Прашање до сите анти-абортус личности на форумот. Пожар во зграда, на едната страна имате 3 годишно детенце, на другата фрижидер 1000 со замрзнати ембриони. Кого ќе спасите? Едното дете или 1000 "деца"?
Сите што планирате да абортирате немојте родите ги и одма дајте им ги на овие другиве нека ги чуваат оти нели грев е да се абортира
Девојката праша за цена, а не појде да разговара со свештеник/советник/психолог за да и кажува такви работи. Членката да пишеше: -Ај ве молам некој да ми ја поткрене свеста и да ме убеди...Ок ќе беше, ама сега нема поента. Ни ја знаеме, ни ја познаваме и немаме право да се мешаме.
иста е и твојата споредба дека некој плаче за дете а некој абортира шо мене ме заним аако некој плаче за дете? секој го занимат разни работи тоа што за мене е црно за тебе е бело и обратно неможиш д аочекуваш дека сите би имале исти интереси
мн сте патетични кога ке почнете со приказната како некоја неможела да има деца а еве ние/тие абортираат .Толку сте 'чувствителни' спрема другите што од респект не купувате ич алишта,ич козметика,не одите по одмори,не правите фешти,не возите коли оти таму некој спие на улица,бос е,гол е.Некој таму има и болно дете а сака здраво,некој таму се разведува а сака да е љубен,некој таму загубил родител а сакал уште мн време да помине со него....и така до бескрај.Подмачкано нема никаде ни совршено ни безгрешно.Па дури ни кај вас екстра светиците.Секој е со својата причина зошто абортира,зошто раѓа,зошто прекинува една врска,брак!
Ако тебе не, мене да. Срце ми се крши за темите тука каде мајки мака мачат 2 црти да видат. @DAngel ступидни ти е прашањево, инаку би ти одговорила. @joy1 ти не можеш да знаеш кој колку од нас помага, колку што јас не можам да знам колку ти трошиш.
па и јас ги следам тие теми и се радувам на секој успех ама бременост која жената не ја сака и сака да абортира и жена што сака дете а неможе да има немат ништо заедничко
Зошто е ступидно? Затоа што ако кажеш дека ќе го спасиш детенцето излегува дека си убила 1000 деца? Еве ти вака, на едната страна имаш едно дете, на другата 1000 деца, кое ќе спасиш? Полесно ти е да дадеш одговор вака?
Сигурна сум дека ти се крши срце и за животните и децата што спијат надвор на ладно. Моето прашање до тебе е, зошто не ги вдомиш?
А децата што никогаш не осетиле мајчина љубов, срце не ти се криши? Што се оставени во дом без родители, па секој момент очекува дали некој ќе го посвои или цел живот ќе остане само. А тие што живеат со очуви и маќеи, па ги силуваат, ги тепаат и се изживуваат со нив? Тие не се душички? А тие што немаат леб да јадат, ама битно се родени, што е со нив? А тие што никогаш езеро не виделе? Играчка не купиле? Просат на семафори од пелена? Што е со сите тие? Битно ги родил некој, па сега цел живот бел ден што нема да видат е нивен проблем. Навистина е апсурдно да се мешаме кај што не ни е место.
Не би абортирала. Тоа е затоа што јас лично не би можела мирно да живеам со тоа „што ако“ до крајот на животот. Меѓутоа, мали се шансите да се случи такво нешто, а и би можела финансиски да го издржувам и секако би имала помош, така што моето мислење на темава е конкретно за мојот живот. Исто така, не би сакала да забременам, бидејќи со мојата здравствена состојба, може да ми се искомплицира мојот живот многу, и драстично да се влоши после бременост. Знаејќи го ова, јас сепак мислам дека би се одлучила да родам при несакана бременост. Ама, ова е деликатна тема, и секој има право да одлучи за себе. Никој не оди да абортира за забава, а со забранување и осуди за абортус се поттикнуваат жени да абортираат на црно, да се кријат и непотребно да си го ризикуваат здравјето.
Не бе, ич „не e на место“ споредбата со тоа со немањето леб, оти екстремна сиромаштија ич не е претешка ситуација за емпатија. Срце ви се крши вам само за тоа што ви кажува религијата и догмите да сочувствувате... Вие хардкор религиозните филозофи, јавете се пак со тие емотивни манипулации кога ќе најдете некаква конекција меѓу борбата со неплодност на едни жени (кои сакаат дете) и абортусот (причинет од разни безизлезни ситуации) на други. Имало дури и членки што лично се борат за дете, а кои овде знаат разумно да перципираат - без споредби, осуди, термини како „убиство“ и слично. Е за таквите поклон до земја!
Ступидно ти е прашањево, ти реков. Во секоја тема сакаш да излезеш најмудра. Абортус е свесно настаната ситуација, а пожар е нешто друго. Сега ќе речеш свесно некој запалил објект или што? Ајт позз, иста толпа, досадни сте. Мојот херој од баба која често пати ја спонувам,има 4 чеда (од кое едното инвалид го носела на грб) со леб и сол ги хранела, а дедо ми печалел на страна. Еве ги сите здрави и живи, кој има помалце, кој повеќе... Секој со своето. 21век ептен ве разнежни. Ако се иде напред, ако медицината иде напред, не значи дека треба да се уништи множење кога нас ќе ни се посака.
Тие што сакаат дете а се мачат да добијат имаат услови за истото, ако добијат дете, тоа би било зачнато со љубов, и растено со љубов и финансиски средства. Додека таа што абортира или нема финасии доволно, или била силувана, или детето има тешка аномалија, или пак и некоја сосема друга причина. Значи секој со својата мака во ред? Апсурдно е да кажете дека на таа што забременила а сака да абортира ѝ е полесно од таа што не може да забремени. Бесчувствителни сте со споредбиве стварно.
Abe koga ke se legne so maz se znae sto moze da se sluce mene interesni mi se duri koga ke kazat neplanirana bremenost ovde ne mislam na tie sto se siluvani Aman ziti se na tolku nacini na kontracepcija I pak neplanirana bremenost a za abortus sum protiv opravduvam samo od medicinski pricini I ako zenata e siluvana
точно и ти истотака неможеш да изродиш толку деца како за секоја која нема @Meckicja а зошто абортус при силување оправдуваш?Дете е дете.Тоа помалце ли е вредно?
А има и такви што свесно имаат ризични односи и после тоа коментираат - Ако останам трудна ќе абортирам. Што да се каже за таквите што мислат дека абортусот е играчка?
Ич не ми е ступидно прашањето. И јас не би абортирала, ама ти се ставаш во улога да одлучуваш за други жени и да им кажуваш на други жени дека не треба да абортираат. Еве ти хипотетичка ситуација кај што можеш да одлучиш за туѓо. Не познаваш ни едно од децата, ни еден од ембрионите. Што ќе спасиш? Не сакаш да одговориш затоа што логичниот одговор не го подржува тврдењето дека абортусот е убиство. П.С. во оваа дискусија излегов најмудра, а во дискусија со тебе, па, во секоја излегувам
Абортусот е нешто кое иде последно Прво е да се заштитиш а ако сепак се деси бременост и не сакаш да родиш нема кој шо да ти кажува приказни за абортусот Сепак не бидите безобразни и оставите си секој да си одлучува за себе и немојте да покажувате со прст на некој кој се решил да абортира