Ова надминува и црн хумор ова е патолошка ситуација, не знаеш кој е луд а кој збунет и кој кого го е...
Значи тој те силува, а ти треба вака да изреагираш Па и татко ти треба да го викне на едно пиво силувачот, дека тој фактички те БЛАГОСЛОВИЛ....и татко ти треба вака да изреагира Уууу ама е јака дрогава
Мене ме интересира која е таа црква каде ги учат верниците дека силувањето е благослов од Бог? Зошто ако не блада дотичнава и навистина кај нас некој свештеник проповеда вакви перверзности, мора нешто под итно да се превземе!
Знам што реков, и стојам зад тоа што го реков. Абортусот е убиство и тоа убиство на невина душа. Извртуваш.
Рече "Треба да бидеш" на прашање дали ако некој те силува треба да си благодарен? Дали стоиш зад тоа, сериозно?
Видете, некои многу религиозни луѓе го прифаќаат страдањето како вистинскиот пат до Бога. Оти и самиот божји син страдал на земјата пред да отиде на небото или ватевер. Се' се тоа искушенија за тест на вербата.. така да, нека не ве чуди ништо.
Така де, од кога тресна таква глупост не можеш да се оправдаш нели? Свесна си дека твоето гадно мислење го прочитале и некои девојки кои преживеале таква траума од која цел живот ќе имаат последици? Зарем во таква ситуација тие да чуваат дете кое НАСИЛА било зачнато? И како атеист ќе речам Не дај боже тебе ова да ти се случи, ќе видиш колку благодарна ќе бидеш. Немам коментар навистина
На распит си на истите те оценуваат а верувај кај мене на испит одма паѓаш со ваков став ко твојот дека треба да сме благодарни на Бога ако по силиување останеме бремени и да родиме нешто што нит било планирано нит посакувано. И а да ти ќе речеш тоа е твое право на избор и можеби си во право вака теоретски а во пракса не дај Боже...
Ај не оди контра многу и повлечи се од темава додека не дојде некој и да те отера кај што ти е местото Осет треба малку да имаш во тоа главата се читаш што пишуваш??? Знаеш ли ти колку е чувствителна оваа тема за некои девојки? Да биле благодарни дека носеле плод на силувач???? И ти си женско, а може имаш (или во иднина ќе имаш) и ќерки, така да пази што зборуваш малку. Убиство или не...ти не си должна да кажуваш
Не се чудете после зошто христијанството полека исчезнува. Затоа што ве има многу такви кои промовирате мазохизам и субординација. Ниту еден нормален и здраворазумен човек не би следел таков пат, тоа е спротивно на неговата природа.
За сите оние кои од верски причини се апсолутно против абортусот, и за себе лично, и за другите жени генерално, вреди да се спомне што всушност вели Библијата за абортусот. За тоа кога човекот станува жив, на пример, најјасно е кажано во Битие 2:7: Ова всушност значи дека човечкиот живот започнува со првиот здив, а завршува со последниот. Но, што е со неродените деца? За ваков случај, пример има во Излез 21:22-25: Што значи, пометнувањето, односно губењето на нероденото дете, се казнува со глоба, како да се работи за имот (или роб), додека во случај на смрт на бремената жена, виновникот се казнува со смрт, по принципот „око за око, заб за заб“. Според ова, во Библијата животот на нероденото дете и на жив човек не се еднакви. Спојлер Патем, додека го пишував ова, забележав разлика во преводите на Библијата на македонски (извор: http://svetopismo.pravoslavie.mk), верзијата на King James (од каде ми е изваден цитатов) и преводот на Вук Караџиќ на српски. Еве го македонскиот: А еве го српскиот: Ја забележувате разликата помеѓу македонскиот и српскиот и англискиот? Се работи за болдираниот дел. Имено, во македонската верзија на Библијата, се споменува оформен плод, иако такво нешто во другите преводи нема. Всушност, од другите преводи јасно се забележува дека животот на виновникот се одзема само во случај на смрт на мајката - за никаков плод не станува збор. Не можам, а да не помислам дека ова намерно менување на текстот на Библијата е нешто направено во контекст на кампањата против абортус која црквата толку многу ја форсира. Но ова е веќе друга тема. Поентата ми е, барем за христијаните, Библијата никаде не го оспорува абортусот - во секој случај, не во таа мера како што религиозните фанатици тоа го прават денес. Впрочем, тезата дека животот започнува со оплодувањето на јајце-клетката е нешто што е наметнато како догма - многу, многу подоцна. И тоа, секако, од страна на мажи. Човек може да биде и верник и христијанин, без да го оспорува или негира правото на избор на жената - во најмала рака, ако поради своите верски убедувања се решат себе да си го ускратат тоа право, да не им го ускратуваат на другите жени и, пред се, да не ги осудуваат затоа што направиле поинаков избор од нив самите.
Убиство на што на ембрион-спој од јајце клетка и сперматозоид? А не е убиство спонтан абортус? Или и тоа е благослов од Бог и треба да го благословуваат жените тој пренепријатен чин? Ај доста ти си имаш пре сериозни проблеми многу посериозни од да или не за абортус. Доста глупости.
А до кога ќе ги замрзнуваме? Може да се и 15, велиш на сите шанса да им се даде? И сакаш ли да кажеш дека жениве што успеале да добијат деца со инвитро, а вишакот ембриони не им требаат, практично абортираат? Малце логика ми фали во приказнава
Христијанството не исчезнува. Не пропагирам ништо повеќе од слободна волја. Што пак толку се најдовте засегнати? Си го кажав своето.
Христијанството треба да биде противуставно, секој што ќе се забележи да обавува било какви црковни адети треба да лежи затвор. Најголем злостор за човештвото е. Не мислам вака, ама ти така звучиш.
Ама твоето според нашето се коси со логичниот разум. Јас ти пишав може за теорија тиа да си идеал ама во пракса да ти се случи не дај Боже тогаш дали ќе благословуваш со твоето право на слободна воља?