Хм... Се прашувам зошто ли ме игнорираш. Еве уште едно прашање: Ако те силуваат утре, ќе го родиш ли бидејќи Ортофил така кажал? Слободно игнорирај го и ова.
Не го игнорирам, не е плод на љубов. Сега ќе прашаш пак како тоа нема право на живот? Ако почнеш така, ќе дојдеш и до заклучок дека силувањето не е казниво дело, да е ок и нормално да се силуваат жени .
Само се водам по тоа што рековте дека сите треба за себе да одлучуваме, ништо повеќе. Ни јас немам коментар инаку.. Убиство на родени луѓе кога ќе се спомне како барут сте, а убиство на бебиња океј ви е тоа све топ најнормално.
Aбортусот како контрацепција ми е неприфатлив,бидејки е најчесто од комформизам ,неодговорност,и од ништо друго. Но, моралот не е апсолутен и ги разбирам мотивите за извршување на абортусот.Не ги разбирам оние на кои им е покомотно да одат 3 пати во годината на аб,место да користат заштита. Инаку проповедите на проабортерите не се ништо поразлични и од оние на верниците.
@Vitaly Дете, знам дека си голем „антиконформист“ кој не верува во ништо и „размислува со сопствена глава“, меѓутоа постои нешто што се вика ПРАВО и ЗАКОНИ. И таму го има убиството како криминален акт од највисок степен, дефинирано како oдземање живот на човек. Ембрионот не е човек. Убиваат „јуначиштава“ што ти им се восхитуваш и ги ставаш на аватари, а не девојки-трудници кои може да се силувани и бебето да ги потсеќа на траумата, да ги оставил другиот потенцијален родител сами на себе, да немаат никакви услови и поддршка од никого да издржуваат бебе итн итн. Вие и само вие некому се мешате во животот, не само на темава, туку и насекаде. И не, не мора и не значи само матка ако имаш дека мислењето ти е на место, еве твоиве другарки ја имаат ама ништо порелевантни не се од тебе со тоа што го верглаат. Осет е тоа што треба да го имаш за да пишуваш на вакви теми, а вие ни за лек го немате.
Моментот кога тие што најмногу се мешаат во туѓ двор - бараат да имаат право да им се почитува мислење. Не сте најчесни, најдобри и најморални додека ве засега како некој си го организира својот живот. Се дур ве интересира што некој прави во својот дом, зад затворени врати, а и нешто што не ве засега директно - најдолна категорија на луѓе сте. Имам пишано, и на темава ми имаа речено - не вели никогаш. Знаејќи се себеси, мислам дека нема да можам да „преживеам“ абортус зошто после ќе цимолам за „што би било, ако би било“, ама тоа не значи дека можеби и нема да направам ако некогаш навистина неќам дете во тој момент. Исто така, ако некоја друга жена одлучи да абортира јас ни оправдувам, ни осудувам, зошто дали ви се верува - не е мое тело, ни пак мој живот - туку таа жена има апсолутно право што ќе одлучи. Морални лекции на жена која сака да абортира, немате право да ѝ држите, зошто таа има право да одлучува за нејзиниот живот, а вие имате право да одлучувате само за својот. Ајде да повториме, моето е само мое, твоето е само твое. Дар е да создрадиш живот да, но не секој е спремен во моментот, а има и луѓе кои не сакаат да се исполнат како родители. Уште поголем дар е да спасиш живот, а не да казниш без љубов.
Јас отрпната сум веќе, навикната да ме игнорираат. Еве и @Vitaly веднаш почна да ме игнорира, штом го прашав нешто
Јас на 5 години и помагав на мајка ми да го бања брат ми, го причувував на кратко и бев ептен корисна по дома. Па ете, замисли, не мислам дека сум можела да бидам мајка. Ниту на 5, 15, па и еве скоро 25 и ми треба уште време за да сум спремна да бидам одговорна за ново живо суштество.
Па и тие деца кои се родени од one night stands не се плод на љубов. И за нив треба да е дозволено во тој случај. Сепак, ако е така тогаш ни малку ли не мислиш на оние кои се борат со неплодност, а ти ете имаш плод? Како ќе се осмелиш да го абортираш?
Па не се де. Кој рече. Ама тие не се силувани. Значи своеволно е. За вториов случај, подобро е и јас да се мачам без чедо, отколку да живеам со траумите, со нешто што не е создадено од оној кој го сакам. Тогаш би вдомила.Ете ти одговор и на претходното прашање.
Океј, ти своеволно забременуваш од маж ти, ама излегува дека детето има вродена аномалија. Ќе го абортираш ли и зошто да? Значи сега ти си поважна од фетусот. А зошто девојка која е во тешка финансиска состојба и без поддршка чиј живот еднакво ќе се уништи, помалку вреди од несвесниот фетус? А некој аргумент за да го поддржиш ова имаш или...?
Едноставно сум против . Јас не би можела . Ни силување ни финансии не ми се причина за абортус лично на мене. Кој може нека абортира. Јас не би можела.
@Lella за аномалија пишав зошто самите доктори одма предлагаат такво нешто. Во други случаи не. Пробуваат да поразговараат, да те предомислат. Би го родила секако. Би се борела заедно со него. @LiliBoz ме замисли... Се ставив во таква ситуација. Можеби кога ќе го видам, би избришало се.
Во тој случај добро. Проблемот се јавува само кога некоја рандом личност мисли дека има право да кажува дали некој друг да абортира.
Ќе бидам искрена. Пред воопшто да сум во брак и да имам дете спремав семинарска на факултет баш на темава и мислењето на крајот од семинарската ми беше -Секоја жена има право да одлучи. Во превод не бев против. Бев неутрална. Но откако родив не е тоа така. Затоа велам никогаш не би можела зошто реално ако гледаме ако збориме од финансиски аспект јас ни ова дете не можев да си го дозволам со оглед што не снајде на сред бременост, па сепак се жртвувавме највеќе што можевме за он да има се што треба. Не жалам за ништо.. и никому не судам како и на други теми така и овде. Само кажав мислење -Јас не подржувам.
Иначе, кога веќе се активира темава - еве за издвојување една брука од пред некаде месец дена. Дефиниција за непрофесионалност во една вест/наслов/слика:
Што знаеш ти за брука и непрофесионално? Брука и непрофесионално е она што се случи во Санте. Размисли малце логично, спореди го тој случај и овој.