Ke pocneme i na gospod da mu se mesame vo rabotata mislam da ne prodolzime ponatamu se OK sekoj si ima pravo na izbor
де вие казановата нека не се губе и нека не ја полне темата со офтопици па да не мете модератор после темата е абортус И ѓто врска има религијата со абортусот? еве некој не верува во ниедна религија и шо правиме
Причини мал милион. Болест, животна опасност на мајката, силување, деформации на плодот... Можам до утре вака. Не секогаш е задоволство во прашање.
За сите мажи кои се против абортус (@KAZANOVA27, I'm looking at you ): За сите жени кои се против абортус:
Доста со таа религија и со тој Господ да ги спомнувате насекаде. Имате осет што пишувате? Ако пишуваш со големи букви на латиница, мислиш ќе изгледаше паметен? Баш напротив... Изгледаш ко 5 годишно дете што фатило интернет од комшии PA PISUVA STO KEMU DOJDE NA PAMET! Пошто не се разбирате на културен начин кога ви се обраќа некој, затоа еве на ваше ниво: Ниедна религија не дозволува да судиш и да се правиш паметен. Не ви е страв од Господ? Фетусот имал душа, памет и чувства бе еве нови работи ќе научи човек на темава.
Сигурно го гледале видеото со бебето кај што зборува од стомакот пред абортус, па буквално го сфатиле или ова можеби
Едно е да си против нешто, а друго е да судиш на непознати. Пример, јас сум СЕКОЈ да прави што сака со сопственотот тело и сум ПРОТИВ да се раѓа дете доколу истото не е посакувано од родителите...доколку немаат услови и средства за одгледување... доколку мајката мора да абортира поради здравствени причини... или доколку фетусот има аномалии.... Е сега, ако некоја жена реши да раѓа и покрај се тоа што го набројав (своеволно или под притисок) тогаш НЕ ЈА осудувам пошто не ме интересира туѓ живот. А вие што сте против абортус, МНОГУ ОСУДУВАТЕ и играте со многу ниски удари што не им доликува на возрасни луѓе (ако воопшто сте возрасни). Сте се фатиле за религијата ко слеп за стап...Мислите ако го спомнете Господ и магично преку екран ќе им го промените мислењето на тие што абортирале или решиле да абортираат....Мислите ќе им набиете чувство на вина. Се правите религиозни, а НАПРАЗНО го употребувате името Божјо. (ако сте прави верници нема на секој збор да го мешате НЕГО) Кога ќе пише некој роди го и дади го на посвојување, ми иде да си пукам во колено и преку екран да фрлам со нешто.
Здраво феминки ај ве молам за мислење...значи пред 1 недела имав киретажа и само 1 ден имав крварење и другиот ден немав ни капка крв денеска ги завршив апчињата и едни капки ама сега ме фатија болки таман ко пред добивање ме болат нозете половината и дури и стомакот долу истите болки што ги имам кога трева да добија менструација и гледав имав малку крв...нпрмално е ова или ?
Дали во систина (или друга приватна болница) се најсигурни/најбезбедни за абортус ? До која недела се врши абортус? И колку е цената?
Секаде е истиот ризик и иста процедура , само на ГАК ќе платиш помалку , а во Систина повеќе (можи и малку повеќе внимание ќе добиеш) а до 10 недела сметаат по безбедно дека е за жената , веќе од 12 недела па нагоре е веќе ризично .
Малку сум простичка на оваа тема , но каква е процедурата? Одиш , те прегледува , се закажува , па извршувањето и толку ?
најверојатно еднаш ке одиш на преглед па ке закажите за која ден да дојдеш пак да се изврше абортусот ништо страшно
Се зависи и која е причината , сепак ако е се е нормално те прашуваат и дали си сигорна за тој чекор , можеби пред нема да осетиш болка или тежина на гради ама после тоа сигорно нема да ти биде се едно , прво преглед ќе ти направат , ќе ти дадат според тоа која недела си уште некој ден и да размислиш и таман за да се спремиш психички за абортусот , за чинот ќе се спремиш и со анестезија целосна ништо нема да знаеш , ќе се разбудиш кога се ќе биде готово , ќе полежиш тамо додека да се стабилизираш од анестезијата и ќе си идеш дома .
Земајте артилеријата спремајте ја и ја подржувам абортус ! Во друга прилика зашто и како само за мене нема поголем грев да родиш дете и да го отфрлиш (ако не си во можност да бидеш родител ) и детето да расте со комплекс, кој ќе го следи цел живот . Подршка за сите кои поминале или ќе поминат вакво непријатно искуство кој нормално никој не го посакува . Животот е непредвидлив и затоа вие вернички, безгрешнички , гласовите на совеста и моралноста полека со осудите. Мора да е претешко да се помине и невозможно да се заборави размислете добро. Следете го разумот верувам не постои нормална жена што ко на шала оди на абортус туку како последно ''решение '' кога е свесна дека не може поинаку. Се надевам дека сите вие ќе бидете добро и побрзо ќе ја надминете физичката и психичката траума која нажалост сте морале да ја поминете...