Јас разбирам дека мечкичка е таква зашто нејзината битка трае со години и кога ќе слушне за намерен абортус така збори. Но не ми се свиѓа нејзината негативност дека жените по абортус може да бидат осакатени.
Не е дека не можат, посекако можат. Но, ризиците и последиците треба да се дискутираат со специјалист, како и за секоја друга процедура. Мене повеќе од ракав вадени ми делуваат мислењата, бидејќи во секоја тема различно мисли. Се надевам само дека девојката не сфаќа се' здраво за готово што ќе прочита тука.
Јас не можам да разберам зашто збори така за абортус, колку и да е огорчена. И јас и ти сме биле, па не сме ги плукале овие што размислуваат за абортус. Секој со својата приказна, нели?
Видете, не можеме да очекуваме секој да се согласи, без оглед, секој има право на свое мислење; можеби Мечкичка никогаш, во ниту една ситуација не би абортирала (силување, малформации итн). Проблем е кога се нема основна почит во комуникацијата, па неистомислениците се нарекуваат убијци, кучки итн.
Абе и јас сум против намерниот абортус, ама нема да ги наречам тие девојки кучки како што една феминка рече. Нивни живот, нивна одлука.
Ако се сакате со дечкото, останете си заедно и роди го бебето. Религијата, родителите, сето тоа е небитно ако вие навистина се сакате. Љубовта е над се.
[ ne ne gi osuduvam jas niv i jas sum bila devojka se omaziv na 20 godini i veruvajte dotogas nemav odnos so nikogo mm mi e prv i zatoa mi se cudni denesnive devojki iako i jas sum seuste mlada trcaat 15 godini da imaat odnosi ima vreme za se se smeat pa posle placat koga ke ostanat bremeni neplanirano epa ke placat se znae koga se legnuva so maz sto moze da se sluce no dzabe e veke ova da i se kazuva na ova devojka sega kako ke si odluce taka neka prave iako jas definitivno sum protiv abortusot ako ima uslovi da go rode i da go gleda samata ako ne ima i posvojuvanje ke go zemat nekoi deteto sto ke imat uslovi toa e podobro spored mene
најлесно е некому да му дадеш совет од типот: седни дома со твоите разговарај,или :роди си го детето. Никој не знае какви се родителите од другата страна,дали се разбрани,дали ќе го подржат своето дете или ќе му дадат совет.Не е животот амерички филм. @Sara.L не знам што ќе одлучиш но која и да ја одбереш ќе биде тешка.Ниту љубовта ниту животот после нема да ти биде ист. Ти посакувам се најдобро и жалам што мораш да поминш низ сето ова.
Јас сум со дечко ми 10 години, и во првите 8 100% ќе абортирав. Користев и користам заштита, но ако пред 2 години потфрлеше, немаше денес да бидам мајка. Ниту психички, ниту финансиски бев спремна. Ако денес останам бремена, 99% ќе го задржам, мојот живот и мојата ситуација е многу поинаква сега. И доста со сиропиталиштата, си била ли некогаш? Јас сум била, видиш, и баш тогаш мојот став се зацементира, посвојување - не!
Ne ne sum bila ti ke mi kazuas kako e zatoa kolku samo prijatelki si posvoija a nekoj posle i rodija svoi oni budali li se tie sto gi dadoa decata na posvojuvanje i ne gi ubijaa ne gi abortiraa ti izleda ne si informirana sto znaci kiretaza i nejzinite posledici dve zeni veke nikogas nema da mozat da bidat majki zasto zasto se osakateni pri cistenjeto samo so surogatstvo mozat da bidat majki ti izleda neznaes nisto za abortus zboram za namerniot abortus koj se posledici moze da se slucat imate odnosi pa posle placete e zasto mi se sluci ova e normalno nikoj ne ti garantira sto postotna zastita epa ke vi se sluce se znae koga se ima odnos sto moze da se sluce i krivo vi e koga ke ve osudat epa nema zasto da vi e krivo toa e so svoj kamen po glava imase skoro i na mm edna bliska rodnina ostana bremena na 18 god i roditelite i se krstea posle dali ke ja zeme toj sto nose negovo dete
Мечкичка, ако сама знаеш што кажа, рака сечам. Со тоа сељачките изрази не знам каде си тргнала. Толку е тешко да се напише смислена и концизна реченица, без кучки, мачки, ебење? Аман.
@Sara.L млада си, ама не премлада. Мислам ако веќе не сакаш да абортираш, дома разговарај со твоите. Се случувало и ќе се случуваат вакви ситуации. Не си ни прва ни последна. Само што и да одлучиш, треба да биде тоа брзо. Ако дечко ти не сака, батали го. Ако сака да родиш, уште подобро. Во вакви ситуации ниту религија, ниту ништо не е поважно од животот на една невина душа. Јас верувам дека ако го родиш, нема да зажалиш. Не сум мајка, но знаеш и самата дете што значи на мајка. Мене мајка ми ме родила на 21 Си заврши потоа факултет вонредно, во меѓувреме и братче ми роди. Размисли убаво,зборувај со дечко ти убаво и со твоите дома. Ти посакувам се најдобро И да ни кажеш што си одлучила.
Не ми се верува Кој дел од несакана бременост тука не се разбира? Девојка, жена има несакана бременост и решението е да го роди и даде на посвојување. Ембрион и дете, исто ли е? Кога трудницата би имала храброст и/или услови да се соочи со околината, би одлучила можеби и поинаку. Која е целта да се соочи со родителите (за жал најчесто), да го убедува љубовникот (кој ете не е заинтересиран), да стане мајка и да го даде детето како да е чоколадо. Цел живот да живее со мислата дека таму некаде има свое чедо. Цел живот да страда. За да некој друг биде среќен? Хипици ли сте, што сте?
Каков напад на сиротоно девојче она незнае главата кај и е па уште посвојувања,компликации. Кога лежрв во Болница имаше една жена 5 месеци намерно абортираше,неможела порано мажот и не ја пуштал. Прво ја осудив но кога седна до мене и да ми кажува колку пати со тој нејзин маж дури мислам дека подобро што абортираше. Јас го подржувам абортусот бидејки никое дете не заслужува да страда во животот. А компликации на секој може да му се случи од било што не мора Абортус да е. На тие жени што не им е гајле за децата и не ги сакаат на нив Господ им дава така да знаете.
Abortus @meckicka Абе еден збор не пиша за маживе, се нешто жениве криви. Јас сум за на пр да се донесе закон, да ако еден маж кој направил дете, не сака да го прифати, да го гледа, да го чува итн, да му се прави стерилизација. Ко што се осакатуваат жените, фер би било и мажите. Тоагш повеке деца ке бидат згрижени, сите ке имаат родители итн. И нема што еден мажјак да оплодува повеке жени и да ги остава на цедило, да сами гледаат дете или да абортираат.
Јас само да ја прашам девојката дали после абортусот планира да остане со овој дечко? Дали ке може да го поднесе, со оглед на тоа дека тој и дал предлог да абортира и дека не ја поддржува? Дали ако продолжи со него е сигурна дека нема пак да забремени и пак да биде оставена на цедило? Што ако тој ја остави неа? Што ако после ова тој биде со друга? Што ако таа никогаш психики не се опорави од случката? За тоа со време се мисли со кого влегуваш во врска и што очекуваш од таа врска.
Редовно од влакно ортома се прави тука. Ве праша девојката за совет, а не што не се даде соодветен (со исклучоци) туку и непотребно се оптовари темата со веќе прочитани небулози. Вчера напишав пост па го избришав. Не бев сигурна во пишаното. Денес пак би го напишала истото, бидејќи размислив и заклучив дека е точно тоа што го пишав/избришав вчера. Ако немаш поддршка од родители и дечко (а богами и од негови родители), опцијата ,,абортус,, стои отворена. Точно е дека е опасен абортусот, оперативен зафат е, и се во прашање репродуктивни органи. НО...уште поопасно е ако без никого позади себе останеш па и со бебе во раце. И твој и живот на детето уништен. Мораш да разговараш и со ротителите и со дечкото.Ќе има проблеми, нема без ништо да помине сето ова, но мора да сфатиш дека секој сам си ги сноси последиците...добредојде во светот на возрасните.
Ти препорачувам да си посетиш психолог а по потреба и препорака од психилогот, и психијатар Жалосно е една жена да има толку огорченост во неа и да ја манифестира на анонимен форум преку напади на членки.. Meckicka... Да бидеш мајка е нешто свето..нешто што не секој го може.. Да бидеш мајка не значи да родиш дете, значи да го земеш во прегратка и да не го пуштиш до последниот ден од животот, без разлика дали е детенцето е 2 месеци или 70 години.. Една е мајка таа што ќе те исчува и ќе те направи човек.. Тие жени за кои што велиш дека само со сурогат мајчинство можат да бидат мајки, ќе си го најдат својот пат. За разлика од нив, на тебе не знам што да ти речам освен дека те жалам.. Не те жалам поради ситуацијата во која што си, те имам прочитано по форумов. Те жалам поради тоа што од сабајле се мразиш себе а попладне цел свет.. па и нас тука Лани ова време братучетка ми со мажот и посвои детенце. Ангел е условите во домот за доенчиња се солидни, условите во домовите за деца не се сјајни.. И фактот што луѓето сакаат да посвојуваат доенчиња а не деца по 2-4години.. Се надевам дека еден ден ќе најдам човек до себе на кого нема да му смета да ме поддржи во желбата да посвојам, без оглед дали имаме наши.. Не се сите за родители Со мислењето од вчера на @referentka вчера сакав да не се согласам во целост бидејќи беше некако остро напишано, сношти го барав, гледам го нема.. единствено што ми засмета вчера беше тонот..груба си рефке Грубо но реално..за жал