Ќе си роди @Petra777 онолку деца колку она што сака. Си зимате за право да зборите колку деца Petra треба да роди, а се буните кога Petra ќе каже дека е против абортусот. Се разбира и јас сум против абортус. Жените кои не се спремни за бебе нека се информираат за СПБ и за несакана бременост. Не слушнале за презервативи?????? Колку што гледам главен аргумент за абортус е немањето на пари. а сите тие кои се жалат дека немаат финансиски средства секогаш одат по одмори, на шетање, јадат по ресторани и.т.н. Ај пак да го постирам видеово
@Orthophill од религиски аспект знаеме дека не е дозволено, што е многу логично. Дали постојат некои причини заради кои може да се одобри овој чекор? За материјално не ни прашувам. Може треба прашањево да стои во темата за религија, но ете овде почнавме, ако некој смета дека треба да се премести, нека го стори тоа. На пример јас сметам дека е во ред да се прекине ако е во прашање живот на жена или некоја тешка аномалија на бебето, како и силување (плод без љубов, низа трауми и сл.) . Можда грешам, еве сакам да знам. @carangigia аххахахаа клипов...
Ова кога викате дека сте против абортус индитектно ѝ кажувате на некоја жена - Ма не ми е гајле дали сакаш или не, има да го родиш и гледаш и точка. Ете ако не сака да го роди од било која причина, вие ли ќе ѝ наредите со сила да биде мајка? Едит - Е значи не сте живи ако не умешате религија во секоја тема. Да, некоја во таква ситуација ќе ја интересира баш што пишувало во библијата, да
@carangigia и презервативите не се 100% сигурни. Што ако се скине кондомот? Не ми е јасно како може да се скине. Што прават младиве?
Ќе си раѓаат . Ако се зрели за онаа работа, зрели се и за дете. Јас бев спремна на такво нешто. Ако се случеше ќе оставев и студии и се.
Oh, the irony... Значи ние нејзе не можеме да и кажуваме колку да роди, а таа може да кажува на други колку да не родат?
Значи сексот е само за раѓање? Ете јас на моите 19 може да се каже дека сум зрела да имам односи, но не и мајка да бидам, и затоа би користела заштита. Или треба до брак да чекам м? Чудни сте.
Не за џабе викаат - После е*ење нема каење. Си стојам на ставот дека пред да се впуштат младиве во сексуални односи, прво треба да се информираат. Зголемена е бројката на средношколки што абортираат. И друга работа ме чуди. Кога ќе слушнам како некои имале односи без заштита, па после коментираат - Непланирано беше. И на крај абортираат. Со односи без заштита треба да си спремен на последиците.
Има апче за ден потоа, што јас на пример би го испила ако не сум сигурна дека сум се заштитила доволно. Не е ова изговор за неодговорност. Не е ни толку лесно да се забремени.
Ако тоа се случи девојката нека си купи норлево или одма да оди на гинеколог. @DAngel Petra збореше општо, ама вие имате западни сфаќања па морате да одобрувате се што не е морално.
Ако знаеш да се снајдеш во врска, ќе знаеш и пелени да мењаш. Лесно е, јас тоа на 6години и го правев на мојата сестра. Не златна, не реков јас такво нешто. Ако ме изневерила заштитата, немаше да посегнам по Норлево и да одам по болнци да отстранам нешто свесно создадено. И самите знаеме дека ни една контрацепција не е 100% сигурна. Ако сме смели да идеме напред, идеме до крај.
Која си ти некому да му кажеш дали „да си раѓа“ или не?! Секој си одлучува за себе. За себе да, тоа можеш да го кажеш, но немаш право да се мешаш некому и да му кажуваш -пааа ако си можела да се онадиш, сега роди си! Срамота, уште попоразително ми е што муабетов доаѓа од жена.
Не ти треба ралигија за да си против убивање на бебиња. Бебето не е виновно за да го убиеме за нашите слатки 10 минути.
А Норлево не се бонбони па да ги пијат кога ќе им текне. Јас не сум таа што треба да одлучи која смее, а која не смее да абортира. Секој има право на избор. Единствено не го оправдувам абортусот во случаи како во претходниот мој пост. Кога се користи како играчка.
Од оние затуцаните сум јас. Батали ме, не ме читај. Не навредувам никому, само гласно делам мислење. Ти смета? @crimson ете животот не научил. 7 пардон, не 6. Мајка ми мораше да работи да не прехрани и втора смена, па татко ми ја бањаше, јас ја облекував. Заради немаштија и мајка ми размислувала ете на ваков потег како мнозинство. Фала на Бога и татко ми, си го имам најскапоценото нешто- сестра!
Чекај малку. Нели животот на детето е најважен? Зошто животот на дете кое не е производ на љубов или дете со аномалија одеднаш станува помалку важен од оној на девојката?
Па не се бонбони, ама реално, колку често може да ти се случи таков ризик ако користиш заштита? Не е дека кондоми пукаат на секој втор секс.