Ништо не е грешка, зачнувањето природна работа која настанала како соодветна последица на одредена акција, а неуспехот на абортусот би било некој вид лекарска грешка или пак природна селекција, или ( само без фрлање камења одма ) виша сила, Господова работа Еве, кој искусил знае - една жена со крварење во рана бременост се пријавува во гинекологија и прв коментар од докторите - Божја воља како ќе биде.. Темава е доста осетлива и нема точен или грешен коментар, секој со свој став според свои емоции/искуство/психа/вера/образование/желби/можности...
@Rebecca_R Тоа го базирам врз реалноста на тоа што го имам видено, тие луѓе денес имаат здрави деца, кариери врз себе. Познавам доста клубови ( здруженија) каде одат такви личности со работи, со факултети, но и такви потешки случаеви каде борбата за живот е таква каква што не можеш да замислиш. Не би да навлегувам во детали, би ти препорачала да излезеш од твојот круг на пријатели и да запознаеш некој со аномалија, да направиш муабет, да не се срамиш од него и самата да си процениш, вака само можеме до сабајле да трошиме зборови. Поздрав
Види, ти не можеш да знаеш дали јас познавам такви личности, дали јас волонтирам (или некогаш сум волонтирала) во здружение каде што возрасни личности со пропреченост се целодневно згрижени, дали можеби имам таква личност во мое блиско опкружување. Затоа и нема потреба да трошиш зборови. Кога зборуваме за деформитети на телото, без никакви оштетувања на мозокот, правиме муабет за личности кои имаат интелигенција како и секој просечен човек. Нивниот деформитет не ги прави надпросечно интелигентни. Ниту пак некаде има такво истражување кое вели дека личности со деформитет се поинтелигентни во споредба со личностите кои немаат никаков физички недостаток. Секако тие луѓе можат да имаат и здрави деца. Истите тие луѓе завршуваат и факултет, единствено стои фактот дека нивниот живот е потежок, во смисла на ивршување на секојдневните обврски. Но, од друга страна, доколку правиме муабет за деца кои имаат одреден синдром, тие личности и те како имаат потешкотии, дури и за извршување на наједноставни обврски.
Е види сегa, без фрлaње кaмењa, oк, aмa aкo нaвлегувaме вo тие филoзoфии,кoгa сме кaј Гoспoдoвa рaбoтa (или плaнoт нa универзумoт-кaкo сaкaш), aбoртусoт е чистo мешaње вo Бoжјaтa вoљa.
Многу грешно ме толкуваш Ребека, јас ниту еден човек не го делам дали му фали рака или нога или има одреден синдром тие се под еден ист термин аномалии. Второ дали ти имаш или немаш такви личности за кои јас немам потреба да трошам зборови воопшто не ти посочив за тоа туку ти посочив да излезеш да видиш. Веќе твојот текст укажува дека немаш видено штом ги делиш луѓето и штом ме прашуваш од каде таков заклучок. Многу ми е жал што не се согласувам со тебе, затоа што јас го имам видено тоа и ти со ова твое мислење не можеш да ми го смениш мислењето ниту да ми го наметнеш. И да ти кажам нешто кога ќе седнеш да правиш муабет со тие како што ги нарекуваш синдром или деформитет, кога ќе испиеш кафе, кога нема да покажеш прст кон него тогаш можеш да напишеш дали имаат просечна или натпросечна интелегенција Верувај има разлика од прочитан текст, факт од тоа што можеш самата да се увериш. Меѓутоа ако сметаш дека е потребно истражување за да се утврди интелегенција нечија тогаш да те разочарам ама не е така. И ова не е тема на муабет, да се вратиме на темата зашто ми стаса нотификација да пишуваме за темата конкретно. Поздрав
(izvinete za latinica od tel.sum)mislam deka e vreme da prestaneme da osuduvate zeni/devojki koi se reshile na takov cekor oni si znat zashto toa go napravile I kakva Im e na niv bolkata.Treba da prestanat karanicite I mislenjata trebalo netrebalo.SIte si kazavme mislenje I tolku ostaj te gi tie shto imat bolka vo dushata ostajte gi da si kazat shto pominale,Ali posle vakvi osudi ne veruvam deka nekoja bi si ja kazala svojata prikazna.
@buba4e89 ама како тоа синдром и недостаток на рака ги ставаш под ист термин: аномалии? Па дали ти си седнала да пиеш кафе со личност која има Даунов синдром? Јас да, пријателка има постар брат кој има Даунов синдром и ништо не може да направи сам. Пример тој не разбира како да пушти топла а како ладна вода. Има потреба да објаснувам понатаму?
Ако јас почнам да ти набројувам со кој имам пиено кафе гледам дека залудно ќе си го потрошам времето, сама ако не процениш џабе. ( п.с. тој ако не разбира одредени нешта не значи дека нема интелегенција ) Пријатна вечер Ребека и следен пат не чекај јас да пишам нешто има и други членки.
Муабетиве ме потсетија дека имаме тема за лицата со посебни потреби и нивните права. И јас ја имам посетувано и имам споделувано искуства. Ставовите, мислењата и искуствата со лицата со посебни потреби можат да се споделат во таа тема. Да се задржиме на темата абортус без офф топици.
Излишно е да се дискутира со тебе, како да појаснам дека конкретно во случајот личноста не разбира која вода е топла а која е ладна? Тој не умее сам да отиде во тоалет, за каква интелигенција зборуваш, жити се?
@buba4e89 молим те кажи ми како тоа дете со церебрална парализа можеш да кажеш дека има надпросечна интелегенција кога не е способно да ги изврши најосновните работи како самостојно јадење, пиење, бањање...?! Не споредувај синдроми, неразвиен екстремитет или некои потешки како церебрална и не знам кои други.. Сосема се различни!
Па и не баш. Ако си верник, ќе сфатиш дека не можеш да се мешаш во Божјата волја. Затоа се без врска сите тие аргументи во стил "зарем вашиот Бог е толку суров да испрати неродени души во пеколот?" Ама тоа може да го рече човек што има само површни сфаќања за тоа како луѓето веруваат, па под дифолт ги става во категорија глупави личности од понизок вид, кои не размислуваат со своја глава. Бог ни дал слободна волја. Одлуката за абортус е дел од таа слободна волја. Нашата слободна волја не пречи на Божјиот план во никој случај. Ама е исто толку товар колку што е и слобода. Моето мислење е дека жените треба да имаат слобода да си ја изразуваат своето право на избор, ама на абортусот во никој случај не треба да се пристапува со наивни размислувања како "тоа е само фетус". Ете го примерот погоре на човек што требало да биде абортиран (и покрај тоа што се работело за абортус во доцна бременост што сега не е дозволен, примерот си стои) - тоа барем малку, малкучка треба да не’ натера да размислиме. За многу сериозна одлука се работи. И само тие кои ја донеле знаат колку тешко ја донеле. Да не ја релативизираме.
Секако дека поддржувам абортус, но не затоа што сум многу загрижена за нечие право на избор, туку затоа што навистина е потребна контрола кој све раѓа деца и ги одгледува. Денешницава е хаос. Не дека абортусот во актуелнава примена сам по себе познава селекција, ама сепак подобро со него, отколку без.
Постојат мал милион ситуации кога може да дојде до несакана бременост, тоа не значи дека партнерите биле неодговорни. Ама ај... вие се знаете Без генерализации, плс
Абе, баш така. Обично тој што знае се, мисли дека и другите немаат проблем да разберат, па си вика да не се замара да објаснува нашироко. Ама ете, прави грешка.
Здраво. Би ве замолила доколку некој има точни информации да ми каже колку чини абортусот во приватните клиники?