Морам да се надоврзам. Петра велиш кога би го видела може би се предомислила. Верувај ми, да абортираш значи да си ускратиш се што јас сега во моментов уживам. Гушки насмевки очиња кои светнуваат кога ќе ме видат, крици кога ќе влезам дома... Еве ќе се задржам на делот силување. Може лудо ќе збучи ова но не дај боже утре да ми се случи тоа -да, ќе го родам. И знаеш што? Маж ми ќе ме подржи Тој е како мене. Лела, колку што имаш право ти мене да ми кажеш дали да родам, толку и јас имам право да кажам дали ти да абортираш. Секој за себе. Но верувајте ми. . Тој фетус ништо не осеќа точно, но вие би си скратиле среќа. Зашто децата се среќа. Посакувам никогаш да не сте во ситуација да треба да се решите за абортус. Но за таков вид одлука ве молам два пати размислете..
И јас не би можела, посебно не сега, кога веќе сум сигурна во личноста со која сум. Реално, состојбата моментално ич не ми е за гледање дете, и нема да ми е лесно ако останам трудна, ама не би го абортирала. Сепак, исто како тебе, не можам да си дадам за право да се мешам во туѓи животи и да напаѓам жени кои абортирале или имаат на план да абортираат. Едно е лични преференци и личен став, друго е наметнување на тој став. Секој има право на свој став, тоа што нема право е да се меша во изборот на другите
Ќе пробам да одговорам на сите забелешки за кои сметам дека треба да се одговори. @JollyGirl : За абортус може да си одлучуваш лично за себе и својот партнер, ама не и за непознати. Според оваа логика ако некои ги убиваат своите родени деца јас треба да си ќутам и да си гледам моите да ми бидат живи и здрави. @ALISA0000 : а замисли би можело да го роди и да расте по ладни и темни соби во некој си дом за сираци па да не се најде посвоител и така да талка по улици после од како ке испадне од домот? Конкретно во Македонија ситуцијата со домските деца за среќа не е таква каква што си ја замислувате. Познавам домски деца (со жива мајка, која не се откажала од родителското право) кои земаат стипендија по 20.000 денари. Со тие пари луѓе фамилии гледаат. Така да не се оставени на улица. @Lella : Колку што може да се роди мајка Тереза, исто толку може да се роди и следниот Хитлер. Според Вашата логика некои недоветни личности сега можат да раскажуваат како ете, меѓу сите луѓе што ги убиле Хитлер, Сталин, Мао Це, Клинтон, Буш, Обама итн, можеби имало и некои кои би станале полоши и од нив. Муабет за на бања. @Dust : А што па вас ви е гајле за ТУЃО тело и туѓи јајце клетки? За сперматозоидите и јајце клетките не ми е гајле. Овде станува збор за ембриони - нови личности. Кога веќе влегувате во дебата треба да сте малку запознаени со темата. @Gosh : Него, дај кажи пред која црква да го остави на врата, да не речам да го фрли, оти боље тоа него ли да абортира фетус нели логички... Во овој момент само јас познавам 3-4 пара кои се на листа за потенцијални посвојувачи на прво дете. А уште минимум толку кои радо би посвоиле и второ дете. Ама деца за посвојување НЕМА! @DAngel : Пожар во зграда, на едната страна имате 3 годишно детенце, на другата фрижидер 1000 со замрзнати ембриони. Кого ќе спасите? Едното дете или 1000 "деца"? Прашањето ти е од оние кои не заслужуваат одговор. Крајно неетички е да се мери животот на било кои два човека. Но, сепак мојот одговор би бил: ќе ги спасам ембрионите и ќе заминам да го спасувам тригодишното детенце па макар и изгореле двајцата. Зашто како Христијанин должен сум да бидам сострадален. @Petra777 : Абортусот си е абортус. Би можел да биде оправдан ако станува збор за животот на мајката. Во однос на силувањето, работата е тешка и комплицирана, но бебето во случајот не е виновно и подобро би било да се роди тоа бебе. Абортирање на бебе со наводни аномалии е морално исто колку што е и евтаназијата на болни и несвесни луѓе и деца. @forumce : Ама многу се напаѓаат жените, а не и мажите кои исто така се виновни. Точно. Кога се врши абортус и мажот и жената се еднакво виновни. Нормално доколку мажот знаел за бременоста. Ако мажот само и` спомне на жената да абортира, тој бидува уште повиновен од неа. Би ја продискутирал уште паролата: Мое тело, мое право. Точно, телото на жената е нејзино право. Таа може да се самоповредува, да не се лекува, да живее во воздржување од полово општење или пак да општи полово. И тоа право никој не и` го оспорува. Но, зачнатото во неа не е нејзино тело, тоа е друг човек, со различна ДНК. Човекот не се размножува со проста делба туку полово. ПС: И на темата за расизмот јас дадов мислење поврзано со оваа тема. Да не излезе, да ме направите расист. ППС: Госпоѓата Вјоцла Мбиара, да е жива и здрава, дала Хипократова заклетва во која меѓу другото стои: „Ќе го почитуавм човечкиот живот од самиот негов зачеток“, така да жената со право одбивала да врши утробни убиства - абортуси. За неа и други муабети вадеа, ама излезе дека не беа во право. Очигледно на некому пречи што во Шуто Оризари има гинеколог, ама тоа е друга прикаска. ПППС: Уште Хипократ во времињата пред Христа бил свесен дека човечкиот живот започнува со зачетокот, а не со раѓањето.
И тоа е мешање во туѓи штипки. Што има гинекологот да се меша во одлуката на некоја една жена? Тоа што се случи во Санте е друга приказна и не е за во овој контекст. Ама гинекологот со убедувањата е истото тоа што го зборев и пред малку - солење памет и мешање односно упаѓање во туѓи одлуки/желби/намери.
Ступидно нивоу на твој јазик. Како го напиша нас дека ни се сака абортус како што ни се посакува јака штикла или чизма на зима. Абортус никој не посакува и нокој со моногу ќеиф и љубоФ го чини. Осет малце осет. П.С.Гинеколози кои како дел од работата како рутинска процедура вршат абортус се легално како ги нарекувате соучесници во убиство а? Пишуваш 21век,ама некои 21век ги поминал и одминал дека се уште со во некоја мрачна доба.
Подобро во мрачна доба, него во лудило. @LiliBoz треба. Како сакаш наречи. Човек мора да се носи со секое искушение. Ете тоа е. Напуштам тема, добив одговор, нема потреба да читам останати мислења, @Orthophill ти благодарам.
А бе сите знаат да зборат предвреме, ама ниту знаете, ниту се надевам дека ќе дознаете како е да се биде силуван. Непочитување е кон жртвите на силување да се зборува така.
Мене не ми треба да сум силувана за да знам што би сторила. Имам скоро 30 год и зацртани ставови во животов. А ако толку мислиш дека друкше би реагирала, еве ќе кажам јавно. 2001 завршив во комбе кај непознат на сила внесена. Не не сум силувана. А дали ќе бев сама треба да ти текне..
Истите тие што се залагаа да има гинеколог таму, се разочарани поради оваа постапка. Јас го прочитав ова од личност-борец за жените која беше една од најгласните за ова. Да, непрофесионалност е. Тоа во Санте веќе е трагедија, нема ни место за споредба ама од кого па аргументи да очекувам... ич не ме чуди Како доктор таа има да каже само од здравствен аспект дали со постоечките ризици пациентката може да абортира. Да убедува пациентки според нејзините религиозни убедувања - на тоа нема никакво право. ... На ова сум шокирана и без зборови. Страшно и дегутантно, не можам да го сварам. Алал!
Што ви е? Во медицинска ординација нема место за религија. Ај нека ви се погоди хирург-јеховин сведок па да видам колку ќе ви биде во ред да одбие да ви даде крвна трансфузија за време на операција зошто тоа се коси со неговата религија. Особено таа „докторка“, штом е толку жесток верник, нема зошто да практикува гинекологија, гранка каде една од интервенциите е и абортусот. На страна што пациентките кои и доаѓаат за помош се едни од социјално загрозените групи во државава. Еј, може леб немаат да јадат ама битно деца да раѓаат!
Што треба да ми текне? Не си силувана. Жал ми е за тоа што ти се случило ама не е тема на муабет ова. И јас сега кога размислувам мислам дека не би абортирала, ама такво искуство остава длабоки психолошки последици и не можам ни да замислам како се поминува низ тоа.
Па може да се каже непочитување на децата родени како плод на силување ,бидејки од аспект на детето не е битно од каква врска е настанато.Или си за абортус или не си,трето нема.
Јас зборував за себе. Не за други како би поминале низ тоа. Не можам од туѓо име и немам ни право да зборам. Само тоа што го реков не ми беше со цел да ги навредам тие што се силувани и абортирале. И стојам на тоа дека јас не би.
Прашањето е сосема етичко, не мериме 2 човечки животи. Сепак си единствениот кој понуди било каков одговор. Што кажува тоа што порадо би се залагал за ембриони отколку за човечки живот, тоа е сосема друга приказна.
Со ова видео покажуваш колку зрело ја разбираш една од причините за оправдан аботус-немање пари. А сепак повеќето ја занемаривте нај нај главната причина за задржување на бебе-дали жената е емотивно и психички зрела да го роди и расте. Про-лајф секоја чест одете тапшајте ја Миа што само родила а мајка и го одраснала милото Андрејче дека е најмајка на векот. Или таму во другана тема МЈФ и вие и се потсмевате на Миа. Ама тука ќе се воспева дека не абортирала. Ајт со тие двојни аршинатури по дома. Тука штама. Знаете да советувате бујрум за се друго ене ви ја домата и децата,на нив малку фокус(ако ги имате),а не на одлуката за туѓ ембрион.
@LiliBoz Не можеш да велиш дека некој пропушта среќа ако сака да абортира, исто како што никој нема право тебе да ти каже дека животот ќе ти се уништи ако сакаш да родиш дете од силување. Тоа е поентата, сосема индивидуална работа е таа одлука и никој не смее да влијае отстрана ако не е повикан.
Дали жената била емотивно зрела и спремна за мајка? Да се повторувам нема потреба. Како што ја советувавте една членка за сексуален однос, ако не е спремна да си купи сама презервативи, да оди на гинеколог, значи не е зрела за однос. Ако знае ова да го направи, знае и да чува бебе и пелени да купи.
во право си. не можам да речам. Само ги искажав моменталните чуства кои ги имам како родител но под други услови. Не под такви. Моја грешка.