Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.605 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Mikako

    Mikako Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    153
    Пол:
    Женски
    Klasicniot abortus se pravi do 10 nedela od bremenost,a toj so vakum vo poodminata bremenost.i sekako porizicen e toj so vakum.A so apcinja kaj nas praktikuvaat samo ako bremenosta e vonmatericna i zacetokot se naogja vo kanalot.

    [mod-kirilica:rb69as76][/mod-kirilica:rb69as76]
     
  2. Biggie

    Biggie Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    62
    Јас сум За абортус. Според мене подобро е да се абортира детето, отколку да расте во непогодна заедница. Ако немаат довојно средства за да го одгледаат, ако немаат родителите среќен брак, ако имаат било какви проблеми. Подобро е едно дете да не се роди ако не можат да го изведат на вистинскиот пат и да израсне во здрав, нормален, среќен човек. Не е работата само да се направи детето. Таа почнува по раѓањето и трае до крајот на животот.
     
    На mime87 и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  3. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас сум дефинитивно ЗА абортус. Никој не може да ме убеди дека е подобро да се роди дете кое ќе биде одгледувано во неприфатливи услови или пак девојчиња на 16,17 18 година да гледаат деца. Како може дете да одгледува дете.
    Дури и да има поволни услови доколку детето е несакано зашто жената да нема право да абортира. Некои жени едноставно не се пронаоѓаат во улогата на мајка но тоа не значи дека не треба да имаат секс.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сум и не сум за абортус
    За абортус сум ако несаканата бременост настанала како чин на силување,не дај Боже инцест(ама и тоа се случува) или ако станува збор за дефектен плод.И ако истиот се изврши до 10 недела од бременоста,бидејќи по 10 недела веќе се работи за убиство.
    Годините немаат значење според мене,ако имала доволно години да има секс, ќе си ја преземе одговорноста што следува или нека користи заштита (плус е поефтино од абортус).
    Како и да е можеби и мајка ми сакала да ме роди на 27,па ме родила на 21 година,а да ме абортирала сега нема да сум членка на форумов :P :lol: :hai:
     
    На Lolo5 и PaLaVa им се допаѓа ова.
  5. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    да сум за абортус
    секој има право да одлучи како ќе живее понатаму и е одговорен за товарот кој психички треба да го поднесе треба да е благослов да си мајка а не мачење и двоумење и кочење на животот па подоцна поради една грешка тортура да настанува врз самото дете детето не
    никој поради што сака не се одлучува на таков чекор сигурно тоа се прави од силни причини затоа го оправдувам а и малку мажи кај нас му останаја мади*а да превземат одговорнос на ненамерна бременост да ја наречам така...
     
  6. PaLaVa

    PaLaVa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    3.705
    Пол:
    Женски
    Многу нормално дека е така! Ако почнуваат со сексуален живот покасно, бременоста нема да е толку голем проблем, ќе напраиш свадба и то! Ќе си почнеш брачен живот порано... а не на 14-15-16 години да им појдам на моине дома да им кажам дека сум бремена?! :fubar:
    Али ајде да не испаднам старомодна :lol: барем заштита кога се има секс, да се трудиме да не дојде до тоа, ако дојде тогаш сме го обрале бостанот! :D
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Велам ДА на правото на избор.
    Категоризации од типот, требало-не требало, млада-стара, сакала-не сакала, можела-не можела (или множина од категорииве) се сосема излишни.
    На денешно време, среќа што постои опција, да заврши за некого товарот од чување дете. И тоа, од млади партнери без средства, што се убедени дека не можат да му пружат ништо на своето дете, понатаму несреќно зачнување, како последица на силување или слични ситуации, следно поради отфрленост од семејството од разни причини (не го сакале партнерот на своето дете, од било која од страните, или од двете), желба на партнерите за кариера пред формирање на семејство, деформации на плодот, ризично здравје на мајката, и многу други околности.
    Не смее да се осудува млада мајка која сака да абортира затоа што "требало да сноси одговорност, како што стапила во сексуален однос". И да користеле партнерите презерватив, истиот има максимална сигурност од 99%, но никој не го спомнува тој 1% (резервиран за баксузи). И да не користеле заштита, сосема лична работа е што ке прават во заедничкиот или индивидуалниот живот.
    Сосема за крај, ДА за правото на избор, во било која форма и да се јави, дури и ако станува збор за абортус.
     
    На Lolo5, sweet.woman и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  8. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Aбортус

    Абортусот е грев пред Бога!
     
  9. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Aбортус

    Добро аман поштедете ме од вакви коментари. |(
    На девојчето и е потреба помош и во паника е, абортусот бил грев пред бога.
    Ако ме силува некој ќе го родам, сигурно.
    Као демек не правиме гревови во животот, па сега за абортусот сме запнале.
    Се случило да излажеме, да изневериме, да љубомориме.... Тоа е што е, ќе гледаме во овој живот да ни е убаво.
     
    На Lolo5, Devilish, Alanna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Aбортус

    Ајде, ајде..

    И лагата е грев па колку пати си излажала некого до сега?

    Девојката има 20 години, можеби има други планови за својата иднина.
    Не го оправдувам чекорот кој таа сака да го направи, но пред неа е избор кој ќе го промени целиот тек на нејзиниот живот.
    Тоа веќе се случило, но што ако таа не е подготвена да чува дете? Мора да го роди по секоја цена само заради тоа што абортусот е грев пред бога?
    Или подобро да го роди и остави во дом, само за да не стори грев (па нели е ова уште поголем грев?)
    И беа дадени нај добронамерни совети, консултација со гинеколог, совет од возрасна личност (најдобро еден од родителите) и ладна глава со избистрен ум.
    Семејството се планира! Нејзината бременост очигледно е не планирана. Девојката има право на избор!
     
    На Lolo5 и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Aбортус

    ако е за тоа, и сексот пред брак е грев пред бога, и секоја друга поза освен мисионерската(и тоа само кога во план е дете) е грев пред бога, и дете вон брачна заедница е грев пред бога па сите ги правиме овие гревови :lol: !
    Aко некоја сака да абортира, зашто да не? сама одлучува за себе!
    на пр, недај боже остане трудна при силување, што треба да праи? да раѓа, и секој пат коа ќе го погледне детето да се потсети на тој немил настан? 21 век сме, кој како сака-така ќе си праи
    не дека јас сакам абортус, ама тоа си е лично право на избор
     
    На Lolo5, Devilish, Lidija42 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Aбортус

    Самата совест му кажува на секој што е добро а што зло. За секоја последица си има причина, грижата на совест ке ја има цел живот после абортусот=убиството. Ако девојчето еднаш згрешило зошто да згреши пак?
    Животот е секогаш подобар избор од смртта.
     
  13. marina22mk

    marina22mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    51

    Во потполност се согласувам со мислењето. Секој има право на избор.
     
    На tosic92 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Абортусот е право на избор !
     
    На tosic92 и Li0ness им се допаѓа ова.
  15. aerodrom

    aerodrom Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2010
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    87
    Само Бог има право да избере кој ке живее а кој не!
     
  16. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.098
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Женски
    Извини aerodrom ама ај не ми проповедај тука, секоја девојка има право на избор, кога абортусот е од медицински оправдани причини зарем и тогаш е убиство?
    Тогаш нека не живеат ни мајката ни плодот, затоа што Бог решава.
    Мене мојот Бог ми дава право на избор !
     
    На Devilish, Phyramide, bittersweet и 2 други им се допаѓа ова.
  17. bones

    bones Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    10
    Нема да коментирам за абортус
    ама ова за секс во мисионерска поза и тоа само кога се прават деца :lol:
    Ова се застарени мислења на некои ептен hard core ''верници'' исто како што е тврдат дека жената не треба да се шиша (па и мажот) да се кити (се мисли на накит) и дека треба да носи сукња цело време. :x
    Па каде прочита дека сексот мора да е досаден ако си христијанин во брак? каде го пишува тоа? Во библијата сигурно не.
     
    На Spidy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. maja-mjauuu

    maja-mjauuu Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Здраво на сите. Ме интересира дали знае некој дали гинекологот може да види дали некогаш во животот си имала абортус? Знаете каков е нашиот народ, па вадат секакви муабети само за да направат проблеми во нечија врска. Јас го имам овој пример со мојот дечко, тој слушнал муабети дека сум абортирала, а нема врска. Затоа сакам да знам дали може тоа да му се докаже. Однапред благодарам. :)
     
  19. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    843
    Допаѓања:
    1.226
    Пол:
    Женски
    Јас колку што знам неможе да се види дали една девојка или жена имала абортус. Зашто еве сега кога останав бремена по втор пат, па и првиот пат гинекологот ме праша дали сум имала претходно абортус. Поздрав, а и тоа не е толку старшно. Ако те сака тебе дечкото чаршиските муабети нема да му значат ништо.
     
  20. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Затоа ли Бог ги заборава дечињата кои можеби требало да не се родат, а се родиле со мани физички или психички, или пак имаат несреќен и нецелосен живот? Уау, чудесија |(