stop za abortusot! А каде се мажите кога станува збор за заштита? Или сеедно му е на некој , нема да ги сноси последиците тој? Многу ми е криво вака кога се суди некоја без да се знае целата приказна од здравствена до материјална состојба и сите други работи!
stop za abortusot! se izvinuvam, ama nigde nemam napisano za siluvanje, toa e nedorazbiranje, bas sega proveriv
stop za abortusot! ^^ Да. Проблемот е што не го сфаќаш муабетов. SOVRSENSTVO ти кажа општо, дека во такви случаи најмногу го оправдува абортусот. Не се прави абортус само од аздис.
stop za abortusot! se izvinuvam, ama nigde nemam napisano za siluvanje, toa e nedorazbiranje, bas sega proveriv[/quote][/quote] Ај ти се молам ejasbe не прави се на три и пол, сигурно не си толку тиквен ко што се правиш! Велиш стоп за абортусот општо или само за таа девојка од Битола? Ти се спомна пример, во случај на силување дали ќе го оправдаш абортусот?? Ако е да, значи сепак го оправдуваш, не можеме и не смееме да им судиме на одлуките на другите, зошто сите сме различни и сме во различни ситуации. Не знам уште колку ќе се дебатира на оваа вечна тема, право на избор е и помирете се. Тие што нејќите да абортирате и немојте, тие што некогаш ќе абортираат не се за осудување, си имаат причини зошто го направиле тоа. Ајт.
bez razlika dali e od Bitola ili Prilep ili Kumanovo, toa se rasiri nasekade, sakam da kazam stop za abortusot, i toa sto e Bitola za nekoja devojka e tipicen primer! Za sekoe mislenje se dava primer za da obrazlozis. Kako sto kazav: ne znam koja e taa devojka, a i ne mi e celta da kazam na site koja e taa. Kolku devojki ima vo Bitola??? Ova e mojata tema, moe mislenje, i tuka ste da dadete komentari za moeto mislenje, a ne e celta da se raspravame. Sepak fala za komentarot: Тие што нејќите да абортирате и немојте, тие што некогаш ќе абортираат не се за осудување, си имаат причини зошто го направиле тоа. pozz [mod-kirilica:56c35n5d][/mod-kirilica:56c35n5d]
stop za abortusot! Toa e tocno! Iako ne sum od ponezniot pol, smetam deka dokolku nekoj saka da ima odnos so svojata devojka, treba da koristi zastita dokolku ne saka da ima dete. A dokolku ostane trudna... i da resi da abortira, toa e SMRT vo vistinska smisla za nevino detence koe pocnalo da se razviva vo majcinata utroba!
Алал да ти е за ова девојко!!!Така треба баш треба да е се како што кажуваш!!! Треба да мислиме со главите кога се впуштаме во незаштитен однос,секоја жена треба да има право на избор и не треба да биде осудувана за таа нејзина постапка...
навистина не свакам што е толку КУЛ ако: -нечиј живот се поремети. или пак излезе надвор од секава контрола (самоубиство, или лудница) -неправедно одземеш 2 животи кои на совест ке ги носиш(можеби ке се покаеш камо никогаш да не си го сторил тоа) Што има КУЛ во сето ова? (смајли што се крсти)
Ако некој тежнее кон заштита на правото на избор, не значи дека ги поттикнува останатите да ја следат неговата одлука. Ако ти млад г-дине ejasbe, си против абортусот, не дозволувај да се најдеш во ситуација да решаваш да или не за абортус. Ама остави на сите останати да си го следат своето право на избор. Ако твојата замисла е дека абортусот се прави заради глупавост на бремената, расчепкај ги добро и сите други опции кои би довеле до абортусот, и дали можеби истиот во некои случаи е позитивна мерка.
Јас лично оправдувам абортус само во следниве случаи: 1. Силување, 2. Ако и се каже на мајката дека детето нема да се роди здраво и и се даде избор дали сака да го задржи или да го абортира, 3. Доколку е во прашање животот на мајката. Инаку абортус од аздис не подржува, абортусот не е контрацепција!!!!
А што ако се случи на млада неискусна девојка (15-16) години која не знае многу за сексот, а машкото е демек " искусно " и користи прекинат однос како единствен метод за контрацепција? Па и притоа ја остава сама да се снаоѓа , ни на крај памет не му е текнува да се грижи за неа и детето, домашните не знаат за ништо и ако дознаат ќе ја осудат , итн. Мислам ова хипотетички кажано ама има се поголем број на вакви случки сега. Грешките се случуваат посебно на тие кои не знаат дека има случаи на забременување од предсемена течност (знам дека се мали ама се случува) и што треба девојките во таквите ситуации да прават? И јас не сум за абортус како контрацепција , ама сум за правото на личен избор , сигурно на никој нема да му е лесно да се реши на таков чекор, доволно е тоа тешко па уште и осудувањето од сите! Мислам дека на вакви теми не може да се одговори со да или не , секоја ситуација е различна а и во секој случај не знаеме што ни носи животот и во какви ситуации ке се најдеме самите ние.
Prekinat odnos ne e kontracepcija. Zatoa ima maloletni bremeni devojki. Toa go smetam za abortus od azdis. Ne saka so kondom,nema seks. Vo denesno vreme da ne si informiran? I na 15 godini sex? Izvini ama prerano e. A ako nekoj na 15 se smeta za dovolno zrel za da ima odnosi, neka se odnesuva odgovorno i spremno da snosi posledici.
Нена, така е, не е абортусот контрацепција, ама ова не сака со кондом, нема секс не може да се исполни секаде.Секому може да се случи грешка, од оваа или од онаа причина и секој си знае дали може да гледа дете или не.Не се раѓа дете по секоја цена и во секакви услови, тоа дете треба да израсне здраво и право, а не со комплекси, без култура и во мизерни услови.
И јас сум за абортус ако постои некоја од овие причини кои ги кажа Нена. Се случи во средно кога бев 3 та година, една соученичка да остане бремена и тоа ни помалку ни повеќе од дечко и кој е тежок наркоман. Во состојба е типот родителите да си ги продаде за дрога. Сите и викаа да раскине со него, а она одговараше зашто, типот ме сака и го сакам. Остана бремена после 5-6 месеци откако беа заедно. И викаа нејзините абортирај не се глупирај, немаш никаква иднина со тој човек, нон стоп е издрогиран, како ке се грижи за тебе и детето. Девојкава не па не. Татко и ја избрка од дома, она отиде кај него, живеат со неговите родители, ја прифатија, ја сакаат. А луѓето едвај преживуваат, сиромаштија невидена. Она се направи паметна, правеше свадба, го роди детето живо здраво. Сега е бремена со 2 ро дете. Животот и е катастрофа! Маж и (кој има 23 години) по цел ден е на пц игра глупи стратегии. Искача од дома само по дрога, никаде не работи, не се ни замара да најде работа. Не го интересираат мн мн децата а жена му па ич! Татко му се грижи за снаата и внуците, човекот работи на неколку работни места, за да ги прехрани сите. Каква иднина ке имаат тие деца со таков татко???? Еве зошто некој измислил абортус, зошто постојат и луѓе со недостаток на мозоче!
Е па тогаш има многу други начини за заштита од бременост. ( апчиња и слично). Ама јас не можам да сватам колку се необразовани девојкиве денеска. Ејј па на нет само да побара на Google ќе се образува како да се заштити. Од бес абортус не признавам и точка. И да прашам, Повеќе кошта еден кондом ако има девојката купено или абортус??? Не зборам самоматеријално, каде е психичката цена која ја плаќа девојката, а да не зборувам веројатноста да не може да забремени покасно пак, особено ако е малолетна. Можи сум заостаната со мислењето мое ама сметам дека деца од 16 години, треба убаво да размислат пред да легнат со некој па после оп бременост па ајде на абортус.
Точно и јас се согласувам дека не е контацепција прекинатиот однос.Исто така е прерано за секс на 15-16 години ама не значи дека денешните деца не почнуваат од тие години да се сексуално активни. Јас со претходниот пост само сакав да потенцирам дека не е се црно- бело во животот, лесно е да се наведат причини за абортус, лесно е да се напише било што ама вистинската ситуација не е боопшто лесна. Јас размислувам и од оној аспект кога ќе се роди детето во такви околности какво детство ,каков живот ќе има ,дали ќе може девојката да се посвети само на тоа дете а притоа да не мисли на себе во тие години? А за неодговорни сме биле сите некогаш,само една секунда може да го смени цел живот , грешки се прават постојано сите сме луѓе не сме совршени. И што е поголема штета, да се роди некој и да му се уништи животот или рано да се спречи тоа ? Не е лесна одлуката во секој случај.
Кристина тоа и ми беше поентата. Само добра едукација и памет во глава. Мислиш јас во мојот живот не сум имала моменти да згрешам?? Ама некако разумот ми преовалдувал секогаш. Понатаму не знам што ќе ме снајде, ама знаејки се себе си, ако од било каква пришина треба да направам абортус, ќе ми биде најтешкото нешто на овој свет. Јас лично многу трагично го сваќам тој чин, знаејки дека има жени кои не можат да имаат деца, а од друга страна некоја ги фрла како да се расипан заб.
Abortusot e pravo na izbor i sekoj treba da si gi snosi posledicite posle toa bez razlika dali abortirala ili rodila.Sekoj treba da si razmisli sto ke pravi so svojot zivot,a deka ponekogas se zabremenuva slucajno bez da se saka vratete se na pocetnite strani i procitajte sto kazuva edna devojka deka i se slucuva dva pati da ostane brememna bez razlika sto knristi kontracepcija (ednas kondom drug pat piuli ) znaci nisto ne e 100% sigurno.I ne osuduvajte sekoj si ima glava i si razmisluva za sebe,koj kako saka taka neka si pravi. [mod-kirilica:2xnelzrw][/mod-kirilica:2xnelzrw]