@Sara.L мора прво ти сама добро да размислиш што сакаш, и на што си спремна, плус ти најдобро си ги познаваш родителите, и можеш донекаде да претпоставиш дали би имала помош и поддршка од нив. За да се одлучиш на абортус не ти треба ничија помош, одлуката си е само твоја, но ако одлучиш да родиш и те како мора прво да расчистиш сама со себе и со обврските што те чекаат, а потоа да им кажеш се на твоите, а сама без ничија помош да чуваш дете е неизводливо од ниту еден аспект. Сите тука можеме да кажеме едно или друго, ама сепак ти ќе бидеш сама било која одлука и да ја донесеш.
Може ке испаднам лоша со ова што ке го кажам ама ти жено си го бараш. Ете ти невина до брак се чуваше,светица без абортуси и без киретажа. Зошто немаш деца? Заради други здраствени причини така? Еднаш кажуваш криеле здравствена состојба на мт од тебе. Па тој заедно со свекрва ти вршат физичка и психичка тортура врз тебе. Кај врз тебе па и врз мајка ти. После сте се одлучиле да живеете без деца и така бил убав животот . Па се жалеш од роднини,пријатели како ве избегнуваат. Па пак се решавате да продолжете со обиди за дете. Дај одлучи се и среди го твојот живот Престани да осудуваш девојки што и без твоите обвинувања доволно им е тешко. @Sara.L верувам дека ти е тешко. Се плашеш што понатаму и од реакцијата на родителите,дека ке ги разочараш.. Доколку дечко ти ти предложил да абортираш значи не го сака тоа дете. Сега прашање е што ти сакаш? Ке можеш ли да го родиш,да се грижеш и за себе и за него сама? Многу успеале но многу е потфрлиле. Одлуката е само твоја и што и да решеш биди сигурна во тоа за после да не се каеш. Јас дечко како твојот одма би го исфрлила од животот. Сепак и тоа е твоја одлука.
Па нека не те чуди. На 20 години се омажила така што може и до брак била невина. И јас не сфаќам до толку вреѓање на оние што се одлучиле за абортус.
Намерен абортус во 5,6,7 недела и абортус поради неразвивање на плодот различни последици ли носи? Црна хроника си, еве јас напротив ке кажам па знам што имале абортуси, намерни, ненамерни, спонтани и си терале наредни бремености и имаат здрави, прави деца. Ептен си со тој став дека абортира понатака нема да може да роди, како да не.. а јас после хаотичен пораѓај, деформирана постелка, па ме чистеа со вакум, па крварев многу, второ ке можам ли да родам? Дај не ги вади од памет, 21ви век сме.. башка сигурно еден таков трогателен пост од тебе нема да ја предомисли, куп фактори треба да ја предомислат за да го роди бебето, мислењата на форумов сигурно најмалку и значат, ти со коментариве само го смени мислењето на многу луѓе за тебе тука.
Во право си. И јас знам многу девојки што абортирале намерно па во брак имале по две, па и три деца. Медицинава кај отиде. Човечки глави пресадуваат, а не пак за киретажа. Ако е изведена од стручњак, нема да има последици. Мечкичја, многу си негативна. Збориш за писледици, а на секоја жена и кажуваш за твојата биохемиска бременост. Извини, тоа позитивност е?
Поентата на легалниот абортус е токму тоа - да биде што побезбеден. Не е средство за контрацепција, но некогаш е прекупотребен. Неукоста е многу, многу лоша работа, како за неукиот, така и за тие што ги советува. Затоа секогаш преферирам да кажам точна информација и поткрепена, него да тапшам по рамо, макар некому тоа и да не му се допаѓа. Сепак пишуваме на јавен форум и секој има достапност да ги чита мислењава, малку одговорност за тоа што го зборуваме не е на одмет.
Epa i jas toa sakav da go kaz Ne mi e rabotata da ja vregam zborot mi e oti trcat so deckovcite odma odnosi da imat odma doma odat spijat so niv pa posle im e krivo koga ke im se slucat vakvi nesakani bremenosti no dzabe e veke se a za abortus toa neka si odlucuva ona so nejzinata familija dali ke ja podrzat da go rode deteto ili ne oti ima roditeli sto im pomagaat i gi podrzuvaat vo toa nesto a ima i takvi sto odma vikaat da go abortira ili da go rode i da go dade na posvojuvanje iako realno jas sum protiv abortusot no donekade ima te pravo sto ako nema uslovi da go gleda toa dete ili ako ja izbrkaat na ulica
A da mi bea spremani dokumentite za posvojuvanje kako sto imavme plan so mm prethodno jas ke ja molev da go rode deteto i da go zememe nie barem ke znaese kade e deteto i ona a i deteto ke mozese da znae za nea i iskreno zal mi e za devojceto sto se naslo vo vakva situacija
леле незнаеш што збориш Сега ние сме во право, ама сепак ти си строго против абортусот? Инаку од кај дозна дека одма истрчала и имала односи со дечкото и останала трудна? Па може со години се заедно... или требало да се чуваме сите како ти пред 12 години што си се чувала? Инаку туку така е тоа, да роди и да ти го даде..
не ме сваќај погрешно,но дали знаеш дека тоа воопшто не е можно!? Не може сами да одбирате кое дете ќе го посвоите.Листата на чекање е долга и има посебен систем и процедура.
@Sara.L мене највоочливо ми е што тој не сака бебе со тебе. Може мисли премлади сте, немате финансии за бебе а можеби и не те сака доволно. Муабетот ми е дека нешто не е како што треба меѓу вас. Одлуката е твоја дали сакаш да си мајка на дете без татко. Твоите сакале нејќеле ќе ти помагаат. Но ти на 21 година ќе гледаш дете а дечко ти од старт вели не го сака тоа дете. Дај Боже да го родиш и дечко ти да си земе улога на возрасен маж си легне на брашно и си прифати татковство, бидејќи обратно ќе бидеш млада самохрана мајка што може многу да ти влијае на формирање семество во иднина во нашава конзервативна земја. Ако абортираш треба да си свесна на сите последици од тој чин и најбитното е дека по сето тоа со други очи ќе го гледаш тој дечко т.е. не ќе сакаш да го гледаш. Се е твоја одлука во ситуација кога тој вели абортус т.е. немаш на старт подршка од дечко ти. Многу ми е жал што си во ваква непријатна ситуација која е тест за било која љубов.
Jas mislam oti do 14 nedela ako ne se lazam a posle treba potpis od doktori oti se umrtvuva plodot pa se davaat provokacii za raganje
Жено девојката има 21 година. Мене ми е чудно да нема секс на тие години. А ти пошто на 20 невина се мажи, значи по полов орган истрча? Не секоја сака брак на тие години и не секоја сака невина да се мажи. А ти да се мажеше на 28 или 30 год невина ке беше до тогаш? Или сите треба на 20 невини да се мажат? Девојката праша друго и побара помош кога и е најтешко, исто како што ти бараш помош овде кога ти е тешко. Абортусот денес не е никаква прачка за понатамошен пород. Има врвни специјалисти. тетка ми два пати абортираше после првото дете во 90те, па после 7 год роди уште едно-планирано. Двојче, размисли убаво што ке правиш, ама да одгледаш бебе е тешко, да одгледаш дете е претешко, а да го извадиш на прав пат и да стане нормална личност е навистина најголема мисија. Од психолошки аспект, од финанфиски, од здравствен, мораш да мислиш. Да имаш добро платена работа, да си осигурана, да имаш каде под кирија ке ти речев да го родиш. 9 месеци ке седеше дома, па ке го носеше во градинка. Знај и дека е претешко да си самохран родител. Тоа значи секогаш да работиш прва смена, зошто ке нема кому да му го оставиш детето. Кога ке имаш настинка, главоболка, или вртоглавица ке нема кој да ти го причува. Навистина не е лесно да си самохран родител. Имаме таква тема на форумов прочитај. Проблем дополнителен кај тебе е што таткото на бебево е др религија, што знали одма ке бидеш осудена и покажана со прст. Каде ке ти припаѓа детето? Сум видела како таквите деца ги избегнуваат. И тоа имај го во предвид. Твојов сегашен дечко сака да го абортираш, ама ако го родиш и после некоја година може да ти го земе, да ти прави дополнителни стресови, да биде со друга жена коај не би ти го погледнала. Од твоиве знаеш дека нема да имаш поддршка, тоа е оште еден преголем проблем. Скроз си сама. Тешко ти е претешко, не ни можам да замислам колку. Размисли си пак, ама јас сепак сметам дека треба прво својот живот да си го средиш, па после да размислуваш за бебе. Овој дечково мочково твој, си ја покажа љубовта, грижата и почитта кој тебе. Не му се вракај после ова, не ти треба. Немој слчајно да помислуваш во негова прегратка да се тешиш и да плачеш, не му е битно, може само да ти глуми како му е и нему тешко и да те покористи уште некое време. Со срека мила. Пиши ни кога ке те превладат емоции, тука сме.
@Sara.L девојко стварно се наоѓаш во многу лоша ситуација. Да сум на твое место, најпрво би разговарала со дечко ти. Дознај што тој мисли и како понатака. Прва пречка во нашево општество ќе ви бидат различните вери. Многу е битно какви се твоите родители општо, во смисла дали ги прифаќаат таквите врски, дали ќе можат да го прифатат фактот дека си бремена на 21 година? Ти си ги знаеш најдобро но во секој случај мораш да разговараш со нив. Ако немаш поддршка од нив, а ни од дечко ти и ако нема никаков план со тебе и со вашето бебе, најдобро решение е абортусот. Веројатно тоа е тешко, веројатно ќе се обвинуваш но е далку подобра варијанта од тоа да го носиш 9 месеци и да го дадеш на посвојување. Од тоа мислам дека нема ништо поболно, да знаеш дека е живо, а да не го гледаш.. Во случај да се одлучиш да го родиш, треба да бидеш свесна за сите предизвици, првенствено финансии, работа, одгледување, откажување од многу работи... Ти посакувам да го одбереш најдоброто, првенствено за тебе а потоа за сите други. Пиши ни што си одлучила.
Јас не верувам дека Мечкица не влегла во брак невина и глава сечам дека има Абортирано,ова од Авион се гледа.5