Која и да е цената, материјална била, духовна била, тој што ја донел одлуката ќе ја сноси. Себично е од нас да предизвикуваме грижа на совест и да ја зголемуваме болката и маката на тој кој се соочува со проблем. Не ја ни знаеме причината. И јас мислам дека лично не би абортирала никогаш. Ама мислам, не знам што носи животот. Од друга страна па ни за најблиска особа не би си дозволила вака да коментирам и да се наметнувам и мешам со моите размислувања, а особено без прашање.
Јас може ли да ти одговорам од прва рака. Денес моја блиска пријателка правеше абортус во систина. Значи прво закажа преглед па отиде и после 72 часа односно после 3 дена (денес) и закажаа за абортусот. Тоа го правеше доктор костадиновски името незнам како беше. Со целосна анестезија се прави и процесот трае 15-20мин. После се разбуди во соба и за неполн час ја пуштија дома. Плати точно 9600 ден. Она беше 7ма недела. Тоа е се што ми кажа бидејки јас бев во чекалната и незнам колку е точно.
Мислам дека коа не е ради медицинска индикација се наплаќа на приватно, не го покрива фондот. Ете споредбено со цени во приватни клиники, тука некаде е. Па ако сака некоја членка која имала медицинска индикација за абортус нека пише колку и наплатиле.
Со медицинска индикација се наплаќа 700 ден после 20 недела не се плаќа а абортус по своја желба 8000 или 7500 така нешто беше,знам имав цимерка која ми кажа колку платила.
Аман од оф топици кој кого убил а при тоа платил регуларно околу 8000. Како може за убиство легално да се наплаќа 8000 а?
Знаете, да дојде девојка која останала непланирано бремена, го задржала детето иако имала милион препреки како егзистенцијални, така општествени и да држи лекции, па некако да прифати човек и да премолчи. Иако, и таквата нема право да се расфрла со етикети и срамни осуди за оние кои се одлучиле на абортус. Ама вие кои никогаш не сте почувствувале, вие на кои никогаш не им горело под нозе во врска со вакво нешто, вие кои само сте седнале и штрапате на форум морални лекции на база на никакво искуство, туку само така од ракав за да ги понижите оние кои направиле абортус или оние кои не се сложуваат со вас кои сте пресвети во своите мисли и дела - е вие сте најопасни. Само за осуди и сеир фаќање на туѓите одлуки. Искусете, па морализирајте! Оти оваa е пречувствителна тема за да се меле на истата на празно!
Чисто ме занима, тие што сте против, како право на избор дали сте информирани за тубектомија и вазектомија и дали би направиле?
Moralnite i etickite nacela okolu ab. gi sproveduva drzavata so dozvolen ab do 12 ili 10 a nekade i do 8 nedela. No,Sekoj ima pravo soglasno sopstvenite nacela da bide probirth ili proab. Nema nikoj pravo da se mesa vo tudja odluka bidejki toa gi zasega samo onie koi go sozdale toj zivot.