Направи тест со крв пред да почнеш да паничиш, ако не веруваш на обичните Систина, Ремедика. ...тоа во ск .. Спреми 200 евра и 100-150 имај резерва. Живот...не знаеш што бидува Со лесно
Имаш еден тест и пред да касни дава резултат околу 200ден. е во нашиве аптеки барај. Инаку ај да не советувам ама неможам да се воздржам ако си навистина во брак и ете испадне си бремена немаш потреба да абортираш т.е. да се ставаш на толкав здравствен ризик. Сепак ваша одлука. И позитивен и негативен тест е животен дар, т.е. дар ќе биде она што повеќе си го посакуваш.
Фала ти! Направив тест но испадна негативен . Денес ќе одам на гинеколог, мислам дека најдов добра гинеколошка ординација во Охрид, фала богу... ич не ми се оди по Скопјево во лето. Во принцип абортусот е побезбеден од бременоста, ако е спроведен правилно затоа барам добар гинеколог, а не било каков. Еве ти студија, можеш и сама да ја прочиташ. https://www.ncbi.nlm.nih.gov/m/pubmed/22270271/ Не ми се објаснува на долго и широко, но од каде знаеш во каква ситуација се наоѓа некој и зошто би сакал да абортира? (затоа реков без непотребни коментари) Наскоро треба да се преселиме во странство, каде прво треба да се ситуираме финансиски, немаме ниту заштеда, ниту куќа, ниту работа, ниту кариера, ништо...пред нас стојат еден куп стресни работи низ кои треба да поминеме и никој не може да гарантира дали ќе испадне на добро работата, па недај боже можеме на улица да останеме и после кој ќе биде следен коментар? Епа што мајка бараше кога немаш услови? Стварно не гледам како дете во оваа ситуација би била позитивна работа?! Па сигурно нема пелени да ми паѓаат од небо или некој да ми го гледа детето па ја да одам да работам. Не се водам по логика дека секоја жена мора да биде мајка и поготово не се гледам себе си емоционално подготвена во овој период. За се има време и место, имам еден тон други работи што би сакала да завршам пред животот тотално да го препуштам на целосна грижа која му е потребна на едно дете. Па ако расте барем нека расте во услови кои ги заслужува, а не во било какви. Па ја да се тупам после дека немам пари да го одгледам. Љубовта не е секогаш доволна, не се живее на воздух. Инаку тестот е негативен.
Можно е да ти доцни од стрес, самата спомна дека имаш нередовен циклус. Тестовите од аптека знаат да бидат негативни и кога има бременост, па за најсигурно направи си проверка на бета хцг преку крв. А ако одиш на гинеколог, тогаш тој може да ти каже дали има бременост, ако се гледа нешто.
Благодарам за просветлувањето но ниедна процедура под анестезија не ти е 100%сигурна и ако најдеш еден барем еден стручен и совесен гинеколог кој писмено ќе ти потпише и гарантира дека ќе ти спорведе абортус без ризик тоа да го споделиш со нас не линкови од кампањи одобрени за да се стимулира овој начин на намалување на пренаселеноста со нови поколенија. Вадење заб не ти гарантира дека нема да се искрвари...да не споделувам случаиј мал милион. Сепак да не одам офф топик. Негативен тест. Секое добро. Со среќа во животот и планирањето на проширување на семејство во иднина.
Аха, а тебе може да ти гарантира некој дека ќе имаш 100% безбедна бременост? Знаеш ли колкавав е ризикот да си бремена ако здравјето не ти е во топ форма? И зошто мислиш дека ризикот во бременоста е нешто помалку важен од оној од абортусот? Фала богу размислувам со бистра глава па не мислам дека фекална инконтентција за цел живот или генитоуринален пролапс или уште полошо периректална фистула и ред други ситуации кои се опасни по живот се побезбедни него абортус. Изгледа не ни се потруди да го отвориш линкот а? Никаде не пишува ништо за кампањи за намалување на пренаселеност, туку колку од тие абортуси завршуваат фатално во споредба со колку бремености завршуваат фатално. Разликуваш кампања од научна статија? И дали знаеш како се спроведува една, па сигурно не ги ваделе фактите од во џеб. Инаку пренаселеност не постои, туку само нерамномерна распостранетост на средствата за производство. Ако не сакаше да одиш офф топик тогаш зошто воопшто почна на првиот пост? Не дојдов тука да се препирам со некој, ако сакаш да живееш по псевдохристијанска догматика слободно, само немој тоа да му го наметнуваш на никого. Негативниот тест не мора ништо да значи, сеуште постои можност дека сум бремена и баш затоа што и сама сум свесна дека не сум спремна да бидам мајка во овој момент, не е толку трагично затоа што може да се запре несаканата бременост. Јас сум таа што ќе ги сноси последиците а не ти, така да нема потреба од толку паника од твоја страна, па макар тоа значело и дека би останала стерилна цел живот, има и други начини за да се создаде семејство, не си земам при срце се толку трагично. Па нели господ има план за сите нас?! И не ми треба некој што не ме познава да ми кажува дека стварно не сум спремна да бидам мајка, доволно ми е она што го чувствувам.
Да се разбереме, нема ни забар што ќе ти гарантира дека нема ништо да ти се деси од новокаинот. Се` е пресметан ризик.
Значи сепак е подобро да се испита преку крвта или нема врска? Ти би одела директно на гинеколог или прво би проверила крв? Фала ти премногу.
Најдобро преку крв, во било која лабораторија. Не е касно, не треба на гладно, само ќе нагласиш дека сакаш бета хцг да испитаат. Не ти треба ни упат.
Да ќе нагласам само лабораторијава каде што сакам да одам работи до 12 затоа. Друго место не ми текнува каде. И потоа тие ти ги толкуваат резултатите или одиш со резултатот на гинеколог?
Не мора гинеколог, ти кажуваат тие, или сама ќе видиш. Или ќе биде позитивно/негативно како тестот, или пак со бројки, т.е референтни вредности. Не е некоја филозофија.
Мене тоа ми е јасно. Затоа објаснив дека нема процедура под анестезија за која било кој на светов со линкови итн. мене лично ќе ме убедува дека абортусот како процедура под анестезија е побезбеден од бременост. Даааааа бременоста е нормалана физиолошка состојба за продолжување на видот кај сите живи битија на планетава Земја. Жал ми е што одам офф ама аргументот ми беше противаргумент на нечие изнесување дека абосртус=процедура со анестезија е побезбеден од бременост.
Абортусот, статистички гледано, е побезбеден од бременоста/раѓањето. Ама тоа навистина не е никаков аргумент. Ако не сакам да родам, нема да ме спречи страв од анестезија, сигурно. На крајот, колку жени раѓаат со општа, епидурална, спинална анестезија?
Luge i jas bev na doktor. Treta nedela sum. Premnogu e rano za bilo so. Imam pregled na 30ti i potoa e sledniot cekor. Premnogu sum razocarana od samata sebe si. Bivsi mi e od mnogu odamna ama ne zivee tuka. Se vidovme i eve belja. Ne sakam da go rodam deteto. Ne ni pomisluvam na toa, mnogu nema da me podrzat ama ne mi e ni bitno,ne pisuvam za sovet. Imam prasanje za postapkata kako odi i dali posle toa ima mnogu bolki?