Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    А ако плодот има аномалии кои потоа би преминале во нешто фатално, не е ли тогаш мајката себична што ќе го роди и ќе го осуди на мачење цел живот ?!
     
    На bittersweet, kjukli, Sanjichka007 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Што е должна невината душичка да се убие? Има многу луѓе кои се пореметени на било каков начин па живеат. Наместо да водиме дискусија како да го направиме светот подобар ние подржуваме убиство на бебиња, подржуваме хомосексуалци кои се причина за милиони болести, подржуваме педофили и силувачи... немам коментар, малце барем размислете како е чувството да се убие бебе. Без душа сте навистина...
     
    На LUCI 99 и meckicka им се допаѓа ова.
  3. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.850
    Допаѓања:
    13.468
    Абе од намерен абортус што праша девојката да го изврши преминаа на плод со аножмалии дали треба или не да се роди.
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.008
    Допаѓања:
    81.345
    Пол:
    Женски
    Не, туку само се надоврзав и го прашав најдругарски што е поголемо убиство - абортусот кога бременоста е непосакувана, или да осудиш некој на мачење цел живот.
    @Vitaly очигледно нема претстава како е да се грижиш за дете со инвалидитет или некои други вродени ментални проблеми.
    Одговорот само ми ги поврди сомнежите. Толку од мене. :)
    И по не знам кој пат - емрионот не е бебе.
     
    На theowndemon, Victorian, bittersweet и 10 други им се допаѓа ова.
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    темава од за/против абортус отиде во за/против секс пред брак(иако не знам зошто мора да си во брак со некок за да се има дете) па после во ембрион/бебе.
    ...............:smoke:
    ова стана латино американска сапуница.

    и најзабавно е кога оние противнички на абортус,бараат детето да го роди па и да стане самохрана мајка...а после ги читап во теми со размислување како брак е света работа и се против вонбрачна заедница.
     
    На theowndemon, Annath, bittersweet и 11 други им се допаѓа ова.
  6. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски

    Ти нешто си ги помешал брзините. Дај посочи која е таа личност што поддржува ПЕДОФИЛИ и СИЛУВАЧИ?

    Нели е себично да дадеш живот иако однапред знаеш дека има одреден проблем? Зборувам за вродени аномалии и недостатоци, синдроми и слично.
    Ама уште посебично е жена да роди дете за кое воопшто не е сигурна дали го сака, дали може да го израсне и да се грижи за него. Оти не можеш да родиш дете па да го фрлиш на буниште. Не може таа невина душичка да разбере зошто е осудена да мизерува.
    Случајно биднало и ајде сега ќе глумиме посветени родители или пожртвувани самохрани мајки?
     
    На theowndemon, Victorian, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    [​IMG]
     
    На theowndemon, Victorian, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    И јас така мислев до пред некое време, но сепак не е должно бебето да го убиеме поради тоа што ќе биде класа подолу од другите или ќе биде инвалид. А сте размислувале ли дека може од него да стане ЧОВЕК!! покрај сите недостатоци кои би ги имало? Како да посочам која е таа личност кога гледате што се случува денес, легализираат наркотици, хомосексуални бракови, терористи и силувачи се шетаат на слобода (типичен пример Македонија) и сето тоа е нормално. Инаку како е себично да дадеш живот кога не го даваме ние, Господ го дава. Ако не сакаат деца тогаш зошто имаат незаштитен однос? Има 100 начини како да се заштитите од бременост но така најслатко е а потоа бегаат од обврските...
    Инаку за ова се одговорни ДВАЈЦА а не само жената!
     
    На LUCI 99 и meckicka им се допаѓа ова.
  9. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Сакала ти или не во Европа во блиска иднина ќе има се повеќе и повеќе анти-абортус закони, закони за ергени и така натаму. Едноставно мора да се реши демографската катастрофа и стареењето на популацијата. Во повеќето Источно Европски земји пополека се донесуваат такви закони, а под притисок на ситуацијата тоа ќе почнат и во Западна Европа. Експериментот на сексуална слобода дава поразувачки резултати секаде и деградација на општеството. Тоа нема врска со религија, туку со закони на природата.

    За Европа немам некои конкретни информации, затоа што не сум прочепкал, но за САД ќе ти кажам поконкретно. Во Америка абортусот е легализиран од чисто стратетишки позиции за да се загуши црнечкиот демографски раст со оглед на тоа што во најголем дел абортусот е сторен од црна жена.

    Во Македонија не е таков случајот на пример. Најголем дел од абортираните деца се од мајка Македонка. Малцинствата немаат таков проблем во Македонија, па затоа владата притиска со анти-абортус закони да се крене колку-толку наталитетот кај Македонците, пошто ние сме народ што изумира. Не тие.

    Јас сум за абортус во одредени ситуации кога е во прашање психо-физичка попреченост или некоја критична ситуација на мајката поради бременоста. За друго не.
     
    На meckicka и Vitaly им се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.438
    Допаѓања:
    38.448
    Пол:
    Женски
    @Black girl јас мислам дека погрешно ја разбра @joy1, прашањето и е до тие што не поддржуваат абортус поради други причини освен медицински, како во случајот на девојката.
     
    На theowndemon, Annath, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  11. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.803
    Допаѓања:
    325.324
    Пол:
    Женски
    Da be ti ja poznavas mojata istorija za da znaes dali sum pominala niz toa ili ne.Znaci ubiec e majka koja abortira embrion od 6 nedeli a ne e ubiec ona koja abortira primer vo'26 nedela?

    Jas licno ne ja osuduvam ni ednata ni drugata majka
    Zboruvam za tie sto ja osuduvaat prvata a vtorata ne
     
    На Annath, bittersweet, NOVAVON и 6 други им се допаѓа ова.
  12. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    48.563
    Пол:
    Женски
    Дигресија од дискусијата за абортус и дека сексот е за во брак, колку деца во брак би родиле ? 10-15-20 ? Јер тие што не се штитат пред брак нели на нивна неодговорност и нивна неукост, во брак па уште помалце би се штителе од бременост. Нарочно велам само бременост а не несакана бременост бидејки според вас секоја бременост е светост и не постои како категорија не сакана бременост. Би раѓале цел чопор деца секој пат сопругот кога ќе сврши во вас? Сексот е ист и во брак и пред брак, чин на спојување на 2 тела но исто така чин на задоволување на основна физиолошка потреба. Некој да ми каже дека треба невина да седам до 30 години е исто ко да ми рекол дека не треба да какам 30 години. Што ви е на вас што сексот го направивте напрљавото нешто од кое нАли излегува најчистото и најисконското нешто на овој свет а тоа е нов живот.

    На темата абортус се изјаснив дека го подржувам истиот па макар и бил од нечив аздис пошто се ебачел ( изразот на пресветите што го користат на темава) јер негово е телото и негова е психата од одлучи дали ке чува бебе или не. У гаките сте им па ќе им морализирате дали утепуваат дете или не. Кој нејке - нејке дете, кој сака дај Боже и 10 деца да има ако тоа го прави среќен.
     
    На duffi, Annath, Pinky97 и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Jaki ti se prichinite protiv abortus.
    Bitno bilo natalitetot da se zgolemel, zatoa Makedonkite ne trebalo da abortitaat, a za malcnstvata e ok, poshto neli za albanski, turski ili bosanski fetusi ne ti e gajle, samo za chistokrvi makedonski fetusi.

    Tuku, koga si vekje zagrizhen za demografija, ajde da napravime sporedba kolku abortusi se napraveni vo poslednite 20 godini, a kolku lugje se iselile od Makedonija vo istiot period.
    Shto e popogubno za natalitetot, abortusot ili faktot shto decata ushte od 4to oddelenie planiraat da si odat od drzhavava poshto ne gledaat nikakva idnina tuka?

    I najposle, ne postoi zakon shto kje go iskoreni abortusot. Ako nekoja reshila da abortira, kje odi vo stranstvo, ili kje go napravi toa na crno, ili na kraj kraeva kje go rodi bebeto i kje go frli vo otpad.
     
    На theowndemon, Annath, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Низ темава прочитав, не и за абортус после силување. А зошто да се продолжуваат гените на некој силувач?

    Ќе забранувале тие абортус во 21. век на оваа медицина и достапност до секакви податоци :D (facepalm) И да се забрани, пак на црно ќе се изведува и не сте постигнале ништо, само штета сте предизвикале.
     
    На theowndemon, Annath, Tan4ence и 13 други им се допаѓа ова.
  15. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Ова ми даде идеја дека дечкото на @Sara.L можеби заради верата не се осмелува да го поддржи раѓањето на бебето. Во тој случај можеби има надеж да се роди. Навистина би помогнало да се разговара ако е возможно. Знам дека е сега тешко, но ќе помине, се случува секому по нешто, гледајте на добрите страни, на пример дека можеш да останеш бремена. Значи здрава си. Секој има своја болка, некој се мачи со години да зачне.
     
    На meckicka, NOVAVON и elimkd им се допаѓа ова.
  16. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    С
    Сум фанатик, ама твојот живот не е мој :)
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.850
    Допаѓања:
    13.468
    Devojko, zboruvame za plod so anomalii taka? Toa spored tebe ne treba da se abortira? Ako sum te sfatila pogresno se izvinuvam.
     
  18. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Нормално дека не ми е гајле за турски, босански или албански фетуси. За тоа нека си мислат Албанци, Турци или муслимани од Босна. Ако нив им одговара нивните жени да абортираат и да го убиваат нивниот род тогаш во ред. Вие играте на таа патетична карта higher moral ground којашто е тотален нонсенс. Реков дека оправдувам абортуси во одредени ситуации како психо-физички недостатоци, силување и неколку други коишто не се за на форум за да не предизвикам масовни солзи кај social justice warriors :D

    Не знаеме колку абортуси се сторени во изминативе 20 години како што и не знаеме колку Македонци се иселени за истиот период. Немаме сеуште релевантен попис. Но, тие иселени Македонци не се мртви, нивниот ген не е мртов. Живи и здрави се, а можеби ќе се вратат во Македонија одреден дел од нив кога ќе пркнеме од срањево коешто го живееме моментално.
     
    На meckicka и Vitaly им се допаѓа ова.
  19. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.326
    Допаѓања:
    29.090
    Пол:
    Женски
    Најконтрадикторно е што од тие што не го поддржуваат аборусот повеќето веднаш го менуваат мислењето ако се работи за силување.
    Од некоја причина животот на невините ембриончиња, дар од Господ, продукт на силување, не вреди исто колку оние кои се продукт на незаштитен однос.

    Кога веќе ембрионот е поважен од психата на девојката и тоа дали ќе може и сака да се грижи за него, зошто не е така во сите случаи?
     
    На theowndemon, Victorian, Annath и 10 други им се допаѓа ова.
  20. Asparagus

    Asparagus Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2013
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    8.166
    Пол:
    Женски
    Pa vidi, zavisi i koja nacionalnost e siluvachot.
    Ako e Albanec, Turchin ili Shpanec ili Meksikanec mozhe abortus, ama ako e Makedonec nikako.
    Sepak treba da se razmisluva za natalitetot, toa e najbitno.
     
    На theowndemon, Victorian, Annath и 7 други им се допаѓа ова.