јас имав спонатан во 5 та недела и ме правеа киретажа со целосна. тоа чекање само да се исфрли ми е малтретирање и ризик
И јас мислам дека тоа го прават за само да го одолговлечат целиот процес и да изминат неделите предвидени за абортус. Тоа не е во ред затоа што пред сè се обидуваат да се вмешаат во нечија интима и да реметат нечии планови. Исто одолговлекуваат и со оние советувањата со психолози, не сум упатена, но мислам дека имаше и некоја таква процедура пред да абортираш, а со тоа одолговлекување се зголемуваат неделите и си носи свои ризици. Според мене ова натегање е еден вид наметнување и е многу погрешен чекор, затоа што ако да речеме јас сум решила да абортирам, не постои никој освен мене и мојот партнер (ако го имам) кој би го гледала како потпора или советник дури сум во процес на размислување за што понатаму. И сето тоа одолговлекување е уште една причина за оние кои сакаат да абортираат да се решат да одат на абортус во сомнителна ординација со сомнителни услови.
Морам да признаам, навистина „добра“ тактика за да се развлече процесот за да речат дека „12та/13та недела си, веќе е ризично да се интервенира“, роди си го. Жалното е што така манипулираат најчесто со помлади девојки.
@Mishela затоа е воведен законот, како мерка за зголемување на наталитетот. Не е ни јавна тајна тоа, општо познато е. Спојлер Има по интернет приказни за жени што носеле мртви плодови затоа што било над 12 недела, па морале преку комисија да поминат за да утврди дека мора да абортира. А комисија се еднаш неделно состанува. Трагедии е законот, се надевам ќе го ревидираат не за џабе се протестираше кога го донесоа
Овој закон за абортус е одвратен. Реалниот живот не е серија, па ајде ќе ја потапкаме пациентката по рамо, ќе го најдеме таткото и ќе се роди љубов помеѓу нив, ќе најдат работа и сите ќе се среќни и задоволни. Во врска со напишаното во спојлер, не сум учествувала директно, па затоа и не можам да тврдам, ама ја знам дека откако ќе се утврди дека плодот е мртов, нема потреба од комисија, туку веднаш се започнува со процесот.
Za nameren abortus ima potreba od komisija ako zenata e vo vtoroto tromesecie od bremenosta oti ako bebeto e zivo treba prvo da se usmrti pa posle se davaat lekovi za inducirano poroduvanje i mnogu e potreslo i tie slucaevi odat na komisija jas pred nekolku god bev svedok na takov abortus
Читав сега, над 10та недела требало комисија. Спојлер http://prizma.birn.eu.com/мк/стории...-абортус-зошто-плодот-ќе-експлодираше-во-мене http://tocka.com.mk/vesti/197069/intervju Можеби сега се опуштиле малку, ама на почетокот дефинитивно така било. Од страв да не ги казнат заради неспроведување на законот ги праќале на комисија.
Баш чудно, јас сум сигурна дека штом се утврди дека плодот е мртов, бремената жена веднаш останува во болница и ставаат провокација. Не сум го читала целиот закон, ама речиси сум сигурна дека не е потребна комисија за да се изврши потребната процедура (операција) за отстранување на мртов плод. Сепак, на сите ни е јасно какво е здравството во оваа држава, и тука на форумот сум прочитала еден куп негативни искуства, па не сум изненадена.
За мртов плод или спонтан абортус не се чека на комисија, туку веднаш се чисте, ниеден доктор не ризикува да чека затоа што нема ни потреба. За насилен абортус се чека 3 дена откако ќе поднесеш барање.
во Систина ете не е знам по братудечка ми дента отиде на преглед,разговараше со социјален работник таму и утредента се чистеше
Еве @DAngel пишала дека над 10 недела треба комисија. И разговор со социјален работник е дел од законот, сепак не прават дојдов јас ајде да завршиме работа.
ама јас не зборував за абортус во висока бременост.Туку за абортус во првите 3-4 недели социјалниот работник ја прашал иначе само каде работи и која е причината за абортус.Ништо друго.Потпишала документ.
Јас имам читано дека исто и цената на зафатот зависи од неделата во која е извршен, дали во многу рана недела или подоцна. И под подоцна не мислам на некоја 15-20 недела, туку околу 10-12, до кога е и дозволено. А мислам дека и во Систина конкретно има советувања со психолози и постапката се одолговлекува неколку денови. Не сум сигурна за ова и можеби варира од случај до случај.