Дефинитивно сум за. Секој има право да одлучи дали ќе го задржи бебето или не без разлика која е причината.
Овие па што поддржуваат абортус како жолчно се нафрлиле врз оние што не поддржуваат па фатиле да убедуваат, пари, сиромаштија, услови, домови, бла бла. Човечкиот живот нема цена и секој ембрион е зачеток на тој живот и треба да му се даде шанса.
Послаб аргумент од оној можело познат артист да биде, можело мајка Тереза, успешен човек да биде дефинитивно не постои. И што? Можело и Хитлер да биде, останува дека ние не знаеме каква личност би произлегла и оттаму бесмислено е тоа да влијае на одлуката. Единствено што треба да влијае на одлуката е психолошката состојба на мајката, а со тоа и благосостојбата на детето што би се родило. И јас сметам дека човечкиот живот има огромна вредност и не треба да се фрли. Токму затоа сум за абортус. Мислите дека сиромашните луѓе што немаат струја дома со 7 деца се среќни? Не, не се воопшто среќни и она нивното не е живот, туку само ние тука на форум пишуваме дека среќата со пари не се купува. Што мислите дека боли повеќе: Непостоење или мачење? Абортус кој не можеш да го почувствуваш или психолошки и финансиски проблеми 70 години?
И ембрионот зачнат при силување означува почеток на нов живот. Треба да се роди детето на тој психопат и да се одгледува со љубов. Силуваната треба да е благодарна што е благословена со тој ембрион, и треба дефинитивно да го роди... Па дали ќе го даде во дом (за да се изживуваат воспитувачите таму и никогаш тоа дете да не осети што е мајчинска љубов и грижа)... дали ќе го остави на улица за да преживува со просење... дали ќе го фрли некаде, не е битно... Битно е да го роди благословот од силувачот.
Џоли и нејзиниот сарказам. Не знам за другиве, ама јас не би абортирала па што сака нека е. Се знае кој е тој што дава и зема живот.
Битер, ај размисли малку дали детето што би се родило како производ на силување ќе ти биде прекрасно љубовче, и размисли дали ако не дај боже се најдеш во таква ситуација ќе велиш оти ќе го родиш па што сака нека е. Сите некако магично го избегнувате одговорот на ова прашање. Ај малку пореално, без розови приказни - многу поверојатно е дека цел живот ќе те потсеќа на психопатот кој се осмелил да те допре без твоја волја и ко на филм ќе ти се враќаат сликите од тој грозоморен чин. Не сум баш оптимистична дека би било пријатно родителството во ваква ситуација, баш напротив. Јас не би сакала да имам ништо со некој таков психопат. Особено не потомство кое носи негов ген.
Не е сарказам туку е реалност. Читав пред некое време статија за жена што го родила бебето и покрај тоа што докторите и рекле да абортира, пошто било со тешки аномалии.... Таа мислела чудо ќе се случи, дека докторите појма немаат од животот и сепак се решила да го роди... После 5-6 часа од пораѓајот бебето починало. А можела да го абортира уште на почеток на бременоста, па да се опорави и да си зачне друго здраво бебе. Никој не вика дека лесен е абортусот, ама кога мора мора. Ќе и било тешко и да го абортира, ама откако го родила и починало, и било 10 пати повеќе тешко. Значи според некои мора да се роди бебето инаку може и убиец да станеш... Без разлика дали бебето има аномалии, дали ќе преживее, дали ќе има нормален раст или ќе биде цел живот инвалид, дали е од силувач... Мора да се роди.
Нареден аргумент можда ќе им биде дека абортираат и девојки кои не можат сега да даваат илјадарка за пелени, а до вчера истата таа илјадарка ја давале во кафана – како на онаа рекламата од владината кампања. (пошто и тоа со артистите го имаше во друга од тие реклами, со Бетовен ) Дајте бе луѓе, бидете малку пореални. Реалноста е многу далеку од тие реклами. Таков степен на тешка финансиска ситуација и услови што значи дека не си подготвен за грижа за бебе и размислуваш за абортус, и тоа како би го нарушиле она најважното – здравјето на тоа дете, кога би се родило. Ги има такви што ќе се издигнат од таа ситуација – и од многу сиромашни семејства, па и од домови ќе станат артисти, активисти, успешни луѓе. Ама таквите, посебно тука во Македонија, ни на прсти не се бројат. Останатите ќе бидат повеќето со нарушено здравје од условите, а и психа од нервозите. За во случај на силување, немам коментар за такви што би се мешале и во одлуката на жената при такви ситуации. Не, не е виновно бебето за злоделото на психопатот, но може да е потсетник за цел живот за жртвата за таа траума. Да коментирате дека абортус од страна на силувана жена е грешка во било колкава мера, значи дека не ви е гајле воопшто за психата на жената.
Да. Не дека гледам со розови очила, како што пиша Мишела, свесна сум каква е таа ситуација и дека не секоја жена ја има таа сила, но јас лично, како што кажав, во никој случај не би абортирала.
Битерке знаеме дека секогаш сакаш да идеш контра сите, нема врска твое право е тоа. Ама дека ќе родиш ако детето е од силување е тоа нема да ме убедиш.
Барем тагни, да се прочитаме ко луѓе. Не знам која жена би сакала да има животен потсетник на такво обележје. Не е ова никакво искушение патем, за кое би требало сила да се „преброди“. Ќе имаш движечки потсетник во текот на целиот живот - морбидно е и сулудо. А и дете е продукт на љубовта, а не на насилна пенетрација во нечија вагина.
Немам јас никаква потреба да идам контра со намера, едноставно навикни се и ти и сите други што така размислуваат, дека не може сите да имаат исти ставови. Тоа што моите ставови се поинакви не значи дека одам контра, сфатете го ова веќе еднаш сите вие. И друго, зошто тебе да те убедувам во нешто? Или било кој тука? Само кажувам мислење и тоа е тоа. Дете е продукт на божја промисла, според мене. Знам дека овој став не ви одговара на многумина овде на форумов и нема потреба од убедувања. Си кажав за себе, дека јас лично не би абортирала. Би ме убила совеста поради чинот на одземање на еден живот.
Аман бе дете, каква божја промисла, па Бог ни дал слободна воља и нема појма кој на што ќе му се случува, оти ако е обратна ситуација, тоа значи дека он ни ја одредил судбината, за некого арна, за некого морбидна..Каква божја промисла бе девојче, замисли реденка ти прават десет души, и што....ќе кажаш фала ти боже, твоја воља!? Ајде те молам малку рационално размислувај..па бебето нема душа до 4 месец, абортусот не е никакво убиство...доста веќе...Кој како сака нека прави со своето тело, додека фетусот живее во мојот стомак, се рани од мене, зависно е од мене..ќе правам јас како ќе одлучам а не таму некој си поп, владика или Цацко.
Не сум девојче. И ЗНАМ што пишувам и зошто. Џабе убедување. Абортусот е убиство, сакале вие некои членови тука да го прифатите тоа или не.
И силувањето ли е дел од Божја промисла? Свесна си дека самата си ја навредуваш религијата со овие ставови?
Во ред е душо, повеќе не се расправам со тебе за вакви шкакливи теми..Но дали си ти свесна колку такви убици шетаат поред тебе, можеби имаш и такви другарки, убици????