Неможе да се види дали жена имала абортус или не, освен ако не настанале компликации и повреди на матката со трајни последици.
Мислам дека таква работа се евидентира во картон. Ако имаш матичен гинеколог, во картонот се ти има евидентирано. Од друга страна, немаш потреба на некого нешто да му докажуваш. Ако ти верува, ти верува. Ако не што бараш со него? Па и да си направила. Кој е тој да ти суди? Ако сега ти пререкува, ќе ти пререкува утре и во брак кога ќе бидете. Па и за најмала ситница ќе треба ли да му се правдаш и докази да му приложуваш? Бог да чува. Каде ви е достоинството бре?
Здраво феминки , би сакала да ве прашам нешто зашо не сум баш и тек со настаниве Абортусотво македонија е забранет или сеуште не е но се води процедура да биде забранет па затоа протестираат жените на 8ми март ? фала многу
Јас сум за. И несмее да се забрани во никој случај. Ако јас несакам сок од портокал тоа незначи дека треба да се забрани Пред да речете како можам да споредувам такви работи, да кажам дека и тоа и тоа е избор. Ако нешто несакаш, не го прави. Ама остави го на другите. Ако некоја решила да прави аботрус, нејзино е. Од кои причини, што и како, ич не ми е гајле. Таа зрешила, таа ќе абортира, таа ќе живее со својата одлука. Си има таму период до кога не е оформен ембрионот и легално е да абортираш, не сум баш упатена, мислам до 3ти месец можеш....и ова не го сметам за убиство, зашо уште нема ништо. Ама оние илегалните абортуси во 5ти, 6ти месец ги осудувам многу. Не само што си ризикуваат живот и здравје, туку веќе тука имаме оформено живо суштество. Јас не би абортирала, мислам многу е глупо несакајќи да останеш трудна во денешно време. Се извинувам ако некоја се најде повредена, ама покрај сите трубења за кондоми, пилули кои не се штетни и триста други ствари кои не се веќе табу, дури и пилули за после.....стварно незнам како некоја уште може да има односи незаштитена, или ај веќе коа биднало незнаштитен однос, пак се тука оние за после 2 дена....мислам стварно незнам како може Ама религиските "факти" против аботрус ви се ептен тапа Гревови, гревови колку сакаш...а и оддамна го надминавме перидот коа црквата владееше со нашите умови. Ама несакам да навелгувам во тема Религија. Сепак и тоа нели е право на избор, ко и абортусот Спојлер Оние папи, кардинали, свештеници...не ги разбирам многу кој што е, ни кажуваат како сексот пред брак е грев, а пола од нив ги испофаќаа за секс и тоа со малолетнички
Да, секој има право на избор! Не секогаш работите се одвиваат онака како што сме планирале.. Преземањето на одговорност, да станеш родител е премногу сериoзна работа, детето не е за ден, два или три. Сите сакаме да можеме се' да им овозможиме на нашите деца, а како ако не ни е обезбедена материјалната состојба или поради здравствени причини животот ни е во ризик?! Секој одлучува за себе и никој не смее да го оспори правото на избор.
ДА за абортус. Мое тело, мое право на избор АМА не би имала незаштитен однос доколку немам намера да раѓам. Лично самата нема да си простам да убијам човек.
stop za abortusot! Veke nekoe vreme abortusot stanuva normalna pojava! Dolkolku ne ste spremni da bidete majki, devojki koristete zastita! Vie ubivate! Pravite grev!!! Najtragicno e toa sto se sluci vo Bitola, i se rasiri niz cela Makedonija! 2 pati abortiranje??? I devojki doolku ne sakate cela Makedonija da doznae za toa, ke ve molam ne raskazuvajte na sekogo!!! Toa ne e cool!! Toa e tragedija!!!!
stop za abortusot! За мене абортусот е нешто лошо. Навистина, посебно денес во ова време во овој современ начин на живеење. Не би абортирала, сметам дека не постои (не)намерна бременост. Секој знае како се прават деца, не ги носат штрковите.
stop za abortusot! tocno taka, a uste poveke sto me nervira i plasi e toa sto si mislat deka toa e nesto cool!
stop za abortusot! i jas ne mozam da svatam, toa se slucilo vo Bitola, a znae cela Makedonija! Devojkata odvaj imala 18 godini. Toa se slucilo 2 pati!!!! Ne znam koja e taa, no sakam da doznam za da ja prasam kako imala srce toa da go napravi!!!
stop za abortusot! Јас никаде немам прочитано некоја да напишала дека абортусот е cool Бог да чува. И да не сум против. Како бе да сум против девојката да е силувана останува бремена и да го роди ???
stop za abortusot! Без разлика дали е зборувала или не јас напишав во кој случај најмногу го подржувам абортусот
stop za abortusot! Многу остро си се поставил кон жените кои имале потреба да абортираат. Да беше женско може во никогаш немаше да размислуваш вака, без оглед дали ти дошло до абортус. А што и како се случувало на никого не смее да го засега. Сите си имаме свој живот за кој треба да се грижиме. За останатите ни е најмала работа да го береме гајлето. Мене ама ич не ме интересира што правиш ти со девојка ти, ниту што направила девојката што абортирала. И не е вистина дека веке некое време станувал абортусот нормална појава. Од секогаш го имало. И фала Богу што го има и може да се заштитиме од ненадејни последици, стекнати од силување, како што Совршенство спомна или од раѓање дефектни плодови. Шуќур, постои ултра звук, ехо или како и да е, што го прати плодот во развојот додека е во мајката, па може да се види дали ке се роди здраво и право или ке се мачи цел живот и тоа и родителите, зашто имало некој како тебе што бара Стоп за абортусот. Не зборувај на памет, ти се молам, и не отворај нови теми, кога нецел ден си зачленет, а иста таква тема веќе има.