Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус

Дискусија во 'Бременост' започната од Spidy, 8 декември 2009.

?

Дали го поддржувате абортусот?

  1. Да, секој има право на избор

    1.607 глас(а)
    72,8%
  2. Не, никако

    600 глас(а)
    27,2%
  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.831
    Пол:
    Женски
    Божја промисла е секој нов живот. Нe може да се зачне ако Бог тоа не го сака, без разлика дали станува збор за бебе зачнато од љубов или таков грозен чин. Живот е во прашање, животот не се создава by accident.
     
    На Petra777, Selest, carangigia и 2 други им се допаѓа ова.
  2. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    И утре ќе му објасниш дека татко му е психопат и тој човек треба да живее со таа мисла цел живот?! А бе ајде!
     
    На Lolo5, AURUA, blackwave и 10 други им се допаѓа ова.
  3. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.115
    Допаѓања:
    163.711
    Пол:
    Женски
    *speechless*

    [​IMG]
     
    На Lolo5, Jane.Birkin, AURUA и 12 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.831
    Пол:
    Женски
    Да не правиме сега сценарија овде. Лесно е да се каже „што би било ако би било“. И онака некако не им се верува на одредени членови тука за ова што го пишувам. Јас го кажав моето мислење, нема потреба да навлегуваме подлабоко во истото.

    @Someonespecial знаев дека нема да сфатиш. :D
     
    На Petra777, Selest, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. DzingrlakaDzikica

    DzingrlakaDzikica Популарен член

    Се зачлени на:
    26 март 2012
    Пораки:
    803
    Допаѓања:
    2.634
    Понесена од еден настан што го слушнав пред некое време сакам да ве прашам вие што се против абортусот дали исто ќе размислувате во ситуација кога 12 годишно дете (за момент замислете дека тоа е ваша ќерка) ќе биде силувано и како резултат на тоа настанува бременост. Ајде убедете ме дека тоа е волјата на Бога - да минува тоа неразвиено телце низ тој шок на промени.

    Од самата помисла ми се тресат коските и ми идат солзи во очите. Не осудувам ничие размислување и се обидувам ферски да ве сфатам ама не можам, стварно. Сакате да продавате морал ама од страна сте баш ебано сурови.

    Битерке, ова не се некои измислици од sci-fi книга туку реални животни приказни што се случуваат насекаде низ светот па дури и во нашата Македонија. Отвори ги очите. Видов дека многу мајки кои имаат млади ќеркички ти го лајкнале постот па ме интересира и нивен коментар.
     
    Последна измена: 5 септември 2017
    На Lolo5, kravce, AURUA и 16 други им се допаѓа ова.
  6. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Не зборувам и навлегувам во дискусија со други. Ај ти ќе се помириш со фактот, ама детето? А знаеш средината што ќе му направи? Зборуваме за комплексна ситуација. Лесно е вака од дистанца да си викаме, што би било, кога би било.
     
    На Lolo5 и theowndemon им се допаѓа ова.
  7. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.499
    Пол:
    Женски
    А има некој што ќе сфати?

    Дете е нешто што посакуваш, нешто што сакаш уште пред да се роди или нешто што си го створил со љубов макар и непланирано. Како ќе се створи магично љубов кон нешто што е плод на таков грозоморен настан што остава последици цел живот?
    @Bitter-Sweet за едно се согласувам со тебе, многу лесно е вака од страна да се каже што би било.

    Тешко на тие што доживеале вакво нешто, уште осуда зошто абортирале фали, и тоа од жена.
     
    На Lolo5, AURUA, Bender Rodriguez и 9 други им се допаѓа ова.
  8. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Реков веке не пишувам ама неможам и неможам. :) .А што сте се фанале сите со гоолема сиромаштија па дури и 70 години?Одкаде сега тоа одење во крајности.Само богатство е предуслов за раѓање?Моментално ако се невработени незначи дека цел живот ке биде така,работа се наоѓа за тој што сака.Можеби нема да зима 1000евра ама за живеачка ке има,и ако се труди може и да обезбеди подобар живот.Нормално ако не е лежи лебу да те јадам.Пак ке прашам,а што ако моментално имаат пари а пред пораѓај ете банкротираат?И што ако ете почне мажот да пие,се коцка и ја тепа жената,а небило предходно така?Што со роденото дете,оти таткому станал психопат,нели ке ја потсека мајката на таткому псохопат,дури и ако се разведе?Или треба да го остави детето или недајБоже убие,оти нели психата на мајката е битна а не детето што се зачнало.(ова некој друг оти пишал дете од силување ке биде потсетник на тој настан).Бог е тој што исцелува и помага ако искрено му се обратиме.
    Еве мајками и таткоми никогаш не биле богати,со кредити и борчеви цел живот.Едниот под стечај по некоја година и дугиот.Работат сезонски зимно време на едно несто летно на друго.Срекно детство имав иако не одевме секоја година на море и немав секогаш ново туку често ако е здраво алиштето од сестрами после јас го носев.Бев сакана и фала им што не ме абортирала туку напротив ме сакала.Сега сум мажена и фала му на Господ имам убав живот и можам дури и да им помагам.А се омажив кога имав плата 150евра,а тој 200евра.И работевме на случајот за дете.Ова сега е разгаленост и себичност,со финансиските проблеми,ако немам за луксуз ке абортирам. И трудна на другарками мајката медицина заврши,така да и тоа не ми држи вода,како изговор.
    http://www.lifenews.com/2016/06/20/my-mother-was-gang-raped-but-heroically-gave-me-life/
    Ова е линк од сведоштво на дете зачнато од силување.
    На никој не му посакувам такво искуство не гледам розово,но не е причина за абортус.
     
    Последна измена: 5 септември 2017
    На Petra777, elimkd, Meckicja и 2 други им се допаѓа ова.
  9. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Значи ли ова дека Бог го оправдува и поддржува силувањето?
     
    На Lolo5, Bender Rodriguez, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kristina.k

    kristina.k Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    8.451
    Допаѓања:
    38.499
    Пол:
    Женски
    @bebaa во ред е тоа што го сподели, го прочитав, ама сепак мајката одлучила така. Некоја нема да ја има таа храброст и сила да роди дете после силување и тоа е поентата на правото на избор. Не секој се справува исто со траума, има жени што не можат со тој товар да живеат, има силни жени што успеваат и на други да помогнат со своето искуство, има и такви што нажалост си го одзеле животот после тоа.
     
    На Lolo5 и AURUA им се допаѓа ова.
  11. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Значи Бог сакал и таа девојка биде силувана?:headbang:
    ...
    И сериозно мешаш религија во ваква осетлива тема? Па уште и во контекст на силување спомнуваш Бог и негова волја.:x
     
    На Lolo5, AURUA, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  12. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    Не!Одкаде сега тој заклучок???Реков Бог исцелува од болката и помага во тие тешки моменти ако се обратиш кон Него за помош,а не се сконцентрираш на болката и огорченоста кон психопатот.
    @kristina.k За жал има девојки кои се самоубиваат после тоа и без бременост невикам не.
    Сериозно луѓе како заклучивте Бог сакал да бидат силувани.Стварно или се правите интересни.Но ете од некој причина дозволил да се зачне дете неги знаеме сите Негови планови.
    Ајде арно реков да не коментирам.Се извинувам што се умешав.
    Едит: @forumce извини што те цитирав,невидов дека на друг се обракаш.
     
    Последна измена: 5 септември 2017
    На Selest, Orthophill и Βικτωρία им се допаѓа ова.
  13. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.254
    Допаѓања:
    72.709
    Ајдеее (facepalm)
    Значи и бебе зачнато при силување треба да биде родено за успомен и дуга сечања на еден грозен чин

    Се воздржував со денови од коментари на темава
    Јас лично не би абортирала, ама секој друг може што сака и смета дека е правилно да си прави...
    Не гледам на тоа како убиство, туку повеќе како спас од непосакувана ситуација...
    Зато децо, при секс ќе си користите заштита, за да не ве етикетираат ко убијци
     
    На Lolo5, AURUA, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  14. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.083
    Допаѓања:
    27.329
    Ако не бил тој грозоморен чин, немало ни да се зачне тоа дете.
    Кога мешате Бог во вакви теми стварно ми се плаче колку немате емпатија.
     
    На Lolo5, AURUA, Bender Rodriguez и 4 други им се допаѓа ова.
  15. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Навистина зошто во ваква тема се спомнува религија? За оние кои не поддржуваат аб. да се оправдаат со неа?
     
    На Lolo5, Kitten, Tan4ence и 6 други им се допаѓа ова.
  16. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    23.744
    Допаѓања:
    108.738
    Разбирам дека некој нема да поддржи абортус, ама да се оди во крајности дека и дете од силување е нешто нормално и како такво треба да се прифати е стварно крајност.

    Определбата за абортус или не треба секогаш да се гледа во прво лице еднина. Не да им судиме и кажуваме што да прават другите со својот живот и тело, туку што да правиме самите со своето тело и живот. На темата абортус повеќе се гледа како осуда за други, отколку како право на живот. Фактот што законодавецот кој го донесе законот е претежно од машка популација зборува за плеткање во туѓо тело и живот, отколку за нечие добро.

    Верувам дека секој треба да си се носи со своите одлуки за својот живот.
     
    На Lolo5, AURUA, Bender Rodriguez и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.691
    Допаѓања:
    79.831
    Пол:
    Женски
    @Tan4ence @forumce не сте ме сфатиле. Јас никаде не напишав дека силувањето е поддржано или оправдано, јас за животот напишав. Знаеме кој е тој што дава и зема живот, веќе кажав.
     
    На Selest, Orthophill и bebaa им се допаѓа ова.
  18. Βικτωρία

    Βικτωρία Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2017
    Пораки:
    521
    Допаѓања:
    3.667
    Пол:
    Женски
    Мене па не ми е јасно што толку со темава,факт е дека некој ќе рече да,некој не.Едноставно секој има право да прави што сака,ама грев е во 21 век поради неинформираност да страда некој друг.а на тие што имаат толкава храброст да силуваат некоја,малце им е и бесење:!:
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.625
    Допаѓања:
    39.756
    Пол:
    Женски
    Ама и при силување може да се даде живот така?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    Сега сум малку подобро, па решив да пишам уште еднаш. Гледам дека работите отишле предалеку, а се започна од мој пост.

    Прво, да и одговорам на @bebaa за она што беше упатено кон мене. Професор ме спремаше за натпревар, државно ниво, и потенцираше дека срцето е мускул и ако има нешто поврзано околу тоа, да пишам така. Друго, во сите литератури кои што ги прочитав, пишуваше дека срцето е мускул. Но кога ќе размислам, срцето е орган индид, моја грешка. Само не требаше да пребаруваш на интернет за да ме контрираш после неколку поста и откако веќе напиша друг пост кој се однесуваше повторно на истото прашање на кое веќе одговорив, но ќе пишам уште еднаш подолу. А линкот беше од Википедија, мислам сериозно. Небитно, "грешката" е поправена.
    За прашањето околу родителите и децата доколку нешто им се случи дали треба да се убијат, па не знам, не мислиш дека е глупаво? Смешно, безрбетно? Затоа што како прво не постави прашање кое е соодветно и издржано, туку базирано на компарација. Што е тотално погрешно, ниту едно нешто не може да се спореди со друго. Едно е да родиш дете кога си свесен дека немаш да му понудиш ништо, али си решена да го раѓаш, сосема друго кога пораснато "дете" поминува заедно низ фамилијарна криза, еве нека биде финансиска од сѐ тоа што ти спомна и остатокот што не го напиша. Ако ситуацијата е ептен лоша, "детето" ќе превземе одговорност само за себе. Ти го дадов одговорот сега, иако ист како и тој претходно, така?

    И морам да го пишам ова, да, потребна е финансиска стабилност пред сѐ, пред да се донесе одлука да се донесе живот на овој свет. Да не зборувам претходно за психичка подготвеност и свесност за одговорноста која морам да ја поседува секој иден родител, дете треба да се одгледа и да се воспита. Пишав желбата не е доволна и нема ништо да му овозможи на тој фетус подоцна, и стојам позади тоа. И смешно е да се пиша за работи кои не се купуваат со пари како контра коментар. Само здравје да се има, и љубов да се пружи. Аха, да. Еве ќе се надоврзам на тоа што го пишала Ребека (@Rebecca_R ) и неколку други членки. Зарем во никакви услови човек се труди на секој начин да заработи за да прехрани барем за личност плус(едно дете), ќе може да внимава на здравјето и сите предуслови за да го зачува? И баш така, една обична настинка носи 500-1000 денари. Доновиве преживувам на спреј од прополис, Стрепсислс и ладна Кока-Кола, чаеви и овошје за да си го сочувам гласот само. Смачено ми е веќе од антибитици, па решение барам во друго. Ама ако и тие биле купени, би чинеле под 500 ден. минимум? Не врувам. И ти ако немаш пари, како ќе му помогнеш на тоа дете? Ќе му дадеш од твоето здравје, кое искрено повеќе го немаш, си го изгубил во целата таа борба? Па и да сакаш не можеш. А таа "љубов", е заменета со тежината на борбата за опстанок т.е. умор, нервоза, отсутност итн., и може да ескалира во омраза.

    Друг е случајот доколку станува збор за непланирана, ама посакувана бременост. Потенцирам, посакувана. Тогаш родителите колку толку ги пресметале сите pros and cons, спремни се и ќе направат се што треба понатаму при "инцидент".

    Кога зборуваме за бременост настаната при силување, мора да ce размисли пред да се даде свој коментар. Има некои кои ќе го задржат детето, а некои не можат ниту да го смислат истото. Да имаш потсетник за цел живот кој треба ти да го воспиташ и да му ја кодираш целата ДНА одново...
    Ама да се повикуваме на религијата е баналност. Всушност, скоро сите личности кои не го одборуваат абортусот играат на таа карта. "Нов живот не треба да се убие, убијци." Сѐ друго е небитно.
    А реалноста е дека се абортира оплодена јајце од сперматозоид наречена зигот, која потоа се развива во фетус и други стручни термини кои ги наведе Магс (@MagsDestiny ). Но не треба да се роди поради причина/и. Никој ништо не дал или пак паднало од небо.

    Повторно, абортусот не е убиство. Претставува избор за да не се роди дете кое од старт ќе биде лишено од нешто. Дали тоа ќе биде еден родител, финансиска стабилност или водење нормален начин на живот поради некоја аномалија. Тогаш абортусот е решение.
     
    На Lolo5, BabyStyle, *Amethyst* и 14 други им се допаѓа ова.