Odamna devojka ne sum A ocigledno nemozes da svatis sto pisuvam celo vreme bidejki licno si zasegnata
Убаво е да мислиш, ама немаш право на за и против. Маж си. Дента кога како средство за контацепција ќе се смета кастрацијата, може. Вака, кога товарот е на жената, воздржи се од глас. Инаку пошто ти е сеедно за турските ембриончиња, ти уствари не си ни про-лајф. Туку најобичен националист. Те жалам.
Да дадам мое мислење . Ако сте решиле да го задржите бебчето кое не ви било планирано или па слично, секоја чест, јас не би го направила тоа. Апсолутно го подржувам абортусот, па сега ако сакате мавајте ме со камења.
A da ve prasam vie sto vikate da abortira devojkata i ste za abortusot dali istoto bi go sovetuvale i na vasite deca
Да, ќе го советувам ако моето дете биде силувано. Да, ќе го советувам доколку се наоѓа во ризична возраст за раѓање и има можност таа самата да биде во животна опасност, исто како и детето кое може да е мртвородено. На крајот, ќе се изгубат два животи по секоја цена жената да роди?! Да, ќе го советувам доколку и покрај користењето на контрацепција, останала трудна кога тоа било непланирано и нема услови да го издржува тоа дете, било дали во моментот сеуште се образува, или пак живее во многу лоши услови во кои нема можност во моментот да одгледува дете. Да, ќе го советувам доколку мајката е во лоша здравствена состојба, има одредена болест која сигурно ќе ја пренесе на детето, и тоа е можно да се роди со аномалии, или пак наскоро самото да почине. Да!
Ne bi kazala odma da abortira bez da ja islusam. Zaedno ke odluceme sto e najdobro za nejzinata/negovata sudbina. I sekako ke ja podrzam odlukata sto ke ja izbere. Toa e obvrskata na eden roditel sekogas da stoe zad odlukata na decata,da se raduva i da taguva so niv no nikogas da ne gi napusti ili osudi. Inaku off topik sme..
Абортусот треба и мора да е право на избор....и не треба да се стави и ограничи во законска рамка од морални и етички причини, туку чисто од медицински аспект.
Eмбрион или плод кој има одредена аномалија во генетскиот код никогаш не може да биде човек во вистинска смисла на зборот. Јас лично не би си дозволила себе да родам дете кое има аномалија и целиот свој живот би било зависно од друга, возрасна личност, без разлика дали е аномалија на гентскиот код или неразвиен екстремитет. Одговорни се двајцата, ама последниот збор го има ЖЕНАТА, никогаш немој да го заборавиш тоа.
Па тоа и јас го кажував, ама за некои членови и тоа е убиство на бебе. Намерен абортус и бебе со аномалија е сосема различно и нема што да се дискутира за тоа.
@Black girl секако дека е различно, ама и во двата случаи правиме муабет за абортус и јас целосно го поддржувам. Без разлика дали една жена ќе одлучи да абортира бидејќи не е спремна да има бебе или некоја жена ќе одлучи да абортира поради одредени анималии, нејзиниот збор и одлука се последни. Не осудувам девојки или жени кои абортираат. Не сметам дека абортусот е убиство.
Не ги осудувам и нарекувам девојките кучки и убијци што намерно сакаат да абортираат. Нивно право си е. Ама тука некои членови онака навредуваат,а и плус викаше еден член дека пореметено дете треба да се чува. Јас сум за тоа да не се мачат ни такво дете ни родителите.
Drugo e bolno dete so nekoj invaliditet da se abortira iako jas ne bi go abortirala medicinata odi napred a drugo e zdravo pravo bebence znaci bolnoto dete uste na start ke mu trebaat pari i za lecenje i za se drugo da kazeme i toj nameren abortus nemoze da se stava vo ist kos so toj abortus na zdravo bebence nekoj ednostqvno ke nemoze da gleda kako mu se maci detenceto bolnicko
На темава се имам изјаснато одамна, ама морам да пишам пак. Како може некој толку да си дава слобода поради сопственото размислување и убедување, да суди, да се прави безгрешен и над некој во мака?! Како е можно толку луѓе да немаат разбирање, емпатија, па и страв, да напишат такви зборови, да страв, зошто не знаеме во какви ситуации секоја од нас ќе не однесе животот. Ни јас лично сега со ова размислување, не би абортирала во никој случај, ама тоа е мое и само мое да го одлучам, како што е на девојката што пишала. Едно е давање совет, сосема друго е осуда, нарекување убиец и заплашување!
За растење дете само пари ли се потребни? А каде е љубовта и пожртвуваноста? Не гледам причина некоја жена да роди дете кое не го сака. Можеби е премногу млада, можеби веќе има деца и нема време и финансии за уште едно, можеби сака да се реализира на друго поле, можеби воопшто не сака да има деца. Има многу причини поради кои една личност се одлучува да стави крај на бременоста.
Битер и во брак останале бремени, родиле и мажите ги напуштиле. И бо брак останале бремени, па мажите со таа помисла побегнале. Не е до тоа дали е во брак или не, туку со кој е во врска/брак. Јас мислам дека многу девојки ке ги родеа децата, ако бевме малку посовремено опшетство, ако бевме побогата земја и ако имавме добри институции. Да сум имала доброплатена работа на 20, да имало установи кои би ми помогнале, да имало добри градинки со двојно работно време и кога на тие год би останала бремена ( на почеток на врска со мм), би го родила.
Треба ли да ти нацртам дека ич не ми е гајле за турски, албански, ромски, арапски или индиски ембриончиња? Не, не ми е гајле најискрено, но проблемот со вас е што вие очекувате јас да го компромитирам мојот став за да ги задоволам вашите хирови. Дали лавот плаче кога ја голта срната? Не, јебига. Во природата важи законот на посилниот. Дали ти тагуваш и боледуваш зошто твојот комшија има леб да јаде или не, туку си одиш по одмори, шопинзи, ресторанчиња? Вашата хуманост на форум чувајте си ја за на форум. Не е битно ТИ што мислиш, туку што е добро за комуната, општеството, нацијата, државата. Во најголем дел од случаите на абортус не станува збор за психо-физички проблеми или силување, туку дегенерација и курвалак. Жал ми е за тебе, но се повеќе ќе гледате како го стеснуваат обрачот околу абортусот и можноста истиот да биде прогласен за нелегален во наредните години. Ќе ја видам таа “либерална и прогресивна“ Европа како ќе функцонира во наредните 30-40 години кога ќе стане континент на старци. Немој да ме жалиш. Јас сум среќен таков каков што сум.
Ту бре @Vitaly, што златно и културно дете беше летово кога те советувавме како да се бакнеш со девојчето @Bitter-Sweet, со крстот на чело проповедаш апстиненција ама затоа во пола од темите за секс имаш пишувано. Орален, анален, вагинален секс, секс на мост, секс во кола во движење и сега оп, аааа секс строго само во брак и наменет исклучиво за репродуктивна намена. Стварно е смешно сега да изиграваш светица и да гледаш од високо кон нас, останатите грешници. Читајќи ве вас двајца, заедно со другарка ви која (откако се вери) се маваше во гради дека секоја девојка која има повеќе од еден сексуален партнер е неморална и без домашно воспитување, како и другар ви кој (среќа) е баниран после сите гнасотии што ги изнапиша, навистина правите човек да се срами да каже дека е верник, за да не биде ставен во ист кош со вас. Господ е љубов а вие ширите омраза. (Да, денес касам) ***** @joy1, во врска со ставот на про-лајф фаците дека абортус на бебе, плод на силување или на бебе со малформации е оправдан а се друго е убиство, се што може да се каже на темата е - тешко лицемерие! Тргнуваат од ставот дека тие се фини и поштени и нема теоретски шанси непланирано да останат трудни додека несакана бременост им се случува само и единствено на оние лесни девојки кои скокаат од к*р на к*р и кои кондом со очи не виделе. Е ама, за жал, силување може на секого да му се случи, исто и зачнување на плод со аномалии па затоа и и им даваат зелено светло на тие „дозволиви “ абортуси, во случај и самите еден ден да се најдат во таква несакана ситуација. Односно, абортусот е убиство и грев се додека не им се случи на нив, тогаш е оправдан и може. @baba Rada погоре даде одличен пример за тоа колку брзо се менуваат ставовите кога лично ќе се најдеш засегнат.
A koj kurac si pa ti da odreduvash shto e dobro za nacijata i drzhavata, pa ushte i da nosish odluki vo tugjo ime i da prisiluvash nekogo da se zhrtvuva za taa cel? Eve jas mislam deka za drzhavava, a i za cel svet dobro bi bilo tebe da te kastriraat. I? Kje gi zhrtvuvash ti jajcata za opshto dobro? Ne mozhesh ti so sila da naterash zhena da bide majka, razberi go toa. Kje abortira na crno, kje go frli deteto vo kontejner, ili pa kje go rodi i cel zhivot kje istura frustracii na nego i na kraj toa nesakano, so sila rodeno dete kje se pretvori vo emotivno osakaten psihopat (neshto slicno na tebe), pa kje ja vidam Evropa kako kje funkcionira so takvi lugje. I ne te zhalam tebe, gi zhalam lugjeto okolu tebe, ne im e lesno nonstop da slushaat za kurvi, liberalnost, rasi i natalitet.