А @Bitter-Sweet ај што ќе го родиш ќе го родиш, само да не ти текне после да го бараш психопатот? Да си почнете нов зеднички живот. Ти, бебето и силувачот.. каква прекрасна идилична фамилија. Дали сте нормални бе дечки? Јасно ми е да е плод на НОРМАЛНИ особи не битно дали се во брак или врска па да не го абортиш, ама да е од психопат што не знаеш што му е во крвта и какви гени ќе наследи тоа дете и да го родиш?! Ќе умрам ама не го раѓам! Поддржувам абортус. Ако немаат средства финансиски, ако имаат други приоритети, ако имаат веќе доволно деца а ова е зачнато по грешка. ПОДДРЖУВАМ!! Немањето финасии и те како е најосновната ствар при новороденче. Јас не би сакала да живеам од мајка ми и свекрва ми па да малтретирам луѓе кога ќе ми дојдат на повојница да ми купуваат ствари за него. Како беше онаа рекламана - твоите ќе купат количка, моите ќе купат креветче. Бре бре бре... Ќе купат и количка и креветче и играчки и ќе тргне и во школо, што после?! Ќе си пати гледајќи ги другарчињата како одат по одмори, како имаат нови облеки и телефони.. А ти со пола плата од две плати(пошто ќе ти одат во сметки,кирии и кредити) ќе му даваш по 20 денари за во школо. Дур немам услови првенствено за дом а потоа финансии за дете, не помислувам да стварам дете. Познат стоматолог од Скопјево останува трудна во текот на студиите од дома ја тераат да не абортира пошто било убиство нели, почнува да живее со дечко и го раѓа детево. Пошто беше премногу насочена кон тоа да биде успешна како доктор детево не си го погледнуваше, буквално се затвараше во соба и малава и тропаше на врата за да ја види мајка и или да ја надои. И сакате да кажете дека тоа е нормално? Не. Ги пропушти буквално сите први моменти од малава и чекорчиња, први забчиња, зборови... Се! Сеуште го нема развиено оној мајчински инстикт пошто ја има родено само и ништо друго. Две пелени дали и има сменето. Иста ситуација беше и со второто. Затоа децава сега не ја фермаат, татко им им е и мајка и татко. Сакаше да се оствари како доктор и еве ја стварно, ама џабе и е кога најмилото не си го видела. Ама ипак, секој си знае за себе.
Само ќе те прашам зошто среќата и сиромаштијата не одат под рака? Од лично искуство ќе ти кажам дека многу грешиш. И со малку финансиски средства може да се чува дете. Само богатите ли да имаат деца? Ако семејството има многу пари, а нивниот брак е деструктивен (пр; мажот ја тепа, пие, се дрогира и слично) дали тоа дете израснато во деструктивно богато семејство ќе биде среќно? Секој родител се бори да му обезбеди се на своето дете, но ако денес имаш финансиски средства утре можеби ќе ги немаш и обратно. На едно дете повеќе му е потребно да израсне во хармонично семејство кое има многу љубов и разбирање отколку да ги носи најскапите алишта и патики. Една феминка на форумов еднаш пиша џабе ми се сите титули кога немам дете. Повторно ќе речам дека сум против абортусот и никогаш не го подржувам. @Bitter-Sweet јас одлично те сфаќам, задржи си ги тие размислувања и ставови
Абе и јас пред некоја година се силев овде дека дете не би абортирала, и штом сум доволно голема за да имам секс исто така треба да сум доволно едуцирана за да користам заштита и контрацепција, а притоа не гледам зошто би се изложувала на еден таков стрес и промена во организмот после абортусот само ради тоа што сум била невнимателна. Арно ама годините поминуваат, ставови се менуваат, различно се гледа на некои работи. Само да ви кажам на сите вас кои што се удирате во гради како никогаш не би абортирале и играте на карта религија, подобро плукнете си во пазуви оти не знаете што ве чека за некоја година. Вакви закоравени мислења сретнувам само од деца кои што или се во некоја религиозна фаза од животот или воопшто немаат сексуален живот па размислуваат само во една насока. Нема што да се убедуваме. Ке се читнеме за некоја година пак на темава.
Да створиш живот е дар, поголем дар за тоа дете е да го сакаш и да го негуваш соодветно. Ако некој не е способен да го направи тоа - постои абортус. Поголема казна за тоа дете е да преживува место да живее. Колку со лез велите некој да го остави во дом. Сум била во дом за деца со недели на пракса и цело време дур одев заспивав со плачење. Сите сакаат да ги крениш, да ги сакаш, да им подариш нешто, да си играш со нив, а ги има многу во група па гледаш на сат на сите еднакво време да му посветиш, па три ти плачат на еднаш, а негувателката си зела пауза зошто има практикант. Па ги креваат како да се партали без да искажат многу љубов, демек навикнати се. Одиш кај поголемите и те поздравува со: "Дали ти ми си мама?", "Ќе ме земиш дома со тебе?", "Мама!!"... Овие деца страдаат, на овие деца луѓе едвај за Нова Година и Божиќ се сеќаваат. Ако детето е непосакувано се абортира додека е фетус, додека не чувствува, не памети, а не кога ќе почни да мисли, да чувствува, да разбира и да се оформува како личност - да се остави на милост и немилост и да му се тупи да е благодарно зошто се родило. Не е се абортус или не абортус, треба да се размисли што понатаму со било која од двете одлуки. Ако се роди тоа дете - дали животот навистина му е дар? Ако не е малку очигледно, поддржувам абортус и сметам дека тоа е одлука на родителот.
Дали може да се абортирам некако по кратка постапка, после дебилниве мислења? П.С. Спојлер @Bitter-Sweet И јас се согласувам дека Божја воља е силувањето оти Бог не прави ништо за да го спречи, затоа...
А и оние кои наголемо ја пропагираат опцијата "давање во дом", најискрено им препорачувам прво да посетат некој дом за сирачиња и да видат каков е тој живот таму. Било кој во земјава, па да одлучат сами ДАЛИ некогаш би си дозволиле веќе роденото дете да си го остават во дом. Одговор нема потреба да дадат во темава - мене јасен ми е однапред. Или ете не мора тет-а-тет соочување со ситуацијата, за почеток нека ја прочитаат книгата "Судбоносна одлука", детска книга е и се чита за час, ама пораките кои ги носи ми останаа врежани за навек, иако пројдоа преку 10 години откако ја читав. Две сосема различни приказни на две "домки-другарки". Ништо не се сменило од тогаш, ама баш ништо.
Ајде размисли каде завршуваат тие деца и бебиња. Да не се лажеме, посвојување е макотрпна и комплицирана процедура кај нас. Факт е дека домовите се полни со дечиња, сакале вие негирале или не. И ретко кој посвоил поголемо детенце, јас не познавам таков пример, за разлика од примерите со бебиња. Тебе ако ти помага да си ја смириш совеста, продолжи да се тешиш дека мал е бројот на деца кои завршуваат по домови. Слободно посети некој од нив во меѓувреме, да видиш колку е само "мала" таа бројка.
Поголема лага од онаа дека работите ќе се средат откако бебето ќе се роди, е лагата дека богатите парови се несреќни. Сиромашниот човек не пие, не се дрогира, не ја тепа жена си? Поголеми се шансите да сиромаштијата, комплексите и мизерните услови за живот да предизвикаат кавги, немир и да растурат семество, отколку луѓе кои имаат просечни или примања повисоки од просечните. Не знам зошто се фаќате за брендираната облека, тоа воопшто не е тема на муабет. Јас зборувам за личности кои немаат пари за памперс па користат пелени, немаат АД па се приморани да даваат кравјо млеко новороденче, немаат пари да купат лекови за една обична настинка, а не сакам да правам муабет за посериозни здравствени состојби. Ако денес имаш пари, не може магично сите пари да отидат во неповрат. Не е ова берза, па една лоша проценка да значи банкрот. Колку се тоа "малку" финансиски средства? Отвори ја темата каде што дискутиравме за трошоците на еден млад човек. Со минималец едвај можеш самиот да се прехраниш, да имаш за облека и огрев, како мислиш да одгледуваш дете со две минимални плати? Тоа не е љубов, тоа е лудост и ништо помалку од тоа.
Со две минимални плати не се чувало бебе ? Секоја жена кога одлучила да го задржи бебето ќе има помош од партнерот, родителите, роднините (финансиска и морална помош). Се се може кога се сака. Баш ме потсеќаш на видеово Да ги имаш овие пари ќе го родиш бебето? Или тогаш ќе речеш млада сум треба да шетам, кариера да градам, не бев во врска со партнерот не го бива за татко да биде, несериозен е и бла бла муабети. Значи ако некоја жена сака да абортира ќе си најде 1001 причина, ако некоја жена сака да го роди бебето ништо нема да ја спречи, а најмалку финансиските средства. Како што погоре ти реков денес ги имаш, утре ги немаш и обратно.
Се чува да, ама знаеш колку работи ќе му бидат скратени на тоа бебе? Па уште додека е во стомакот, со минимална плата не можеш да ги направиш сите испитувања во бременоста, а на обично ехо не може да се види се. Стави ги тука витамините и ред други работи потребни за една трудница. Откако ќе се роди, повторно еден куп работи ќе фалат, причината повторно се финансиите. За каква помош зборуваш? Па ти си родител веќе, не можеш да им се обратиш на сите што ги знаеш да дадат пари за памперси или АД. Јас ќе родам кога ќе сум спремна за тоа, и финансиски и психички. Не можам да одлучам што е побитно, дали финансиите, дали психичката состојба на бремената жена која за краток период ќе стане мајка. Би рекла, еднакво се битни.
Zdravo, Prvo od sve od koga cita ovde site ovie ocajni majki vo ocekuvanje na bebe a mene gospod mi go dade a za zal treba da go abortira se custuva uzasno. ...bremena sum 5 nedeli zavcera doznav ama za zal od mnogu pricini ke mora da go abortira ( ve molam ne me osuduvajte , znam deka ova sto ke go pram e monstruozno ama moram) vlezena sum vo depresia a sto e najloso ke moram da go cuvam vo mene uste 2 nedeli oti plodot bese mnogu mal duri ne se gledase vcera pa ne mozat sega da me cistat..sega moeto prasanje e ova: ova mi e prva bremenost i navistina se plasam mnogu kako ke bidit seto toa i sto posle toa? Aj ve molam nekoj sto pominal preku ova nekoe iskustvo da mi spodelit
Нели си размислувала дека може да го родиш и да го дадеш на посвојување. Има толку брачни парови што сакаат а не можат да си родат, па си посвојуваат. Разговарај и за таа опција со докторот. Друг совет не можам да ти дадам. Немам абортирано. Те разбирам што не сакаш да го задржиш. Но размисли и да му дадеш шанса да живее. Ти ќе си продолжиш со твојот живот. Па што е твое ќе си дојде. Јас не сум за абортус. Ако си здрава и млада, подобро е и за твоето здравје да го родиш и да го дадеш на посвојување. Поздрав. Животот е светост. Еден од старите филозофи има.кажано не ми го земај тоа што не можеш да ми го дадеш. Тоа се однесуваше во конкретниот случај на сонцето, кога некој му застанал и му правел сенка. Но сеедно, мислам дека може да го кажеме тоа и за животот.
Нема зошто да се чувствуваш монструозно. Фетусот во тебе не е жив, што значи дека не го убиваш. Нема систем за чувствување болка, што значи дека не го мачиш. Секој кој ќе се обиде да ти го каже спротивното едноставно се меша во твоја работа. Ти си на прво место во случајов. Не дозволувај никој да те предомислува, особено кога не ти било лесно да се помириш со тоа што мораш да го сториш. Со среќа.
Медицината е толку напредна денес, што нема зошто да си ставаш такви мисли во глава дека нешто ќе се случи. Ќе биде сè во ред, ќе се договориш со лекарот и нема потреба од лоши мисли. Јас лично доколку се наоѓам во таква состојба како тебе, би абортирала без сомнеж и не би дозволила коментари „роди си го и дај го на посвојување“ да допрат до мене. Не функционира баш така лесно и едноставно овој систем на посвојување ко во шпанските сапуници, а домскиот живот не е воопшто бајка. Послушај си го срцето, без разлика што и да биде крајната одлука, меѓутоа стави се себе си на прво место, како што те посоветувала и @Lella.
Јас стварно не го сфаќам моментот роди го и дади го на посвојување. Вие сте биле ли бремени или дали истото го постигнавте без помош од никого? Сами да си обезбедите стан, храна и се останато. Мислам дека тука, во најголем број случаеви, не станува збор за самостални девојки/жени, кои работат, живеат сами и сами го финансираат својот живот. Најчест се девојчиња кои сеуште учат во средно или студентки. Под покривот на родителите или финансиски целосно зависни од нив. Без поддршка од никого. Не за друго, ама носењево 9 месеци во стомак, целокупната грижа околу бременоста и испитувања/прегледи...и моментот со етикетирање од околината. На жалост предчуствувам дека истата таа девојка би била доживеана како најголем срам, барем во најголем број случаеви, од страна на сопствената фамилија прво, после сите останати. И да, тоа ќе остави траг, многу длабок врз нејзината психа и иднина. Моментот 9 месеци шетај се со мешето на школо и пред сите роднини и пријатели без проблем, ние ќе те поддржуваме, и на крај дај го детето на посвојување... Дај боже да беше толку едноставно и без предрасуди од страна на општеството во кое сме израснати. Ама не е на жалост.
Ако се изврши правилно, од добар доктор нема да имаш никакви последици за нова бременост понатака. Еве познаничка имам која абортираше на помлади години, сега е бремена. Мора да имаш некој во овие моменти за да е со тебе, за да не паднеш ептен во депресии...
Во секој случај, мора да разговараш со некого, освен со нас на форумов. Лекар или родител, или стручно лице. Не ни кажа дали си малолетна.