Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.607 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.688
    Допаѓања:
    79.818
    Пол:
    Женски
    Ајде религијата, ама и силување и инцест се вклучи овде. И после тие викаат чувствителна тема била а спомнаа такви грозни чинови.
     
    На Lolo5 и Orthophill им се допаѓа ова.
  2. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.943
    Па нели Бог имал причина за се'?
    Мојот коментар се однесуваше на коментарот на членката. Што значи, ако дозволил и промислил да се зачне, дозволил и промислил и за силувањето.

    Ова не се твои зборови, ама ако се согласуваш со напишаното од членката, биди спремна да образложиш, кога веќе неповикана се јавуваш.
     
    На Lolo5, theowndemon, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. mariz

    mariz Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 март 2014
    Пораки:
    17.300
    Допаѓања:
    76.397
    Пол:
    Женски
    Јас незнам што им се замараш.. остави ги, гледаш дури три се со исто мислење наспроти куп со мислење како моето, твоето и на мн други... што значи дека ние сме повеќе во право :)
     
    На Sesil, CameliaMiller, Baby-bubu и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    @mariz,

    знам дека вака од страна делува како залудно верглање во празно ама јас уште чувам надеж дека барем едно од про-чојс мислењата ќе успее некако да допре до оние кои тука пишуваат „убиство, убиство“ и ќе ги натера рационално да ја согледаат и нашата страна од дискусијата. (fingers)
     
    На Lella, Someonespecial, mariz и 4 други им се допаѓа ова.
  5. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.943
    Да, пошто они не' замислуваат како фрламе бебиња во отпад. Толку знаат дека најголем дел од вас се мајки кои дишат за своите деца, а нивното грижење за бебиња се сведува на "леле колку е миличко" без да имаат претстава што всушност значи да се биде родител.
    На такви кои родителството го гледаат со толку розеви очила, не знам дали би им дала маче, а не бебе на чување.
    Многу посериозна работа бара од "роди си го, ќе се снајдеш".
     
    На Lolo5, sparklie, okcenzi и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Реално на темава не можеш да користиш аргументи од тип на религија (колку и да си религиозен) од проста причина што денес воопшто има многу атеисти.
    Сакале ние или не, на темава абортус (барем за атеистите) Бог е битен колку и Дедо Мраз.

    Четворица со се мене :D

    Абе и мнозинството во Атина изгласало да се отруе Сократ ама после некое време се покажа дека не биле во право. И нацистите биле побројни па го изгласаа Хитлер и не беа во право.
    Муабетот ми е дека само затоа што приврзаниците на про чоис се повеќе не значи дека се одма во право (што секако не значи дека одма про лајферите се во право).

    Бројот на противници/поддржувачи на абортус варира во зависност од просторот и времето.
     
    На Lolo5, Annath и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.688
    Допаѓања:
    79.818
    Пол:
    Женски
    За волја на вистината, јас напишав дека не го поддржувам абортусот, тоа што мојата религиозност им боде очи на други не е мој проблем. Јас ниту фатив некого за гуша ниту му наредив на некој што да прави, јас си изнесов мој став и после тие атеисти ми се нафрлија без никаква потреба, само да ме влечат за јазик а јас пишав дека не поддржувам и нема потреба да образложувам зошто. Јас се нафрлив на некој? Не.
    Ај доволно е, на крајот на краиштата, секој си го крои сам својот живот. :)
     
    На Orthophill и Victorian им се допаѓа ова.
  8. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема во Мк онакви про-лајф што се, што висат пред болниците и малтретираат жени, моите лимитирани контакти со нив се многу лоши, не разбирам како такви лоши, безобразни, безобзирни (не)луѓе имаат тооооооооолкава грижа и љубов за ембрион и тоа туѓ.

    Кај мене има две клиники каде се вршаат абортуси, првиот контакт ми беше кога од работа бев пратена да земам нешто од таа клиника и дека во униформа ми се втурија дека сум убиец, поддржувач на убијци, една за малку ќе ме плукнеше, значи џган невиден.

    Вториот контакт со про- лајферите ми беше уште полош него првиот.
    Бев да посетам другарка која абортираше затоа што плодот беше со тешки малформации, Матео во раце трудна со Константин и ете една душебрижничка мислејќи дека одам да абортирам ми го џапа малиов од раце, демек да го убиеме исто како што ќе сум го убиела плодот во стомакот.
    Не сум горда што настапив крајно насилнички, меѓутоа дете нема право никој да ми дира, и влепив шамар, се заканив и со полиција, им се изнавикав и си отидов.
    Детето не можев пола саат да го смирам од што рикаше, не доживеал никогаш такво нешто некој да го влече од мајчините раце и после тие биле про-лајф, како па да не.
    Про-лајф а ваму вадат бебе од памет, се закануваат со убиство, го влечат, викаат по мајката, тие ако се про-лајф ќе се грижат за секое веќе родено дете а не да ги трауматизираат.
    Лично сметам дека тие ниту се грижат ни за родените, ни за неродените, туку се куп на исфрустрирани, нереализирани личности кој им поминува денот во навредување и напаѓање на луѓе колку да не мораат да се соочат со тоа колку им е мизерен и патетичен нивниот живот па се баваат со туѓиот.

    Верник сум а пак сум про-чојс, не дозволувам никој да ми наметнува мислење, посебно не некои догми од памтивек кој црквата упорно ги пренесува.
    Секоја една жена има право да прави што сака со своето тело, не е должна ни да дава отчет некому, ни објаснување и не нема баланс во универзумот па за секоја што абортирала некоја друга нема да може да има деца па да има толкава омраза од вторите кон првите, тоа е животот, некому полесен, некому потежок.
     
    На Lolo5, sparklie, Antolinaa и 28 други им се допаѓа ова.
  9. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    Нема да ви се допадне ова што ќе го напишам, една реченица од скорешно интервју со владиката Јосиф тетовско-гостиварски - „а на крајот сè ќе биде Божја волја и Бог ќе промисли според нашите дела“.

    Има и една изрека, Бог предлага, човекот располага, и друга, се е дозволено, но не е се корисно.. итн.
    Како ќе се разреши конкретна ситуација зависи од многу фактори.
    Апсолутно сум против абортус, во кои било околности да се случило зачнувањето. Но секој си има свој живот. Во мојот живот јас се трудам да не судам за туѓите постапки.

    На крајот на краиштата, има грев, има и покајание.
     
    Последна измена: 25 јануари 2017
    На anaja1, Orthophill, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    441
    Пол:
    Женски

    Сепак универзално е правото на жената за почитување на правота на нејзин избор за нејзиното тело.
    Дали таа ќе одлучи да го носи ембрионот до бебе на денот на пораѓај или ќе го отстрани ембрионот со лек со интервенција е ЛИЧНО НЕЈЗИН ИЗБОР.
     
    На Lolo5 и meckicka им се допаѓа ова.
  11. black-angel

    black-angel Praefectus Vigilum Член на тимот

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    2.654
    Допаѓања:
    4.568
    Пол:
    Женски
    Не ги разбирам некои членки кога викаат дека е дар бебето , во ред нека е , ама дали тој дар од Бога / Буда /Јахве/Јехова итн. е дар кога нема мајката со што да го нахрани? Нема во што да го избања? Во која топла просторија да го легне да спие ? Нели е сурово тоа кон детето? И пак истата таа мајка ќе наиде на осуда зошто во такви услови го родила! Нели? Барем во денешни услови можеме да го планираме потомството и во кој тек се одвива , пред се да биде во здрави услови и да израсне во здрава личност. Самохрана мајка да се биде е лесно на збор , јас ја имам дома и гледам колку е тешко да бидеш се што треба на тоа дете во животот , и мајка и татко , и другар , и строга и мила ..... За моментот плод на силувана девојка излишно е да се коментира понатаму ....Паметни сте да си ја согледате ситуацијата во која сте во случај на бременост и да решите што е најдобро во тој момент и за вас , како и за ембрионот што го носите.
     
    На Lolo5, okcenzi и meckicka им се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.592
    Пол:
    Машки
    Телото на жената ги опфаќа нејзините органи, но не и ембрионот или фетусот кој го носи во себеси. Тоа е друго тело и (зачеток на) друг човек, со различна ДНК од мајчината.
    По Вашата логика, можеме да ги оправдаме и робовладетелите кои наоѓале слични изговори да ги убиваат и малтретираат своите робови. Робовите биле нивна своина и можеле да си прават со нив што сакаат...
    Нормално, во ова време робовладетелството и малтретирањето на другите луѓе (па дури и животните) е и неморално и незаконски (барем во т.н. цивилизиран свет). Ни останува, да се надеваме дека во најскора иднина светот ќе еволуира и утробното чедоморство ќе биде и неморално и незаконско.
    Одвратно е мешањето на силувањата и родосквернавењата со утробните чедоморства. Сигурен сум дека во Македонија годишно нема 5.000-15.000 силувања и родосквернавења, колку што има утробни чедоморства. Најголем проблем кај нас е неодговорноста. Ако некој е спремен да општи полово, треба да биде подготвен и да биде родител.
     
    На Olgica.bu, korisnichka, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Интересно е како најголемиот дел од пролајферите се претерано загрижени за правата и животот на неродениот ембрион или фетус и активно се залагаат за истите, но кога тоа непосакувано дете ќе се роди некако повеќе и не им е гајле за него и тоа е препуштено само на себе.

    Зошто има милион и една кампања против абортусот, а ниту една за подобрување на условите во домовите за деца без родители, или за поедноставување на постапката за посвојување, или за подигнување на свеста кај популацијата за посвојување на деца? Зошто имаме кампањи „Роди трето дете“, а немаме „Посвој трето дете“? Зошто во општества со толку многу моралисти и душебрижници кои се грижат за туѓи, сеуште неродени деца, никој од нив не се грижи за истите откако ќе се родат?

    Какви сакаат нека се вашите религозни, етички и морални убедувања, да натераш мајка да роди дете кое не го сака е сурово; да принудиш мајка да роди дете кое е со генетско заболување е сурово; да убедуваш силувана девојка дека треба да го роди тоа дете е сурово.

    Затоа што, да не се лажеме - тоа е она што најголем дел од пролајферите отворено или скришно го посакуваат - забрана и криминализација на абортусот - и тоа, само затоа што истиот не е во согласност со нивните, сопствени убедувања.

    И впрочем, тука е разликата помеѓу оние про-лајф и оние про-чојс - мнозинството пролајфери сакаат да го забранат и спречат абортусот, по секоја цена, иако не се работи за нивниот живот и тело. Од друга страна, не постои ниту еден човек кој е за абортус - постојат само оние кои се за жената да има избор дали ќе роди или не.
     
    На Lolo5, sparklie, Kitten и 29 други им се допаѓа ова.
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.878
    Допаѓања:
    4.592
    Пол:
    Машки
    Нема кампања посвои второ (за трето муабет да не правиме) дете, од едноставна причина што и нема доволно деца за посвојување. Тие што се во домовите - најчесто не ни можат да се посвојат. По 3-4 години минимум се чека за да се посвои детенце, оти сирачиња и напуштени дечиња нема...
     
    На meckicka му/ѝ се допаѓа ова.
  15. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.684
    Допаѓања:
    35.567
    Пол:
    Женски
    Си бил во домовиве да видиш колку нема деца?! Или ја извртуваш вистината за да одговара на твоите тврдења? Па не сме тука сите глупави. Сме биле и ние во домовиве, знаеме колку има или нема деца во истите. Убаво ви рече Бендер, зошто не се залагате да се скрати постапката за посвојување? М? Одговорот е јасен, вие не се грижите за дечињата. Не вистински!
     
    На Lolo5, okcenzi, Sanjichka007 и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Факт е дека има многу деца по домовите ама има и многу луѓе што сакаат да посвојат, а заглавуваат со бирократија.
    Точно е дека постапката е ептен комплицирана и треба да се поедностави и јас еве како про лајфер се залагам за тоа, се залагам и за подобрување на условите во домовите АМА јас како поединец ништо нема да сменам.
    Уште нешто на што треба да се поработи барем кај нас е сексуалната едукација, имаме еден куп реклами и кампањи против абортус а ретко е да најдеш некоја поврзана со сексуалното образование и заштита (бар ја немам видено).
    Верувам дека доколку прво се поработи на едукацијата не би имале потреба од анти абортус кампањи.
     
    На Lolo5, MilaP, meckicka и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.781
    Пол:
    Машки
    Бирократијата е само еден дел од проблемот со посвојувањето. Другиот, многу поголем дел, за кој никој не сака да зборува, е тоа што паровите најчесто сакаат да посвојат бебе, а не дете од неколку години или повозрасно, како и тоа што одбегнуваат да посвојуваат деца од ромска националност - а баш тие се најбројни. Тажно, но вистинито.

    Но, посвојувањето и не е единствен начин да им се помогне на децата без родители - еден пар може да се одлучи да функционира како згрижувачко семејство - да, оваа опција постои и кај нас но, за жал, многу малку луѓе се одлучуваат на овој чекор.

    Постојат илјадници начини на кои оние кои се декларираат како про-лајф можат тоа да го покажат и докажат - и сите се подобри од залагање за забрана на абортусот, осудување на неистомислениците и нивно етикетирање како „убијци“.
     
    На Sanjichka007, CameliaMiller, Annath и 7 други им се допаѓа ова.
  18. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.943
    Апсолутно се согласувам со "stand for the right thing, even if you're standing alone".
    Но, тука е многу просто.
    Дали сметаш дека абортусот треба законски да се забрани? Ако да, ти си пролајф. Ако не, ти си прочојс.
    Самиот збор значи избор.

    Ако кажеш: јас никогаш не би абортирала, но другите си знаат за себе - ти си прочојс.

    Да се биде пролајф само по себе носи поголема одговорност - дали ти ќе го чуваш, финансираш плодот кој јас сакам да го абортирам? Ќе ми платиш ли прегледи, скрининзи, пелени, ад, креми? А учебници, облека? Екскурзија?

    Затоа велам - секој за себе мора да си одлучува.
    Прочојс не е проабортус.

    За претходните утробни глупоштини не ти коментирам, ама ова е веќе претеризам.
    Кога ТИ последен пат си бил во дом? М?
    Па уште споро се посвојувало затоа што немало деца... дали си нормален?
    Толку од твојата вистинска љубов за живите деца, пошто како си тргнал уште да лицитираме кој да посвои...

    И чисто информативно, домовите се преполни со деца кои живеат во нехумани услови.
     
    Последна измена: 26 јануари 2017
    На Lolo5, okcenzi, Sanjichka007 и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    1.042
    Допаѓања:
    6.005
    Пол:
    Женски
    Да имам пари би плаќала, би отворила фондација и би направила се што можам за тие деца. Сметам дека треба да им се даде шанса за живот, затоа се сметам за пролајфер. Сметам дека правото на живот е побитно од правото на избор.
    But that's me, не планирам да ги наметнувам моите ставови :)
     
    На LivingGlam му/ѝ се допаѓа ова.
  20. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.080
    Допаѓања:
    268.943
    Ако не сакаш да ги наметнуваш своите ставови, не си пролајф. Пролајф се залага за законска забрана за абортус.

    Инаку, како ќе ме натераш да родам ако не сакам? Како ќе ме натераш да одам на прегледи, да пијам фолна, да не се пијанчам или препушувам, да се лекувам ако имам кламидија на пример? Ќе ме силува ли докторот со сондата ако одбивам вагинално ехо?
    Навистина не знам како го замислувате принудното носење и износување на плодот...
     
    На Lolo5, okcenzi, Sanjichka007 и 1 друга личност им се допаѓа ова.