Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. renata76

    renata76 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    34
    Јас сум за абортусот, имајќи ги предвид сите услови!

    Не се сите девојки способни да станат мајки штом ќе останат трудни!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Оваа тема е толку обемна и длабока што тешко е да се каже само ДА или НЕ. Факт е дека абортусот постои од мнооогу одамна и дека не е модерна „измислица“. Многу фактори влијаат на одлуката за абортус кај девојката/жената и мислам дека е многу погрешно така лесно да се откажеме од правото на избор. Јас сум против абортус само во случаи кога девојките/жените го сфаќаат како начин на контрацепција, па по неколку пати годишно одат да абортираат, место да почнат да употребуваат нешто за контрацепција.
    И уште еден факт, во земјите во кои абортусот е забранет, тој сепак се извршува, само во илегални амбуланти и несоодветни услови, а оние со подобар стандард, одат во земја каде што е дозволен. Не верувам дека било која девојка сака да и се случи несакана бременост и абортус, но дека има и такви што не извлекуваат поука откако ќе им се случи, има (за жал). Исто како што е факт дека поголемата информираност и пристапот до информации, сексуалната едукација и сл. не доведуваат до намалување на бројот на абортусите, туку, напротив, бројот на абортуси се зголемува, а се намалуваат годините на кои девојчињата започнуваат со сексуални односи. Можеби и затоа за несакана бременост почнуваат да размислуваат дури откако ќе им се случи.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Stefanovskaana

    Stefanovskaana Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Fala na site za sovetot neznam se uste dali sum trudna ili ne,znaci mi dijde na tocno dato no nekako menstruaciata mie nekako cudna mn malku mi tece za razlika od proslite i mi se prekinuva znaci kje imam pa na pola saat nemam posle pak i toa me maci mene...no mislam deka ako na nekoj prifaten lekar mu ponudil 200-300 evra mislam deka ke prifati da te abortira...neznam dali da napraam test site mi vikaar deka nema sansi da sum trudna stom voopso i mie dojdeno no sepak neznam so da msilam ...helpppp///fala vi mn neznam so bi praela da ne bi razgovarala so vas
     
  4. Victorya

    Victorya Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2010
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    511
    Да си појдиш на гинеколог да се прегледаш. Така ќе знаеш дали си трудна (што не верувам) и онака чисто рутински еден преглед нема да ти штети, напротив.
    А не 300 евра да му понудиш, не верувам дека било кој би го ризикувал работното место за 300 евра. Кај нас абортусот е легален, па зошто некој би ги комплицирал работите и би правел нелегален абортус. Плус, не дај Боже, да тргни нешто наопаку? Што тогаш?
     
  5. Stefanovskaana

    Stefanovskaana Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    1
    Deneska napraiv test....pisuva dek e 99% tocno i mn sum srekjna...fala vi i na vas koi me podrzavte i mi dadovte soveti i ne bi posakala na nikoj da e na moeto emsto...mislive deka treba da se veruva na testot?za eden dva dena kje napraam uste eden da se osiguran..mi padna kamen od srecto....fala mn <3


    [mod-kirilica:Dlkcbihr][/mod-kirilica:Dlkcbihr]
     
  6. unique.lady

    unique.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    69
    секој има право на свој избор да го абортира своето бебе
     
  7. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337


    Какво е тоа апче за спонтан абортус,колку чинеше,која недела од бременоста беше...?
    Фала однапред :)
     
  8. marija.d

    marija.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    И јас сум за абортусот,денеска сме 21 век и мн е тешко ако забремените а притоа има толку контрацептивни средства но и мн е тешко ако подпаднете под депресија и се разочарате,читајки ги мислењата на некои од форумов дека незнам абортусот бил она ова,дека потоа ке бидете во депресија затоа што сте абортирале,и да мислите дека сте извршиле убиство,треба да бидете само силни и да имате цврст карактер па денеска е 21 век медицинските третмани се доста развиени има доста стручни доктори кои од својот зивот одвоиле 10 години изучувајки ја оваа професија,и нема потреба ама бас од никаков страв порано е било страшно но сега не е ако не сте во состојба да го родите не мислете се се додека е рано!!!!одма извршете го,мојата братучедка го направи тоа во систина и премногу е задоволна од клиниката и стручноста на докторите и услузливоста на мед.сестри,абортусот бргу и завршил,траел пола час и после два часа се разбудила од анестезијата и немала баш никакви болки,ниту кога се разбудила ни пак потоа кога си отисла дома,за два саата ја пуштиле и таа дури и без проблем си отишла од тафталидје па до центар па така не плашете се не е нисто страшно,мн.пострашно би било кога би го родиле тоа дете и си го упропастите зивотот заради една грешка!!!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Ама нема да се упропасти само вашиот живот ако го родите, а не сте спремни сеуште. Прво неговиот живот ќе се упропасти, цел живот ќе расте со комлекси и фрустрации затоа што некоја недоделкана будала решила да раѓа, а немала услови!
     
    На Lolo5 и Shaya им се допаѓа ова.
  10. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ^точно така.
    Не е само роди го, греота е да се абортира. За да се израсне здраво и право дете се потребни труд, средства и здрави и прави родители. Дете треба да расте во здрава средина, а не со недозреани мајка и татко или уште полошо само мајка, што уште не видела ни третина од животот и што не може сама себе да се гледа. Да се остави на посвојување е уште полошо.Најголема е веројатноста дека ќе стане наркоман или крадец-секоја чест на исклучоците. И тие деца не се криви, ним тоа им бил единствениот начин за да преживеат.
    Поубаво да се абортира, отколку да се роди дете што ќе биде искомплексирано и без услови за било каков напредок.
     
    На Lolo5 и Offspring им се допаѓа ова.
  11. marija.d

    marija.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    Недоваѓа во предвид да се раѓа детето ако нема услови и притоа да се остава во некој дом или пак да чека да го посвојат,тогаш вие би го изгубиле речиси целиот авторитет и ке станете одбивни за средината во која зивеете,и притоа некогаш ке ве гризи совеста што прави вашето дете,ке се измачувате дури тогаш,но тоа мозете да го спречите доколку абортирате,и бидете силни,велете си дека секој прави грешки во зивотот,дека тоа е само грешка позитивно верувајте,и се ке биде ок!!!греота е да го родите и притоа да се тоа измачува отколку да абортирате!!!!и уште еднаш ке ви речам не случајте ги тие што викаат дека се против абортусот затоа што сигурно не се осетиле како е нивните сакани да дојдат до тој проблем или пак самите за забременат,и нема ништо страшно во тоа па сега медицината е толку напредна што срамота би било да рагате дете кое не го сакате или пак да си го упропастите зивотот за него!!!!!само гледајте таа грешка да не се повтори оти ке изпаднете глупави!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Мило ми е кога ќе прочитам мислење од трудница дека е ЗА абортусот. Размислува реално, а не еве таа треба да роди дете, и да биде против абортус. Браво.

    Инаку, аман 21 век уште за ова...вечна тема за расправија.
    Тие што се против, помирете се дека е право на избор. My body, my choice.
    И нема потреба од осудувања. Ако некоја не е спремна за дете, а на секого може да му се случи да има незаштитен однос, ( и оние кои ги осудуваат таквите, се сомневам дека барем еднаш во животот и самите тие немале незаштитен однос, само што имале среќа и не забремениле тој пат).
    Може па да се случи да пукне кондомот, па и покрај заштитата да дојде до бременост. И сега? Право на избор, нормално. Двајцата ќе одлучат дали се спремни за дете, што не е играчка туку сериозна работа.
    А за тие што тврдат дека абортусот е грев, нека се запрашаат колку гревови направиле кои нормално во ваков момент не се битни, бидејќи хелоу зборуваме за абортус... А колку пати во животот излажале, љубомореле на другарки, украле предмет, дечко.. не, тоа не е грев. Јеа, шр. Ај нека ви текне што се не сте сториле...
    Секој е во различна ситуација, и никој не може да му суди некому, и најмалку да го осудува за нешто што си е само негова одлука. Господ може да им суди, луѓето не, зошто сите грешиме.
     
    На Lolo5, Devilish и shiningstar им се допаѓа ова.
  13. marija.d

    marija.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    значи вака ти погрешно ме свати,јас не сум била досега трудна,но сум осетила најблиска личност да биде,така е ние не треба да ги осудуваме лугето,но сите знаеме во каква средина зивеееме и гледаме како луѓето душа даваат за трачеви,јас иначе ке бидам иден гениколог ја специјализирам 4 год и имам уште малку,и тоа ми е проф,од соништата па затоа напишав дека абортусот не е којзнае што како што сите го замислувате медицината мозе да го оправда ако се случи еднш како грешка која сите ја правиме,мора да постои за зени кои биле силувани,за не дај бозе инцест,аномалии на плодот, и сли затоа сметам дека не треба и не смее да се забранува секој има право на сопствен избор!!!!сега медицината е напредна и ако геникологот е добро стручен има обезбедено добри услови и покрај него стои висококвалитетен анестезиолог се ке биде во ред и не се мозни никакви компликации!!!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.569
    Допаѓања:
    201.775
    Пол:
    Женски
    Marija.d, а од кога тоа специјализација по гинекологија се дава на малолетни лица? На профилот ти пишува дека имаш 18 години, јас првпат слушам дека некој од 14-15 години почнал да специјализира. Освен тоа, високо образована личност која е на специјализација има добро изграден речник и не пишува несредени мислења.

    Инаку, што се однесува до абортусот, го оправдувам како личен избор, посебно во случаи кога има медицински индикации, кога забременувањето е резултат на силување, инцест или ептен ако е непланирано, односно нема услови за одгледување на детето. Но пак ќе речам, се' е право на избор. Освен тоа, оваа владина кампања против абортусот е многу погрешна. Наместо да оди во насока на промовирање на контрацепцијата - бесплатни кондоми, контрацептивни пилули на рецепт, други поефтини начини на контрацепција - тие одат на тоа да не абортираат оние што забремениле. Зошто некој да дојде до таков свршен чин кога веќе има начини да се спречи несакана бременост? Да разјасниме, кажав дека не сум против абортусот, ама и легално изведен од најголеми стручњаци понекогаш може да остави такви последици, како физички (пред се' неможноста да се имаат деца подоцна, неплодност) така и психички, со кои што личноста нема да може да се справи. Затоа, јас сум за контрацепцијата, и бременост во моментот кога ќе биде личноста спремна за тоа, без воопшто да размислува за абортус.
     
    На Lolo5, LivingGlam, nesa и 6 други им се допаѓа ова.
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека секој треба да има право на избор.Имам едно дете 4 год. кое беше планирано и до сега не ми се случила несакана бременост или абортуст. Но доколку немам услови да одгледувам повеќе деца(материјално), да бидам добар родител и да ги задовалам барем најосновните потреби на моите деца, мислам дека би се одлучила на абортус.Секој човечки живот е драгоцен и децата се најголемо богатсво, но тоа наше богатство не треба да биде бедно, роди го па после мисли што ќе биде, од што ќе живее, што ќе јаде, како ќе го облечеш, школуваш итн.
    Не сакам да зборувам за психички проблеми после абортус зошто не сум ги доживеала и не дај Боже да сум ставена во ситуација да не знам што да правам.
     
    На Lolo5 и stilas7 им се допаѓа ова.
  16. Eleonora222

    Eleonora222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Слушнав дека постоеле некои апчиња што предизвикуваат абортус(замена за класичната киретажа) дали некој знае како се викаат тие апчиња и дали можат да се најдат и кај нас.
     
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Да не мислиш на апчињата за ден потоа?
     
  18. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.719
    Офи, има такви и што предизвикуваат абортус, имам слушнато за тие, ама не знам ништо повеќе.
     
  19. marija.d

    marija.d Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    6
    annath мојата сестра била тоа кој мозе да е друг таа станува секое утро да учи во 6 сабајле сигурно се уклучила на фемина јас никако не се одјавувам па ви пишала нешто сигурно ги читала проблемите на девојките со полово пренесливите болести и абортусот,мн си ја сакаме и сме горди на нејзините успеси во софија наскоро ке ја приврши макотрпната работа сто ја почна пред 10 год конечно ке биде спец.по генекологија
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Koја е разликата, т.е каде се појавуваат повеќе компликации, при абортусот со вшмукување (со вакум, нели), или при класичното абортирање?
    Што се случува кај едното, што кај другото?
    Се сретнав со овие термини баш сега во темата за апче кое предизвикува абортус и во раните недели од бременоста, па се заинтересирав.