Не се борам да нема абортус На јавен форум изнесувам свое мислење. Значи по не знам кој пат кажувам дека не би абортирала, во никој случај. Дури и да ми е животот во опасност.
Да да, кажи нешто одвратно и после, ама само кажав мислење. Свесна си ова некого колку може да го погоди? Навреда е твоево!
Навреда би било ако ги осудам тие што извршиле абортус. Но, сигурно им било тешко и јас сочувствувам со нив и им посакувам да им се ублажи болката. Тоа НЕ го менува мојот став. Кога мене би ми се случило да бирам, НЕ би избрала абортус. За мене си кажувам.
Отвораш тема абортус - оп религија. Отвораш тема секс - оп религија. Отвораш тема ЛГБТ - оп религија. Отвораш тема политика - оп религија. Итн., итн., само уште се чудам како некој не се избаци во тема Фемина инстаграм дека некое јадење не чини поради некоја боја или зачин, притоа повикувајќи се на религијата. Немојте луѓе, аман, еве ве замолувам најљубезно. Не правете вакви глупости. Не само самите себе што си се бламирате, макар анонимно, туку на страна од тоа, сепак е греота. Еве јас сум православна христијанка, и јас верувам, ама многу ми е жал кога по религијата почнува да се плука и погазува само поради некои си вакви фанатици (не посочувам, сами ќе си се најдат), квази верници кои можеби некогаш нешто чуле но не разбрале, па повеќе се водат по некои свои мислења и живеат во некој свој алтернативен свет, притоа парадирајќи наоколу и лупајќи се по гради демек се водат по Светото Писмо, иако едното со другото врска си нема, па така и ги срамат сите оние кои се верници, но не се фанатици како нив. Ама како велат, убила ме туџа срамота. Еве жив пример. Темава отиде за да се врати упм. Од што на што се претвори. Ако ништо друго, барем се виде дека на одредени личности ужасно им е потребна професионлна психолошка проценка, и соодветна терапија...
Јас ќе кажам едно срамота сите сме овде да си делиме свои мислења ама на некој ако не му одговара мислењето на другиот одма се фрла дрва камења по него за абортусот корисничка ако мисле оти ќе го задрже детето и од силувач нејзино право на крај краева да тоа влијае на психата на жената но ако некоја смета оти може да го гледа нејзино си е
А да прочиташ што напишала членката. Дека е тоа дар од Бога и треба да се прифати. Таа не го кажа своето мислење, туку дека ги осудува тие што се одлучиле на абортус и од силувач. Убаво прочитај, па после пишувај по кој се фрла камења без потреба.
Не ми фалеше ништо. Си кажав што си имав. Зборував генерализирано, а кој си се пронаоѓа во муабетот и притоа му се рони бисерот, не е моја грижа.
Повеќе сакаш да е казна? Патем, не Го спомнав Бог, осетливи сте на Него. Не бе душо, ти како ти - јас, не како ти - ми И јас си го кажав своето и сега сме ок?
Корисничка, а да ми одговореше на прашањето што ти го поставив погоре. Дали ќерката ако е силувана од таткото и затрудни е благослов од Бога? Или ти кога на некои постови нема што да одговориш ги заобиколуваш. Хммм...
Вака можеме до 101 и назад. Наместо да ми го цитираш секое мое мислење, кога јас воопшто тебе не те ни повикав, туку ти сама си се најде посочена, земи попаметно цитирај ги и одговори им на прашањата на другите членки. Јас немам што со тебе да правам муабет, тие очигледно имаат. И ОК сме, јас цело време сум ОК, не знам чуму ова прашање.
E затоа незнам што да кажам точно е тоа оти е дар од бога иако го има тоа мислење нејзино си е баш од тие причини и јас сум против абортусот но дали жената ќе биде психички спремна да го прифате тоа дете под силувачот е лично нејзина одлука не дај боже никоја да биде силувана ужасно е за некој траума за цел живот да во тој случај оправдувам абортус
Имам работено во установа за лица со посебни потреби и можам само да кажам дека секојдневието на лице со таква здравствена состојба е болно, независно дали е свесно за истото. Од аспект на родител никогаш не би можела да осудам жена зошто се одлучила на абортус и по секоја цена не го донела на овој свет своето дете. Треба живци, снага, пари и милион отстапки од цело семејство. Секој си знае како му е дома и дали/колку е спремен за тоа. Но независно од здравствената состојба, секој човек кој е меѓу нас заслужува да биде третиран на достоинствен начин и не би можела да окарактеризирам некое од лицата со кои работев како помалку вредно или на некој начин да се гнасам од него. Медицината е напредна и после утврдување на бременоста, односно со поставување на некаква дијагноза, се преставуваат и шанси за преживување или начин на живот на бебето. Таа идна мајка треба да биде пред се ментално и психички спремна за предизвикот(да, предизвик е, и тоа посебно голем во Македонија) а потоа и за финансиската страна и потребната медицинската нега. Не зборам само за Даун, Аутизам или блага ментална ретардација. Имало случаеви каде лицето беше не само со јака ментална ретардација туку и неподвижно, слепо и глувонемо истовремено на пример. До сега само еднаш сум била во ситуација да размислувам на таа тема. Односно правев некое испитување за Даун кај неродено бебе и докторот ме праша дали имаме решено што понатаму. Односно доколку резултатот кој ќе го добиеме после една недела не е е поволен дали сме донеле веќе одлука. Најискрено не знаев што да одговорам. После една недела беше олеснување дека се е ок, но целосно неподготвена го дочекав одговорот. До ден денес не знам и не ни сакам некогаш да морам да размислувам на таа тема. Он топик. Го поддржувам абортусот и правото слободно да се одлучува за своето тело. За себе мислам дека би родила уште неколку доколку непланирано останам трудна. Дека не би можела да абортирам. Но позади ова размислување и овој став стојам не само поради некаков морален/психолошки аспект, туку способноста да ги изгледам тие деца и да ги истерам на прав пат. Доколку не постојат услови за истото можеби и ставот би бил поинаков. Дете е дар божји, но истото треба да биде почуствувано, прифатено и одгледано на тој начин. Ми нема логика размислувањето или барањето на некаква колективна одговорност од некоја девојка/жена која сака да абортира за немањето дете од страна на друга девојка. Оние кои ги пропагираат овие демагогии повеќе ми делуваат како да не се и никогаш нема да бидат директно засегнати во таа ситуација, па од страна шпекулираат во стил на ти го дај ми го тоа дете и изиграваат душегрижници за туѓи судбини и животи ... За мене од егоистични и себични побуди, како да бараат поткрепа на својот став а не некакви алтруистички побуди.
Da,iznesuvas mislenje. Ama iznese i mislenje deka ako dobieme "podarok dete" od siluvac,treba da se zablagodarime. E po ova prasanje kje go izneses li mislenjeto kade da se zablagodarime i kako?!?!