Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.607 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Пa, ти oчекувaш мaјкa ти и свекрвa ти дa гo oдгледувaaт дететo?
     
    На zalosna и MasterSk им се допаѓа ова.
  2. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Кога би била бремена и кога би ми кажале дека има аномалии незнам дали би го родила. Мајките на ваквите деца се препуштени сами на себе, немаат никаква финансиска или било каква помош. Улиците за никаде, не се може со количка за бебе нормално да се движо, камоли за инвалидно лице.
    Второ, секаде се дискриминирани, кој сака нела негира, но ова е РМ не е Швајцарија. Каков живот би имало тоа дете, кога не може слободно да функционира во општеството. Второ постојат аномалии кои самите по себе се тешки, создаваат физичка болка кај лицето и тешко на него, да живее во постојана болка. Девојчето со исктивен р'бет, го оставија да умре, господ да го прости, душичка мала. Во оваа држава е тешко, многу тешко затоа велам дека би размислила дали би родила или не. Не зошто јас ќе се мачам, мене ми е должност да го гледам тоа дете, но кутрото тоа што ке се мачи, би се распаднала од жал и болка гледајќи го во таа состојба, а рацете би ми биле врзани, како финансиски такс и од горенаведените причини.
     
    На Lolo5, eloves, mariz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сигурно дека не, кога сама може да си го одгледува може и другите да не и се мешаат во изборот нејзин.
    @MasterSk се гледа на кое ниво ти е културата.
     
    На Lolo5, Mishela, Nausicaa и 2 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Аман бе со глупите предрасуди... Убаво некој погоре имаше пишано: што ви менува вас во животот дали некоја небитна Трајанка го абортирала сопственото дете кое се наоѓа во нејзиното сопствено тело?
    Кој фактор сте за да се мешате по туѓи животи?

    Мастер киснеш на темава и ко некој наречник попуваш.

    Олади се малку... Ако осетиш на своја кожа прави што сакаш, ама сега го кажа мислењето и откачи се.
     
    На Lolo5, theowndemon, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  5. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.730
    Допаѓања:
    322.853
    Навистина, зошто настојувате секој да мора да го прифати Вашето мислење ?
     
    На theowndemon, zalosna, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    Еден и единствен аргумент е: Мое тело, мој избор! Правам така како што јас сметам дека е најдобро за мене во тој даден момент. И никој од страна нема право да се меша во мојот избор.

    И ете зошто не смее да се забрани правото на избор. Жената треба да стане мајка тогаш кога самата тоа го сака а не зошто така и е наметнато. Зошто во спротивно, бабите, свекрвите, воспитувачите во домовите за деца без родители итн... да, тоа се тие лица кои ќе ги одгледуваат несаканите деца.
     
    На Lolo5, Trxmx, Sanjichka007 и 6 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Точно, јас сум против абортус, го сметам за убиство, и не би направила такво нешто. Ама ЈАС!!! Тоа е мој став и се однесува на мене, и може порано ги обвинував тие што абортирале, сега веќе не. Убаво си кажувате, ако си ПРО ЛАЈФ, биди си за своето фетусче, а во туѓи матки не гледај. Ако сакаат и секој месец нека абортираат, и ако е грев, ќе им се суди таму кај што ќе ни ги мерат гревовите на вага кога ќе си заминеме. Ако не е грев, никому ништо. Ама јас не судам!!!
    А инаку се сложувам дека и таткото треба да се консултира и да се исслуша и неговото мислење. И одлуката да се донесе заеднички. Ама пак, тоа е мое мислење, јас така би направила. Ова е слободен свет, секој прави што сака, нели :)
     
    На lolanomnom, Bozica1980, LivingGlam и 2 други им се допаѓа ова.
  8. MasterSk

    MasterSk Активен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2016
    Пораки:
    88
    Допаѓања:
    111
    Пол:
    Машки
    Дaли ти oпрaвдувaш силувaње?
    Акo се oриентитaме пo твoјaвa лoгикa, јaс би требaлo дa имaм прaвo дa речaм "Мoе тaквo, ќе си гo пикaм кaј сaкaм".
     
  9. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    На Lolo5, black-angel, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    20.029
    (facepalm)(facepalm)(facepalm) Друже, терај си даље, јас се откажувам од дискусијава со тебе.
     
    На Lolo5, Sanjichka007, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Тема на дискусија во темава е Абротус. Секој кој има аргументирано лично мислење за и против истото може да го сподели во темава. Ова не е место за лични квалификации на луѓето (курви, ороспии) ниту е дискусијата за тоа кој со кого и колку спие.
    Сите мислења кои се офф топик ќе бидат избришани. Ве молам да се држите до темата и дискусијата да ја водите без навреди.
     
    На theowndemon, iloveyou29, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.134
    Допаѓања:
    64.798
    Пол:
    Женски
    Не е посебна личност.
    Се додека не е во можност само да опстојува надвор од матката не е посебна личност, ако мајката умре, умира и фетусот/бебето ако е посебна личност ќе преживееше и без мајката.

    И аман со тоа нека го убие веќе роденото бебе, поглуп аргумент здравје.
    За убиство на родено бебе, се одговара кривично, за абортус не се одговара никако, ја гледаш разликата?
     
    На Lolo5, Nausicaa, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  13. MilaP

    MilaP Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    53.146
    Пол:
    Женски
    Те цитирам за да ти кажам дека лесен начин не постое.
    Не е коректно а пред се ни човечно на некој што абортирал заради деформитет на плодот да му кажеш дека го избрал полесниот начин.
     
    На Lolo5, Trxmx, Someonespecial и 9 други им се допаѓа ова.
  14. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Mr. Right само личност која на своја кожа нема осетено што значи да чуваш дете кое има деформитет, може да каже дека абортусот на тој плод е полесен начин.
    Кажи ми, дали можеш воопшто да замислиш што значи да чуваш дете за кое знаеш дека никогаш нема да оздрави? Да знаеш дека тоа дете целиот живот ќе има потешкотии? Да знаеш дека таа борба е всушност борба во вистинска смисла на зборот?
    Да се разбереме, без разлика дали станува збор за деформитет во екстремитетите или некој синдром и без разлика на кое место во овој свет е, тоа дете нема да води нормален живот.
    Нечовечно е да осудиш некого да живее, а притоа во старт да знаеш дека секој негов оброк или посетување на тоалетот, до крајот на животот, се предизвик.
     
    На Lolo5, Nausicaa, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.227
    Допаѓања:
    56.914
    Пол:
    Женски
    Ако постоеше можност за дискусија на темава без да скокате :D ќе ве прашав зошто се фаќате само за глупави делови од мислењата на кои веќе имате извежбани одговори и повторувате едно те исто, а нешто што може да биде предмет на дискусија го прескокнувате?
    Пример, видеото со девојката - фетусот што преживеал абортус. Го погледнавте или не се потрудивте?
    Да мрднеме малку од мртва точка па да зборуваме дали таа е вреден живот и покрај тоа што мајката не била спремна да ја роди?

    Или еве конкретно прашање за конкретен одговор: што било грешката - зачнувањето или неуспехот на абортусот?
     
    На Lolo5, zalosna, ♡BuBaLe♡ и 5 други им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што имам пишано во темава, да не се навраќам да барам ќе го кажам моето мислење.

    Јас сум против абортус меѓутоа во некои не сакани ситуации би се одлучила за тоа.
    Значи под несакани ситуации подразбирам - силување, бременост по пат на една ноќ со непознат партнер.
    Јас како женско се раководам под тоа дека секој треба да внимава што и како при сексуален однос, меѓутоа во силување никој не може да претпостави што ќе се случи.

    Затоа кој не е спремен да се сноси со таа последица при силување најдобро е да абортира, но таа одлука не може никој да ја оспори.

    Во врска со децата со аномалии за жал таквите случаеви се се поретки, животот е можеби суров и не боли нас како мајки што не можеме да имаме нормално дете, но сепак сме се избориле за него. Денес тие деца со аномалии имаат натпросечна интелегенција. Можеби таквите деца бараат борба ама па што е живот без борба.

    И да ви кажам за крај, карајте се до сабајле ако сакате, никој не може да одлучи што е правилно за некого освен тој самиот.
     
    Последна измена: 4 април 2017
    На zalosna, ♡BuBaLe♡ и MasterSk им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Родители кои се однесувале толку неодговорно да стигнат до несакана бременост, тешко дека ќе успеат да одгледуваат и воспитуваат дете на одговорен начин. На дете му се потребни сериозни родители. Несериозно одгледано дете ќе има проблем самото со себе, а многу веројатно ќе претставува и општествен проблем (како што имаме куп такви луѓе денес).
     
    На Lolo5 и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  18. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    Во право си буба4е
    Уште овој пат ќе го кажам ова и веќе не коментирам на ваква осетлива тема.Во темава нема место за вакви караници.
    Друго на мајками колешка што е ств млада остана трудна по некое време детето растеше во стомакот на мајката со два желудника и уште два органа мораше да абортира зашто понатака не се знаеше она дали ќе остане жива.
    Друго кажаа погоре ако девојками абортира јас незнам да во право си исто мислење имам,али што ако дечкото ја остави на пола пат девојката и не и каже дека ја затрудил и воедно после тоа и се заканува дека ќе и наштети на животот и незз што друго.А тој човек не е достоен да биде татко понатака детето ќе треба цел живот да прашува каде е тато?
    Викате од една вечер не ги оправдувам ни машкото во тој случај ни женското.Има кондоми за заштита.
    И да пак ќе кажам секоја жена си има свое право да одлучи со нејзиното тело.
     
    На Lolo5, buba4e89 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.095
    Пол:
    Женски
    Воопшто не се согласувам со тебе. Баш пред некој ден изгледав видео каде сериозно одгледано дете се однесува непримарно на улица. Има деца чии родители се свесни за своето потомство ама сепак детето претставува општествен проблем. Според мене не треба да се гледа според тој фактор.
    Никој млад кој пристапил кон сексуален однос не се рангира како родител туку како пар кој сакал да има односи. Несакана бременост секому може да му се случи колку и да внимаваш.

    @orevka да, постојат кондоми, контрацепции итн. Не се надоврзав конкретно за проблемот за машкото во случај ако ја остави трудна најчесто тој и самиот се согласува за абортус, некогаш е обратно женската да не сака а тој да сака. Но како и да е, која одлука и да се донесе е сведена на предизвик, од тебе зависи.

    Толку имам да кажам.
     
    На orevka му/ѝ се допаѓа ова.
  20. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.136
    Допаѓања:
    20.331
    Пол:
    Женски
    Со сета почит, ама не се сложувам. Братучед ми и снаа ми останаа прв пат несакајќи (значи несакана бременост), и тоа само што се запознаа, може по недела две... немаа ни по 20 год. Инаку беше советувана од двете страни/фамилии да абортира. Не абортираше, и сега малата е девојка која оди на училиште, си има добри родители, најсакана е, и детството и е најнормално како и на сите други дечиња. ЗНачи не е ни тоа точно во сите случаеви, може во некои, ама не во сите.
     
    На bebaa, Smilleeeeee, orevka и 5 други им се допаѓа ова.