Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.627 глас(а)
    73,0%
  2. Не, никако

    601 глас(а)
    27,0%
  1. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    13.682
    A ti kade vide da se ubie takov covek, ziti se. Muabetot e toj se rodil i zivee taka, ama vo denesno vreme barem ima nacini da se spreci toa da se rodi da ne se macat lugjeto. I ne isprevrtuvaj muabeti.
     
    На CameliaMiller и baba Rada им се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Блек грл, тебе не те цитирав и не ти извртував муабети. Види го мислењето што го цитирав. Вакви мислења од 'напредни' жени знаеш како изгледаат? Ко оние што тргаат очи и им се повраќа кога ќе видат некој со посебни потреби или инвалид па реагираат со 'чувај Боже'. Знаеш: заостанато. Или пак, баш ко што си пиша самата таа, гледаат во нив ко да се чудовишта. Не знам како да ви објаснам дека не заслужуваат таков третман живи луѓе, кои ете ја немале таа среќа да бидат абортирани.
     
    На PaLaVa и zalosna им се допаѓа ова.
  3. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.630
    Допаѓања:
    13.331
    Пол:
    Женски
    Бил среќно дете..
    Боже ми опрости на празник што зборам вака, ама и јас да бев ваква скраја било и да бев во Австралја и мајка ми и татко ми да имаа пари ќе бев среќна. Имале пари затоа му приуштиле се што посакал. Со него кузне колку психолози, дадилки и доктори работеле за да биде она што денеска е - мотиватор и среќен оженет човек.
    Ама не секој има финасии и можност да гледа вакви деца. А што не сте се запрашале оние во Африка, Индија на Балканов па и кај нас како живеат со некој ваков тежок инвалидитет. Не верувам дека се среќни како овој, немаат услов да отидат до двор а не пак да летаат. Не гледајте секогаш на вакви позитивни приказни.
    Дали е или не е од медицински причини потребен абортус го поддржувам! Секој си ја знае чергата, која за вакви случаеви треба да е бајаѓи голема...
    Барем сега има можности да се испитаат ваквите деформации, барем да се спречат на време ако ништо друго. Болно е да го гледаш да се мачи а да не можеш да му помогнеш. Болно е да знаеш дека може во секој момент да те напушти. Болно е да знаеш дека не може да напредува..... А и нема секој срце да гледа вакви. Мене лично ми е премногу тешко и болно. Подобро на време да реагирам него после кога нема назад веќе да си ја трескам главата.
     
    На kjukli, okcenzi, Rebecca_R и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    13.682
    Абе знаеш што, на форумов сега сите се силни и светици, ама не дај боже да им соопштат такво нешто во бременоста, да видиме што ќе одлучат. Па и да има некој дадилки и милиони, ќе прекине сигурно таква бременост. А не е само во парите, цел живот ќе ти биде променет. Некои со потполно здрави деца не можат на крај да излезат што се вика, а не со болно дете.
     
    На Baby-bubu, CameliaMiller и baba Rada им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Жени, бидете свесни дека користите луѓе со недостатоци за да оправдате абортус. Онака, ги покажувате со прст и велите - "Еве вакви ќе се раѓаат повеќе ако се забрани абортусот. Ако е вакво ќе го родиш ма?" За луѓе зборувате сега, не за ембриони. Свесни сте дека човек со инвалидитет може да ве прочита? Свесни сте дека тие луѓе се соочуваат со вакви мислења секој ден? Дека околината мисли подобро би било да не се живи? Прогресивен став, мај ес. Мислете што пишувате, ама ве молам.

    Во ред е да оправдувате и право на избор и сосем е во ред да си зборувате за себеси. А за вакви мислења, не знам како можете да не сте свесни дека не се во ред.
     
    На Priroden, LUCI 99, danichap и 10 други им се допаѓа ова.
  6. starish

    starish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    За сите оние кои што се против абортус по било која цена, само сакам да пишам свое искуство и ќе бидам брутално искрена колку што ми дозволува сеќавањето. Пред повеќе од 10 години ја имав таа среќа или можеби несреќа да одам во Демир Капија во домот за штитеници. И не, не зборувам за оној оддел на лица кои се со Даунов синдром или со ментална ретардација да речеме на ниво на идиот (по застарена терминологија, одамна немам отворено како оди по нова) кои можат до одреден степен сами да се грижат за себе, знам дека учествуваат во специјална олимпијада, во работилници и ред други работи. Се сеќавам и дека имаше еден пар кои беа и родители, детето, девојче, сепак како и своите родители беше со ментална ретардација. Настрана од ова, болницата имаше свое крило во кое се сместени лица со IQ ниво од околу 20, можеби малку повеќе, можеби малку помалку, лица кои од своето раѓање се врзани за кревет, лица кои не се свесни ни за своето име, кои не зборуваат, кои, да речеме воопшто не се свесни за своето постоење. Настрана од менталните имаа и физички недостатоци.
    Да дадам поента на моево излагање, запрашајте се дали Вие би биле спремни да се соочите со овој предизвик? Дали и покрај сите информации би рекле, во ред, да, ова дете нема да биде функционална единка ама јас ќе го родам затоа што сум убедена дека Господ така сака, или не знам средината така сака или веќе не знам со кои аргументи се служите во овие ситуации. Мислите дека тие мајки кои ги имаат родено овие деца во тоа време кога сеуште сме ги немале овие 1000 и еден тест кој се прават во денешно време, ќе си рекле да, во ред е, ќе раѓам? Тогаш зошто тоа дете завршило во дом?
    Не смееме да му го одземеме на никого правото на избор, не мешајте религија, не мешајте морал, или национализам, мислам дека стварно нема потреба
     
    На ALISA0000, *Amethyst*, christinnn и 7 други им се допаѓа ова.
  7. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Женски

    Освен ако не си медицинско лице кое работи таму не знам друго објаснување како си влегол во горната зграда каде што се сместени лицата кој се врзани и кој се сметаат дека се опасни за другите а и за себе.
    Не сум ги видела никогаш но знам од прилика како се третирани заради кажувања на медицински лица.
    Тоа е страшно и верувам таа слика никогаш не се заборава.
    .............


    Друго .. има доста родители кој не ги абортираат своите деца иако знаат дека ке се родат со посебни потреби без разлика дали е генско заболување како хронична болест,Даун или ментална ретардација ..
    Дали прават лошо на своите деца ?
    Не би рекла.
    Секој има право да одлучи за себе и не смеете да кажете дека дете кое се родило со посебни потреби ќе биде несреќно.
    Кој сме ние да осудуваме.
    Доколку го правиме тоа значи подржувачите на абортуси ништо не се поразлични од оние кој се за да се забрани абортусот.
    Дека е тешко да се живее со болест е точно.
    Но се раѓаш со таа болест и ја прифаќаш како дел од себе со помош на педагози,психијатри.
    (значи не зборам овде за лица со потешка ретадрација)
    И се учеш да живееш така.
    Кај нас е проблемот околината и нивната "загриженост" дека тие деца не можат да бидат среќни .
    И да,погледите на околината може да направат тие деца да се повлечат во себе,да паднат во депресија и да се несреќни.
    Затоа внимавајте малку кога ги сожалувате и избегнувате тие деца.
    Не им правете добро со тоа.
     
    На kjukli, zalosna, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  8. starish

    starish Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    80
    Пол:
    Женски
    Се што сакав да кажам со моето мислење е дека на никој не треба да му се одземе правото на избор, тоа е најважното. Оној кој што е соочен со тој избор треба да одлучи сам, а не да биде ставен пред свршен чин. Затоа и се обратив до оние кои е hardcore против абортус. Се согласувам дека тие деца се стигматизирани, одделени, неприфатени од повеќето, никогаш не реков дека не се заслужни да бидат сакани и прифатени, не ми беше тоа поентата
     
    На Lella, Bender Rodriguez, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  9. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.148
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со се што кажа.

    Долниот пост не се однесуваше на твоето мислење туку заради погорните коментари дека тие деца не може да се среќни.
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    13.682
    Жено или девојко, не знам што си, кај виде дека се потсмевам бре? Зборам за навремен прекин на бременоста поради аномалија, а не за тие што се родиле. Јас баш не се потсмевам, не сакам да должам зошто, ама кога не знаеш дали некој поминал низ нешто лошо, не зборувај многу.
     
    На CameliaMiller и Baby-bubu им се допаѓа ова.
  11. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Зошто упорно ме цитираш? Каде реков дека ти си се потсмевала? Каде воопшто спомнав постмевање? Те молам прати го текот на постовите.
     
  12. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    13.682
    Па покажување со прст и ако е вакво ќе го родиш ма што спомна ти што да подразберам со тоа јас и другите. Испаѓа дека се потсмеваме на такви луѓе. И не продолжувај ко да си ти светица, а другите лоши луѓе.
     
  13. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Не разбираш воопшто што напишав. Врати се уште еднаш и читај ги мислењата по ред (ама сите, не само моите и твоите), можеби ќе сфатиш. Јас се откажувам од понатамошно објаснување.

    И леле аман со овие светици. Готово, ме растури со тој коментар. |(
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Black girl

    Black girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2015
    Пораки:
    5.965
    Допаѓања:
    13.682
    :hai:
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Машки
    Абортус оправдувам кога детето би се родило со некакви недостатоци. Исто така и кога родителите направиле дете а не им се чува, подобро да го абортираат но под услов смртна казна за нив. Жив абортус сум на такви родители, знам како е да не те сакаат родителите, да немаш никаква подршка од нив, да бидел малтретиран.. Да му се плукнам на животот ваков кучешки.
     
    На Smilleeeeee и meckicka им се допаѓа ова.
  16. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.837
    А дали ја знаеш перспективата на попречените? И не зборуваме за покуса нога, зборуваме за сериозни психофизички нарушувања. Оние за кои збориме, најчесто ќе ги најдеш во институција, не на форум. Никој од нас не се родил совршен, но малку да разграничиме: плод кој има неразвиен мозок, веројатно ќе умре во првите часови откако ќе се роди. Оние плодови за кои зборуваме, и да се родат, никогаш нема да бидат способни да го осознаат своето постоење, не па на форум да седат.
    Работам со луѓе кои се родени "такви", имаат по 30-40 години и сеуште не си ги распознаваат ни родителите.
    Според тоа, ако некој се најде засегнат - по грешка се наоѓа.
    Правете разлика меѓу мали недостатоци кои нема да влијаат трагично на целокупниот развој на личноста, и сериозни малформации кои освен страдање за сите,а најмногу за плодот, ништо друго нема да донесат.
    Плод за кој се знае дека ќе има тешка ретардација, е НЕХУМАНО да се роди. И да преживее, никогаш нема да се помести од животинска фаза, ќе јаде од земја, ќе врши дефекација кај што јаде, ќе биде невозможно да се облече итн.
    Те канам кога било да појдеш со мене до Демир Хисар и сама ќе сфатиш дека тоа е се, освен живот.
     
    На ALISA0000, kjukli, *Amethyst* и 12 други им се допаѓа ова.
  17. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.269
    Допаѓања:
    57.120
    Пол:
    Женски
    Камелија, јас погоре цитирав конкретно мислење со гадење за способен човек. Многу јасно напишано беше и тоа и моето мислење како одговор на тоа. Неговата перспектива ја знаеш кога ќе слушне такви мислења и сожалувања? Да прочита дека е тема на муабет на тема АБОРТУС? Да не спомнувам дека и децата од домови се нон-стоп користени во ист контекст на темава.
     
    На Priroden, danichap, SuperGirl24 и 7 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.810
    Допаѓања:
    274.837
    Децата од дом се користени, барем од моја страна, во смисла дека нашата држава тотално потфрла во грижата за нив, а не дека нешто на нив им фали. Во дом ќе најдеш деца кои на 5-6 години не се социјализирани, не знаат да зборуваат, не знаат правилно да вршат нужда. Осакатувањето кое е предизвикано од системот носи многу големи последици, токму поради првите години од животот кои се премногу значајни. Не велам дека сите се третирани така, моја најдобра другарка е посвоена - но како новороденче. Ако не се лажам, денес законски не можеш да посвоиш новороденче (можеби родителите ќе се премислат). Сметам дека е тоа грозно, но ако одлучам да дадам дете на посвојување, треба да бидам свесна дека веројатно ќе биде гладно, жедно, ќе плаче и ќе нема кој да го смири, ќе има грчеви и ќе го боли, а нема кој да му држи топло на стомачето. Ќе седи во фекалии со часови, никогаш нема да има некој да го учи да зборува. Мене сето ова ми е поголем злостор од абортус. Зборувам за себе, не како генерално правило.
    На пракса од факс секаде појдовме, кај сите "заборавени" од ова општество, и потажно место од соба полна бебиња во која е штама, не сум доживеала сеуште.
    Еј, Гламке, 15 бебиња, па треба да вриштат, да бараат млеко, да бараат мајка. Којзнае колку плачеле и никој не дошол, за да дојде момент више да не го прават ниту она што е најприродна реакција на бебе, најосновна форма на комуникација.

    Што се однесува до Ник, реков, тој е еден во милиони. Да се родел кај нас во сиромашно семејство, големо прашање е дали сеуште ќе беше жив.
    Сепак, Ник е барем психички сосема здрав, затоа и ги надминува физичките бариери.
     
    На kjukli, Glasna, Mishela и 13 други им се допаѓа ова.
  19. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.563
    Ако тебе не те сакале иако не сакале да се одиш, зошто да се убијат и тие? Ете тие доволно си се сакаат себе си.
    Гневот твој на друга тема истури го, овде не.
    Имаш 100 начини како да ги казниш таквите родители.
     
    На Dust и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. Bonus-Kombinator

    Bonus-Kombinator Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2016
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    128
    Пол:
    Машки
    Да се убијат бидејќи убиваат невино дете или ако се роди го оставаат само да преживува, без родителска љубов без ништо. Гневот што сум го истурил тука ти ако сакаш не го ставај на душа толку. Знам дека има многу начини да ги казнам родителите но сепак имам душа и не сум монструм кој би убил бебе или би го оставил на милост и немилост. :)
     
    На Smilleeeeee и zalosna им се допаѓа ова.