Добро бе @meckicka си се омажила на 20 години. Ти за што трчаше бре? Вака се иритирам. Ги напаѓаш тие што имаат односи на 21 години во врска, а ти се правиш светица. Ти од колку почна со односи? Сигурно од 17. Ај ти се молам.
Не е ново воопшто. Штета што не си знаела. Инаку, не поддржувам абортус. Да не образложувам, доволно е.
А ти верувам си од оние кои „се воздржуваат“ од односи пред да стапат во брак, сигурно. Супер за вас, што да ви кажам. Мене ми се непоимливи нештата кои ги зборува членката поназад, со денови само читам и се прашувам каде ли живее. Или каде живеам јас, затоа што реалноста е со малку поинаква перспектива, ама ајде како сакате.
Не, за жал и јас не сум знаела. Ама за жал викам. Да ме подучеа навреме моите дека е тоа грев, немаше да го направам. Јас од вас на форумов видов дека, наводно, нормално било. Но кога сфатив дека не било, се откажав од такви глупости. Добро, да не одам оф топик, има теми за ова. А за абортусот колкав грев е, жал ми е за душите на тие што го поддржуваат и се нафаќаат на таков зафат.
Епа тогаш немаш право никому да му кажуваш „штета што не си знаела.“ Секој си се раководи според своите размислувања и сфаќања. Мене животот не ми се базира на слепо раководење според Библијата. Ете, стапувањето во интимни односи пред брак не го сметам за грев и не сметам дека сум блудница или што год да е. Ама јасно ми е каква би била дискусијата според твојот став за абортусот, па тука ќе се повлечам со она добро познатото - секој нека си прави онака како што мисли дека ќе биде најдобро за него самиот.
Не, баш затоа имам право да кажам. Но да, нека заврши дискусијава овде додека не заминала во погрешен правец.
Зошто од инает? Јас само си кажав дека не поддржувам абортус, треба сега сите да го коментирате и мојов став?
Сум забележала дека многу личности на бракот гледаат ко да е нешто свето. Мене самиот брак како концепт ми е глупав, и што би ми сменило тоа парче хартија на кое јас ќе се потпишам во матично дека се земам со некој? Или не, откако ќе потпишам црно на бело слободна сум да одам дома и да имам секс, дека сега имам лист хартија кое наеднаш ме прави поштена и ми е "дозволено" да бидам со некој. Јас можам и да живеам цел живот со партнерот, без да се омажам за него, и ќе ја имаме еднаквата почит, љубов и разбирање (и секс) исто како и со тоа да би отишле во матично да се земеме. Црквата не ја споменав, зошто сум агностик, и искрено потполно сеедно ќе ми биде дали ќе се венчам во црква или не, зошто тоа не ми значи ништо. А и смешно ми е некои личности што ја направиле истата работа што јас ја правам или сакам да ја направам, да ми паметуваат дека тоа е недозволиво и страшно, леле како можеш ти тоа да го правиш. Имав таква другарка, ќе ми збори пример се труеш со тоа цигарите а она до завчера пушела две кутии на ден, и кога ќе и го спомнеш тоа, одма застанува во дефанзива, ама сега за тебе се збори, не за мене, што ги мешаш муабетите, ее ама јас остај што пушев ко ненормална, сега не пушам и супер сум, ти не чиниш никако. Така и за оваа тема. Инаку, конечно он топик. Познавам личност што направила абортус, и ја поддржувам зошто во нејзините услови тоа беше единствената правилна одлука. А што би рекле за девојките кои биле силувани, од непознат напаѓач или пак од самиот сопруг? За тие што останале трудни зошто ете пукнал кондомот, а не се спремни сега да имаат бебе? Или пак тие што ВО БРАК останале трудни на ризична возраст, околу 40 години, иако користеле контрацепција, и раѓањето на детето би ги ставило во животна опасност, а и детето може да биде со разно разни аномалии, па дури и да биде родено мртво? И тие немаат право на абортус?
Не ставот за абортусот, туку дека жените треба да чекаат брак за да имаат секс. Се понашате како да не живеете на оваа планета или во овој век. Па дури ни баба ми која првото дете го родила 1946 не чекала до брак, а не пак поновите генерации. Не можете и не смеете да судите, кога ретки се таквите како вас што се чуваат. Судете им на тие кои во 21 век незнаат сексуално да се едуцираат, при цел расположлив интернет тие знаат само фејсбук и инстаграм.
Мене никако не ми е јасно зошто секогаш, секој на форумов мисли дека другиот му суди. Која сум јас да му судам на некој? Се знае кој има право да суди... јас можам само мислење да кажам, совет... и после другиот се сфаќал лично. Да се вратиме на темата абортус, а не секс пред брак. За девојчето, не можам да дадам совет бидејќи е во голема каша и што и да направи ќе биде лош избор. Ова е пример дека треба да се мисли пред да се легне. Жал ми е ама... кој како си ја наредил.
Познавам многу мајки, кои кога беа млади девојќи говореа навредливо за други млади девојќи кои останале бремени и абортирале, ги нарекуваа убици итд. Истите тие, се омажија, родија едно, две, која и три деца АМА..ама кога останаа бремени(несакано нели)си отидоа на абортус со причини(нивни се разбира и не е битно сега тоа) и што сакам да кажам е дека заборавија што збореа за абортусот..така да женски, размислувајте на вас како ви одговара, правите математики, извадете ги сите аргументи на маса, сите позитивни и негативни причини, што би било кога би било, не одите на варијантата дека ако абортирате нема да можете потоа пак да останете бремени..гледате дека плодноста е бајаги опадната кај двата пола а причините се многу, да не ги набројувам сега на оваа тема. Кога јас би била едно ембрионче во стомакот на мама и да ја чујам дека не ме сака, дека размислува што би правела со мене, не би и се налутила, би ја почитувала секоја нејзина одлука, и така не го знам надворешниот свет...НО АКО.. МЕ РОДИ И МЕ ШУТНЕ КАЈ НЕКОЈ ШТО НЕ ГО ПОЗНАВА; НЕКАДЕ КАДЕ ШТО НЕМА ДА ЗНАЕ ДАЛИ КЕ МИ БИДЕ УБАВО; ТОПЛО; БЕЗГРИЖНО;СРЕЌНО идр, или едноставно кажано ме фрли во неизвеснот..е тогаш преку папочна врпца ќе излезам и ќе ја задавам. Дете да се даде е исто како око да си извадиш сама, цел живот ќе бидеш ќорава, ќе те боли и ќе те потсетува на злосторството што си го направила со секој поглед во огледало Повторно ќе кажам дека одобрувам абортус!
Дали ти душо моја кога конзумираш некоја храна, не е битно што, размислуваш дали има отров, дали има некои бактерии, дали е направена во хигиенски услови и бла бла бла.......... Ако се мислело толку пред да се легне, како што ти мислеше, тогаш нели за се треба така да се мисли..ехеееееј, на што ќе личеше светов
Џабе докажување, кога Мечкичка нит чита што е напишано, нит ја интересира. Јас мислам дека светициве повеќе грешат од нас бештиите. Некако многу пештерски живот ми тераат. Да се чуваш, а зошто? Под услов и типот да е еднакво пештерец па заедно да се чувате океј, али тој да си шетка додека ти се "чуваш"? Лол.
Дефинитивно мила моја ти не ме разбра што сакав преку прост пример да ти објаснам. Искрено сега од мене, повеќе би сакала да сум во нејзина кожа, тоа лесно се решава, отколку во кожата на оние сироти Африкански деца кои секојдневно умираат и..... мислам дека ќе разбереш сега
А јас пак повеќе би сакала да сум таму и да умрам од глад и жед знаејќи дека совеста ми е чиста и не сум убила и наштетила на никој. Те разбирам што сакаш да кажеш, но разбирам и дека има различни луѓе и ставови и нема потреба за напаѓање и навредување за нечие туѓо мислење, треба ова да го разберат и оние членки погоре кои се фатија за моето мислење и на @meckicka