ќе им кажам на моите родители за тоа ве молам девојки дајте ми некој совет дајте ми некаква утеха само ве молам немојте да ме критикувате за мојата грешка затоа што навистина ми е многу тешко во овие моменти. Ви благодарам однапред
Ако не сакаш да го абортираш -- немој! Во иднина нема да си го простиш тоа.. Разговарај со твоите и најдете решение.. Решение секогаш има, проблемот е што не секогаш сме расположени да бараме решенија.. А ако дечко ти не сака дете, не мора да има. Доволно е ти да сакаш ако имаш поддршка од домашните Ни прво ни последно дете со еден родител нема да биде
Најважно е да знаеш што ТИ сакаш? Ако сакаш да родиш, роди и не се плаши за "последиците" во смисла што ќе кажат мама и тато. Ако родиш, ти ќе бидеш нечија мама многу повеќе, а нечие дете многу помалку. Млада си, но не до толку да зависиш од некого, иако знам дека и родителите ќе ти помогнат колку и да се лутат. Важна е поддршката од дечкото, но и да не те поддржува можеш и сама, АКО ТОА ГО САКАШ. Затоа размисли што ти прво сакаш, одлучи во свое име и кажи му на дечко ти. Без оглед дали ќе одлучиш да родиш или абортираш, послушај се себеси, затоа што која и опција да ја одбереш а не ја сакаш, доживотно ќе ти остави белег.
Мечкичка, не те разбирам баш. Прочитав дека си пишала дека некои по абортус не можеле да имаат деца. Сакаш да кажеш дека сите што имале абортус било намерен или спонтан, нема да имаат деца? Јас имав два спонтани и еве трудна сум сега петти месец. Не го поддржувам намерниот, но ако девојката одлучила, нејзино си е и ако е изведена киретажата од стручњак, нема да има последици,
@Sara.L да се разбереме од прва, ти си имала секс без кондом, па треба да си свесна дека таа "грешка" не се десила туку-така. Фин и безболен начин нема. Една опција е да абортираш, друга да го чуваш детето сама, трета да го чувате детето заедно со дечко ти. Штом тој ти рекол да абортираш, најверојатно не е спремен да застане пред неговите и твоите и да каже дека вие се сакате и дека бебето заедно ќе го чувате. Доколку си ти спремна сама да поминеш низ сите предизвици што ги носи раѓањето на бебе, тогаш само напред. Што и да одлучиш, направи го тоа брзо, бидејќи плодот во тебе расте.
ako mozes da go gledas deteto rodi go i gledaj si go ako ne posledna opcija ti e da go dades na posvojuvanje toa se zavisi licno samo od tebe ne te osuduvam sto kako bilo veke bebeto e tuka no razgovaraj so deckoto ti i ako ste spremni soocete se so okolinata on ako vistinski te saka prepreki ne treba da postojat
Сериозни последици можат да настанат и од еден грип а не па од абортус (ако така гледаме)! НО ако не е поддржана ниту од фамилијата ниту од фраерот, не знам како би се грижела за тоа бебе. Еве нејзините ја избркаат на улица (реткост ама сепак има можност), што ќе прави сама? Поддршката од било која страна е најважна..особено на 21 год. Само 1 да застане на нејзина страна е доволно. Но кога нема никој... не е лесно.
Epa sega toa e ne e mala devojka ima 21 god neka si go bara careto posle nezastiten odnos se znae sto moze da se sluce no ova veke e dzabe da se komentira bebeto e veke napraveno neznam mene ne mi e jasno kako se osuduvaat da imaat nezastiten odnos a niti se mazeni niti zeneti pa sega baraat care sto ponatamu abe ima vreme za se
Прво, каде прочита дека бил НЕЗАШТИТЕН? Никаде не пиша. Може кондомот им пукнал, може таблетите потфрлиле.. Ова е значи претпоставка, иако веројатно е дека бил незаштитен однос во прашање, срамота е возрасна жена да ЗАКЛУЧУВА нешто што не е изјавено од страна на девојката. Друго, лесно е да кажеш -- БАРАЈ СИ ГО ЧАРЕТО како да закачила кандида па барај си го чарето. Како да ова е пролазно, па нека си го бара чарето како знае и умее... Трето, девојката си бара мислење, барај си го чарето не е мислење, тоа е исто како - што ме прашуваш мене, не ме интересира што си трудна, сама си го бараше. Такво мислење подобро да не се пише во ваква чувствителна ситуација.. И четврто, оди ти да си го бараш чарето ако некој те исфрли на улица сама, без ништо. Ќе те видам како ќе се снајдеш. Од жени без грам чувства ми се ... а демек ние жените сме најчувствителни..